Thursday, October 13, 2005

Preview: ORLANDO MAGIC
Распуст: Орландо летото го пројде у Дизниленд. Управата ама баш не мрдна со мал прст да го смени тимот што лани успеа кон крајот на сезоната од солиден плеј-оф кандидат така фино да си ја прокоцка шансата. Освен тоа жто избраа диво животно (овој лево) на драфтот, го вратија коуч Хил и пар неклучни потези на пазарот на слободни агенти, Меџик не направија ама баш ништо на Френсис да му донесат уште некој што е спремен да биде стандардно добар.

Си остана целата екипа од лани, освен тие што заминаа – логика. Практично сите битни фаци.

Добредојдеха: Фран Васкез – Лепота (11. пик на драфт), Тревис Динер (38.), Марчин Гортат или како и да се чита (57.), Рубен Бумтје-Бумтје и Кион Дулинг од Мајами, Бо Аутло и некои фаци небитни за спомнување, што нема да видат 1 сек. на паркет, од Феникс

Заминаха: Даг Кристи (а не дека некогаш и се осеќаше како дел од Меџик), Андре Берет и Брендон Хантер во Милвоки.

Најважно засилување: колку жалосно – Фран Васкез. Форест Гамп од Шпанија, говедски начин на игра, но за жал ни малце физикус за тие потреби. Веројатно ќе го одмара Двајт Хауард, бидејќи игра на истата позиција, истиот начин и сто пати помала ефикасност. Ако набаци некое килце и поработи на лаганоста во напад, можеби и ќе се прилагоди на Лигата. Иако мислам дека ќе биде другарче на Миличич, Андрисикевичиус, Варежао и останатите високи Еуропејци кои мислеа дека Новицки се станува преку ноќ.

Тренер: Кам бек на клупата на Орландо прави фацата со лифтинзи и уредно потшишана бела косичка – Брајан Хил. Од `93-`97 го водеше Орландо до 64 посто победи, едно финале и го заокружи најуспешниот период во историјата на Меџик.

Али ситуацијата сега му е далеку од онаа Пени-и-Шек екипа што ги јадеше противниците со зуби. Прво, ќе треба малце да ги спастри младичите Хауард, Нелсон и Васкез, а богами ќе треба и да го рашамара ѕвездата Хидо Туркоглу. После тоа, ќе треба да им ја врати самодовербата, пошто лани им ја скршија кичмата, и физички и психички.

Во некоја таква мизерна ситуација Хил беше во Ванкувер – и успеа да се сведе испод 50 посто успех! Али, сепак, типот е за почит – еден од статистички поуспешните тренери во Лигата.

Зашто нема се` да зависи од Френсис? Затоа што ако Грент Хил пак зеза со глуждчињата, пиши им крст! Од Стив Френсис ќе зависи само дали ќе бидат нијансно подобри или полоши. Френчајз ќе си игра стандардно, ќе има луди статистики, и ќе биде стабилен во клучни моменти. Од Грент Хил ќе зависи дали ќе напредуваат или ќе чмаат на дното.

Тачно, ме прочитавте. Грент Хил или придонесува со учинок од 20-7-5 или не придонесува воопшто! Френсис може да дава и по 30 поена по натпревар, ако го нема Хил покрај себе, дал 20 помалце! Сепак, за доброто на кошарката, се надевам дека своевремено најталентираниот НБА кошаркар – Хил, ќе се стабилизира и ќе игра бар на 70 натпревари. Од него апсолутно зависи конкурентноста на Меџик.

Шематски прикажан епилог:

  1. Здрав Хил, супериорен Френсис: ги гледам Орландо во плејоф. Не подалеку од прва рунда.
  2. Здрав Хил, сумљив Френсис: Орландо ќе се мука околу плејофот, ама не му гине средина на Исток.
  3. Хил е капут, Френсис игра најдобро во кариерата: Орландо со судни маки се пробива на средината на Исток.. му фалат уште пар победи за плејоф.. ама нема.. на крај губат све од конкурентите.
  4. Хил е капут, а Френсис потфрла: ова е worst case scenario. Полошо и од урагани и торнада.. ќе ги запечати за следните две-три сезони, а Френсис никад више нема да се врати у форма.

Очекувам да играат добра кошарка, малце поофанзивно ориентарана, со Хауард како потенцијален Амари. Ако Френсис продолжи да игра на двојка, ондак би требало Џамир Нелсон да настапи и да оправда зашто беше најдобар колеџ играч пред 2 сезони. Туркоглу време е да се потсобере и да покаже дека знае да игра и кошарка. Мислам дека ќе сфати дека не е ова турската репрезентација и дека има строго определени задачи што ќе мора да ги изврши! Дешон Стивенсон мора да почне да мисли, и да го тргне гадниот стегач од глава. Инаку, сигурен сум дека Марио Касун ќе има солидна сезона, едноставно, тоа е играч од учебник. У глобала, имаат екипа за стандардна сезона, добра-за-око кошарка и 7-8 место на исток. Ако ги служи глуждот на Хил, се разбира.

3 Comments:

Anonymous Anonymous said...

Well done!
[url=http://enbgpnfp.com/tppf/qoes.html]My homepage[/url] | [url=http://yybbnygk.com/jpba/ylcp.html]Cool site[/url]

11/15/2006 01:22:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Great work!
My homepage | Please visit

11/15/2006 01:22:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Thank you!
http://enbgpnfp.com/tppf/qoes.html | http://mftwtcbx.com/spar/onpb.html

11/15/2006 01:23:00 pm  

Post a Comment

<< Home