Saturday, June 25, 2005

Признавам
by Enes Karakash
Што и да кажат сите - ова сепак ќе им остане. | No matter what they say, they'll always have this.
Не знам, стварно не знам. Веројатно повеќето од вас очекуваа одма да почнам да им го фаќам сеирот на Детроит и да ги славам Спарси. Тоа е и разбирливо затоа што уште од старт на Финалето застанав на страна на тимот од Тексас, а кога ќе размислам, у секоја серија у која играа Пистонси јас навивав за нивниот противник. Али, штознам нешто се сврте у мене, некако ми беше жал за Детроит (не ме сфаќајте погрешно, тоа не значи дека ми се свиѓаат момците). Затоа овој текст нема да го посветам на новите НБА кралеви, туку на оние кои таа титула ја носеа до сабајлево и кои за жал останаа без љубовта на 99% НБА фанови ширум светот. -Екс-Кралеви кои останаа несфатени од сите и против кои навиваа сите. -Екс-Кралеви за кои по ова финале ќе се пишува дека лани титулата беше чиста случајност, поклон од закрвените Лејкерси. -Ќе се заборават сите ситуации во кои беа на раб од елиминација, губејќи 2-3 и пак добивајки ја серијата, а такви ги имаше многу овие две години. -Ќе се заборави шампионската 6. утакмица годинава у која покажаа шампионско срце и им одржаа лекција на “мамузите”. -Чонси Билапс и РИП Хамилтон кои од следната сезона пак ќе треба да се борат за својот прв ОлСтар, иако се еден од најдобрите бековски тандеми у лигата. -Тејшон “Етиопија” Принс, чии дефанзивни квалитети пак ќе бидат рипнати у изборот за најдобар одбрамбен. -Рашид за кого ќе продолжи да се мисли дека му фале даска, иако у неколку наврати му одржа лекција на Роботот. - Биг Бен, кого признавам дека и јас нешто многу не го поштуем, не треба да се заборави дека е центар висок само 205 цм. кој секоја вечер се бори со повисоки и потешки од себе. -Лери Браун, кого и ја самиот го нареков предавник, кој останува еден од најдобрите кошаркарски учители на сите времиња, но кој ќе има сериозна дамка поради флертот со Кавси у тек на разигрувањето, а ќе се заборави и неговата 101 плеј-оф победа. Еве, си кажав. У моментите кога секој жив НБА новинар ги велича Спарси јас решив да пишувам за Детроит. Па некој мора и тоа да го направи. Свака част Пистонси за срцето кое го покажавте иако никој вон Детроит не веруваше во вас. Short brief: when everybody is paying a tribute to the new Kings of the basketball - the Spurs, here are some facts about the Pistons (from an anti-Detroit fan): - The most hated champions ever. - Their title will be described as a coincidence and result from the Lakers interior organization problems. - All their wins in situations against the wall (when they were down 2-3) will be forgotten. - This years Game 6 of the Finals will be also forgotten very soon (they gave the Spurs some school). - Billups and RIP will have to fight for their place on the All Star team, AGAIN, even though they proved that are the best guard duo in the League. - Ethiopia's (Tayshon Prince's) effort on the defensive end will not be considered for the defensive awards. - The stories about Sheed's inconsistency and mental problems will remain and even get stronger. - Big Ben's authority will rapidly go down, because of Duncan's success, not concidering the lack of size. - Brown's affair with the Cavs will get more publicity than his 101 playoff wins.

2 Comments:

Blogger Ико said...

Бидна...заврши! Според мене, ова ќе биде сезона која нема долго да се памти. Ако било која од овие две екипи го освоеше трофејот, немаше да биде незаслужено... сепак ми останува мислењето дека тим без ниедна супер-звезда неможе да направи династија... Во Детроит супер-звезда нема! Ако се навратиме по шампионите наназад во годините, се паметат Данкан и Робинсон, Шек и Коби, Џордан, Хаким и Клајд, Ајзеа Томас...и.т.н. Како и да е...

Уште од сега, мои фаворити идната сезона: Ел-Еј нормално! Мислам дека Фил Џексон кога веќе се нафати да го тренира Коби, ќе го извлече максимумот... Според мене, Коби има капацитет да им донесе на Лејкерс титула...сега е моментот кога е во најдобрите години.

Ај да видиме...

6/25/2005 03:52:00 am  
Blogger Karakash said...

I pak - optimist:). Fil e svesen sto rabota go ceka u L.A. za sto i samiot izjavi deka ke bide prezadovolen ako do krajot na trigodisniot dogovor uspee da gi vrati Lejkersi megu najdobrite na Zapadot, no so Zen-ot, a i so Kobi, nikad ne se znae.
Tacno deka sezonava nema mnogu da se pamti i ke ostane zapisana kako edna od najnepredvidlivite u istorija, a u pravo si i za dinastiite, no veruj mi deka Dankan-Robinson nikoj ne gi spomnuva u toj kontekst.

6/25/2005 11:49:00 am  

Post a Comment

<< Home