Sunday, November 06, 2005

Трејси Мекгреди клупосан до декември
Кичмата на Ти Мек (хронична повреда, никогаш не ја санирал тотално) изгледа ќе биде посериозен проблем од колку што се очекуваше. Првичните најави беа дека ќе си го отседи само синоќешниот дуел со Хорнетс, ама сеа се пушти глас дека спанкото ќе иде и на листата, а неговото заздравување и спремност за настап се чека тек за декември!!! Плус се шушка за проблеми со лигаментите у коленото.

Нема потреба да равам некои анализи како тоа ќе се одрази на Хјустон. Впрочем синоќа, Хјустон без него отиде јабана против Њу Орлеанс / Оклахома. А во привјуто баш нагласив дека првиов месец е клучен за сезоната на ракетите, пошто играат со сите до еден конкуренти за титулата. Следнава недела имаат првин средба со Орландо дома (Стив Френсис се враќа во НАСА), а после тоа ги чека една убава екскурзија до Мајами, Њу Џерси, Бостон, Минесота и Сан Антонио. После тоа ги пречекуваат Детроит дома и играат првин со Индијана а после и со Далас на гости. До враќањето на мекгреди ќе играат и со Феникс дома, и ќе имаат битно гостување во Мемфис.

Подобар тајминг за повреда на Трејси не можеше да се погоди. Толку од тимот што ќе изненади во борбата по титулата. Со овие порази што ќе ги нанижат првиов месец, нека се сликаат од првото место во дивизијата. Баксузи!

Ако ништо друго, ќе го гледаме во одело а не во пижамиве што ги носи на сликата.