Tuesday, January 31, 2006

Познати данкерите за All-Star Saturday во Хјустон
Пред малце НБА ги објави имињата на четворицата играчи кои ќе бидат дел од 2006 NBA Slam Dunk Contest-от на претстојната Ол-Стар сабота, на 18.02. во Хјустон. Тоа е четворката:
Josh Smith, Atlanta
Andre Iguodala, Philadelphia
Nate Robinson, New York
Hakim Warrick, Memphis
Одличен избор во кој има се за секој љубител на куцањата. Џош Смит ќе ја брани титулата и ќе се обиде да стане прв играч на Атланта по Доминик на кој тоа му успеало два пути у кариерата. Нејт Робинсон лесно може да биде дежа-ву на 1986 год. и натпреварот во куцање во Далас, кога Спад Веб излезе одникаде, го шокираше баскет светот и у финалето го победи соиграчот, големиот фаворит Доминик. Смит веројатно најголем конкурент ќе има у Андре Игудала, кој има слични данкерски квалитети со Џош. Хаким можеби на поголемиот дел од вас не ви е познат, но момакот е страше куцач, кој додека играше за Сиракјуз направи безброј постери со типовите кои се обидуваа да го блокираат. Најпознат од тие постери е оној над Ројал Ајви, кој сега е у Атланта, на НЦАА Фајнал Форот 2003 година. Би требало да биде екстра интересно, само ена работа не ми е по ќејф, а тоа е глупата политика на Штерн и компанија да не улествуваат играчи со преку три години во лига, што е чист апсурд, како и тоа да има само 4 натпреварувачи. Што ќе им фалеше да беа 6 или па дури 8. У лигата сигурно има типови кои и тоа како би го направиле интересно натпреварувањето, као на пример екс-шампионите Винс Картер, Дезмонд Мејсон и Џејсон Ричардсон или па Џеј-Ар Смит.
NBA.com Retro
пред 2 години..
пред 5 години
пред 10 години Now (клик ту инларџ на сликите)

Monday, January 30, 2006

Mannace Rodman пак се враќа, овој пат у Англија
(Еве и мој допринос до сторијава. Текст кој идеше прошлиот месец за бедников на сликата - К.) Синоќа, Денис Родман дебитираше за Брајтон Беарс, и си кешираше околу 30.000 долари за настапот шо го заврши со 4 поена и 7 скока за 26 минути игра, али наводно демонстрирал многу јака одбрана и бил клучен у победата на неговиот тим од 91-88 у гости против Гилтфорд Хит. (од увек мислев дека у Англија баскет играат строго на плејстејшн) Сеа следна цел му е враќање у НБА. "If I worked out consistently for a month, I think I can go back and play," said Rodman, a five-times NBA champion. "I think my body is in good shape - I just need to go out there and get the fundamentals. I'm 44 - it will be a mark in history to do it." Енглеска утакмица као таква, била тапа. На крај, на 91-88 за неговите, Родман укењал 2 слободни и за негова среќа противниците утнале обид за изедначување. “Aw, you know me. I don't shoot free throws.“ "I wasn't trying to steal the show. I wasn't the focus of the game. Next time will be better." Иначе, до завчера, Родман беше дел од англискиот Биг Брадр, али го избациле, на среќа на гледачите. Жива несреќа е чоекот, нека се повлече скроз, едино прстењата со Детроит и Чикаго му се бела флека на гнасниот живот. (иначе, глејте го на сликата од утакмицата, као лик од Стрит Хуп флиперската игра е)

Sunday, January 29, 2006

Леброн има 21 година
Да бе, 21-годишниот Леброн Џејмс.. и брат му Дејмон Џејмс.. И супер модерната Kвикенлоунс Арена.. која е ем акустична, ем ИНТИМНА (као пип шоу е интимна). И да бе, ја срушија Ганд Арена за да ја изградат оваа.. а ја се си мислев дека само е прекрстена. Не лажат комунистиве. Супер ултра модерна и интимна ;) А да, и Cкитaшвили.. од кај го најде, ја не знам.. па уште у прва четвртина, ЦИКИШВИЛИ чоече.. ако не се лажам го измеша со Џејмс Џонс кој е онаков судански црнец, шо мафта со сабја, а Cкитaшвили е Грузиец, прототип на кавкаска раса.. или, у боље ситуација со Мерион, кој е црнец со поблага боја на кожа. А Илгаускас во последната четвртина беше 12/12...исто така, Шон Кемп му ги пребација гласовите од Запад на Исток ;) а ве поздравија и Борис ДИА и Патрик БУРКЕ.. А ЛеБрон има само 21 година.. Што се тиче утакмицата, освен катастрофалниот коментар (овој пат не можев да се воздржам, ми пукна филм за Кемп кога Лекич ЛАЖЕШЕ дека бил трампан усред сезона па му ги пребациле гласовите за Олстар) ја одбележа и големиот пресврт и страва учинокот на Леброн. Ко што дадоа у кадар, тие 4, сега веќе 5 победи по ред и јаки учиноци на Леброн веројатно се дужат на хеланките кои ги носи. Утакмицата почна у знак на Феникс, онака, цела арена и покрај тоа што е ултра модерна и акустична занеме, а Леброн, кој да напоменеме има 21 година се изгуби тотално.. Тука Неш и Мерион беа брилијантни.. после тоа, ЗзззззззззЗЗЗЗзззззззззззззззз го седнаа и малце почнаа да пркнуваат и Кавси, и во третата и четвртата четвртина Леброн кажа кој е и што е и си ја оправда 23-ката, иако многу се напалува, па да беа некои пожилави од Феникс можеше лесно да ги испушти конците од рака. Имаше пар моменти, атрактивни и помалку атрактивни, ама најблескаво беше лепката на Леброн, и после тоа сам у полуконтра од кош до кош со закуцување.. на крај, 44п, 11с и 7а за Кралот, а тикмата заврши 113-106 за домаќините кои имаат многу сексапилни тегет дресови. Исто јак момент беше куцањето на Павлович, уште само да го допреше обрачот ;) Тоа беше, накратко. Иначе, од кога почна ДИА да го менува Стадемаер? ;) Онака, особено се снаоѓа на петка, а на четворка е веќе докажан.. И не плукам по се што е македонско. Плукам по се што не го бива. И Леброн има само 21 година. ПС: Исто шо ме потсети Енко.. абе Неш има според Лекич, последен пут за Канада играно у 1998. А сепак ќе да беше 2003, а?
Retro Moment + MakNBA goin' Ganxta
------------------------------------------------------------------------------ Е така.. мора малце да се пресоблечеме. Од денес сме нигаз фо риал, разбравте кучки? Идеме малце поцврсто, да се пушти крв. Уместо паркет, сеа сме на цигли, а и пригодно банероидче стаив горе. Со нови сили од утре. Бето, ти се погоди а? Погодете од кај е сликава бај д веј?

Saturday, January 28, 2006

Не, не и не...Birdman одлета + New faces, new places
Пријатно изненадување синоќа од Спорт4, Детроит-Мемфис наместо Кливленд-Инди. Дефинитивно боља утакмица, у која видовме зашто Пистонси имаат најбољи скор у лига и се најозбилни кандидати за титула и зашто Билапс е најсериозен кандидат за МВП. Но, остај тоа, мене синоќа, или сабајле, освен тоа што место публика се слушаше шпански, па одна и француски коментар у позадина, ме изнервираа неколку работи у врска со нашиот коментар. Сеа...знам дека некои ќе кажат дека плукаме по се што е наше, но не е така. Признавам дека момакот кој коментира (мислам дека е Лекич) има глас, а и кошаркарски познавања за таа работа, многу бољи од некои наши други коментатори по други телевизии. Но...мислам дека у интерес и на телевизијата и на сите нас кои ги следиме тие преноси е информациите кои се презентираат да бидат издржани, да имаат темел, било каков. Ако нешто мрзам, тоа се неточни информации, онака, кажани ради реда, да се пополни време и да не се чуе коментарот у позадина. Вчера имаше неколку такви, идеме со ред: - Колега, Рашид Волас никад не студирал на Конектикат. Барем тоа е познато, типот беше дел од еден од тимовите на легендата Дин Смит на Северна Карлона, или North Carolina, заедно со Стекхаус. - Бен Волас не е класичен центар. Мислам дека не е потребно објаснување. - Дејмон Стадемаер тешко да направи камбек сезонава, а камоли две-три недели после Ол-Старот, кои колку за инфо не се кон крајот на февруари, затоа што Ол-Старот се игра на 19-ти у Хјустон. Две-три недели после него е у март. - Уште за Дејмон. Типот и тоа како се снајде у Торонто, таму уствари и ги одигра најдобрите сезони у кариера. Не можеш да кажеш дека не се снашол у Торонто, тоа можеш за Портланд да го кажеш. - Кога го покажаа телопот со Вебер, Бош, Пирс и Шид, тоа беше за тоа кој од нив би требал да го замени Џермејн у први пет на Исток. Затоа, како што не спомнаа ич синоќа, типот нема да игра на Ол-Стар поради сјебани препони. - Ги спомна Еди Џонс и Џералд Вилкинс како најбољи чувари на Мајкл. Мислам дека ќе беше поинтересно да се каже дека според самиот Џордан, најтешко му било да игра против Думарс, кој сега е бог и батина у управата на Детроит. Онака. - Тешка глупост беше она со тоа како Чонси ја решил првата утакмива у Мемфис сезонава, као со тројка од осум-девет метри со сирена за истек на 2.продолжение. Нема везе. Ја имав таа среча да гледам снимка од таа утакмица и тачно е дека Чонси ја реши, но со шут од врв на рекет. - Нешто спомна дека Билапс е 6. играч у историја на Детроит со 1000 поени...и застана. Не објасни што 1000 поени. Мистерија. - Игор Кокошков беше помошник у Клиперс, а не Лејкерс. - Утакмиците кои се играат на Запад, поточно на крајниот Запад увек, освен у недела, почнуваат у 4:30 по наше. Никогаш, ама никогаш, ниедна утакмица не почнала у 6:30 по наше, а секако не Лејкерс-Г.Стејт сабајлево. - Муабетот дека Гарнет може да иде у Њујорк, е чист доказ дека не се прати што се дешава у НБА. Кеј-Џи уште минатата недела даде изјава дека не би сакал у никој случај да игра во град како Њујорк, но дека би сакал пак у Мини да го види Марбери, нешто што со трејдот на Воли во Бостон, пропадна. Плус, кој би го барале Мини за Гарнет од Никси. Самиот МекХејл рече дека не би го дал Гарнет за цела прва петорка на Њујорк. Толку, се надевам дека овие критики нема да бидат сфатени погрешно, а ако се сфатат, онда ваш проблем. Луѓето имаат право на точни информации. - Крис Андерсен е избацен од лигата поради користење дрога. Шокантна вест, со оглед на тоа дека типот тотално не изгледа на некој кој би се пукал и шмркал, а камоли да биде дрогаш или наркоманец. Според НБА, типот користел амфетамини од типот на кокаин и ЛСД и опијати као хероин, морфин, ПЦП и кодеин. Убава листа на прехрамбени продукти, нема што. Ја и Шеп можеме да се пофалиме дека сме пробале се од листата на Андерсен, често све одеднаш, у комбинација со алкохол, Ред Бул и сок од боровница и и покрај се, никад не не избациле од лига. (Нормално дека се зезав...за сокот од боровница). Покрај тоа, синоќа деби за своите нови екипи имаа Воли, Рон и Рики. Еве фотки:

