Saturday, February 18, 2006

Игуана МВП и Каракаш ко-коментаторот
И така почна Олстарот. Доаѓам синоќа поднапиен дома, нешо на ХХЛ глуп порниќ, на нет живо пиле нема, и ај се паркирав пред ТВ. Конечно почиња забавата на Спорт4. Се исфрла Лекиќ у кадар, а покрај него еден згоден млад мрк дечко, онака, као бил највечи познавач на НБА. Како не бе, ја шо сум? Нема врска, тоа беше вашиот и нашиот Каракаш, бивши манекен, наркоман, ветеринар и тутуноберач, а сега НБА стручњак :) Од почеток малце трема шо е неизбежно, али после тоа мислам дека се уклопи у шемата шо ја има Лекиќ за овие натпревари - муабет околу Лигата, за среќа овој пат без „пикантерии“. Енко, палец од мене (зборевме после на телефон, делевме импресии до 6 сабајле, ова е успех како за блогот МакНБА, така и за спортот, па и за Македонија воопшто). И тоа, онака, мило ми е шо ги надминавме разликите со Дејан, и ни успеаа терористичката стратегија. Се зезам бе, све спонтано дојде. Инаку, утакмицата знаев дека ќе биде тапа. Имено, и` приоѓам вечерта не една цура, и прв муабет нешо ова она, и не знам како се деси да се спомене книги и сл., и бичов ми вика „ја не читам книги, никад не сум читала“. Ма да ја млатнеш со мокра чорапа. Нејсе, после таков муабет, нема шанси да се глеа добра утакмица. Ова уствари може да биде еден апел до Лигата и Дејвид Штерн: нека биде тоа стандардна утакмица, нека има правила ко за нормална утакмица, и да глеам малце акција. Ми текиња бе коа играа само дебитанти, исток вс. запад, милина, то борба, дух натпреварувачки, Коби коа дае 30 поена рекорд, онака, Дејмон Стадемаер пред тоа, абе УТАКМИЦА. Вчера глеав само недоквакани пилиштарци шо се натпреваруваа кој поѓупски потег ќе напраи и кој поише ќе се исцепа. Да сакав тоа да глеам, ќе си пуштев ЕндУан Микстејп некој. Значи - утакмицата беше неконцепцуализирана акција, фрка, хаос, брканица, мижитатара, генг бенг, оргија, букаке, скет, снаф, бдсм, фистинг, фетиш, бич, нига, мадафакинг бич ес нига, ху лет д догс аут, гет лоу, ин д клаб, таг лавин, маф дајвин и све, само кошарка не. Копиљаци шо идете на блогот, вие не треба тоа да глеате. Ќе добиете грешна слика дека мајмуните у ЗОО се кошаркари. ОК, у една таква попара најснаодлив беше Игуана мадафака, кој сем тоа шо леташе и прелетуваше, убаци и по некое шутче, покажа вештина со топка, се исцепа ко да е од гето, али у глобала си заработи тоа трофејчето. Рукијата беа тоталка индолентни, Чарли Ви изигра океј иако после прва четвртина си напраи куропрч и мудомрс пауза. Крис Пол на моменти го немаше, на моменти он беше ненадминлив.. абе ај, шо анализирам ја ова, боље ќе идам да анализирам маалски баскет - поише смисла има.
Игуана МВП
Ај да видиме шо ќе каже коментаторот. ----------------------------------------------------------------------------------------------------- Ко-коментаторот сез:(онака, озбилно) А бе, се се деси некако апансаз. Дури ја спремав Ол-Стар најавата за викенд бројот на весникот, на работа ми се јави Лекиќ и ме покани кај него на кафе (нешто што ја и Шеп му го ветивме минатата недела, ама немавме време да го исполниме). Редовните посетители на блогов знаат за нашата ситуација со Дејан и неговите факти у претходните преноси, така да, не беше мала ствар кога тој лично се јави да ме покани. Отидов, направивме муабетче, кое од пет минути се претвори во саат време, ме прошета низ Спорт4, кое за разлика од тоа што очекуев, беше доста добро средена ТВ. Како колега, ми кажа дека ќе му биде чест јас да бидам дел од петочната вечер и така бидна. Е сеа, ја не се спремав за преносот сабајлево, ама ич. Пред се зашто имав некои други обврски до кај десет. Нема везе, отидоив таму и се договоривме пошто утакмицата и онака увек е тапа, барем за вистинските баскет фанови, да си праиме, онака, лежерен муабет за НБА и се околу неа. Као шо знаете, ја немам проблем со тоа. Пљус, стигнав и да ја промовирам МакНБА на ТВ за време на доста гледан настан. Ватевр. Малку беше вуна на стартот, кога ми кажаа дека прво ќе идеме у кадар, што и сигурно се примети по моето здркување кога Лекиќ ме претстави. Признавам, некоја минута имав почетничка трема, ипак и ја бев руки на ТВ. Али, после минута-две се беше ОК и барем мене од оваа гледна точка, а и според луѓето, од кои најголемиот дел не ни знаеа дека ќе се најдам таму, се поминало ОК. Ја ќе се глеам после на снимка (ако не заспијам) па дури онда ќе бидам стварно критичен кон себе. Шеп, барем се изназборев за Вилануева, а? И Шеп, не ги лажи луѓето, манекен не сум бил никад. Постот погоре е со убедливо најмногу досега порно појмови. Се слушаме вечер па...

