Sunday, October 02, 2005

Preview: Atlanta Hawks
Летен распуст: Летото 2005. год. ќе остане запишано како едно од најсрамните во клупската историја. Во трејдот за Џо Џонсон на видело излезе колку се “сакаат” газдите на Хоукси (нив дури девет), кога еден од нив Стив Белкин одлучи да му се спротивстави на дилот. Оправдувањето на Белкин беше дека тие се откажуваат од премногу (Борис Диао и два идни пика од 1. рунда, кои на Феникс би му припаднале само доколку не бидат меѓу првите 14) за недокажан играч, но на сите им беше јасно дека Белкин само сакаше клубот и понатаму да работи на НБА минимумот за плати на играчи, за да не мора да инвестира во засилувања. Целата работа стигна и до суд, за да на крајот пресече Дејвид Штерн, кој им дозволи на др. осум газди да се ослободат од Белкин, отплаќајќи му го неговиот дел од клубот.

Останаа од лани: Џош Смит, Џош Чилдрес, Ал Херингтон, Тајрон Лу, Џејсон Кулие, Тони Делк, Ројал Ајви, Донта Смит.

Нови имиња: Џо Џонсон (Феникс), Заза Пашулиа (Милвоки), Естебан Батиста (Уругвај), Џон Едвардс (Индијана), Марвин Вилијамс и Салим Стадемаер (драфт).

Шутнати: Пеџа Дробњак, Крис Крафорд, Обина Екези, Борис Дијао, Кевин Вилис, Мајкл Стјуарт.

Најважно засилување: Нормално, Џо Џонсон, кој е прв класа играч у последниве неколку години кој изјави дека сака да игра за Хоукси и за таа цел ги напушти Санси со кои лани го имаше најдобриот скор во лигата. Една од работите која го привлече во Атланта покрај младиот состав е тоа што тука тој ќе има шанса да ја оствари својата вечна желба да заигра на плеј. Тука може да се спомне и 2.пик Марвин Вилијамс, кој е иднината на клубот.

Тренер: Втора сезона по ред на клупата на Хоукси ќе седи Мајк Вудсон (помошник во Детроит на Лери Браун во шампионската сезона). Тоа каков беше лани не може да се каже, затоа што со тој состав ретко кој ќе можеше да направи подобар резултат. Мислам дека и оваа година раб. место му е безбедно, затоа што пак никој не очекува чуда од него.

Играч од кој најмногу ќе зависи успехот сезонава: Тешко е да се каже од кој еден играч ќе зависи успехот сезонава, но ако веќе мора, тоа би требал да биде Ал Херингтон. Високото крило се наоѓа во последната сезона од договорот и нормално е да се очекува дека ќе даде се од себе да заработи нова, доста подебела плата. Како најава за тоа е и веста дека преку напорни тренинзи летово Ал симнал 5-6 килограми и се наоѓа во одлична физичка форма.

Епилог: Оваа сезона, иако нема да се изнаредат победи, Хоукси би требале да бидат еден од поинтересните тимови за гледање, што е доволен прв чекор во однос на мизерните неколку сезони по ред. Главен проблем останува центарската позиција, која ќе ја покриваат непроверените Пашулиа, Кулие, Едвардс и Батиста. Исто така не се знае како, и дали, ќе профункционира “Џо на плеј” – експериментот, иако можеби подобро би било Лу поголемиот дел од времето да игра на “кец”, а Џо да се потпре на своето одлично шутче за три. Како и да е, со Џо, плус мотивираниот Ал, напреднатите имењаци Смит и Чилдрес и најталентираниот руки, Вилијамс, “јастребите” нема да летнат доволно високо да ги гледаме и у мај, но би требале да изненадат доста противници и конечно да ја напунат “Филипс” арената.

by Enes Karakash, the biggest Hawks fan ever.

PS Кој сака да пише привју, вака треба да изгледа.

У игра следен треба да влезе Шепард, со привјуто за Лејкерси.

8 Comments:

Blogger zare said...

Pa definitivno ke bidat interesni za gledanje nesto kako Klipers pred nekolku godini...

10/03/2005 06:33:00 pm  
Anonymous Prague Rocks said...

Ovaa sporedba ne e bas nesto sto Enko sakase da slusne:)Veruvaj mi!

10/03/2005 06:41:00 pm  
Blogger Karakash said...

Као Клиперс, а?!?!?!:)))
Плиз, никад као Клиперс.

10/03/2005 08:31:00 pm  
Blogger Beto said...

Abe Atlanta dobri ke bidat..............si napraia timce vaka-taka.Ako pocnaat da igraat ok,ke se borat za 8mo mseto

10/04/2005 07:50:00 am  
Blogger zare said...

Abe ja mislev u pozitivna smisla.. Klipers pred 4-5 godini bea mnogu interersni za gledanje ,bea puni so talent i mnogu atraktivni..Barem za mene bea interesni..

10/04/2005 12:02:00 pm  
Blogger Karakash said...

Заре, у реду е, се зезав:)

Ливерпул, ако испадне као ти што збориш, те носам на пиво. Него, јаки тие Челзи, а:)

10/04/2005 12:05:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Stop HARD WORKING)))
Only for man useful links )))

FOR FORCE buy viagra FOR REST casino
and for your girlfriend )))) flower mound


i think its will be usefull ))))))

I found a lot of interesting information for me ))) here )))) and i start prepare to 8 march )))))

2/24/2007 04:45:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

I start to women day prepear

I start to women day prepare……
I buy flower, viagra and xanax .....))))
But I have problem. I haven't women….
Help me please.

2/26/2007 09:25:00 am  

Post a Comment

<< Home