Saturday, November 26, 2005

Назад, али исфрустриран
Јас сеуште сум у незавидна ситуација, пошто моето пратење на Лигата се дешава само преку клипчиња на НБА.ком. Спорт 4 ми се единствена надеж, зашто идиотите од КТВ Зора абер немаат.. Инаку, сакав со мало закаснување да удрам акцент на тоа што се деси на Тенксгивинг..
Знае некој што е со хулахопкиве на Коби? [сликава е иначе клеш оф д тајтанс]
Коби се повампири, овој пат успешно. Успеа за 18 минути да реализира 29 поена, тројки, куцања, све.. и нормално Лејкерси успеаа да победат покрај Сиетл, што рака на срце и не е некој успех, со Боби факинг Вајс на клупа. Шо ми е најмило рокна у дуелот со Реј Ален, според мене најбоље ривалство у моментов.. Е сеа, после 3 недели ѓутуре имаме ваква состојба: - у Македонија пенетрација на НБА е испод 1%.. само за среќници.. - у Лигата, се дешава калакурница.. на Исток Детроит ги стаи сите у ред, Мајами полека се вжештува.. Вашингтон после стартот се испуцаа.. на Запад Спарси се загрозени од КЛИПЕРСИ.. Мојата проекција за шампион, Хјустон се зацементирани на дното.. со Сактаун.. кои исто ги видов негде горе.. значи изгубив кредибилитет и легитимитет (ова од многу учење). - на база на играчи, Коби има сеуште страва бројки у поени (33) иако на 2-3 пати се клизна.. Кемби сеа за сеа е здрав и е прв скокач.. а Неш тера по старо у асистенции.. И уште еднаш да ве умолам за прошка, немате појма колку е фрустрирачки да немаш кај да гледаш баскет.. сакам да пишам, ама немам услови.. Ќе почнам еден серијал за Баркли, Хаким, Меџик, Мануте Бол и сл.. Агонија! ПС Сите го знаете Фли, басистот од Ред Хот Чили Пеперс.. е он е сопственик на најлудиот блог за Лигата у моментов.. ќе иде у блогролот од страна.. клик овде. Најлудиот тип на светот!

0 Comments:

Post a Comment

<< Home