Friday, January 27, 2006

Wally World hits Boston + Рајдер по старо
Артест и Пеџа ги отворија вратите на пеколот. Се зезам. Трејдот меѓу Инди и Сакто ги мрдна од мртва точка трампите сезонава и само еден ден подоцна ете ги Бостон и Минесота со свој дил, кој малку ме изненади кога го дознав сабајле. Изненади затоа што стварно не знам што добиваат Вулфси со него. Се ми се чини дека МекХејл се уште мисли дека работи за Бостон. Зашто нема друго објаснување. Кај се откачија од незадоволните, месечарот Марк Блонт и Маркус Бенкс, кој плачеше за поголема минутажа, плус огромниот договор на Блонт за играч од негов тип (28 мил. у следни 4 год.), Селтикси добија бивш Ол-Стар у Воли Зулендер, кој сезонава играше одлично, со 20,1 поени у просек. Го добија и Кендимен, кого му истекува договорот и слободно ќе можат да го шутнат у лето и да си ослободат пари у селари-кап. Или можда Кенди ќе го прати примерот на Дампие, па ќе гине на теренот у задњата сезона од договорот. Тешко са верување, али кој знае, Бостон не губи ништо. Трики Рики Дејвис играше солидна сезона и сигурно ќе им биде од помош на Вулфси, но кој ќе пуца сеа тројки (освен Хадсон), Јариќ? Без Воли немаат шутер, но и се малце бољи дефанзивно и добиваат у брзина. Недоволно. Кој знае што направил Ејнџ да го натера МекХејл на ваков трејд? Јес дека зависи како Воли ќе се уклопи покрај Пол Пирс, но ваљда нема да има проблеми, ако има, Воли е увек интересен за трејд за многу екипи. Свака част, Ејнџ. "The Timberwolves are not making things better for Kevin Garnett. He is lonely and getting lonelier. He's like me on my prom night...if it werent for Amy Shorter blessing me I would have been all alone. That was my first date...a sweet lady. I had 20 (points) and 20 (rebounds) in high school and still couldn't get a date."-Barkley. У други НБА вести, Пејсерси веројатно го изгубија Џермејн до крај на рег. сезона, што и тоа како може да значи но плеј-оф за нив. Гадно. Ајзеа Рајдер, на кој Артест ме потсеќа на моменти, е уапсен за киднапирање девојка. Знаев дека е лудак уште кога играше у НБА, што и го докажа многу пати и што на крајот и покрај големиот талент го кошташе успешна кариера, но дека е до волку луд, стварно не знаев. Еве ги Топ 10 Ајзеа Рајдер моменти според Ленг Витакер од SLAM: 10) He turned in a term paper at UNLV with his own name misspelled. 9) Rider was selected 5th overall by the Minnesota Timberwolves. He signed a seven-year, $25.5 million contract, then arrived several hours late to his first practice. 8) During the 1994-95 season, Rider accumulated $100,000 in fines and lost salary for missing flights and practices. 7) In a game against Utah in 1995, Rider was ejected by referee Ken Mauer. After refusing to leave the court, his mother came from the stands and escorted him off. 6) 6/25/96: Rider was arrested in Oakland and charged with possesing illegal cell phones with the serial numbers filed off. 5) 6/28/96: Oakland police broke up a group of guys shooting dice in public, and found Rider with dice in one hand and a wad of cash in the other. Rider was arrested for gambling in public, his third arrest in two weeks. 4) 10/13/96: Spent time with friends the previous night in Oakland, Calif., then missed the Blazers' exhibition-game shootaround when he went to the wrong gym. 3) 8/2/99: Rider is traded along with Jim Jackson from Portland to Atlanta in exchange for Steve Smith and Ed Gray. Rider doesn't show up for the introductory press conference. Rider also misses the season opener due to the death of his paternal grandfather in Dallas, though Rider didn't inform the team of his trip to Dallas until he was already in the air. Rider promises to attend practice the next day, then doesn't show. He calls Hawks GM Pete Babcock with an excuse after practice is over, and they plan to meet at 3:00. Rider doesn't show. 2) After being traded to Atlanta, Rider misses his flight from Oakland and misses media day. "He promised me..." seethes coach Lenny Wilkens. Rider misses the first three practices of training camp in Chattanooga after flying into Atlanta and seeing the small plane he was booked on to fly into Chattanooga. "I don't ride no crop dusters," he announces. 1) 3/18/00: Rider arrives a few minutes late for the Hawks home game against Boston. I haven't seen JR since I wrote a pretty negative (but honest) cover story for the paper about JR. I walk into the locker room a few minutes after Rider arrives and he walks across the room, hugs me and asks how I'm doing. (Apparently he doesn't read the paper.) We chat for a second and then I turn and leave. Five minutes later I return and see the office door to Lenny Wilkens' office closed, the blinds drawn. I peep through the blinds and see Rider sitting on the edge of Wilkens' desk, wearing his game shorts and an undershirt. He is talking expressively, waving his hands around wildly, although I can't hear any of the conversation. Sitting across from him on the couch are Lenny Wilkens and Pete Babcock. When the team comes out to warm up, Rider is not with them. Once the game begins, the Hawks media staff passes out a sheet of paper announcing a postgame press conference. After the game, on the practice court, the team holds their press conference. Rider comes in wearing a Hawaiian shirt and a matching floppy hat. The Hawks announce that they are releasing Rider because he refused to accept a three game suspension for being late. Rider takes the stand and says that he was the scapegoat for the Hawks' problems, and that team trainer Chris Tucker and players Dikembe Mutombo and LaPhonso Ellis went to the team management and accused him of using marijuana. "It's not fun to be with a team that doesn't want you around and is looking for a reason to get rid of you," Rider says. "Everyone wonders why I was moody at times. I had to deal with players going to the league with accusations that were unproven or anything. They had not seen anything. They had not smelled anything. It was just a vicious attack on J.R." Later, Ellis would say, "I don't know anything about that. I've always treated my teammates like brothers. Everything stays within the family. If I had a problem with him, I would go to him. It's just sad that he would accuse me of that." For his part, Mutombo says, "Somebody has got to be blamed. I'm glad it was me. He's a great guy, but he's different. That's the only way to describe him." Репторси конечно го отпуштија Роб Бебкок, кој одамна требаше да добие клоца. Типот како 9, пик го драфтуваше Рафаел Араухо!?! и лани го трампа Картер у Нетси за НИШТО. Се надевам дека сега седи негде со Боб Вајс и играат карти. Утре у Мак. Спорт, покрај стандардната НБА страна (на која има анализа на трејдот меѓу Бостон и Мини), има плус една страна посветена на 81 поени на Коби, од моја гледна точка, со помош на Скуп Џексон и Стив Кер. Ако не ви се купуе, ќе глеам да постирам следната недела некои делови. Плус, има и страна за школата на баскет на Лисици и на две од сликите (мислам) го има нашиот блог-френд, Бето. Тој е типот кој носи Хуарачи 2К4:) Се читаме утре со белешки од Инди-Кливленд. Осечам нема да биде убава утакмица за гледање и трипл-дабл на Леброн. Да не заборавам, вечер Коби ја игра првата утакмица по 81 поени. Против Вориорси.Како Што разбрав преска, могуче е да му биде олеснета работата, затоа што Џеј-Рич, кој го чува кога играат овие две екипи, нема да игра поради повреда. Уште една вечер за историја, имаше време да се одмори.

