Monday, October 03, 2005

Preview: Los Angeles Lakers
Летен распуст: Летово Лејкерси може да се каже дека го поминаа тмурно. Од една страна, направија два многу битни потега со враќањето на Зенот и отпуштањето на Брајан Марли Грент, ама останатите потези на управата се еден голем заоблен прашалник, кој според многумина ќе се претвори во извичник за помош. Но летото не е сеуште завршено, а јас искрено се надевам дека после некоја недела, ќе имам (убава) причина за апдејт на постов. Што се тиче за тоа досега – 17 годишниот Бонум и тешко осакатениот Туриаф на драфт, (не)докажаниот (анти)талент Квами Браун (овој бушавиов на фотос) за двајца стартери и пар слободни агенти – па тоа би било све.

Домашарци: Коби, Одом и тајфата предводена од Брајан Кук и Џумејн Џонс (за Дивац уште не се знае, а Лук Волтон и Тони Бобит се ограничени сл. агенти – дај боже некој да им понуди договор)

Увезени: Квами Браун од Вашингтон, Арон Мекки и Смаш Гулаш Паркер како сл. агенти, Ендру Бајнум, Рони Туриаф и Вон Вафер од драфтот

Извезени: Чаки Еткинс и Кејрон Батлер во Вашингтон Најбитно засилување: тука се линка до точката тренер.

Тренер: Поглавицата Бивши бик кој седеечки ја ќари ќерката на газдата е посебно поглавје во Лигата. Доволно е да мафне со двете рачиња, минус еден палец и да се види каква фаца е. Иако контроверзен (нека ви текне на книгата „Ласт сизон“ во која го подбра Коби), тој сепак е најдобриот тренер во новата историја на Лигата. И тој и Осмицата викаат дека конфликтите се позади нив: тоа значи дека треба да има максимална кохезија во тимот, бар во соблекувалната и на клупата. Очекувам стариот добар Фил да им мавне по два ластици на младичите Браун и Бајнум, и да ги оправи, бар да играат со душа ако ништо друго. Освен педагошката страна, добро би било и да смисли некоја нова тактика – рецимо триаголникот да го трансформира во круг, со центар Коби. Сепак, под негова надлежност, Лејкерси би требали да не бидат толку раштимани како кога ги водеше шупакот Хамблен. Само да не почне Фил да влече потези како што беше тактиката „Пејтон на клупа“ поради која го усра целото финале пред 2 години (Енко не ме поправај, ова е факт).

Како и да е, коуч Џексон треба да вдахне малце душа и победнички менталитет. Бар за тоа го бива.

Играч кој треба да понесе одговорност: Нема потреба да кажам кој е тој. Оваа сезона, Коби е пред можеби најголемиот предизвик во кариерата. Сите очекуваат 30-6-6, т.е. МВП сезона од него. Јас лично, би бил презадоволен и со 22-5-5, ама да ја води лигата во категоријата „поени во последните 2 минути од натпреварот“ и да има изнад 45% од поле.

За квалитетите и психологијата на Коби нема потреба да се збори. Иако и оваа година има жалосна поддршка, сепак сега го има Фил покрај себе, засега пупупу е поздрав од кога и да е и нема гадни и глупи курви што го местат за силување. Плус, у најбољи играчки години е, па едино би му порачал: д тајм ис нау!!!

Епилог: Титула.

Не.

Прво – немаат асален плеј. Од агентите на кец непотпишани останати се само старото Кени Андерсон и сумљиво – сакатото Џеј Вилијамс. Или Врбица Стефанов. Со Вујачич или Смаш Паркер на кец, можат комотно у НБДЛ. Или не дај боже Арон Мекки, со 100 години и попуштени коленца да треба да им диригира напад. Друго – под кош ќе им ја плачат мамата. Одом се покажа дека под кош знае да игра само против Панама, ама не и меѓу професионалците. Крис Мим знае колку толку да игра, и да речеме ќе допринесе едно 15 минути. Другото е под надлежност на Квами Браун кој повеќе од 10 минути квалитетна борба не знае да пружи. И да го прецениме сајбер јебачот Бонум и да му дадеме и него добри 10-15 минути под кош – ондак Лејкерси цел период од играта ќе имаат бришан простор за маневрирање за Амари Стадемаер, Гарнет, Данкан, Рендолф, Бред Милер и останатите конкуренти од Запад. Далеку од шоутајм без плеј, далеку од цврстина без центар.. играта ќе им личи на македонската репрезентација: ќе пуцаат од секоја (не)изградена позиција, ќе праат контри еднаш месечно, ќе се чуваат меѓу себе у одбрана и пак некако ќе држат некој баланс (тмурна кошарка, гадна за око), и против Њу Орлеанс и Милвоки и Торонто ќе газат, ама редовно ќе бидат пациенти кај појаките.

За Лејкерси, оваа сезона, мислам дека ни плејофот не е реална цел. Прво – титула за првак на Лос Анџелес. После – 40 победи. Ако ја стасаат четворката, тогаш мисијата е успешна. И ако успеат да врзат бар некои 5 победи, таман. А ако изненадат и влезат во плејоф, е тогаш не би се осудил да ги отпишам, познавајќи ја детерминацијата на Коби и Фил.

