Saturday, February 18, 2006

Игуана МВП и Каракаш ко-коментаторот
И така почна Олстарот. Доаѓам синоќа поднапиен дома, нешо на ХХЛ глуп порниќ, на нет живо пиле нема, и ај се паркирав пред ТВ. Конечно почиња забавата на Спорт4. Се исфрла Лекиќ у кадар, а покрај него еден згоден млад мрк дечко, онака, као бил највечи познавач на НБА. Како не бе, ја шо сум? Нема врска, тоа беше вашиот и нашиот Каракаш, бивши манекен, наркоман, ветеринар и тутуноберач, а сега НБА стручњак :) Од почеток малце трема шо е неизбежно, али после тоа мислам дека се уклопи у шемата шо ја има Лекиќ за овие натпревари - муабет околу Лигата, за среќа овој пат без „пикантерии“. Енко, палец од мене (зборевме после на телефон, делевме импресии до 6 сабајле, ова е успех како за блогот МакНБА, така и за спортот, па и за Македонија воопшто). И тоа, онака, мило ми е шо ги надминавме разликите со Дејан, и ни успеаа терористичката стратегија. Се зезам бе, све спонтано дојде. Инаку, утакмицата знаев дека ќе биде тапа. Имено, и` приоѓам вечерта не една цура, и прв муабет нешо ова она, и не знам како се деси да се спомене книги и сл., и бичов ми вика „ја не читам книги, никад не сум читала“. Ма да ја млатнеш со мокра чорапа. Нејсе, после таков муабет, нема шанси да се глеа добра утакмица. Ова уствари може да биде еден апел до Лигата и Дејвид Штерн: нека биде тоа стандардна утакмица, нека има правила ко за нормална утакмица, и да глеам малце акција. Ми текиња бе коа играа само дебитанти, исток вс. запад, милина, то борба, дух натпреварувачки, Коби коа дае 30 поена рекорд, онака, Дејмон Стадемаер пред тоа, абе УТАКМИЦА. Вчера глеав само недоквакани пилиштарци шо се натпреваруваа кој поѓупски потег ќе напраи и кој поише ќе се исцепа. Да сакав тоа да глеам, ќе си пуштев ЕндУан Микстејп некој. Значи - утакмицата беше неконцепцуализирана акција, фрка, хаос, брканица, мижитатара, генг бенг, оргија, букаке, скет, снаф, бдсм, фистинг, фетиш, бич, нига, мадафакинг бич ес нига, ху лет д догс аут, гет лоу, ин д клаб, таг лавин, маф дајвин и све, само кошарка не. Копиљаци шо идете на блогот, вие не треба тоа да глеате. Ќе добиете грешна слика дека мајмуните у ЗОО се кошаркари. ОК, у една таква попара најснаодлив беше Игуана мадафака, кој сем тоа шо леташе и прелетуваше, убаци и по некое шутче, покажа вештина со топка, се исцепа ко да е од гето, али у глобала си заработи тоа трофејчето. Рукијата беа тоталка индолентни, Чарли Ви изигра океј иако после прва четвртина си напраи куропрч и мудомрс пауза. Крис Пол на моменти го немаше, на моменти он беше ненадминлив.. абе ај, шо анализирам ја ова, боље ќе идам да анализирам маалски баскет - поише смисла има.
Игуана МВП
Ај да видиме шо ќе каже коментаторот. ----------------------------------------------------------------------------------------------------- Ко-коментаторот сез:(онака, озбилно) А бе, се се деси некако апансаз. Дури ја спремав Ол-Стар најавата за викенд бројот на весникот, на работа ми се јави Лекиќ и ме покани кај него на кафе (нешто што ја и Шеп му го ветивме минатата недела, ама немавме време да го исполниме). Редовните посетители на блогов знаат за нашата ситуација со Дејан и неговите факти у претходните преноси, така да, не беше мала ствар кога тој лично се јави да ме покани. Отидов, направивме муабетче, кое од пет минути се претвори во саат време, ме прошета низ Спорт4, кое за разлика од тоа што очекуев, беше доста добро средена ТВ. Како колега, ми кажа дека ќе му биде чест јас да бидам дел од петочната вечер и така бидна. Е сеа, ја не се спремав за преносот сабајлево, ама ич. Пред се зашто имав некои други обврски до кај десет. Нема везе, отидоив таму и се договоривме пошто утакмицата и онака увек е тапа, барем за вистинските баскет фанови, да си праиме, онака, лежерен муабет за НБА и се околу неа. Као шо знаете, ја немам проблем со тоа. Пљус, стигнав и да ја промовирам МакНБА на ТВ за време на доста гледан настан. Ватевр. Малку беше вуна на стартот, кога ми кажаа дека прво ќе идеме у кадар, што и сигурно се примети по моето здркување кога Лекиќ ме претстави. Признавам, некоја минута имав почетничка трема, ипак и ја бев руки на ТВ. Али, после минута-две се беше ОК и барем мене од оваа гледна точка, а и според луѓето, од кои најголемиот дел не ни знаеа дека ќе се најдам таму, се поминало ОК. Ја ќе се глеам после на снимка (ако не заспијам) па дури онда ќе бидам стварно критичен кон себе. Шеп, барем се изназборев за Вилануева, а? И Шеп, не ги лажи луѓето, манекен не сум бил никад. Постот погоре е со убедливо најмногу досега порно појмови. Се слушаме вечер па...

