Wednesday, October 12, 2005

Амари до феврурари на листата
Првата вест за операцијата на коленцето на Амари и не беше толку трагична. Се очекуваше мало санирање на дефектот што го имаше во левото колено, на почетокот на оваа недела, и тој да биде на паркетот на отварањето на претсезоната. Меѓутоа, што се случи? Епа од управата на Феникс излегоа со изјава дека Амари Стадемаер (да, да, он) нема никаква сериозна повреда, коленцето му е цакум пакум, дека ќе може да игра подобро од порано, ама ќе биде клупосан цели 4 месеци. ВТФ?!?!? Секој, ама буквално секој што гледал НБА прошлата сезона, знае што значи ова - Феникс е осакатен. Амари е незаменлив дел од целата машинерија, а враќањето му е темпирано околу Ол-Старот!!! Во привјуата за Клиперс и Хорнетс, можете да прочитате како нагласувам дека на Запад има место за изненадувања. На жалост на Санси, еве едно од нив. Мислам, на стартот на оваа сезона имаат само двајца од првите пет лани - Матриксот и Неш. Тоа што за нив е слободен пад кон втората половина на Запад, значи нова можност, првин за конкурентите од Саутвест да им го запечатат влезот на врвот, а после тоа шанса за помалце напумпаните тимови да ги претркаат. Еве ви и видео (реакција). Многу среќа Д`Антони, многу среќа.. Курт Томас и Брајан Грент не се ни шестина од Амари моментално. Добро што не го ставив Стадемаер во анкетава горе лево, сега ќе требаше да го бришам. Како и да е, Феникс нека се збогува со приматот „најдобар офанзивен тим“. Само што изгубија учинок од 25-10 од прошлата сезона. На Амари му посакувам побрзо да се среди и да изненади со порано враќање, затоа што е дефинитивно еден од најдобрите играчи за гледање.