Saturday, October 29, 2005

Preview: San Antonio Champs
Шампионско лето: Сан Антонио е пример за тоа дека кога тренерот е и претседател за кошаркарски операции, се има сигурна формула за успех. Грег Попович успеа и ова лето да си го појача и подзакрпи и нака екстремно јакиот тим.

Најквалитетниот слободен играч летоска, потпиша за најквалитетниот тим. Засилување на квадрат. Мајкл Финли, тазе шутнат од Кјубан (кој пет сезони уназад нови дрес со неговото име), иако имаше отворени понуди од скоро секој тим во Лигата, се реши баш за ривалот на Мавс, актуелниот шампион. И тоа потпиша за многу помали пари, помалце од 9 милиона за 3 години (помалце од Боуен).

Ако Финли беше колку – толку очекуван ангажман, тогаш следниот потег на Габорот беше тоталка изненадување. Го грабна Ник Д Квик, човекот кој што баш во тандем со Финли во Далас, сееше страв и трепет по западната конференција.

Но и тоа не е све!

Со цел да му донесе другарче на Џинобили и замена на Роботот, Попович се реши да го ангажира Фабрицио Оберто, кој блескаше на Олимпијадата во Атина и веројатно беше најзаслужниот после Ману за медалот.

А и тоа не е се`!

Попович веројатно намириса што им клизна на скаутите на драфтот - Јан Ма`инми наводно од Франција и Џавад Вилијамс (кој сеуште не е сигурен на ростерот). Првиов е играч што единствено знае да куца, да фаќа топки и да блокира, има само 18 години, а тоа го прави неверојатно ефикасно. Викаат дека е неверојатно борбени дека има доста потенцијал. Сепак, не верувам од одма да добие дрес, а не пак минути. Вилијамс пак, е петтиот од ланската шампионска генерација на Северна Каролина после Меј, Меккантс, Фелтон и Марв кој влага у Лигата. Според мене он беше најклучен, али скаутите не гледаа некоја можност за него меѓу професионалците да се истакне, па го прерипаа. Попович пак осетил потенцијал, и сега го има и него „на лагер“. Со овие два потега не дека нешто осетно се појача тимот, ама се инвестираше бар малце во иднината. Актуелни шампиони: Данкан, Паркер, Ману, Хори, Рашо, Боуен, Глен Робинсон, Нази Мохамед, Бено Удрих, Мајк Вилкс, Шон Маркс, Брент Бери

Во поход по бек ту бек: Финли од Далас, Ван Ексел од Портланд, Иан Ма`инми (28. пик), Џавад Вилијамс од Тар Хилс, Фабрицио Оберто од Памеса Влааенсија

Потрошен материјал: Девин Браун (Јута), Линтон Џонсон (Њу Џерси)

Најважно засилување: тука морам да ги пишам и Финли и Ван Ексел.

Финли – типот е докажан играч. Ги има сите карактеристики на неверојатен бек: брз, експлозивен, скочен, скока како кенгур башка јак е ко бизон = неверојатни куцања и влезови, има убав скок шут, се снаоѓа и со топка и без, работи со нозе, што е најбитно – РАБОТИ, игра одбрана.. единствено, може да се каже дека најдобрите години му поминаа, па сега сите овие негови предиспозиции ќе се „кешираат“ во пониски цифри. На тимот на Спарс им дава неверојатен буст од клупа, веројатно како Стек лани во Далас, со таа разлика што Мајк ќе улетува почесто на местото на Боуен. Втора и трета четвртина за него се резервирани, а за стартерска позиција и минути во завршницата, ќе мора да се помачи. Би требало да оди во двојна цифра поени по натпревар, а ништо чудно и да ги повтори ланските 15 по натпревар од Далас. Од старт е кандидат за шести на годината.

