Monday, January 23, 2006

81
81, ОСУМДЕСЕТ И ЕДЕН. 81. НЕ...ПРОТРЕСИ ЈА ГЛАВАТА. 81. Толку поени постигна синоќа Коби Брајант. 81. ---------------------------------------- Е, сеа, по опширниов текст погоре на Шеп, и ја да кажам нешто. мада, кога ќе размислам боље, нема што да се каже, освен АН-ФАКИН-БИЛИВИБЛ. Али, ај да напишам нешто, па подоле ќе ги оставам играчите, Коби и Фил да кажат по нешто и ќе се позанимаваме со малце историја. Малце лиги пуштање, али бев еден од сречниците кои ја гледаа утакмицата, али не у живо, него у снимка на НБА ТВ и стварно ми требаше време малце да ми се средат мислите. Што мислам за Коби, односно за такви индивдуални партии, мислам дека им е јасно на сите кои редовно го читаат блогов. Али она што го гледав дефинитвно е нешто посебно, феноменално, еден од оние настани за кои и после неколку години, децении ќе те прашаат -Каде беше кога Коби убаци 81? Како што идеше утакмицата, се мењаше телопот на ТВ, прво беше Коби у група на легенди на Лејкерси кои постигнале повеќе од 50 поени на еден меч, онда се смени на рекордери у клупска историја, за на крај да застане на рекордери у НБА, каде Мамба застана на 2, место, одма зад легендарните 100 на Вилт д Стилт. Нема што да се каже, сите ние еден ден на нашите деца, внуци итн. ќе можеме да им кажуеме дека сме биле сведоци на создавањето на историјата на НБА. 81 поени на Коби даваат простор и за пофалби и за критики (од оние кои не го сакаат многу), но факат е дека тој направи се за да победат Лејкерси, кои на полувреме беа у минус од 14 поени. Да не изигра како што изигра, Лејкерси сигурно ќе изгубеа со 30 разлика, вака Коби сејвд д деј. Свака част, мајсторе...Едвај чекам до петок и мечот на Коб..овај Лејкерси и Вориорси. - Каракаш - Вилт Чембрлен својата легендарна партија во која постигна 100 поени ја одигра на 2 март 1962 година, во победата на неговата Филаделфија над Никси. За да стигне до 100-ката, тој на теренот ги мина сите 48 минути, погодувајќи 36-63 од своите обиди за 2п. и 28-32 од пенал линијата. На таа средба Вилт во 2. полувреме уфрли 59 поени и со тоа се уште е единствениот играч пред Коби и неговите 55 против Торонто според бројот на постигнати поени во вторите 24 минути на една средба. Втор најдобар ефект на Чембрлен е тој од 78 поени (1961 год.), до кој дојде по три продолженија. - До неделата рекордот на Лејкерси за најмногу постигнати поени на една средба беше во сопственост на Елџин Бејлор. Тој изнесуваше 71 поени, а НБА lегендата ги постигна на дуелот со Никси, кој се одиграл на 15.11.1960 год. Карим Абдул-Џабар, кој е сега помошник во Лејкерси, ја имаше таа чест да биде сведок и на таа неверојатна партија. "Партијата на Елџин беше исто така феноменална. Мислам дека тоа и ова вечерва не можат да се споредуваат. На Елџин тоа му појде од рака кога не постоеше тројката, така да неговата игра се базираше на влезови и шутеви од дистанца. Шутот на Коби е неверојатен и тој постигнува поени од каде ќе посака. Беше вистинско задоволство да се гледа овој натпревар. Тоа што може тој да го направи на теренот е неверојатно. Тој целосно го заслужи ова" - Карим, кој е прв стрелец во клупската историја. - Рекордот на кариерата на Мајкл Џордан изнесува 69 поени, а само четири играчи успеале да ја минат границата од 70 поени на една средба. Тоа се Вилт, Бејлор, Дејвид Томпсон и Дејвид Робинсон, на кого последен тоа му појде од рака. "Адмиралот" последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната 1993-94 ги почести Клиперси со 71 поени, кои му требаа за да се закити со титулата најдобар стрелец, претркувајќи го во последен миг Шекил О'Нил. - Најмногу поени на една средба: 1. Вилт Чембрлен (Фил.) 02.03.1962 100 2. Коби Брајант (Леј.) 22.01.2006 81 3. Вилт Чембрлен (Фил.) 08.12.1961 78 (3прод.) 4. Вилт Чембрлен (СанФр.) 16.11.1962 73 5. Вилт Чембрлен (Фил.) 13.01.1962 73 6. Дејвид Томпсон (Ден.) 09.04.1978 73 7. Вилт Чембрлен (СанФр.) 03.11.1962 72 8. Дејвид Робинсон (САнт.) 24.04.1994 71 9. Елџин Бејлор (Леј.) 15.11.1960 71 10. Вилт Чембрлен (СанФр.) 10.03.1963 70 11. Мајкл Џордан (Чик.) 28.03.1990 69 (прод.) 12. Пит Маравич (Њ.О.) 25.02.1977 68 13. Вилт Чембрлен (Фил.) 16.12.1967 67 14. Вилт Чембрлен (СанФр.) 11.01.1963 67 15. Вилт Чембрлен (Фил.) 25.02.1962 67 "For me, it was about the W, and that's why I turned it on. Then I just tried to ride the wave and demoralize our opponent - and it turned into something special." - Mamba "To sit here and say that I grasp what happened tonight, I'd be lying" - Mr. 81. "When he had like 57 and there were 11 minutes left in the game, we were like, 'Oh, boy.' I said 72. Obviously, I was quite shy." – Chris Mihm, in attendance at the show "I wasn't keeping track on what he had, and when I turned to [assistant Frank Hamblen] and said, 'I think I better take him out now,' … he said, 'I don't think you can. He has 77 points.’ So we stayed with it until he hit 80." – Phil Jackson "It's not exactly the way you want to have a team win a game. But when you have to win a game, it's great to have that weapon to be able to do it. I've seen some remarkable games, but I've never seen anything like that before." - Phil Jackson "He started taking all the shots and we stood looking at him like we didn't know what to do. We have to know who we're playing. That's unacceptable." - Chris Bosh