Thursday, January 26, 2006

Бидна
Бидна, Рон е у Сакто, Пеџа у Инди. Сеа сите можеме да си продужиме со животите. Кој добива повише со овој дил стварно не знам, се зависи од коа дали ќе ја исчисти Рон главата од бубачки или не. Ако успее да се среди, Кингси ќе тријат раце што го добија, но ако па збудали, тешко нив. Ипак, мислам дека типот ќе се среди и ќе ги направи конкуренти за задњите плеј-оф места на Запад. Се знае добро со Бред Милер, со кој играа и у Инди и Булси. Само не ми е јасно како ќе се уклопи со Бонзи. Што се однесуе до Пеџа, Кингси, како што слушнав од некои пријатели од преку барата, мораа да го трампаат од две причини: - Тој играше слабо сезонава, до толку слабо што у Сакто мислеа дека истиот придонес можат да го добијат и од рукито Франциско Гарсија - Пеџа ова лето ќе станеше слободен играч и Кингси сметаа дека барем еден тим (Чикаго) ќе му понудеше дебел договор. Со цел да не го изгубат летово без да добијат ништо, тие го добиај она што го бараа. Во Индијана планираат да го користат исто како што правеа со Реџи, ќе му прават блокови и ќе играат акции за тој да се отвори за шут. Звучи како одлична ситуација за него. Според задњиве вести, Пеџа ќе мора одма да даде се од себе за Инди не испадне од борбата за плеј-оф место. Џермејн пак се повреди и нема да игра најмалку у следниве осум недели. Е тоа тие е баксуз. - Неделава сртенав два нови македонски НБА блога, поточно, Лејкерс блогови. Дами и господа, ви ги претставувам Lakersfans и Lakers. Плус, блесавиот блог посвете на Рашид Волас.

Wednesday, January 25, 2006

Бизаро
А стварно го сакав Рон Артест, имаше у него нешто што го разликуваше од останатите денешни ѕвезди. Секое интервју кое го прочитав со него ми даде впечаток дека типот е најнормалната особа на светот. У него ми се чинеше дека има некој олд-скул квалитет, кој не се среќава денес, нешто спешл. Застанав на негова страна и кога побара пауза за да го сними рап албумот, а и после хаосот у Детроит, иако беше очигледно дека најголема вина за се што се деси, покрај Бен Волас, идиотот што го фрли пивото и целата мизерна организација на средбата од страна на Пистонси, беше баш у Рон-Рон. Не се согласив со суспензиите на Штерн, затоа што Бен заслужи барем пола од казната на Артест, само затоа што беше пиче и кога неговиот тим губеше со -10 на минута до крај, у фрустрација го удри Рон, кој после тоа искулира на записничка. Али ај, тоа било и поминало. На тренинг кампот се појави намсеаниот Рон, спремен да се искупи за тоа што не им беше од помош на Пејсерси. И се беше убаво, се додека едно сабајле не му текна да се излае на весникот Индијанаполис Стар, како не е среќен, како тренерот Џим Кери Карлајл не му дава да се истакне како ѕвезда, како, бла, бла, бла... Тоа ја прели чашата на Бирд, кој не можеше више да ги трпи срањата на Рон и реши да го трампа било каде, а дури тоа не се деси дека нема да му даде веќе ни минута да заигра за Индијана. И така помина месец дена, а трејд по трејд опција се гасеше за Инди и Рон. Не го бидна у Клиперси за Магети, нити у Лејкерси заедно со Крошир за Одом. На ред пак дојдоа Кингси и таман кога се договорија, Рон пак му се излаја на Инди. Стар. Е, тука сфатив што е тоа што го дели Рон од другите и зашто увек сум го сметал за посебен играч. ТИПОТ НЕМА МОЗОК! Не само што со своето барање со еден потег ја уништи сезоната на Пејсерси, клуб кој застана у негова одбрана по тепачката, него со тоа што не му се игра за Кингси ги уништи шансите било кој да понуди нешто асално за него. Вака, ем ги еба Пејсерси, ем се еба самиот себеси. Изгледа не му е битно ако одседи уште една сезона. Штета. Штета, зашто типот според талентот спаѓа у Топ 10 НБА таленти, кога збориме за играта на двата краја од теренот. Но, талент без мозок е ништо. Сега можам да кажам дека типот е луд и дека стварно ич не ми е гајле кај ќе заврши. Факт е дека тој талент ќе му даде нова шанса у некој НБА клуб, а можеби и еден ден пак ќе го гледаме на Ол-Стар, ама д демиџ ис дан. Посебно у Индијана. - Според некои извори, трејдот у Сакто се уште е опција, но тешко дека ќе се деси. Каков ли само секс му удри на Пеџа, кој си остана у хотел и се спреми да се враќа у Сакраменто. Сега опција се Вориорси, али као што слушам, Инди не го сака Мајк Данливи (кој го сака?). - Жена која работела за Никси го тужи Ајзеа Томас за сексуално малтретирање. Њујорк, Њујорк...па кај ја најде бе Ајзеа. После он ќе биде пример за шупците од играчи кои ги имаат Никси. In late 2004, she alleges, Thomas's hostile behavior changed to making sexual overtures. After one game, she said in her lawsuit, he hugged her tightly and told her he had figured out why they had problems. He said he was "in love" with her and they were "so much alike." She said that he compared his feelings for her to experiences the characters had in the film "Love and Basketball." She said that he once told her: "I know you think I'm inappropriate. But I'm in love with you." Last month, she charges, he again tried to kiss her, and when she pulled away, he said, "What, I can't get any love from you today? UPDATE: Ете, бидна. Баш у стилот на Рон, кога сите ја отпишаа трампата, ете го у Кингси. Анализа следи лејтр.
Детроит гази+Ред дебел, а!?!
Бето продужуе со рикепи, и продужуе пак со Милвоки. Сеа у Детроит. Бакси одиграа многу боња утакмица од таа со Хјустон дома, али Бето нека ви објасни тоа. Буцето Мајкл Ред се разигра, а?:)... Дури сега приметувам дека всушност Детроит се домаќини, а тоа и како ме израдува најмногу поради фактот што нема цела вечер да им го гледам шугавиот терен на Милвоки со тие чкартните,gay бои. Да прејдеме на главното: STARTING LINEUPS: За Детроит: Билапс,Хамилтон,Принс,Р.Волaс и Б.Волaс За Милвоки: Т.Џ. Форд,Ред,Симонс,Меглор и Богут 1.чет.: Натпреварот почна со серија од 6:0 на Детроит, главно поени на Хамилтон и асистенции на Билапс. Потоа, изненадувачки, гостите се вратија веднаш од таа серија и тоа со водство од 8:6 преку поени на Ред, Форд и Симонс. Како што би рекол Каракаш, "утакмицаtа почна повуци-потегни" на двете страни. Имаше еден убав цепелин на Билапс и Хамилтон кој заврши со положување од вториов, како нешто да се одбележи од стартните минути кои секогаш се најдосадни. Цела чет. се игра изедначено, онака досадно, ко што знае да биде и на 3:30 минути до крај на прва резултатот е 19:18 за гостите кои како да држеа контрола во првите минути. Мене лично, интересен ми беше Рашид кој се обидуваше да се расшутира од позади 7 метара, но некако не му идеше, па погоди само една тројка од четири, а можеби и пет обиди. Билапс си делеше асистенции ко бомбони, која на Рашид или Бен, а овие реализираа беспрекорно. Гаџурич даде четири поени по ред! На минута и дваес-пет до крај на прва у игра влезе и Морис Еванс (мојот омилен играч оd Детроит) кој е голем работник, а токму тоа и го докажа уште во 1.полувреме. Мо Вилијамс даде тројка за највисоко водство на Бакси од 27:22, a Четвртината заврши со поени (два) на МекДајс и 27:24 за Милвоки. 