Ник Д Куик - и он е тип на ограч со најдобри години позади него, и кај него со малце побрзо темпо се движат цифрите надоле. Но, неговата важност за овој тим е тоа што Ник игра кога е најпотребно. Во Далас се научи да биде втор плеј или втор бек у екипата, или шести-седми-осми играч, а истовремено и прва опција. Не верувам да има улога на бекап плеј што ќе мести акции, туку ќе има улога кога ќе се играат тесни утакмици на кои треба одредени епизодисти да направат разлика – тука он е неприкосновен. Ќе игра некои 15 минути по натпревар, и нема да има некои невозможни бројки, ама за тимови како Детроит, он ќе биде пеницилинот.

Тренер: Поп Габорот викаат дека е еден од најдобрите тренери во историјата на Лигата. Неговата кариера иде паралелно со онаа на Данкан – он го избра, он го филуваше, и заедно освоија 3 титули од 1999 па навака. Поп изгради една од најреспектабилните и најстабилните екипи евр. Одличен психолог, педагог, тренер, командант и стратег. Има и уиграна екипа, со неколку нови сечива и би требало оваа сезона да коле низ Северна Америка.

Грег Попович статистички стои ненормално јако. Исклучок: првата сезона му ја бришам, затоа што играше со екипа со која и 17 победи му беа успех (Доминик Вилкинс со 150 кила и 40 години му беше прва опција у напад, Шон Елиот мењаше бубрези а Дејвид Робинсон почна под старост да се повредува).

После тој мизерен почеток, почна новата ера на Спарси и од тогаш Попович има накај 70 посто успех во регуларниот дел на сезоната; неиспуштен плејоф; три титули и во 2002-2003 беше прогласен за коуч на годината.

Оптеретен: Тим Данкан. НО, Сан Антонио не е екипа во која до таа мера може еден играч да влијае на успехот на екипата, затоа што тоа е колектив кој функционира како еден. Сепак, Данкан е пример за МВП калибар и неговата улога не смее да се занемари и мора да се потенцира дека тој е битен фактор за Спарс.

Тоа што мора да го направи Данкан оваа сезона е да продолжи во исто темпо како и до сега. Нема да му удри слава у глава, но не смее да се опушти во никој случај. Треба секоја вечер да излезе на теренот и да оди по своите 22-10 бројки, да не форсира во нападот, да остане фокусиран во одбраната и да биде она што е – Робот. Не би го тупел понатаму за двократниот официјално и секогаш неофицијално најкорисен.

Наместо епилог (се знае дека ќе доминираат, ќе имаат јака позиција у плејоф, а таму ќе загризаат како и лани), еве што Спарси не смее да дозволат:

Паркер не смее да ги измеша лончињата и да помисли дека игра за француската репрезентација;

Боуен не смее да почне да мисли дека е ѕвезда;

Џинобили не смее да се повреди;

Хори не смее да се испуца пред плејоф;

Финли не смее да бара ништо повеќе од што и да му дадат, било што, истото важи и за Биг Дог, а и за Ван Ексел;

Попович не смее да изгуби авторитет во соблекувалната и да дозволи сукоб на егата кои сега се присутни (Биг Дог, Финли, Ван Ексел – сите имаат Олстар искуства позади себе);

Целата организација не смее да почне да спие на фактот што сите од страна ги фаворизираат;

Публиката не смее да ги суди ако почнат да не победуваат со очекуваното темпо;

Во глобала, Спарси се истиот тим од лани, само наместо Девин Браун го имаат Финли, плус Ван Ексел, плус Оберто. Објективно, не им бега прстенот. Шпекулантски, имајќи ги в предвид резултатите од предсезоната, нешто шкрипи – дали изгубиле мотивација или што е, не знам..

Сепак, јас отворено кажувам - очекувам бек ту бек. Очекувам машина. Тимот што го имаат (бар на хартија) е појак од Булс на Чикаго. Имаат можност за најмоќната ротација на играчи, која ако се хармонизира, е предиспозиција за пеколна сезона за конкурентите и „втемелување“ нова династија.