16 Comments:

Blogger Ико said...

Енко наш голем маж :))) Лекиќ е супер дечко...јас имав прилика да се запознаам со него вчера на прес-конференцијата на ФФМ (му зборев на Шеп) и едно Брао за него што те повикал. Вечер славам роденден па тешко дека ќе фатам нешто од ол-старот... Може сите да ми пратите честитки за среќен роденден на iko.dimitrov_at_gmail.com, кој сака може да ми прати и пиво по пошта...

2/18/2006 03:30:00 pm  
Blogger Vlado Apostolov said...

Договори со Лекиќ, на тајмаути и слично, да идат реклами за МАКНБА. Со скрин шотови и слично...:)

Иначе, добар беше! Тоа камера пер. Лоша ствар е. Ја ги нејку.

2/18/2006 03:32:00 pm  
Blogger Vlado Apostolov said...

ИГУАНА ЗАКОН!!!!!!!!!!

2/18/2006 03:35:00 pm  
Blogger Алекс Букарски said...

Браво Каракаш бато.

иако да бидам искрен слушнав само на почетокот.. ко спомна Анастас Вангели..еј, па јас го знам лично него!!! :)

2/18/2006 04:29:00 pm  
Blogger zare said...

Bravo be Enko,dobar bese ..Ke go komentiras li i ostatokot na Allstarot??
Uste nesto poznata e zamenata za Jermejn O'NIl u prva petorka ..toa e Vince Carter..ocekuvano:):)))

2/18/2006 05:30:00 pm  
Blogger MT said...

Не знам за кој луѓе зборувате и неможам да коментирам...
Ја гледав утакмицата на TNT и се сложувам дека веше срање...празна TOYOTA ARENA.
А коментаторите на TNT се фантазија, лудило, Charles Barkley, Kenny Smitha on the field ... што повеќе ... после се приклучи и МЕЏИК ...лудило.
Коментаторите направија квалитетна атмосфера иако самата утакмица беше bull Shit....
У среда одам на Bulls vs Bucks во UNITED Center ... добивате слики од утакмицата.
ПОЗДРАВ ДО СИТЕ ... БЛОГОТ ВИ Е ОДЛИЧЕН

2/18/2006 05:52:00 pm  
Blogger Shepard said...

селектор селектор
на етф црта вектор

сретан роџендан

2/18/2006 07:52:00 pm  
Blogger Shepard said...

na enko posto go испоганија со спам :)))))))))

2/19/2006 01:15:00 am  
Blogger To Maca said...

МВП-ТВ-КАНАЛ 4 И МВП-БЛОГ НБА МАЦЕДОНИА!!!
ОДЛИЧЕН ПОТЕГ ОД СТРАНА НА ДЕЈАН ЛЕКИЌ И КАНАЛ 4!!!
КАРАКАШ НОРМАЛНА БЕШЕ МАЛАТА ТРЕМА, КАКО ШТО КАЖА РУКИ НА ТВ..:)

2/19/2006 02:32:00 am  
Blogger Laf said...

YES! Dirk 3PT Champion!!!
Wohoo!

2/19/2006 04:04:00 am  
Blogger Shepard said...

ама го смести.. :))

2/19/2006 05:16:00 am  
Anonymous Anonymous said...

момци, добро што си ги испеглавте (на разликите мислам), тоа може да иде на добро само... и за МАКНБА, и за Спорт-4, а секако и за нас ситни души конзумерски... Howdy!!!