2 чет.: почна со елегантен шут на Еванс, кој ме изненади со својот убав шут (за око, а според неговата градба, не ми личи на таков. Детроит полека фати ритам и почнаа да си ја играат својата препознатлива игра со многу трчање и одбрана. Во игра Сандерс ги внесе МекДајс, Аројо и Еванс и сите тројца му ја оправдаа довербата буквално прегазувајќи ги резервите на Милвоки кои беа како изгубени (пред се Велш). Детроит прави многу убава и долга серија од 14:2 (вклучувајќи ги и поените на МекДајс на крајот на првата), а таа убава серија ја прекина Велш со еден влез. Ред со тројка ја намали предоста на Детроит, ама веќе во следниот напад се сплетка со топката. На 3:30 до крај на 2., Детроит има 10 разлика(со поените на Принс). Тери Стотс се нервира од клупа и бара тајм-аут на 2 минути до крај кој се чини малку ги оправи работите пред паузата. Форд даде 6 поени по ред и така на полувреме се отиде со 50:44 за Детроит. Јас стварно се надевав дека во 2.полувреме Детроит нема многу да се одлепи и дека сепак ова ќе биде интересна утакмица... 3 чет.: Во 3.четвртина двата тренери во игра ги ставија првите петорки (Normalno - K.). Почнаа повторно изедначено откако Ред даде тројка за израмнување. На др. страна Хамилтон игра одлично без топка и многу ме потсеќа на Реџи Милер, а плус на тоа и поентира. Меглор понатаму ја губи топката во два напада по ред и тоа на многу глуп начин, па на тоа убаво сум се изнасмеал. Следуваа(некаде кај 7 до крај) неколку напада каде и двата тима ги губеа топките континуирано. Ред з'гна уште една тројка, а на тоа мораше да врати Хамилтон да не остане покус. Почна нивната трка за прв стрелец уште во третата четвртина бидејќи и двајцата се распуцаа. Билапс во 3.четвртина ги даде своите први поени на утакмцата(од слободни), а веќе имаше 9 асистенции. Две тројки по ред на Детроит(Хамилтон и Билапс) по што нивното водство повторно се качи на + 8. По тајм аутот на Стотс, Богут даде еден хорок, а’ла Олајџувон и тоа од пристојна дистанца. До тој момент Хамилтон имаше 24, а Ред 22 поена. Резултатот – 71:65 за Детроит на минута до крај на трета. Четвртината заврши со тројка на Билапс за 74:65 за Детроит. 4 чет.: Четвртината ја отвори повторно Еванс со шутче од полу-дистанца и како да сакаше да навети дека тоа ќе биде лесна завршица за Пистонси.Но... Со тројка на Шид , Детроит прави +12 на 8 до крај. Ред дава два коша по ред и смалува на 8 поени. Еванс си зема премногу слобода и се распуцава што секако им штети на Детроит .Следуваше атрактивно забивање на Богут за 6 разлика на шест минути до крај...На пет минути до крај резултатот беше +10 за Детроит. И тогаш кога помислив дека Милвоки немаат теоретски шанси за нешто повеќе, во игра се врати Мо Вилијамс, докажан тројкаш кој оваа сезона реши две средби во последните секунди. Даде две тројки по ред за неполна минута(онака смирено, лакомо) и намали на +4 за Детроит. Идниот напад го реализираше Симонс за +2. Уф, уф, интересна завршница. Хамилтон даде кош за +4, па украде во одбрана, па направи 2+1 и така предноста си ја качија на 7. Идниот напад: БАМ-Ред тројка. Шид утна, па уште еден шут(длабока двојка) на Ред, па уште едно промашување на Рашид. Милвоки тајм аут(2 разлика) на 92:90 за Детроит. 24 секунди до крај. Ред ја прима и не проаѓа многу време, се дига на шут и погодува! Изедначување на 14 до крај. Сега тајм аут за Флип и тој му ја дава топката на Билапс(инаку феноменален во 2.полувреме). Мо го чува Хамилтон да не мрдне и оtкако Билапс се најде во небрано му ја дофрли на Шид овој за 3...и утна(т.е. топката излезе од обрачот) и следуваа продолженија....ВАКВА УТАКМИЦА ОДАМНА НЕАМ ГЛЕДАНО, морам да признаам.Вредеше што останав буден до 5 сабајле. Продолжението: Почна со слободни на Чонси за 94:92. Потоа следеше мал пад во играта на Пистонс, а тоа знаеа како да го искористат гостите преку Ред и Мо и со нивни искомбинирани 6 поена доаѓаат до значајно водство од 98:94! Но, на сцена тогаш од никаде(цела утакмица го немаше), Рашид Волис со гоооолема тројка за 98:97. Потоа следуваше промашување на Ред, па Билапс двојка за 100:97. Богут едно слободно, Билапс уште две слободни за 102:98. Ред повторно промаши и тука е крајот. До самиот финиш Милвоки играа на фаули кои Билапс ги реализираше (втор во НБА по процент на дадени слободни:!!!). Краен резултат 106:102 за Детроит Пистонс. МЕН ОФ Д МЕЧ: Иако Хамилтон имаше најмногу кошеви вo Детроит(35), утакмицата ја реши Чонси(23п., 15 асистенции) и затоа признанието за човек на натпреварот според мене треба да оди во негови раце. Инаку, најдобар стрелец беше Ред со 41 кош. Епа, толку.
Пишман аџија
Ова е инфо-текстот. Мојот поглед врз работите следи покасно (а таман мислев денес да пишам за Индијана и Артест). Кога е Рон Артест е во прашање, тогаш веќе ништо не треба да не изненадува. Последната во серијата бизарни епизоди во кои главната улога ја има Рон се случи во вторникот вечерта, откако Индијана и Сакраменто веќе начелно се договорија да го разменат во Кингси во размена за Пеџа Стојаковиќ. Србинот, известен дека ќе биде трејдуван, си остана во хотелот во Филаделфија и не настапи на дуелот на неговиот тим со Сиксерси. Но, "кралевите" во последен момент се предомислија, откако разбраа дека Артест не сака да игра за нив. Иако Рон нема никакво право да го блокира трејдот, челниците на Кингси не сакаа да си имаат работа со играч кој не сака да биде дел од нивната организација. "Во моментов нема никаков трејд, а ништо чудно воопшто и да нема трејд" - изјави тренерот на Пејсерси, Рик Карлајл пред поразот на неговиот тим од убедливи 96-66 во Кливленд. Откако Индијана загуби, со официјално соопштение се јави претседателот на клубот, Дони Волш. "Како што кажав и порано, се додека не се финализира некој дил, ништо од него. Немаме договорено никаква трампа и нема да коментираме на било какви избрзани најави за трејд на Рон Артест" - рече Волш. Играчот, кој своето прво јавно барање за трејд му го соопшти на "Индијанаполис Стар", за истиот дневен весник изјави дека "Нема трејд. Не дека не сакам да играм таму...Мојот менаџер е во контрола на ситуацијата". Што и да е во прашање, ова е втор пат како евентуален трејд на Артест пропаѓа во последен момент. Пред само две недели Пејсери и Клиперси беа пред договор да го разменат Рон за Кори Магети, но Индијана се повлече во последен миг, поради загриженоста за сериозноста на повредата на Магети. Инаку, Рон веќе месец дена е на "Листата за неактивни играчи" на Пејсерси, откако јавно побара да биде трампан, шокирајќи ги сите во клубот. Самиот Стојаковиќ си знае низ што морал да поминува поради предомислувањето на Кингси да го трампаат за Артест. Трократниот Ол-Стар се подготвувал за настап против Сиксерси, кога од клубот му соопштиле дека нема да настапи затоа што ќе биде трампан и дека затоа мора да остане во хотел. Според неговиот менаџер, Дејвид Бауман, Пеџа бил шокиран, а кога малку се средил, прво ги известил најблиските и си ререзвирал авио-карта назад за Сакраменто. Само неколку минути подоцна, од клубот му кажале дека нема ништо од трејдот во Индијана. Нешто на што тој, во најмала рака, реагирал гневно. "Шокиран сум и бесен од начинот на кој се понесоа со Пеџа" - изјави Бауман. Србинот не настапи во поразот на "кралевите", а под знак прашалник е и тоа дали ќе настапи и на следните средби. "Не можете да очекувате тој да не биде вознемирен после вакво нешто, но се надевам дека се ќе биде во ред со него. Ова никако не беше лесно и за него и за нас, посебно не сега, кога се наоѓаме сред турнеја од шест гостувања" - изјави Рик Аделман, тренерот на Кингси. Пред да пропадне трејдот, Бауман изјави дека Пејсерси се добра промена за неговиот клиент и дека со нив ќе почне одново, ќе игра за добaр тим и ќе биде дел од плеј-офот.