Чичко Каракаш и Спарси: Знам, знам дека целово лето само уште повеќе го зголеми кредитот на Спарси. Кај не изгубија ни еден битен играч, се засилија со тројца кои би требале одма да им помогнат. Ама штознам, има нешто што ми кажуе дека работите нема така лагано да течат у Аламо. Никад не ми се свиќало кога шампионот си игра со својата хемија, доведувајќи познати имиња кои би требале да бидат засилување, а на крај испаѓаат дистрекшн. Сеа, Мајк не е таков тип на играч, тој си ќути и работи, но Мајк не ни оној играч кој некад беше, баш затоа (и 51мил. други причини) го шутнаа од Далас. Просекот од 15 поени тешко ќе го има во Сан Антонио, но како резерва е важно ново име. Ник одамна не е Квик, а ако се знае дека Поп игра само со физички спремни играч, онда Ван Ексел нема да се изнаигра. Знам дека знае да биде опасен кога се решава, ама тешко дека веќе може да биде пеницилин за било кого, а камо за Детроит. Попрв би му дал нему пеницилин. Оберто е добар потег, затоа што им фалеше висок играч, Сеа и дефинитивно нема да мораат да сметаат на Рашо, што е голем плус. Само, Фабрисио шутира слободни со под 50%, што никако не е предност. Роботот ќе си продужи по свое, Ману би требал да има напредок во играта, а Мр. Лонгориа ќе треба да има постабилна рег. сезона. На хартија се пак фаворит, ама лично јас, не сакам да гледам династија која ќе ми доаѓа од Аламо, затоа ќе навивам за нов НБА шампион. ПС: Па добро бе Шеп, не можеше без Доминик а? Па уште, 150 кила!?! Таа сезона Ник иако беше дедо ги носеше Спарси на грб, а единственото фала кое Поп и Спарси му го кажаа за доаѓањето до Данкан, по чија и заслуга Поп е уште во Спарси беше непродолжување на договорот со што му ја ускратија шансата за НБА титула. Копилиња.

2 Comments:

Anonymous Boromir said...

I ja poise se slozuvam so Enko otkolku so Shep.Nick mi se svigase porano,ama sega sumjam deka kaj Pop voopsto ke vleze u rotacija.Ke se povredi,spor e...Finley e ok,ama licno nikad ne mi se svigal.U sekoj slucaj ne e sver kako sto go napravi Shep.E Oberto e dobar.Mislam,dobro mi se vklopuva vo slikata na Spursi.
Bowen mnogu go napagate a covekot im e prav stoper.Nema 1,2 i trojka u ligata sto nemoze da cuva.Tocno deka u drug klub verovatno bi bil tapa,ama spursi bez nego nemozam da gi zamislam.Mislam deka Horry vise se ispuca.Aman dosta vise!Ocekuvam vise da ne igra:).E taka,bez Horry u slika,ne se tolku dominantni.Heat,Pacers i Pistons se tuka negde.Pogotovo zdravi,puni Pacers.A i stalno Duncan moze da se povredi,pa da izgubat u prva runda:)
P.S: Dobro pamtam deka Dominiq u taa sezona koga imase "150" kila,go napravi potegot na godinata:Zabivanje od odbojka preku covek.I davase "najevtini" kosevi vo ligata.Okolu 300$ za kos.Toa znaci deka zimase okolu 350000$ a imase okolu 17.5 kosa prosek.Zasluzi da go potpisat!

10/31/2005 05:10:00 pm  
Blogger Shepard said...

ја нишо лошо не реков за доминик, аман!

а за спарс, ќе видиме.. финли не е ѕвер, хори е испуцан, данкан ќе се повреди..

знам дека ја дадов ризично мислење: све испод титула ќе значи дека сум претерал. ама ако ја земат, ќе се маам у груда.

10/31/2005 07:48:00 pm  

Post a Comment

<< Home