Monday, October 17, 2005

Preview: Portland Trail Blazers
Летен анти-распуст: Е Портланд е тим што летоска се ангажираше. У кој поглед не знам – малце недефинирано, ама направија пар битни потези, а тоа беше ампутацијата на старците Ван Ексел и Стадемаер на кец, кои го кочеа тимот у секој поглед. Е сега, „несакајќи“ го изгубија и Шариф, ама и тоа не им е нешто трагично за слушање, затоа што Риф не можеше да егзистира под исти покрив со Зек Рендолф. Го отпуштија и Дерек Андерсон, а тоа и не е толку лошо ко штоо изгледа, зашто типот сркаше доста од селари капот (скоро 10 милиони годишно), а беше магнет за повреди и еден вид малер. На драфтот пак, изиграа максимално интелигентно, и тоа со вториот нивни пик (22. вкупно) Џерет Џек, кој и те како ќе им се најде на кец. Уствари: 27. пик што Портланд го доби од Јута, го искористи за да го земе Линас Кеиза, кој заедно со Рики Санчез (#33) го испратија во Денвер за Џерет Џек, еден од најпотценетите на овој драфт, а воедно еден од топ плејмејкерите во историјата на Џорџиа Тек – е тоа е потег! Преклани го водеше Џорџиа Тек во фајнл-форот, и тоа беше доволна препорака за Џон Неш. Добар пик им беше и среднистот Мартел Вебстер, кој има потенцијал да го биде у Лигата, особено зашто е мрга физички, а и знае да се снајде (типот дури и себичи со своите 18 години).

Капак на све, најдобриот потег беше ангажирањето на „педагогот“ Нејт Мекмилан од Соникси, кој е еден од малкуте што знае да подучи млади ѕвезди и да ги изведе на „правиот пат“. За него подоле.

Заклучок – иако на Каракаш по телефон му кажав дека Неш е глуп, сепак искочи дека он напраи можда еден од најдобрите пазари летово, т.е. успеа да направи вистински ребилдинг-процес пазар.

Останаа: Зек Рендолф, Дариус Мајлс, Себастијан Телфер, Тио Ретлиф, Џоел Гоустфејс Прзибила, Рубен Патерсон, Виктор Крјапа, Мао Це Тунг а.к.а Ха Сунг Џин

Дојдоа: Мартел Вебстер (6. на драфт), Џерет Џек (22.), Сегеј Мониа (од лани драфтуван), Хуан Диксон (Вашингтон – него го заборавив горе да го пишам), Стив Блејк (Вашингтон), Сем Кленси и Чарлс Смит од терените во Европа

Заминаа: Риф Абдур-Рахим (Сакраменто), Дејмон Стадемаер (Мемфис), Ван Ексел (Сан Антонио), Дерек Андерсон (Хјустон), Ричи Фарм (Минесота)

Шумеча таблета или право освежување: Џерет Џек. Мене стварно не ми е јасно зашто типот лани не отиде право во Лигата после деноменалната сезона во ЏиТек, а исто не ми е јасно зашто никој не го есапеше за фактор на овој драфт. Џерет Џек, прво и основно е убица, ја јаде топката со зуби. Неверојатен е и како плеј, а иако сите сумљаат, добар е и како двојка или у постава со уште еден кец, а плус и лидер е. Знае да потегне, знае да се повлече ако не му иде и игра со памет. Беше во сенка на Крис Пол и Дерон Вилијамс, можеби неоправдано, ама мислам дека ќе блесне, иако сите тројца имаат горе доле исти шанси за тоа. Има јак влез, не толку јак шут, ама е максимално несебичен и знае да додаде на право место и со затворени очи. Многу ме потсеќа на разиграна верзија на Ерик Сноу со неговата стабилност. И мислам дека ќе го истисне Себастијан Телфер од првите пет. Плус игра добра одбрана.

Тренер: За Нејт Мекмилан имам само пофални зборови. Човекот има само 4 години позади себе како тренер, ама и 53 посто успех. Под негова закрила Рашард Луис и Радманович и Флип Мари од шупаци станаа луѓе. Тоа кажува дека човекот е махер за конкретезирање на потенцијалот кај омладината. Башка што е мотиватор и еден од малкуте тренери кои ја подвлекуваат одбраната. Ако успее да се наметне меѓу Џејл Блејзерс како во Сиетл, тогаш Рендолф ќе игра на Олстар, Мајлс ќе биде играч со најголем напредок, а Џерет Џек руки на годината. Претерав.

На плеќа терет ќе има: Зек Рендолф. Кратко и јасно: Горилото мора да се здиви за да има некој успех на екипава. Уствари да си го постигне стандардниот 20-10 дабл-дабл, таман. Нема што да го дрвам – ако он пропадне, пропаѓа цела екипа. Уствари, он е столб, носител, едини асален играч на Блејзерси. Оувр енд аут.

Епилог: иако се испозапалив, сепак Портланд се далеку од јак тим. Имаат неверојатен потенцијал, ама многу малце искуство, многу малце докажани играчи, проблеми надвор од теренот, а сега веројатно и проблеми со дрескоудот :) Плејофот им е научна фантастика, ама ако стасаат до 35 победи, тогаш исто како да освоиле титула. Тимот мора да се научи да исполнува цели – прво нека им биде да го подобрат ланскиот резултат од мизерните 27 победи.

Ќе играат атрактивна кошарка, ама немаат тимска одбрана, па ќе ги бушат уиграните тимови како Сакраменто, Сан Антонио и Хјустон. Ќе гинат и на тесни утакмици, затоа што немаат некој што е стабилен во такви моменти (едино ако Џек се повампири). Ќе гинат и од „шутерски“ тимови, зашто немаат со што да возвратат.

Се` на се`, бледа сезона, која треба да биде еден вид грејс период за уигрување на младиот тим. Секој успех им е плус во целиот процес на градење на екипата.