Monday, January 23, 2006

Се бара јунак
Се бара(ат) јунак(ци) кои: - располагаат со асални машини за симињање торенти; - ќе бидат доблесни да ја симнат утакмицата Торонто - Лејкерс; - ќе бидат уште подоблесни да испратат мејл на maknba@gmail.com; - после тоа ќе се договориме утакмицата да се среже како би можела нашата мала секси макнба заедница да се здобие со вредниот артефакт, односно истиот да се размножи низ најверните членови; (океј, ова е поише ради ја да ја добијам некако..) Јунаците ќе бидат наградени со пиво, благо, сокче, грас, зависно од преференците. Од Стручниот Штаб, Шеп (Оф д топик: Под двата текста у врска со Коби и неговите 81 поени, го имате рикепот од Бето од синоќешната утакмица меѓу Милвоки и Хјустон. За да не оди надоле Коби, кој барем уште еден ден мора да остане најгоре, Ти-Мек и неговите 41 поени се ставени подоле. - К.)
81
81, ОСУМДЕСЕТ И ЕДЕН. 81. НЕ...ПРОТРЕСИ ЈА ГЛАВАТА. 81. Толку поени постигна синоќа Коби Брајант. 81. ---------------------------------------- Е, сеа, по опширниов текст погоре на Шеп, и ја да кажам нешто. мада, кога ќе размислам боље, нема што да се каже, освен АН-ФАКИН-БИЛИВИБЛ. Али, ај да напишам нешто, па подоле ќе ги оставам играчите, Коби и Фил да кажат по нешто и ќе се позанимаваме со малце историја. Малце лиги пуштање, али бев еден од сречниците кои ја гледаа утакмицата, али не у живо, него у снимка на НБА ТВ и стварно ми требаше време малце да ми се средат мислите. Што мислам за Коби, односно за такви индивдуални партии, мислам дека им е јасно на сите кои редовно го читаат блогов. Али она што го гледав дефинитвно е нешто посебно, феноменално, еден од оние настани за кои и после неколку години, децении ќе те прашаат -Каде беше кога Коби убаци 81? Како што идеше утакмицата, се мењаше телопот на ТВ, прво беше Коби у група на легенди на Лејкерси кои постигнале повеќе од 50 поени на еден меч, онда се смени на рекордери у клупска историја, за на крај да застане на рекордери у НБА, каде Мамба застана на 2, место, одма зад легендарните 100 на Вилт д Стилт. Нема што да се каже, сите ние еден ден на нашите деца, внуци итн. ќе можеме да им кажуеме дека сме биле сведоци на создавањето на историјата на НБА. 81 поени на Коби даваат простор и за пофалби и за критики (од оние кои не го сакаат многу), но факат е дека тој направи се за да победат Лејкерси, кои на полувреме беа у минус од 14 поени. Да не изигра како што изигра, Лејкерси сигурно ќе изгубеа со 30 разлика, вака Коби сејвд д деј. Свака част, мајсторе...Едвај чекам до петок и мечот на Коб..овај Лејкерси и Вориорси. - Каракаш - Вилт Чембрлен својата легендарна партија во која постигна 100 поени ја одигра на 2 март 1962 година, во победата на неговата Филаделфија над Никси. За да стигне до 100-ката, тој на теренот ги мина сите 48 минути, погодувајќи 36-63 од своите обиди за 2п. и 28-32 од пенал линијата. На таа средба Вилт во 2. полувреме уфрли 59 поени и со тоа се уште е единствениот играч пред Коби и неговите 55 против Торонто според бројот на постигнати поени во вторите 24 минути на една средба. Втор најдобар ефект на Чембрлен е тој од 78 поени (1961 год.), до кој дојде по три продолженија. - До неделата рекордот на Лејкерси за најмногу постигнати поени на една средба беше во сопственост на Елџин Бејлор. Тој изнесуваше 71 поени, а НБА lегендата ги постигна на дуелот со Никси, кој се одиграл на 15.11.1960 год. Карим Абдул-Џабар, кој е сега помошник во Лејкерси, ја имаше таа чест да биде сведок и на таа неверојатна партија. "Партијата на Елџин беше исто така феноменална. Мислам дека тоа и ова вечерва не можат да се споредуваат. На Елџин тоа му појде од рака кога не постоеше тројката, така да неговата игра се базираше на влезови и шутеви од дистанца. Шутот на Коби е неверојатен и тој постигнува поени од каде ќе посака. Беше вистинско задоволство да се гледа овој натпревар. Тоа што може тој да го направи на теренот е неверојатно. Тој целосно го заслужи ова" - Карим, кој е прв стрелец во клупската историја. - Рекордот на кариерата на Мајкл Џордан изнесува 69 поени, а само четири играчи успеале да ја минат границата од 70 поени на една средба. Тоа се Вилт, Бејлор, Дејвид Томпсон и Дејвид Робинсон, на кого последен тоа му појде од рака. "Адмиралот" последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната 1993-94 ги почести Клиперси со 71 поени, кои му требаа за да се закити со титулата најдобар стрелец, претркувајќи го во последен миг Шекил О'Нил. - Најмногу поени на една средба: 1. Вилт Чембрлен (Фил.) 02.03.1962 100 2. Коби Брајант (Леј.) 22.01.2006 81 3. Вилт Чембрлен (Фил.) 08.12.1961 78 (3прод.) 4. Вилт Чембрлен (СанФр.) 16.11.1962 73 5. Вилт Чембрлен (Фил.) 13.01.1962 73 6. Дејвид Томпсон (Ден.) 09.04.1978 73 7. Вилт Чембрлен (СанФр.) 03.11.1962 72 8. Дејвид Робинсон (САнт.) 24.04.1994 71 9. Елџин Бејлор (Леј.) 15.11.1960 71 10. Вилт Чембрлен (СанФр.) 10.03.1963 70 11. Мајкл Џордан (Чик.) 28.03.1990 69 (прод.) 12. Пит Маравич (Њ.О.) 25.02.1977 68 13. Вилт Чембрлен (Фил.) 16.12.1967 67 14. Вилт Чембрлен (СанФр.) 11.01.1963 67 15. Вилт Чембрлен (Фил.) 25.02.1962 67 "For me, it was about the W, and that's why I turned it on. Then I just tried to ride the wave and demoralize our opponent - and it turned into something special." - Mamba "To sit here and say that I grasp what happened tonight, I'd be lying" - Mr. 81. "When he had like 57 and there were 11 minutes left in the game, we were like, 'Oh, boy.' I said 72. Obviously, I was quite shy." – Chris Mihm, in attendance at the show "I wasn't keeping track on what he had, and when I turned to [assistant Frank Hamblen] and said, 'I think I better take him out now,' … he said, 'I don't think you can. He has 77 points.’ So we stayed with it until he hit 80." – Phil Jackson "It's not exactly the way you want to have a team win a game. But when you have to win a game, it's great to have that weapon to be able to do it. I've seen some remarkable games, but I've never seen anything like that before." - Phil Jackson "He started taking all the shots and we stood looking at him like we didn't know what to do. We have to know who we're playing. That's unacceptable." - Chris Bosh

Sunday, January 22, 2006

He's back
by Beto - Како што бива со секоја НБА утакмица и оваа малце каснеше(тоа веќе станува традиција во НБА) , а тоа за многу малце ќе ме доведеше до тоа да заспијам односно да не го направам овој рикеп.Значи, натпреварот почна негде накај 2 и 20 а во стартните петорки на двата тима беа: За Милвоки: Т.Џ. Форд,Мајкл Ред , Боби Симонс, Џамал Меглор и Ендрју Богут За Хјустон: Рафер Алстон , Дејвид Весли , Трејси МекГреди , Џуан Хауард и Дикембе Мутомбо. 1.четвртина: Двата тима почнаа скоро исто, со индивидуални излети на некои играчи. Почна како и секој друг натпревар, споро, најмногу на шутеви, а тоа се разбира дека им беше од полза на домаќините кои и тоа како располагаат со прецизни шутери како Ред, Симонс или Мо Вилијамс. Први повлекоа домаќините и тоа преку две тројки на Симонс и Ред ,а гостите на два пати преку МекГрејди одговараа на другата страна. Најразигран од сите се чини дека бешe Симонс, кој ем погодуваше од дистанца ем имаше некои скок-шутеви од полу-дистанца плус еден влез. Во тимот на Хјустон се издвоија МекГрејди кој си ја играше својата позната игра (сам) и не додаваше никому и на моменти ми се чинеше како да има намера да тргне по лов на Коби ама нема дечкото капацитет за тоа. (Мислиш? - К.) Иначе Трејси не погоди ниедна тројка во цеа прва четвртинаа имаше два или три шута. Подоцна...во првата четвртина Милвоки беше тимот што ја имаше предноста, а Хјустон ги ловеа. Хјустон едно време паднаа и на -8, но во игра ги врати Дејвид Весли кој ми личи на пекинезер и во фаца и во тело. Дикембе иако беше во стартната петорка на својот тим, ни се виде, ни се примети, па и неприметно седна на клупа и неприметно не се одлепи од неа цело 1.полувреме. Веќе на две минути до крај на прва, Тери Стотс, тренерот на Милвоки, во игра ги пушти Гаџурич, Кукоч и Вилијамс и ги повлече надвор од игра првите играчи на Милвоки на заслужен одмор. Иначе Богут ми остави пријатен впечаток! 2.четвртина: вајцата тренери ја почнаа со своите 2. петорки. Само Богут беше дел од тимот што го почна натпреварот и во 2.четвртина. На самиот почеток на вториот дел во крупен кадар го даваат Џеф Ван Ганди кој ги ишишал и оние неколку влакна кои ги имаше и сега ептен ми заличи на Зидан! Каква писта си напраил...Набрзо кошаркарите на Хјустон преку Весли и Алстон од два напада постигнуваат две тројки и успеваат да поведат за прв пат на натпреварот. Вторава постава на Бакс не функционира како што треба, а овој Стотс упорно ги остава да играат. Шупци! На шест минути до полувреме, резултатот е изедначен 34:34 во корист на Хјустон. Првата постава на Милвоки се враќа на терен дури 7 мин. по стартот на 2.чет. МекГрејди никако да даде тројка, а Меглор скоро и да не се приметува, a до сега има 6 поена и 5 скокови. Ми се свиѓа како си одработи Хејс од Хјустон,веројатно млад играч,талент ,на позиција 4ка,солидно покриваше коа Хауард се одмараше....Хјустон го има водството од 44:41 на 2:15 до крај. Сепак,пар кошеви на Ред и завршува прво полувреме со резултат од 48:47 за Хјустон. 3.четвртина: Малце закаснив за глеање, ама коа дојдов резултатот беше изедначен 55:55 овој пат во корист на Милвоки. Потоа почна да игра МекГрејди онака сам и тоа веднаш стана видливо и на семафоpот бидејќи Хјустон го зема водството 60:55. До тој моменат Трејси имаше 18 кошеви. Го забележувам Мутомбо е пак во игра(има 39 години еј), ама со никаков позитивен ефекат за својата екипа.Трејси го полни кошот на Бакси непрестано поентирајќи најмногу од влезови. Милвоки до крајот на четвртина прави серија од 7-0 и на две минути до крај резултатот е изедначен 67:67.МекГрејди мава трица за 70:67, па Ред има пар слободни ,па Весли и 3.четвртина завршува со резулт од 74:71 за Хјустон. 4.четвртина: И кога таман мислев дека во 4. четвртина ќе глеам интересен и атрактивен баскеt, се деси и тоа, Трејси МeкГрејди да не утне и ја направи тотално неинтересна последната четвртина: Оd кај шутна-не утна! Праеше ролинзи, нешто па шут, па тројки, па слободни СВЕ ВЛЕЗЕ!!! Вака сеа...последната четвртина почна атрактивно се цепелин Т.Џ Форд до Гаџурич и закуцавање и тоа беше се што направија домаќините. После МекГрејди имаше симултанка и залудно би си го трошел времето ако ви опишувам какви се шутеви погоди! Му немаше крај за на 5 минути до крај да направи 15 разлика. Милвоки на крајот имаше 80 коша.Значи само срамни 9 во последната четвртина. Тоа ги уништи. Заврши 97:80, а Xјустон извојува победа благодарејќи на МекГрејди. Лудакот заврши со 41 поен и залужено си го добива тоа МЕН ОФ Д МЕЧ.Толку. Добро е Бето, само да не требаше да ти ги поправам сите печатни грешки:). За утакмицата си прав, баш беше така, се играше повуци-потегни, додека Ти-Мек не зема се у свои раце у задња четвртина. За Дикембе не би го критикувал толку, зашто како што напишпа и ти, типот има 39 години (и веројатно може да ти биде татко). Кога играше он у 1.чет., и Богут и Меглор немаа муда да се дигнат на шут у рекет преку него. Можеби немал некој др. квалитет у своја кариера, али барем за плашење играчи у рекет и мењање шутеви мора да му се пружи рака. Ипак, он д енд оф д деј, ова беше вечер на Мек, а никој у дрес на Бакси не ме импресионираше. Уште на старт на сезона реков дека Тери Стотс не е прав човек за тренер и тоа полека почнува да станува јасно. И уште нешто реков летоска, а тоа е дека Ред не е играч за 90 мил. договор. Никако. - Каракаш
Сан Антонио и Денвер
Ретко срање утакмица.. Лекич: Франциско Елсон - елегантен шут?!