24 Comments:

Blogger Ико said...

Енко наш голем маж :))) Лекиќ е супер дечко...јас имав прилика да се запознаам со него вчера на прес-конференцијата на ФФМ (му зборев на Шеп) и едно Брао за него што те повикал. Вечер славам роденден па тешко дека ќе фатам нешто од ол-старот... Може сите да ми пратите честитки за среќен роденден на iko.dimitrov_at_gmail.com, кој сака може да ми прати и пиво по пошта...

2/18/2006 03:30:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Договори со Лекиќ, на тајмаути и слично, да идат реклами за МАКНБА. Со скрин шотови и слично...:)

Иначе, добар беше! Тоа камера пер. Лоша ствар е. Ја ги нејку.

2/18/2006 03:32:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

ИГУАНА ЗАКОН!!!!!!!!!!

2/18/2006 03:35:00 pm  
Blogger Bukarski said...

Браво Каракаш бато.

иако да бидам искрен слушнав само на почетокот.. ко спомна Анастас Вангели..еј, па јас го знам лично него!!! :)

2/18/2006 04:29:00 pm  
Blogger zare said...

Bravo be Enko,dobar bese ..Ke go komentiras li i ostatokot na Allstarot??
Uste nesto poznata e zamenata za Jermejn O'NIl u prva petorka ..toa e Vince Carter..ocekuvano:):)))

2/18/2006 05:30:00 pm  
Blogger Teko said...

Не знам за кој луѓе зборувате и неможам да коментирам...
Ја гледав утакмицата на TNT и се сложувам дека веше срање...празна TOYOTA ARENA.
А коментаторите на TNT се фантазија, лудило, Charles Barkley, Kenny Smitha on the field ... што повеќе ... после се приклучи и МЕЏИК ...лудило.
Коментаторите направија квалитетна атмосфера иако самата утакмица беше bull Shit....
У среда одам на Bulls vs Bucks во UNITED Center ... добивате слики од утакмицата.
ПОЗДРАВ ДО СИТЕ ... БЛОГОТ ВИ Е ОДЛИЧЕН

2/18/2006 05:52:00 pm  
Blogger Karakash said...

Момци, фала на сите за лепите речи.

Иначе, Двр, соработката меѓу нас у Спорт4 вероватно ќе ја продужиме и после Ол-Стар. Че видиме.

Теко, добредојде. Те држам за збор за сликите, а за Баркли енд ко. на ТНТ многу добро знам колку се добри.

