Уште еден добар потег на Спарси
Во пред предсезонскиот период, редовно се потпишуваат агенти, пред се` пацери, номади и трубадури, колку да се закрпи некоја дупка во екипата.
Мислам дека како и оваа сезона не се деси ништо посебно, но потег што не ме остави рамнодушен е потпишувањето на Џавад Вилијамс со Сан Антонио.
Џавад Вилијамс беше дел од дрим тимот на Северна Каролина, заедно со бр.2 Марвин презимењакот сега во Атланта, бр. 5 Рејмон Фелтон и бр. 13 Шон Меј од Бобкетс и бр. 14 Рашад Меккантс од Минесота.
Сега, таман се цела петорка во Лигата.
Инаку, Џавад е пристојно високо бекче/ниско крилце , работник, физички силен, атлета, беше трет стрелец кај НЦАА Шампионот Тар Хилс, брз е, скока, куца, набилдан е и знае да се гура, фаќа топки, краде топки, игра одбрана, одличен шутер и пред се`, не е ѕвезда. И покрај сите квалитети (можеби помалку талентиран и помалку ѕвезден од Марвин, ама со позначаен учинок) тој не беше драфтуван. Веројатно беше премногу во сенка на Меккантс на колеџ, но сега кај Спарси ќе има услови за напредок и веројатно ќе го искористи максимално својот потенцијал.
А од гледна точка на Спарси нема потреба да зборам - добија солиден млад играч кој покрива на 2. и 3., вешт со топка, борбен и пред се школски играч кој во шемата на Попович ќе улета како џокер. Исто така, со Финли и Вилијамс, јасно е дека ќе му се намали минутажата на идиотот Боуен и дека Сан Антонио ќе игра малце поофанзивно. Исто така, позитивно што Џавад љуби да оди на влез, а има страшни летачки способности (види фотос), па може ќе видиме и некоја атракција през походот по титулата.
Единствена маана му е тоа што е премногу подреден на другите и не знае да биде баш лидер. Не е агресивен, но е сепак, еден од моите омилени колеџ играчи, после Вилануева, разбира се.
6 Comments:
Ovie SanAntonio kako gi biraat igracive...sto skauti ke imaa?
Ај ќе вииме за минутите, ама мене ме фасцинира како тоа го „здиплија“.
Samo se nadam deka nema da stanat tolku mnogu dominantni(a na dobar pat se) i da ja napravat NBA neinteresna. Ne deka ne gi sakam (imaat igraci sto mnogu gi postuem) ali bi sakal vo narednite 2-3 godini da vidam i nekoj drug da bide sampion.
Toa sto imaat mnogu jak sostav ne znaci deka sigurno ke osvojat titula.Treba i sreka,da se izbegnat povredi zosto ako se povredi Dankan na primer,ke bide kraj bez razlika kolkava klupa imaat..
E osven povreda na Duncan nisto drugo ne gi zapira.Premnogu jak sistem.High efficiency!Koga gi gledam si vikam kolku e lesno koga si na toa nivo.Sekoj saka da igra u toj tim,makar i za pomali pari.Ama toa e zaradi toa sto glavnata svezda e skromen covek.Sugeriram na kobe i nivniot maloumen management koi bea tokmu tamu kaj sto se spursi sega i uspeaja se da rasturat samo zaradi toa sto kobe zema da si igra general manager.Neka brka playoff sega
zzzzz2018.11.5
louboutin shoes
pandora charms
coach handbags
ugg outlet
hugo boss
coach outlet
reebok outlet
fitflops clearance
ralph lauren polo
adidas yeezy
Post a Comment
<< Home