13 Comments:

Blogger Karakash said...

Хммммм, а Слава?:))
Тачно, слаби се на неколку позиции, во рекетот и посебно на плеј. Стварно не знам кој ќе им биде организатор, Вујачиќ нема шанси да успее во таа улога, а Смуш Паркер не е лош играч, кој можеби баш сезонава ќе успее да се наметне у НБА. Покрај Зен Мастерот се е можно, зашто кај него и многу послаби фаци станале играчи.
Плеј-офот ќе биде тешка задача, посебно на Западот каков што е сега, ај прво као што викаш да ја освојат титулата у Ел-Еј.
Права енигма од екипа.

10/03/2005 08:43:00 pm  
Blogger Karakash said...

барем според сликите, Квами и Фил ептен ќе се слагаат. Одлучи се, Бонум или Бајнам:)

10/03/2005 08:53:00 pm  
Blogger Shepard said...

Од овој момент Бонум нека се вика чедото сакато.

10/03/2005 11:06:00 pm  
Blogger Beto said...

A da go potpisat Vrba?Samo treba da se dogovorat so turcite...znaes oni ne go davaat za niso.Trampa ke sakaat Kobe-Vrba.Pa sto...:)

10/04/2005 08:07:00 am  
Anonymous Prague Rocks said...

Kako moze be da go krstile Smus:))
A ja poslabo duo na point u zivot ne sum videl.Moze da se desi Phil da pisuva druga kniga mnogu skoro,nesto kao: "D biggest mistake of my life":)).A na Kobe ne mu treba 30-6-6.Treba da napravi nesto sto ne naprail prethodno:da gi naprai soigracite podobri!Najgolemata pricina sto nema da bide Jordan.A sega izvinete me,imam da analiziram eden slicen tim,celi 3937km severo-istocno od LA.Imase eden interesen moment pred nekolku saati.Dobivme dunking/rebounding machine so slabo srce(bukvalno).Kako i da e mi dade poise prostor za pisuvanje

10/04/2005 10:30:00 am  
Blogger Karakash said...

Хммм, вејт а минит. Данкинг/рибаундинг машин? Кој, Еди Кари или Антонио Дејвис? Или и двајцата заедно? Само ѕирни му го просекот на скокови на Еди лани и ќе видиш колку е јак скокач. Послаб рибаундер меѓу играчите од негова категорија немаш видено. Мислам, на дечкото наскоро можда стварно ќе му треба машин:)) Али, нема везе, пиши за Никси.

10/04/2005 12:12:00 pm  
Blogger zare said...

E pa Lejkers mi se definitivno eden od poneomilenite timovi vo NBA ako ne i najneomilen..Do dusa za mene dobar tim bea u vremeto na Nik Van Eksl i Edi Jons ..Bas bese interesno lani da se vidi i da se faka seir kolku los tim se,koga i Klipers bea pred niv..Ke mi bide merak i ovaa godina Fil i Kobi da go gledaat plejofot na ESPN,NBATV,ABC..

10/04/2005 12:29:00 pm  
Blogger Beto said...

AJ KAZETE MI KAKO SE PISUE KIRILICNO NA BLOG
VE MOLAM

10/04/2005 01:05:00 pm  
Anonymous Prague Rocks said...

Pu be mozese toa da mi go kazes tivko,po mail:). A go vidov i ja toj prosek malku posle mojot comment.Se nadevav deka nema da primetis ili barem ke mi progledas niz prsti:).Ali u previewto za knicksi,se ke bide double-checked. A ke bide gotovo utre,ok? Ok
ps: Spored tebe na sto se dolzi toj nizok prosek na curry u skokovi? Po ona malku sto sum go gledal, ima telo na 10+ skoka, a i na fizicki igrac mi izgleda. So koj bi go sporedil na primer? Kako i da e,kaj Larry ke proskoka:)

10/04/2005 01:25:00 pm  
Blogger Beto said...

Sve poveke i poveke komentari ima.Pa toa e dobro neli?

10/04/2005 02:05:00 pm  
Blogger Karakash said...

aha, veoma dobro

10/04/2005 02:21:00 pm  
Anonymous d-r nele said...

Sto pocnavte so privjua za timovi sto nemaat ili pak imaat mnogu malku sansi da vlezat u play off. Sala na strana.
Lejkers ovaa godina - mnogu tesko.
Golema e dupkata u reketot (osim ako ne se desi nekoe cudo). Plej isto kako i da nemaat, a i ostanatite ne se igraci koi sto Kobi bi mozel da gi napravi podobri nego sto se sega (a i sumnjam deka on go moze toa).
Od Sarlot i Atlanta nikoj ne ni ocekuva da igraat play off taka da ke igraat rastereteno sto i ustvari im e potrebno na mladite igraci sto gi imaat.

10/04/2005 02:31:00 pm  
Blogger Karakash said...

zasto zboris taka, pa ete gi denes Celtics:))

10/04/2005 02:41:00 pm  

Post a Comment

<< Home