И да - Ико, среќен роденден.

2/18/2006 07:09:00 pm  
Blogger Shepard said...

селектор селектор
на етф црта вектор

сретан роџендан

2/18/2006 07:52:00 pm  
Blogger ass2006 said...

Hi, a nice blog you have here. You will surely get an bookmark :) phentermine

2/19/2006 12:59:00 am  
Blogger Shepard said...

na enko posto go испоганија со спам :)))))))))

2/19/2006 01:15:00 am  
Blogger Lakerfan8 said...

МВП-ТВ-КАНАЛ 4 И МВП-БЛОГ НБА МАЦЕДОНИА!!!
ОДЛИЧЕН ПОТЕГ ОД СТРАНА НА ДЕЈАН ЛЕКИЌ И КАНАЛ 4!!!
КАРАКАШ НОРМАЛНА БЕШЕ МАЛАТА ТРЕМА, КАКО ШТО КАЖА РУКИ НА ТВ..:)

2/19/2006 02:32:00 am  
Blogger Laf said...

YES! Dirk 3PT Champion!!!
Wohoo!

2/19/2006 04:04:00 am  
Blogger марче said...

ako bide i utre glavnata vecer kako minative dve ... bolje ke gledam ljubaf u ofsajd ...

2/19/2006 04:59:00 am  
Blogger марче said...

usput bravo za nate, dirk i karakash :))

2/19/2006 05:00:00 am  
Blogger Shepard said...

ама го смести.. :))

2/19/2006 05:16:00 am  
Anonymous chale_v said...

момци, добро што си ги испеглавте (на разликите мислам), тоа може да иде на добро само... и за МАКНБА, и за Спорт-4, а секако и за нас ситни души конзумерски... Howdy!!!

2/19/2006 01:12:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Кога сме кај коментарот јас првпат чув за Каракаш последните два дена Не се лоши добро коментираа и двајцата има нешто во нив ама се гледа дека недостасува Љубомир. Да не знае некој кај отиде човекот! Го снема наеднаш!?

2/19/2006 02:48:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Еј луѓе кај сте бе јас цели два дена не сум бил у контакт со интернет знаете?!?!
Сеа вака за Ол-Старот (првите две вечери)

1 вечер:

Искрено не ја гледав у живо, а и уште ја неам гледано целосно, а судејќи според постот на Шепард боље што не сум ја гледал.Гледав одделни инсерти од дивјачките куцања на Игуадала на Руки челинџот.Со бројките ме разочара Ченинг Фрај што сериозно го мислев за МВП кандидат ако се разигра.Позитивна ствар од цела таа вечер е тоа Што Каракаш го имал своето ТВ Деби и сигурен сум дека одлично прошол.

2 вечер:

Оваа на жалост се заебав и останав да ја гледам иако не требаше.ПОЧКАРТЕН Ол-Стар јас немам гледано, освен ако главниот меч не ја “извади“ ситуацијата.И уште на почеток го гледам јас за прв пат вп мојот живот Енес Хусеинов, така дотеран све на телевизија.Добро искоментира, се гледаше дека знаеш више за НБА од Лекич.Идеме сеа на збиднувањата:

-Тоа што беше 3 на 3 неам намера да кажувам што мислам за тоа освен дека САС имааа најбоље шутери.

-Скилз Челинџот беше интересен од аспект на неговите учесници ама ни тоа не можеше да го надокнади фактот дека уствари замислата на НБА за едно вакво натпреварување е тотална утка.Нема ништо интересно, адреналинот не ти се крева со еден збор џабе гледаш!Секоја чест на Вејд за како ја мина “„патеката“ последниот пат.Заслужено освои.