15 Comments:

Blogger Lakerfan8 said...

ЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ
ЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ
81!!!!!
НОВИОТ КОБИ ЈОРДАН СЕ РОДИИИИИИ!!!!!

1/23/2006 09:52:00 am  
Blogger Ико said...

AAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAA

1/23/2006 10:57:00 am  
Blogger Ико said...

Се опоравив...гледав хајлајтс...мислам дека со право можам да кажам дека Коби Брајант е во моментов најдобриот кошаркар на планетава!

1/23/2006 11:13:00 am  
Blogger Shepard said...

нека ни е честит празникот.

ја полагав денес. чекам резултати.

1/23/2006 12:55:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Fuckin, fuckin, fuckin.. Kobe е in a zone of his own...

1/23/2006 02:40:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Инаку ве следам скоро секојдневно, браво за блогот, супер е што конечно почнавме да глеаме НБА иако две од две беа со смрдливите факин мамузи, и се тоа, ама 81 поен?! Хајлајт на сезоната, без разлика на тоа што Пистонси ќе бидат шампиони. Сега може да збори кој што сака за него, и ја не го сакам нешто посебно, али Коби е најдобар кошаркар во моментов. И еден од подобрите спортисти кои се активни (Федерер, Зидан и сл.).

1/23/2006 02:44:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

kopiljaci more nosete se u kurac i vie i vasata NBA. Najsranje sport u svet. Aj u .....

1/23/2006 03:11:00 pm  
Blogger Shepard said...

Да го бришам овој последниов или да го остаам за да го приложиме ко ќе дојдат да видат што све се родило поради неуспешен абортус?!

1/23/2006 05:53:00 pm  
Blogger Ико said...

Остај го бе...ако го избришеш ќе ги дискриминираш глупаците во оваа земја.

1/23/2006 06:08:00 pm  
Anonymous kobi e najdobar said...

Epa sea mozat da se nosat u kurac site so zborea deka "The Answer" e bolji od KOBE.Inace utakmicava moram da ja gledam,da ne znae nekoj kaj moze da ja simnam cela od net?!Odnapred fala

1/23/2006 06:22:00 pm  
Blogger марче said...

ja kao eden od pogolemite dusmani na kobi mu siminjam kapata ... mislam 81 se mnogu i za bugarska liga a ne za nba ... samo neznam drugite u timot sto mu posmetale kje si dael 100tka kao nisho :)

1/23/2006 06:31:00 pm  
Blogger Lakerfan8 said...

Не треба да се трошат зборови на такви заостанати луге...
Имам еден предлог за блогов, зошто не го збогатите со хајлатс од најдобрите НБА играчи..еве сајт ако се решите да го прифатите блогот: www.youtube.com

KOBE THE LIVING LEGEND!!!

1/23/2006 06:33:00 pm  
Blogger Lakerfan8 said...

kobi e najdobar said...
еве сајтови на кој би требало за неколку дена ако не недели би требало да се најде натпреварот (кобе 81 поен) за даунлодирање:
www.bt.davka.info
www.Basketball-forum.no-ip.org
www.bb4ll.net
за последниве два сајтови е потребна регистрација.
П.С. Ако брзината на даунлодирањето е мал тоа е затоа што малку пати е симнат истиот торрент...

1/23/2006 06:46:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Животно да му ебам се...и жена и деца исве...
Стварно е добар , капата доле...ама незнам,необјасниво ме нервира!Уф.Ама шо е ѕвер,ѕвер е!

1/23/2006 08:20:00 pm  
Blogger Laf said...

Утакмицата ја има на http://bt.davka.info/.

1/23/2006 09:25:00 pm  

Post a Comment

<< Home