Saturday, January 21, 2006

Седи бе...
По скоро осум месеци постоење, NBA Macedonia ја мина границата од 15 000 јуникс посети. Идемо даље...заедно!
Ева Лонгориа добила, Џинобили скина копач
Малце закаснија Спорт 4 со преносот, а на ХХЛ имаше порно со Лексингтон Стил. Сепак..
  • Се укључуваат на некои 2 мин пред. крај на прва.. и прво шо глеам – цепелин Паркер – Данкан..
  • Џинобили утиња 2 слободни. Ишишан е као Стратокастер. Брр. Вејд враќа со полухорог на другата страна.
  • Рашо прави чекори. На другата страна и Ентоан Вокер исто. Добро е, не сум испуштил многу овие пар месеци.
  • Паркер иде на влез. Се остаи у кош, скрши кичма. Болно изглеаше, али се опраи. Пуцна слободни. Мајами не можат да изведат, Пејтон у фрка, Паркер шпиунски му ја украде и дава тројка од ќуш, од отсвртување, за крај на прва четвртина.
Втора четвртина
  • Зо го лепи Данкан ко мало дете, ама важат поените. Вејд на другата страна, 22-20 Спарс.
  • Зо упати митолошки шут. Пукнав од смеење. Нормално, утна.
  • Лекич разврза муабет околу семафорот. Ајде, опростено му е.
  • Џеј Вил напраи контра. Иако се приметува дека колената му се малце подзар`ѓавени.
  • Ману забораил слободни. До вртљакот е... Бунар од Вокер. Ништо ново... убава аргентинска комбинација Ману – Оберто..
  • Вејд се препичава. Напраи нешто, демек финтаџиски влез, ама неуспешен. И некоја реприза видов од испуштениот дел, губи топки. Почнал да глуми ѕвезда. Данкан си дава кош, 27-26 за Спарс. Тајм аут.
  • Трица на Ван Ексел. Џеј Вил поентира. Па дава тројка. Па Ван Ексел дава тројка. 33-31 за Спарс, ако убаво запишав.
  • Шек не е тој шо треба да биде, ама Данкан на спортивната страна си е стариот. 35-31, тајм аут, Шек седнува со 3 лични.
  • Вејд пак се обидува да биде главен фраер. Сака да биде Коби. Лекич употребува израз КРАДЛИВЕЦ.
  • Паркер се напали. Прекрасен потег, поени и лична над него, и 39-34 за гостите на три минути до полувреме.
  • И ВЕЈД ПАК СЕ ГЛУПИРА. Све некои дриблинзи, пасови..
  • Мора да се спомне Ева Лонгориа. Да и` го..
  • Хаслем упати патриотски шут, балетански потег, отиде нападот во неврат.
  • Бутот на Вејд наидува на коленото на Рашо. Болка, гнев, и Двејн се куропеца, ќе го мава судијата. Техничка, процедурално. Финли си го дава слободното, а Паркер дава после тоа, за среќа на Хит само два.
  • Вејд шитка. Сака да биде Коби.
  • Лична на Хаслем. Се спречка со Данкан. Обострана техничка. Прв пут глеам некој на Данкан да му суди техничка.
  • Оберто дава европски кош. Лекич вика дека бил манекен порано. Исто како Енко Каракаш.
  • Вејд, абе ко Коби да го глеам. Само шо Коби е победник.
  • Данкан скења 2 слободни. Полувреме. 49-38 за Сан Антонио.
Трета четвртина
  • Хаслим со шутче преку Данкан. Стандард, увек погаѓа од врв на рекет. Па Паркер со уште еден мајсторски влез. Чоече, Ева завршила работа.
  • Шек е ко друг играч. Рашо, иако со фаули, искача нак рај со него.
  • Ману дава тројка. Шек пак утиња. Боуен сменил позиција, дава шутче од средина.
  • Џеј Вил го прати Паркер со кросоувер и погоди скок шут. На другата страна Ману фаулиран во обид за три, ама даво само 2 слободни.
  • Шек конечно закуца, преку Нази Моамед, ама со мука. Едвај се одлепуе од земја.
  • Ману загњури. За 15 секунди, пак. Ама сеа го ебал зглобот. Реприза: ауууу, ко ја коа видов се потсетив на моето искуство, леле, болно.. го стапна.. не знам кого стапна, не е битно. Го изнесоа на раце. Толку од утакмицата. Можда и толку од сезоната. Можда и толку од кариерата. Пупупупу.
  • Џеј Вил набрзинка дава 2 од рекет. Вејд краде, сам до крај, дава, Спарси се плеткаат, Шек им дава 2+фаул, тајмаут, 58-52 Спарси, а беше и 14 едно време.
  • Шек по свое, си се гура, мене ми е бизарно. Паркер на другата страна прави муњевит влез, ама ништо.. Данкан офанзивен скок, фаулиран, дава 1 слободно.
  • ВЕЈД ПОВТОРНО ГЛУМИ ЅВЕЗДА.
  • Шек го уби Паркер со топка. Педерски. Ја би го казнил.
  • 4 минути до крај на 3. чет, Паркер дава 2 слободни за 64-54 за Спарси, 24 поена има до тогаш.
  • Зо го улепи Маркс, а Вокер на другата страна си утиња тројка.
  • Влага Брент Бери. Фризура Виетнам 1969. Искрцавање на маринците. Маскрот во Ми Лаи. Е таква фризура.
  • Паркер дава трица. Ева има добиено. Па на друго место покажува сила. Хехе.
  • Џеј Вил со поштен влез, го утиња дополнителното. 69-60 за Спарси.
  • Виетнам вади пилечи шут со пилечи грип.. Вејд на другата страна праи јак влез, а паркер му враќа со сок шут од врв на рекет.
  • Вејд ПОВТОРНО со некои ЕндУан финти, ама сеа успеа да извади пас до Алонзо, за негови лесни 2.
  • Паркер дава 2 слободни. 31 поен. 73-64 за Спарси.
  • Вејд нема дома Ева Лонгориа. Прави шалабајзерски влез, утиња, Маркс е фаулиран, си го достига просекот од 1 поен.
  • Флеш се пере со убаво шутче преку Брус Грдиот Боуен за 73-66 после третата..
Задња четвртина
  • Т.Д. дава 1 слободно.. Вокер на другата страна некоја шашма за 74-68.
  • Завладејува збунката, Вејд као нешто криви, демек не дека е глуп, сакат е, `Тоан конечно дава трица, Маркс го прати со еден лажњак Поузи, а Данкан изеде ќотече. Све тоа набрзинка.
  • Џеј Вил пак го изработи Паркер, 2+1. Само 2 разлика за Спарси, 76-74.
  • Шек осети крв. Го парализира Рашо и му поентираше. Ама одма изненаџење – РАШО химселф собра муда и упати хорог на другата страна, и то преку Шек, и за чудо, погоди. израмнување.
  • Шек на другата страна после една фрка закуца ко шо знае, ама не важи. Сепак, малце потсети на оној Шек шо на грбот на Коби зема 3 титули ;) (морав). Сепак, тајмаут за Грег. Се нервира старото.
  • Шек се исра со слободните, на другата страна Финли прекусо.. е сеа Шек не пропушта да поентира преку Радослав.
  • Вокер пак здува тројка. На толку шутирање, бар да научеше обрач да погаѓа. Се пере после тоа на влез. 80-78 за Мајами.
  • Шек пак. Грег више побеснува. Тајмаут.
  • Дебелиот ГО ЗАЛЕПИ Паркер. Ама ГО ЗАЛЕПИ. Сепак, Боуен си се вгнездил у ќушето и си даде тројка.
  • Вејд. 84-80
  • Виетнам. Тројка. 84-83.
  • Паркер. 85-84, Спарс. Се време му е на залижаниот да се курчи.
  • Шек разбива све. Утиња дополнителното. Ама сепак, разби све.
  • Ама одма ладен туш. 5та лична на Шек, и тоа грубо над Паркер. Паркер може изигра волшебно, ама изеде ќотек машки. Дава само едно слободно. 86-86.
  • Вејд пак сака да биде главен, се сере со некој неук ролинг, ама се извади со тајмаут.
  • Се десија работи, Боуен дава 2 слободни, некој од мајами утна, Паркер дава 2 за 90-86, Мајами пак прокоцкаа, вадат гз – Боуен сам утиња тројка (дека не беше од ќош, од косо беше). Вејд глуми Коби, ама утиња, има среќа, си даде од втора кош.
  • Напнато е.. и оп, РАШО. Преку Шек.
  • Рајли бара тајмаут да го изшамара Вејд.
  • Вродило со плод. Поени на Флеш, Спарси серат, Вејд ништо подобар, Шек го пере со офанзивен, ама и тој утиња. Мрско им е. Бери одма ги излади со тројка, 95-90, помалце од минута, тајмаут за Рајли, кој е огорчен.
  • Мајами ништо.. и Паркер ги запечати.. 30 секунди до крај. 97-90. Шек стратешки фаулиран, Рашо го избација. Си го утна дебелиот едното слободно..
  • До крај.. слободни фрлања.. тројка на Вејд.. ама џабе. 101 – 94. Паркер 38, Вејд 36. Паркер од поле феноменален, 13-18..
У глобала, просечна утакмица, пренапумпани имиња, али океј, битно е дека после финалето лани, и ја поглеав малце баскет. Се изненадив од тоа колку Шекил е мивка, а и Данкан не се виде баш, иако си заврши со дабл дабл. Главниот збор го имаа Паркер и Вејд, и Џејсон Вилијамс. Сепак, за мене, клучен беше Виетнам Бери, кој даде 2 клучни тројки, а втората уствари беше нокаутирачкиот удар за Мајами. Сепак, ми симнувам капа на Тони Лонгориа, пошто волку ефикасна партија ја неам видено одамна (освен поентерскиот дел, имаше и 4 скока и 5 асистенции). Вејд пак, ме разочара, напреднал во вештината од лани, ама у мозокот се свел на најниско можно ниво. Без респект кон Рајли, кон соиграчите, без грам несебичност. Само 1 асистенција и 5 загубени топки. Коби, можеби има понекогаш такви бројки, и несомнено и тој себичи, ама ги нема во екипата Шек, Вокер, Џеј Вил, Пејтон, па и Поузи и Алонзо. Тоа што ме зачуди кај Мајами, беше што играа со само 8 играчи, а ме импресионира играта на Зо. Можеби подреден, ама си ја заврши работата. Значи, во првата утакмица на Спорт 4, Сан Антонио победи во Мајами со 101-94, Паркер постави личен рекорд во поени, но најбитно од се` е што Грег Попович го изгуби Џинобили. И ГО МРАЗАМ ЕЛТОН ЏОН, ЈА МРАЗАМ КРИСТИНА АГИЛЕРА, ГО МРАЗАМ ЕЛВИС, ГИ МРАЗАМ НЕКОЛКУТЕ РЕКЛАМИ ОД ПРЕД 5 ГОДИНИ ШТО ГИ ГЛЕДАМ НА СЕКОЈА УТАКМИЦА.. ју меј нот билиб ит, бат ај билив ит.. или ИТ`С ОЛ ШУК АП.. уууу.. или пак.. МЕЈКС ДЕТ МАЧ СТРОНГЕР, ТЕНКС ФОР МЕЈКИНГ МИ ХАЈЕР, ОЈ ДА ТИ ГО КЛАВАМ, ТЕНКС ФОР МЕЈКИНГ МИ ФАЈТЕР. А сеа и ја да кажан нешто. Као, прво, честито губење невиност сезонава Шеп, редно време беше. И ја ја изгледав цела утакмица, и тачно, беше чиста просек. Сезонава сум гледал едно барем десетина подобри утакмици, али нема везе, важно е дека некој канал почна да дава, па унесреќените души:) као ти и Селектор коначно можете да глеате НБА он Тв. Пошто исто како и на Шеп, а и веруем на доста од вас она синоќа им беше прво НБА искуство сезонава, нема да мрчам за коментарот, кој у најмала рака беше сумљив. Али, као што напиша Лаф у еден коментар подоле, сум глеал баскет на едно чудо јазици, така да не може Лекич, Љубо или кој сака да ми влијае на моето уживање. Ипак, за доброто на сите оние кои ипак им е потребен солиден коментар за потпуна нирвана, се надевам дека ќе се оправат, стварно се надевам. Ако не, на даљинското увек го имате MUTE дугмето, кое коа стануе збор за наши коментатори, и тоа како е корисно. Идеме на утакмицата. Сезонава доста пути ги глеав Мајами, најчесто без Шек, така да морам да застанам у одбрана на Вејд, кој Шеп фино го исплука погоре. Не дека не заслужуе да биде ркнат за она што го играше синоќа, али тоа беше една од најлошите негови партии од кога го знам Вејд, а момакот ипак убаци 36. Што се тиче Шек, полека со плукањето по него, лејкербојс, ако малку пратевте синоќа, баш кога почнаа да играат преку него, Мајами вчера се доближи и на крај и изедначи. Супермен уште не фатил ритам по повредата, а и системот на Рајли уште е жива мистерија за сите у тимот. На крајот, не е Шек крив што за соиграчи ги има Ентоан "Ич не ми е голема глават" Вокер, Пејтон, Поузи и тако даље. За тоа е крив залижаниот. Што ме носи и до главниот кривец никаквата игра на Хит, а тоа е Пет "Армани" Рајли, кого времето очигледно го прегазило. Никакво водство од негова страна, никаков авторитет да знае кога кој играч треба да повлече, а кој да се повлече. Плус, негова вина е што у тимот му се Вокер и Пејтон, кои никад не биле, нити знаат како да бидат суплементи на ударно дуо у екипа. Не е случајно што и двајцата немаат титули досега, и што Рајли после Лејкерси пред 20 години никад не освоил уште еден шампионски прстен. Ако толку сакаше да го шутне Стен Ван Џереми, Пет, како паметен претседател тоа можеше да го направи уште летоска, па на негово место да го донесе Фил Џексон, кој сигурно нема да одбиеше пак да му биде тренер на Шек. Но, не, Пет не го направи тоа, зашто тоа ќе беше признание дека не го бива како тренер и дека Фил е за две класи бољи од него, што факат је. Како и да е, сега има НБА на некоја наша ТВ и тоа е најбитното. А Мајами не треба да се отпише, затоа што секој тим што го има здрав Шек и ДВејд у екипа, не смее да се потцени. Иако, момците од Детроит сега изгледаат стварно страшно. Шеп, не се љути, али морав да ставам слики, да го личи постот. А, за крај, еве ја и причината за играта на Тончи. Поп сигурно сеа ќе ја моли да не му дава. - Каракаш И за малце ќе заборавев: ајде сите заедно- Јудонис Хаслем, Јудонис Хаслем, Јудонис Хаслем, Јудонис Хаслем, Јудонис Хаслем, Јудонис Хаслем, Јудонис Хаслем, Јудонис Хаслем...