-Троките.Бламажа!!!Дирк не смееше да влезе во втората рунда со шут надвор од дозволеното време.Сфаќам се и дека е олстар и све ама пак...натпреварување си е натпреварување.Ме изненади појавувањето на Џилберт Аренас наместо Бел ама тоа не беше на одмет ама баш ич.Изгледа Штерн многу го љуби па се него го форсира:) Дирк освои тројки затоа што таму ја немаше вистинската конкуренција, а доколку наместо Квентин, Аренас и Тери во конкуренција беа Пеџа, Ештон Качер и Дејмон ЏОнс сигурно еден од нив ќе идеше барем преку 22-23 погодени.

-Слем Данкот беше најсрање од се!Ја фатив само финалната серија на Нејт и Игуадала ама тоа што го видов не го биваше.Ни од едниот ни од другиот.Може за нијанса беше подобар Игуадала, а пак не ја освои титулата.Со самото тоа што данкерот го повторува истиот обид повеќе од 3 пати се губи заинтересираноста на гледачот да го види пак, а камо ли после 15 обиди на Нејт Робинсон да изведе видено веќе забивање.Секоја чест дека го рипна Веб и тоа овој стоеше не се мрдна, ама според тоа што го чекав 15 минути да ја закуца најобично и оној дегенот Кени Смит(коњска вилица меѓудругото) да му даде 10ка сериозно ме изнервираа.Според тоа што го слушнав од другари на тренинг и од Каракаш и неговиот колега Игуадала заедно со Ајверсон направил убедливо најдобро забивање...Во секој случај НБА нешто мора да направи во врска со ова натпреварување инаку навистина е РИП.Картер, Коби, ЛеБРон, Вејд, имаат многу повеќе да понудат од Џош Смит и Хаким Ворик.(и Нејт Робинсон)



Ако и вечерва ол-старот биде чкартен давам ветување дека од идната година веќе не глеам ол стар зашто станува ШИТ!Ај поздрав...

И Селектор среќен роденден

2/19/2006 04:04:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Прво, натпреварот во забивање беше невидена фарса. Секоја чест за Нејт Робинсон и неговите скокачки способности, али да му дозволиш нешто да изведува 15 пати и на крај да добие 47 за обично забивање е несфатливо. Ај, тоа. Туку, не ми се верува како никој не коментира за тоа што судиите му го направија на Џош Смит. Направи забивање кое го направиле само тројца пред него, а на една рака може да се избројат и денес луѓето кои можат да го направат она што он го направи. Добро, може избра погрешна тактика со лентата која ја залепи на паркетот, али пак. (By the way, Karakash, лентата му служеше на Смит да го измери последниот чекор, т.е. кај да стапне со левата нога, а не од каде да се одрази). Доби 41 за забивање со две раце од слободни (лани доби 45 за со една), а Игуодала и Ворик добиваа 44 и 45 за обични ветерници. Беше многу очигледно дека НБА си има однапред одредено победник и како да се оствари сето тоа, ако не со саботирање на без двојба НАЈДОБРИОТ забивач во таа конкуренција Смит. Му дадоа само една шанса(вториот обид немаше никакво значење). Господ знае што ќе направеше во финалето ако она му беше прво забивање.

Второ, морам да кажам дека бев малку разочаран од тебе, Енко. Бевте солидни во првите три дисциплини, иако ви фали сугестивност, привлечност, али у натпреварот во забивање со Лекиќ бевте тотално изгубени. Три пати го прогласувавте Игуодала за победник, а не ја доразбиравте ни терминологијата (dunk off беше најочигледно). Друго, не ги знаевте правилата. Се чудевте што во втората серија сите напреварувачи користат соиграчи и тврдевте дека Смит требал да го направи она со лентата во вториот обид (???),а беше ПРАВИЛО дека сите мораат да искористат соиграч во едно од двете забивања. Ниеднаш не спомнавте дека бројот на обидите и времето за првпат не беа ограничени и не носеа никаква казна (тоа на крајот на краиштата го одреди победникот). А, овие правила беа многу јасно напишани на стартниот телоп, а во НБА круговите тие неколку дена беа потенцирани како новости - неказнувањето на бројот на обиди кој беше воведен затоа што претходните години наводно ја ограничувал креативноста на натпреварувачите (сега најверојатно ќе воведат ново правило).
За коментирање на нешто толку специфично морате да бидете далеку поподготвени, а не празнината Лекиќ да ја надополнува со реминисцирање на Кукоч и неговото забивање од слободни...
И уште нешто, двајцата делувате како да се натпреварувате кој ќе каже поточен податок и воопшто не се надополнувате. Она што го правеше Љубомир, на пример, посебен, не беше само неговата стручност или елоквентност, туку нивното фантастично нијансирање. Мора да има повеќе шарм. Публиката, на крајот на краиштата, се создава.

