Sunday, October 09, 2005

Preview: LOS ANGELES CLIPPERS
Летен распуст: Клиперси летово го пројдоа на шашма, почињајќи со бламирање со потегот „младиот летечи Јарослав Королев на драфт“ (човече, 12-ти пик!!! - и шо дека се чепати ко на сликава?!). После тоа некако се извадија со носењето на Катино Мобли како сл. агент, ама па он доаѓа на местото на Боби Симонс, кој пак се покажа дека е прав бизнисмен, па така да човек не знае дали да се чуди или да анализира. Е сеа и трампата Лајонел Челмерс и Јарич за Кесел можда ќе им вроди со плод, ама имајќи у предвид дека на Јарич му следат најдобрите партии баш овој период, а на тоа додавајќи ги и коленцата и годините на Е.Т, ондак пак се осеќа некоја горчина у устата на Данливи. Кери Китлс го изгореа, али добро ќе им дојде Даниел Јуинг (како изненаџење од втора рунда) и секако потценетиот и желниот за минути на терен Родни Вајт.

Али се` на се`, уште еден тим со шубе летен распуст, што го заболдира и онака дебелиот прашалник пред иднината на овој тим. Сепак, лично мислам дека сума сумарум, направија покомпактна целина затоа што добија на разновидност и сестраност. Би требало да се покажат како подобра екипа од лани.

Ги задржаа: Елтон Бренд, Крис Кејман, Шон Ливингстон, Кори Магети, Квинтон Рос, Крис Вилкокс, Ребрача (?! – ако може да игра, добро е)

Ги посвоија:Катино Мобли од Сакраменто, тоталка анонимните Џеред Рејнер и Џејмс Синглетон, нинџата Јута Табусе и Родни комплексот Вајт од Голден Стејт, Королев (12.!!! ама пратете го фотосот - бели летечи, со едвај 18 години) и Јуинг (32.) на драфт и Кесел од Минесота

Ги отфрлија: Мики Мур, Боби Симонс, Челмерс, Јарич, Китлс Рик Брансон, Мамаду Н`Дјае, Френк Вилијамс

Најважно засилување: Па ја тука би го сместил Ванземаљацот Кесел. Сега тимот изгледа малце пооштро, а што е најбитно, му се дава на Шон Ливингстон да се покаже у вистинско светло, затоа што Кесел дефинитивно не е организаторот што ќе ги построи Мобли, Магети и самиот себе во нападот. Малце ми е нелогично, кажав погоре, а концепсиски па уште толку не се уклапа, ама ај. Но, имајќи волови како Бренд, Кејман и Вилкокс, Кесел ќе може да допринесе со неверојатната игра два-на-два и да внесе малце разноврсност у играта на Клипси. Би требал да им биде и психичка потпора, пред се`, зашто овој тим нема лидер.

Тренер: Данливи Сениор е докажано човече во Лигата, и ако продолжи како лани, може и да биде пак во тренерскиот врв (кај што се искачи со Блејзерси `99). Се докажа дека знае да извади максимум од било кој играч (рецимо лани со Симонс) и најверојатно оваа година ќе иде пак околу 40-50% успех, што за Запад и не е така лошо. Всушност, Данливи лани успеа да ги направи Клиперси бр.1 во Л.А., а таква ситуација немале од времето на Дени Менинг. Значи, Данливи е солиден тренер кој знае што прави. Само да не го фати „вртелешката“.

На рамења највеќе терет ќе има: Елтон Бренд. Машината за офанзивни скокови и банани, скромниот херој, човекот што секоја година може да биде МВП, ама е малер.. и така натака. Мислам дека оваа сезона му е крајно време да застане малце појако (психички) и статистиката која ја достига да ја нашминка со малце лидерство на теренот и малце повеќе жар и агресивност (нема килер инстинкт!!!). Ако воспостави пак јак дабл-дабл со добра цифра на банани (и секако остане здрав), ништо чудно да се појача и у горе наведениот аспект, пошто РЕДНО Е!

Завршница: Со мноооооогу мака, пот, крв, муда, бубрези и волја можат да стасаат до плејоф. Зашто викам вака?! Не знам зашто, ама кога можеа Феникс лани да дојдат до фамозни 62, Сиетл да доминираат така лесно и Денвер за пар месеци да победат све живо и диво, зашто да не годинава Клиперси.

Лани се покажаа жилави (20-32 на запад ало!, 17-13 против источни тимови!) и притоа имаа 27 од 37 победи остварени дома. Да останат здрави, да ги победат шупаците, да ги подберат Сиетл, Феникс и Минесота на Запад, ете ги у плејоф заедно со Голден Стејт.

Шала на страна, ако не играме на картата изненадување, Л.А Клиперс би завршиле некаде околу 9-10 место, но не и подоле! Незгоден тим, што останува енигма, со потенцијална опасност од сите позиции, само со малце лабава клупа. Пред Лејкерси (на мое жалење) сигурно и оваа година.

3 Comments:

Blogger ChrisWoznitza said...

Hi I´m Chris. Greatings from Germany Bottrop !!

10/09/2005 06:38:00 pm  
Blogger zare said...

Abe citam sega deka Klipersi slusaat ponudi od drugi klubovi za trampanje na Kori Mageti i Kris Vilkoks..Mageti ne bil dovolno pameten da gi zapamti akciite sto gi postavuval Danlivi ,ili kako sto pisuva dvajcata bile so poslab korkarski koeficient na intelegencija...

10/10/2005 12:18:00 pm  
Blogger Shepard said...

abe mageti kako bi igral od klupa.. ama aj sedni go..

10/10/2005 01:11:00 pm  

Post a Comment

<< Home