Thursday, January 19, 2006

Силно светнал ден + AD saves the day (барем он мисли така)
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од петок или недела ТВ4 почнува со преноси. Додека трае сезоната, 1 пренос неделно. За плејофот, по 2, а финалето цело. Се надеваме, последен пат ве известуваме. makNBA Squad И се надевам дека после неколкуте најави, оваа е онаа правата и дека Македонија конечно ќе добие канал кој ќе дава НБА. Ова е се уште неофицијално, од изворот, кој е редовен посетител на NBA Macedonia. Самоо, кој ли ќе коментира? Ај да видам... Да не биде постов без слика, еве ви стрипче од синоќешната дешавка у Чикаго,(клик на неа за бетр вју) кога Антонио Дејвис се качи на трибините да ја спаси жена му од некоја си пијаница, која ја закачала госпожа Дејвис. Дека претерал, претерал, али Антонио никад не бил познат по големиот коефициент (или како што викаат кај мене у Чаир - eфисиент) на интелигенција - Каракаш
ЗАДЊА ВЕСТ: МАЈАМИ - САН АНТОНИО, ПЕТОК У 02:00 НА ТВ4

Wednesday, January 18, 2006

Кој на кого личи, каде што застанавме
Рики Дејвис и Андре 3000 од Ауткест
Џорџ Карл и Дик Соломон, овај Џон Литгоу
Чонси Билапс и Паф
Ештон Корвер (еден чоек е)
Диркулес и Бери Пепер (има глумено у Спасувањето на војникот Рајан, мислам)
ПРЕТХОДНИ ИЗДАНИЈА НА ИСТАТА РУБРИКА: кец, двојка, тројка
Шепард се врати од подолгата повреда. Ќе игра и со една рака ;)
Жив сум
После пар мејлови од читатели.. Да, жив сум, со некои други ангажмани, ама без НБА на тв :( Пошто овој период у секој муабет околу лигата има само 2 топика: КОБИ и АРТЕСТ, и јас ќе се произнесам околу нив. Коби: Тоа што осмицата го постигнува оваа сезона е историја. Иако ЛО почна да помага, сепак, Коби во моментов е најекспонираниот играч во било кој тим. Фил некаде имаше изјавено дека он смислува акции. Кога акциите запињаат топката оди кај Коби, и со тоа сета слобода да прави што сака со неа. Тоа значи, дека Коби успева да го носи товарот наречен Бајнум, Смуш, Волтон и сл. А плус, со некои битни партии и клучни потези, потврди кој е и што е. Артест: Човекот е лузер. Колку и да е добар, никогаш нема да остане запаметен по големина од спортски аспект. Има вештина, талент, способности, ама неговата психа е трајно оштетена од негушкањето како мал. Преголем е комплексот на повисока вредност. Нека го пратат во Сакраменто, да тоне заедно со Аделман. И сменив анкета. Конечно ;)
Operation: Yao Ming?!?!?
Во книгата "Операција: Јао Минг", во САД познатиот писател Брук Лармер, тврди дека дека не била случајност тоа што Јао Минг станал кошаркар и дека зад тоа стојат Кинеските власти. Според Лармер, Кинеските власти неколку години го очекувале раѓањето на Јао, пред се поради тоа кои му се родителите. Од моментот кога се родил, властите направиле се што било во нивна моќ тој да израсне барем колку неговите родители и еден ден да стане кошаркар. Книгата тврди дека татко му и мајка му на Јао биле принудени да станат кошаркари поради нивната височина и дека биле "охрабрувани" да се венчаат од страна на властите, со цел и нивните деца да бидат високи. Според "Операција: Јао Минг", родителите на Јао не сакале нивниот син да го мешаат во намерите на властите, но не можеле да го спречат тоа. Јао бил теран уште од мало дете да игра кошарка, во исхраната му биле додавани додатоци за зголемување на височината, се со цел тој да стане кошаркар, без разлика дали тој го сакал тоа или не. Судејќи според пишувањата во книгата, малиот Јао не бил добар играч како дете и не ја сакал многу кошарката, но бил принудуван да продолжи со тренинзи. Во книгата исто така малку повеќе простор им се отстапува на родителите на Јао, на искуството на првиот Кинез во НБА, Ванг Жи-Жи, како и на многу политички одлуки во Кина со кои на Јао му било овозможено да биде драфтуван од НБА тим. A?!?!?