2/19/2006 01:12:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Кога сме кај коментарот јас првпат чув за Каракаш последните два дена Не се лоши добро коментираа и двајцата има нешто во нив ама се гледа дека недостасува Љубомир. Да не знае некој кај отиде човекот! Го снема наеднаш!?

2/19/2006 02:48:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Прво, натпреварот во забивање беше невидена фарса. Секоја чест за Нејт Робинсон и неговите скокачки способности, али да му дозволиш нешто да изведува 15 пати и на крај да добие 47 за обично забивање е несфатливо. Ај, тоа. Туку, не ми се верува како никој не коментира за тоа што судиите му го направија на Џош Смит. Направи забивање кое го направиле само тројца пред него, а на една рака може да се избројат и денес луѓето кои можат да го направат она што он го направи. Добро, може избра погрешна тактика со лентата која ја залепи на паркетот, али пак. (By the way, Karakash, лентата му служеше на Смит да го измери последниот чекор, т.е. кај да стапне со левата нога, а не од каде да се одрази). Доби 41 за забивање со две раце од слободни (лани доби 45 за со една), а Игуодала и Ворик добиваа 44 и 45 за обични ветерници. Беше многу очигледно дека НБА си има однапред одредено победник и како да се оствари сето тоа, ако не со саботирање на без двојба НАЈДОБРИОТ забивач во таа конкуренција Смит. Му дадоа само една шанса(вториот обид немаше никакво значење). Господ знае што ќе направеше во финалето ако она му беше прво забивање.

Второ, морам да кажам дека бев малку разочаран од тебе, Енко. Бевте солидни во првите три дисциплини, иако ви фали сугестивност, привлечност, али у натпреварот во забивање со Лекиќ бевте тотално изгубени. Три пати го прогласувавте Игуодала за победник, а не ја доразбиравте ни терминологијата (dunk off беше најочигледно). Друго, не ги знаевте правилата. Се чудевте што во втората серија сите напреварувачи користат соиграчи и тврдевте дека Смит требал да го направи она со лентата во вториот обид (???),а беше ПРАВИЛО дека сите мораат да искористат соиграч во едно од двете забивања. Ниеднаш не спомнавте дека бројот на обидите и времето за првпат не беа ограничени и не носеа никаква казна (тоа на крајот на краиштата го одреди победникот). А, овие правила беа многу јасно напишани на стартниот телоп, а во НБА круговите тие неколку дена беа потенцирани како новости - неказнувањето на бројот на обиди кој беше воведен затоа што претходните години наводно ја ограничувал креативноста на натпреварувачите (сега најверојатно ќе воведат ново правило).
За коментирање на нешто толку специфично морате да бидете далеку поподготвени, а не празнината Лекиќ да ја надополнува со реминисцирање на Кукоч и неговото забивање од слободни...
И уште нешто, двајцата делувате како да се натпреварувате кој ќе каже поточен податок и воопшто не се надополнувате. Она што го правеше Љубомир, на пример, посебен, не беше само неговата стручност или елоквентност, туку нивното фантастично нијансирање. Мора да има повеќе шарм. Публиката, на крајот на краиштата, се создава.

Се надевам дека овие критики ќе ги сфатиш како конструктивни и не злонамерни.

Сигурен сум дека вечер ќе биде подобро, затоа што тоа е веќе твое поле.

FLIGHT 75

2/19/2006 04:55:00 pm  
Blogger Shepard said...

Батеболе, не тролај. Читај го коментарот на Флајт и учи.

2/19/2006 06:01:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Абе, нејќам да бидам прв шо ќе ќења, и тоа таков анонимус, ама многу мумљавте и двајцата. Ај за руки челинџ шо праевте несврзани муабети, и онака беше тапа. Ама на скил челинџ вечрта имаше побајаги здркувања. На пример нешо од типот - рашид волис сакаше да си отиде, но всушност си отиде, за на крај да не си отиде(не ме фаќајте за збор, може не беше за рашид) . за куцањата да не продолжувам. дел од коментаторство е и непристрасност. пристрастноста само на јанко(екс 103) му сотеше, и тоа уз фудбал светско.
За крај, Љубо беше, е и ќе биде најбољи во својот домен.
п.с.
само зашто си дел од одличен блог за нба, не мора да значи дека ќе те биде за коментатор. Се гледаше дека имаш огроооомно знаење на темата, ама маме му ебам, мноооогу мумљаш. И, со лошо друштво си се фатил...
п.п.с.
ова жими све за крај
што се деси со љубомир николовски, зш не коментира он негде?

2/20/2006 06:02:00 am  

Post a Comment

<< Home