Се надевам дека овие критики ќе ги сфатиш како конструктивни и не злонамерни.

Сигурен сум дека вечер ќе биде подобро, затоа што тоа е веќе твое поле.

FLIGHT 75

2/19/2006 04:55:00 pm  
Blogger batebole said...

Pak ke kazam,slabo i na vtorata vecer,razocarn sum od dvajcata,posebno od Enko,celo vreme mu se mesase na Lekic u komentiranje i ne go ostavse da keze so saka,ne deka ke kazese nesto i pak se jadea za toa koj poeke znae.Glavnata vecer ke gi slusam Portugalcite na SPORTV definitivno.

2/19/2006 05:45:00 pm  
Blogger Shepard said...

Батеболе, не тролај. Читај го коментарот на Флајт и учи.

2/19/2006 06:01:00 pm  
Blogger Karakash said...

Флајт, немај гајле, знам тачно за што збориш. И за повеќето ствари си прав (за повеќето).

Она со лентата на Џош е нешто што, како што кажав во преносот, тој го најавуваше пред некој месец, дека ќе се одразел од зад линијата за слободни. Лепењето на лентата испадна дека е за нешто друго, што ги разочара сите таму.
Ипак, неговото куцање, како што реков, беше страшно тешко и атрактивно, но ете, судиите беа уште од тогаш решени кој ќе биде победник.

И за правилата си прав, така да нема да се правдам со условите под кои се врши еден пренос, кои се разликуваат многу од тоа што мислев. Нема врска, се со добра намера.

И Флајт, ја у саботата бев само втор пат на ТВ, и втор пат со Лекиќ у комбинација. Некоја уиграност и не може одма да се очекува, иако критиките од стручни лица беа доста позитивни, посебно по саботната вечер. Ти текнуе каков беше Љубо кога почна? Мене да...

И за анонимниот, кога више го спомнавме Љубо, човекот у моментов е у Хјустон, он д фејс оф д плејс. Барем така вика.

2/19/2006 08:51:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Абе, нејќам да бидам прв шо ќе ќења, и тоа таков анонимус, ама многу мумљавте и двајцата. Ај за руки челинџ шо праевте несврзани муабети, и онака беше тапа. Ама на скил челинџ вечрта имаше побајаги здркувања. На пример нешо од типот - рашид волис сакаше да си отиде, но всушност си отиде, за на крај да не си отиде(не ме фаќајте за збор, може не беше за рашид) . за куцањата да не продолжувам. дел од коментаторство е и непристрасност. пристрастноста само на јанко(екс 103) му сотеше, и тоа уз фудбал светско.
За крај, Љубо беше, е и ќе биде најбољи во својот домен.
п.с.
само зашто си дел од одличен блог за нба, не мора да значи дека ќе те биде за коментатор. Се гледаше дека имаш огроооомно знаење на темата, ама маме му ебам, мноооогу мумљаш. И, со лошо друштво си се фатил...
п.п.с.
ова жими све за крај
што се деси со љубомир николовски, зш не коментира он негде?

2/20/2006 06:02:00 am  
Blogger Karakash said...

ппс: Баш затоа.

2/20/2006 08:55:00 pm  

Post a Comment

<< Home