Saturday, October 22, 2005

Preview: Washington Wizards
Лето: Визардси летово го пројда правејќи ги најшпиунските потези во лигата. Првин, го пуштија пуфката Лери Хјуз да крши глава во Кливленд. На Негово место го ангажираа Антонио Дениелс. После тоа го пуштија Хуан Диксон да крши глава во Портланд, пошто такво играчиште како него мора да иде у тим кај што ќе игра.. капак на све, им го утрапија Квами на Лејкерси, а од нив ги земаа Еткинс и Батлер (двајцата од првата петорка).

На драфт бираа само еднаш и тоа во втора рунда, како 49. и го лапнаа Андреј Блаче, кој како средношколец, веројатно ги има истите шанси за напредок како и Квами, и веројатно ќе дојде до неговото ниво, иако е избран 48 места подоле.

Зашто овие потези се добри за Визардси: Хјуз е големо его и квари хармонија – на негово место ги имаат Дениелс и Батлер, кои сигурно ќе ја попунат дупката. Квами никогаш не играше ко што треба, а лапаше пара – и нормално, неизвесноста што им ја диктираше и парите што им ги крадеше, ги решија луѓето од управата да го пратат на другата обала. Во меѓувреме, неговото место го попунија со андерачиверот, али сеуште потенцијално добриот Калвин Бут (кој како колеџ играч беше ептен добар – дефанзивен играч на Биг Тен `98, дел од американската репрезентација `98 - `01). У секој случај – лето у кое баш си го заштрафија тимот и му дадоа прав НБА лик – 2 ѕвезди, повеќе епизодисти и пар спијачи.

И натака волшепства ќе прават: Аренас, Џејмисон, Хејвуд, Џарвис Хејс, Итан „појавата“ Томас, Џеред Џефрис, Питер Рамос, Дејмон Браун, Ентони Пилер, Мајкл Рафин

Тазе маѓосани: Андреј Блаче (49. на драфт), Калвин Бут, Антонио Дениелс, Кеирон Батлер, Чаки Еткинс, Били Томас Вештери: Стив Блејк, Хуан Диксон, Лери Хјуз, Квами Браун, Лејрон Профит Најважно засилување: Кеирон Батлер. Човекот што како руки имаше неверојатна сезона и после тоа успеа да си ја уејебе кариерата и да дојде пак назад, мора да продолжи да иде напред. Лани наводно ќе му помагаше на Коби у ЛАЛ, ама на таа екипа ни ГОспод не и` помага. Сега, има и искуство и подобра околина, па мора да почне да допринесува со стандардни бројки. Лани се врати кај што застана првата сезона. Докажа дека е карактер, и дека нема простор за губење доверба. Вашингтон го здиплија у најважниот момент, кога по втор пат кариерата му трга нагоре. Да остане здрав и да работи ко лани – и сите ќе го заборават Хјуз. (инаку лани Батлер ја имаше на општо изненадување најдобрата сезона – 15.5 поена на 45 посто од поле, скоро 6 скока и издржа респектабилни 77 натпревари, сите во првата петорка) Тренер: Џордан, али Еди, и не тој од Формула, ми е најнетренерската фаца во Лигата. Сеуште не ми е јасно како успеа лани да го води тимот лани до тој скор и до плејоф. Накратко – типот е мрцина, упропастувач, до лани имаше едвај 30 посто успех. Се` си мислам дека е спремен да го ујебе и овој тим, како што тоа го направи со Сакраменто на Мич Ричмонд и Волт Вилијамс. Лани беше среќа, и не се исплати да се ризикува со таков идиот на клупа.

На плеќа најмногу товар ќе носи: Аренас. Џејмисон никад не можел да се снајде како прва виолина, додека Аренас природно е лидер. Мора да почне да се враќа кон корените, т.е. да почне да подава повеќе, како порано. Сега е осамен во „превозот на топката“, и ќе треба да се поврати меѓу плејмејкерите. И да остане здрав. Зашто без него, црно им се пише на момците од главниот град - тешко дека Дениелс или Еткинс ќе го заменат еден од топ 5 плејовите во Лигата.

Не би сакал и натаму да разглабам зошто се` ќе зависи од Аренас – човекот е потенцијален трипл дабл, добар у одбрана, цврст у напад, има милион оружја, има муда да пресече во најбитните моменти, знае сам да диктира темпо на утакмица и е неверојатен работник. Од тотален шупак и материјал за на баскет у гетото, Нулата стана фактор и олстар играч. И ги прероди Визардси.

Епилог: па ако репер е ланската сезона, тогаш оваа би требало да биде уште побериќетна за Визардси. Но, ако се земе во предвид и предпоследната 25-57 сезона, прва на Еди Џордан на клупата на Вашингтон, тогаш.. чорба. Затоа ми е многу сумљиво – кадарски, сега се појаки од пред една година, ама кормиларот им е тотално нестабилен. Човекот не е авторитет во соблекувалната, и го брука светото презиме кое го има. Али сепак, со ланските успеси (втората рунда на Исток) си обезбеди бар уште една година место за дебелиот гз на клупата на Визардси.

Би требало пак да играат стегната кошарка како лани – со таа разлика што топката нон стоп ќе иде преку Аренас. Сега се малце појаки на шут (и Батлер и Еткинс и Дениелс се пооштри отколку Хјуз). Џејмисон ќе има повеќе место и во и околу рекетот пошто сега го нема Квами, а и ништо чудно да се премести на четворка, ако Џордан реши да игра со пониска петорка.

Се` на се`, во пост-Џордановата (за Вистинскиот зборам) ера која е дефинитивно започната со прекинувањето на проектот Квами, Визардси би требало да пружат добри резултати. Околу 45-50 даблју-а сигурно.

5 Comments:

Blogger Shepard said...

е ај сеа, ова за нетси..

тачно дека целата екипа на тренери имаше удел (лоренс френк рецимо). а бајрон скот беше најбитниот у целата кохезија, нека збори кој што сака.

среќа жива беше лани што хјуз се реши да игра одбрана ко што знае, и играта на аренас и џејмисон. екипата сама си извојува место у плејоф, а се виде дека не е до тренерот, пошто сите клучни утакмици ги изгубија.

и види му фаца и ќе видиш зашто ми е антипатичен. го мрзам уствари. лично е :)

и онака неаме навијачи на виз`с у нашите редови.

ај да видам како ќе го склопи тимот оваа сезона. до олстар, некој друг ќе го замени дебелиот гз на клупата на д.ц, гарантирам.

10/23/2005 12:34:00 am  
Blogger Vlado Apostolov said...

Итан „појавата“ Томас - :):):):):)

10/23/2005 11:31:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Great work!
[url=http://jxnppnvs.com/gffc/muji.html]My homepage[/url] | [url=http://rxvckysv.com/rcff/larb.html]Cool site[/url]

11/01/2006 08:02:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Well done!
My homepage | Please visit

11/01/2006 08:03:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Good design!
http://jxnppnvs.com/gffc/muji.html | http://xhfjhrzw.com/zdbi/ilns.html

11/01/2006 08:03:00 pm  

Post a Comment

<< Home