Tuesday, October 11, 2005

Preview: NO [Oklahoma] Hornets
Лето: Њу Орлинс немаше распуст, дефинитивно. Хорнетси, уместо да се посветат на ребилдинг на тимот, повеќе мислеа на ребилдинг на градот и барање засолниште од Катрина.

Летово освен драфтот и Мацијаускас, ништо побитно не се случуваше кај нив. Го пуштија Кејси Џејкобсен во Европа, и успеаа за горилото Дуењас да го добијат Режјуел Батлер (лош изговор, али ај).

Пливачи: Пи Џеј Браун, Спиди Клекстон, Џамал Меглор, Џ.Р Смит, Дејвид Вест, Крис Андерсен, Боштјан Нахбар, Џексон Ворман и Мајчеиеј Лампе (ова од сигурни извори знам како се изговара)

Спасувачи: Крис Пол (4. пик на драфт), Брендон Бас (33. пик на драфт), Рејжјуел Батлер од Мајами, Мацијаускас од Европа

Удавени: Ли Нејлон (Филаделфија), Дуењас (Мајами), Ден Дикау (Бостон)

Најважно засилување: Е тука се мислам меѓу Мацијаускас и Крис Пол. Од една страна, Мацијаускас е докажан убица од Европа, машинче од слободни и дистанца, плус брз, плус висока кошаркарска интелигенција, искуство и што се не. Но, Крис Пол е можеби најспремниот дебитант оваа сезона, плеј кој не му ја мисли, едноставно рефлексно наоѓа отворен човек, поентира лесно, располага со све што треба солиден НБА играч да располага, и плус психолошки е јак и знае да носи тим. Важи за еден од најдобрите во Вејк Форест после Тим Данкан.

Сепак, би дал еден дипломатски одговор – новата бековска линија, кецот Пол и двојката Мацијаускас, ќе биде ударна двојка оваа сезона. Никако не се за потценување и ако се уходаат, може многу да изненадат.

Тренер: Бајрон Скот лани успешно го водеше тимот до вториот најлош резултат во Лигата. Ама никој не му замери – без Бајрон Дејвис и двајцата Џамаловци, се подразбираше дека ќе ги пегла кој стигне.

Скот во Њу Џерси покажа дека знае да води тим со добар диригент и балансиран напад. Затоа и не го шутираат од Хорнетси. Годанава има многу role players кои ако ги ухода, па згора на се и Пол се снајде од прва, ќе го извлече максимумот од нив. Сепак, 2 последователни финалиња за тазе тренер, не се мала работа. Совршена опција за овој тим.

Најодговорен: Џамал Меглор. Лани се мачеше со повреди, ама оваа година би требало да се опорави скроз и да биде способен да допринесе и да го води тимот. Никој не му го заборава ОлСтарот пред две сезони, и никој не го форсира. Едноставно, мора да се врати на нивото на кое тој беше. Тоа се подразбира. Неговиот 12-12 учинок секоја вечер, плус жустра одбрана и чат пат искри на лидерство мора да бидат реалност ако Хорнетси сакаат нешто повеќе.

Епилог: Од прва би ги отпишал Хорнетси. И тоа без размислување. Ќе играат далеку од дома, не се уходани поради новите фаци, излагаат од катастрофална сезона..

Но, според кадарот, а и според традицијата секоја сезона да има изненадувања, неам храброст да им пресудам унапред. Сепак, све зависи од пишаното две точки погоре – со Бајрон Скот никогаш не се знае.

Сепак, би рекол – долна половина на Запад, според секоја логика.

(се извинувам за црниот хумор, морав)

1 Comments:

Blogger beto # 6 said...

Chris Paul e najdobriot bek na ovogodineshniot draft.Da bev jas na mestoto na MIlwaukee ili Atlanta ,poverojatno e deka ke go izberev Paul.Pa NO napravija super izbor.I Macijauskas e mnogu dobar....ima prostor za napredok tamu

10/12/2005 11:02:00 am  

Post a Comment

<< Home