Tuesday, January 17, 2006

О'Нил го послуша Бил Расел, Лејкерси конечно бољи од Мајами
Коби Брајант и Лејкерси конечно можат да се пофалат со победа над Шекил О'Нил и неговиот Мајами откако центарот го напушти Лос Анџелес. Преку 37 поени на Коби и Ламар Одом, на кого му недостигаше една асистенција за трипл-дабл, Лејкерси релативно лесно ги совладаа гостите од Флорида, со 100-92, за нивна шестта победа во последните седум средби. Девин Џорџ додаде 17, а Крис Мим десет поени и 6 скокови. Двејн Вејд со 34 поени и седум асистенции беше по кој знае кој пат најдобар кај "жешките", но сам не можеше да ја продолжи серијата од четири победи по ред на својот тим. Шек и Јудонис Хаслем додадоа по дабл-дабл од 18 поени и 10 скокови, односно 13 поени и 12 скокови. Инаку, ова беше четврти дуел меѓу двата тима по трејдот во летото 2004 год. кога Лејкерси го испратија О'Нил на Флорида во размена за Одом, Керон Батлер и Брајан Грент. Мајами ги доби претходните три, вклучувајќи ја и победата од 97-92 на 25.12. 2005, кога Шек и Коби не се ни погледнаа, а камоли да се поздрават. Покрај триумфот на Лејкерси, она што ја одбележа средбата беше поздравот помеѓу Шек и Коби пред почетокот на натпреварот, кога О'Нил му пријде на Брајант додека овој се истегаше и му честиташе на првата ќерка и на второто дете, кое е на пат. "Тоа ме направи да се чувствувам многу добро. Заедно поминавме многу војни, така да не е мала работа секој да си продолжи на своја страна и да се обиде да му донесе успех на својот тим. Му посакувам се најубаво" - изјави Брајант, кој призна дека бил изненаден од гестот на Шек. По средбата, О'Нил изјави дека неговиот потег уследил по советот кој му го дал легендарниот Бил Расел, кој му рекол дека треба да се смири со Коби. Исто како што тој на времето направи со неговиот лут ривал, Вилт Чембрлен. "Имав наредба од големиот Бил Расел. Пред некој ден во Сиетл направив муабет со него и тој ми објасни како треба да изгледаат ривалствата. Го прашав дали некогаш во својата кариера не му се допаѓал некој против кого играл, а тој ми одговори 'Не, никогаш' и ми кажа дека треба да оставам зад себе се што се случувало и да му пружам и рака и поздравам со Брајант. Денеска е Ден на мирот, Денот на Мартин Лутер Кинг, кој беше амбасадор на мирот. Така, кога зборував со г-динот Расел, тој ми кажа дека тој и Вилт разговарале по неколку пати неделно во последните неколку години пред неговата смрт. Иако луѓето мислеа дека тие двајца се мразат, меѓу нив постоеше големо пријателство"- изјави Шек.

Monday, January 16, 2006

Talking Trade
Како што се ближи 23.02., така се повеќе ќе слушате за можни трејдови на играчите кои уште сега се појавуваат у секој можен трејд муабет. Пред да се деси било каков трејд, еве што МАКНБА мисли околу можните трејд сценарија и тоа кој играч, каде би можел да заврши. У овој мабет не ги ставам Рон Артест, зашто он веќе месец дена е дел од секој посибл трејд у буквално секој НБА клуб (освен Детроит). Каде ќе заврши Рон-Рон не знае ама баш никој, али едно е сигурно, а тоа е дека со неговиот идиотски потег тој не само што си ја стави кариерата у прашање, него и ја заеба цела сезона на Пејсерси, кои со право беа меѓу тимовите кои имаа шанса за тронот на Спарси. Вака, тие остануваат далеку позади Детроит на Истокот, а богами и позади Мајами. Денеска слушнав муабет дека Рон би можел да заврши у Сакто, али не за Пеџа, како што се збори веќе некое време, него за Бред Милер. Интересно, нема што. Бред не само што би се вратил у клубот каде што беше доста успешен, а кој не сакаше да му го продужи договорот, па го прати у Кингси. Бред би попунил голема дупка за Индијана, а тоа е онаа у рекетот, а плус е тоа што више се знае со Џермејн, така да нема да има потреба од воигрување. Нешто ипак, не ми е јасно у целата прича, а тоа е што ќе прават Кингси со Рон, на чија позиција го имаат Пеџа или па Бонзи, зависи како ќе го користат. Ако има барем малку вистина за можен трејд Рон за Бред, онда ништо чудно после тоа да следи упте еден потег на Џеф Питри, у кој овој би го трампал Пеџа. Каде? Е, тоа никој не знае. А, реков дека нема да пишувам за Артест:) Следен на листа е Стив Френсис, чии денови како што се чини у моментов, се избројани. Типот им застанал на жуљ на газдите и тренерот Брајан Хил со понашањето у задњиве две-три недели, а одбивањето да влезе у игра против Соникси само ја прелеало чашата. Што ќе се деси со него никој не знае, затоа што барем засега, никој не пројавил интерес за Френчајз, пред се затоа што оние кои имаат солидни плејмејкери знаат дека не им треба Стиви, а оние кои немаат не сакаат да го земат на себе неговиот дебел договор. Како единствена опција засега се спомнува Минесота, потег кој мене ич не ми е јасен, али кога ќе видам кој го пуштил у етер (ЕСПН), све ми е јасно. Според фаците у ЕСПН, Френсис би отишол у Мини у замена за Воли Шнцјсујџиаујсхаоиак и Трентон Хесел, играчи кои практично играат на исти позиции, на кои Меџик веќе имаат играчи. Можда Стиви ќе заврши у Лејкерси, ваљда ако Коби запне дека сака да го види покрај себе, мада мислам дека кај нив нема место за уште еден тип на кој му треба баскетот нон стоп у раце. Можда у Индијана, а можда и никаде. Ќе видиме. У можни трејдови се уфрла и Пол Пирс, кој или ќе побара да биде трампан или па ќе биде пратен негде од Дени Ејнџ, кој сака да го подмлади тимот, кој и онака нема шанси да направи нешто оваа, па и следните неколку сезони. Според некои, Пол сакал да иде у екипа која има шанси за титула, а прва негова желба биле Нагетси, каде би се уклопил у одличната прва петорка на позицијата која им е најголем проблем у Денвер, на двојка. Ипак, за да стигнат до него, у Колорадо ќе мораат да се откажат од Андре Милер и Нене, кои му се по вкус на Ејнџ, кој бара добар плеј кој не кошта многу. Се збори и дека Ејнџ го понудил Пирс на Клиперси у размена за пакет у кој ќе бил и младиот Шон Ливингстон, нешто што Клиперси одма го одбиле. Денвер е најдобра и најреална опција за Пирс, ако уопште биде трејдуван, затоа што така и Ејнџ ќе го добие тоа што го бара, и Денвер ќе добие класа играч покрај Кармело. Плус, Нагетси одма имаат замена за Андре у Бојкинс и Вотсон. Коа ги спомнавме Клиперси, повеќе од сигурно е дека Кори Магети нема да оди никаде. Откако Инди одби трејд Артест за Магети, више ниту еден клуб не се јави кај Клиперси за крилото, пред се поради неговите проблеми со стапалото, поради кои може да се деси Кори да мора на нова операција по која ќе му заврши и сезоната. На негово место Клипси би сакале да го видат Спривел. Ал Херингтон више никој не го спомнува у трејд муабети, ваљда зашто самиот изјави дека не сака да си иде од АТЛ, а и зашто единствениот клуб каде сакаше да иде, Индијана, нема што да им понуди на Хоукси, кои никако не го сакаат Артест. Се спомнаа малце и Булси, мада не знам што би им понудиле они на Хоукси, зашто Духон и Сонгаила, стварно е непристоен предлог. Јас искрено, би сакал да го задржиме Ал, но знам дека он е једини наш играч кој нешто вреди на трејд-пазарот (покрај Џо Џонсон), така да ако некој како Денвер понуди плеј како Андре + Нене или па некој друг понуди солиден плеј или четворка или центар, онда слободно може да го дадат Ал. Тоа плус ќе му отвори простор за игра и учење на Марвин Вилијамс, што е плус кога Хоукси и онака немаат шанси да направат нешто сезонава.

Saturday, January 14, 2006

Онака...