Sunday, February 19, 2006

Saturday Night Резил
Ол Фарс Викенд. ФАРСА! Првин, симпатичен момент на МекКарти и химната. Кај нас ќе ја пеел Тони Симич. Така се шпекулира. Океј, почна, прво биднаа шутинг старс. Нема шо да се дрви, лежерна и глупа активност, у која не знам шо бара Меџик (шутинг стар? боље у Скилс Челинџ да го пратеа), не знам шо бара мерион со тоа камењарското шо му го нарекуваат ШУТ (Мерион и шут? шутинг стар? тоа фрлање камења е, не е шут). Ај бидна, Тони Лонгориа и екиапта си тепаа. Скилс Челинџ - срамота, сите испогрешија сем Вејд на крај. Господинот МВП се изрезили, ја побрзо ќе напраев, мислам срамота, никаква дисциплина ко шо вика Бето, ни возбуда, ни ништо, ко шо вежбавме со сталките на тренинг, со таа разлика шо овие ги глеа цел свет. Тројки - добро бе, целта на тројките е да се погодува, а не да се утиња. Капак на све - Дирк, инаку мојот фаворит, успеа да влезе у финале благодарејќи на тоа што задњата шарена ја утера после истекот на времето. Натака сосема коректно си тепаше, ама пак, си го расипа впечатокот. И куцањата. Прв момент - Џош Хајфлаинг Смит - сосема „просечно“ се џитна со две од рекет (не беше тоа од слободни, ја нагази, а башка и изглеаше млитаво). Знам дека ќе ме кара Флајт75, али грешка му беше на Џош она со лентата. Стварно. Сите помислија дека ќе рипа од таму. А дека судиите го зезнаа, го зезнаа. Тоа куцање е за 45, минимум. После тоа, у финалето, нема шо да се полемизира - Нејт Робинсон се измачи, онака гревче, му се смееја другиве, сапунска опера у режија на Џет Кени Смит, буквално провидна местенка. Капак на све стаи Игуана кој после двете МАЕСТРАЛНИ изведби, коа требаше да настапи со нешто ново, изведе куцање кроз нозе, шо е досега видено 15-16 пати, во изведба на Рајдер, Коби, Картер, Џеј Рич, Дезмонд Мејсон, Амари Стадемаер, Леброн и Принс лани на Руки вс Софморс, Хеликоптер од ЕндУан, па дури и од тој белецот, Русинот, шо не ми текиња као се вика. Коа требаше да го срози раскоканиот копиљ, он така лефтерно си ја закуца, а па жирито хоштаплерско, за 1 бод го зезнаа. Свака част за Нејт за сите до едно куцања (сите беа кул, па дури и она со Q) ама и баба ми ќе закуцаше после толку обиди. Следната година саботната вечер нека си ја снимаат у студио, нека си ги намонтираат куцањата, нека ни ги пуштат само. Се сложувам дека куцањата на Нејт можеби севкупно беа подобри од Игуана, ама НЕДОПУСТЛИВО е по толку обиди да има шампионот. Нека ви текне како само лани го исвиркаа Крис Бирдмен Андерсен, како преклани победи Фреди Џонс благодарејќи на промашувањата на Џеј Рич, а исто така, нека се има во предвид како и она иако млитаво, сепак сосем поштено забивање на Смит у првата рунда, само заради грешка у залет (не се ни одрази) беше обесправено со 41 поен. Бедна саботна вечер. Единствено добриот коментар на ѕвездата на МакНБА Блогтротерс, Енко а.к.а Каракаш вредеше да се следи. Ко за Софмор, беше бољи од коа беше Руки :) ПС. Една статија на НБАдрафт.нет вика дека иако официјално се води као 175, Нејт Робинсон е 168 цм висок (weaknesses делот). Затоа Спад Веб е повисок. Таа евиденција е изглеа илеџење за да се протне у амерички фудбал (пошо Нејт освен као добар кошаркар беше и добар фудбалер). ППС. Да, пропуст беше шо Енко и Лекич не ги кажаа правилата за неограниченост со време и со обиди (нешто што е кобно по убавината на овој турнир, шо се виде и вчера). Еве и ја конструктивна критика.

15 Comments:

Anonymous flight 75 said...

Уште еднаш: Џош Смит не го обележуваше местото на одраз, туку тоа каде да стапне со левата нога за да се одрази точно од слободни.

А, за меѓу нозе куцањето: тоа не го направиле само оние десетина кои ги спомнуваш. Between the legs закуцале трицифрен број играчи (читај: стотици). A, ако мислиш дека почнало со Rider, ако ништо друго ѕирни го првиот натпревар во забивање во НБА пред повеќе од 20 години. Ќе видиш еден чичко од Чикаго како го прави она reverse between the legs што го направи Игуодала синоќа.

2/19/2006 06:04:00 pm  
Blogger Shepard said...

Да де, на тоа мислев.

Иначе, океј за Смит, ама се полажа народот, дури и Кени Смит стана таков растревожен да се дере..

2/19/2006 06:24:00 pm  
Blogger Laf said...

Ne znam za vas drugite, ama mene mi bese zabavno. Go postuem Nate bidejki bese uporen da go napravi toa sto go zamislil po sekoja cena. Drugite, ako od prva-vtora ne uspeat, vednas ja menuvaat "kuckata" i probuvaat nesto drugo (najcesto nesto polesno). Nate bese inaetcija i svaka cast za toa. Ako sudiite i pravilata dozvoluvaat neogranicen broj obidi, nema zosto covekot da se otkaze. Se slozuvam deka sudiite (i NBA) sakaa da se odbelezi 20-godisninata od Webb, no mislam deka bese zabavno i simpaticno. A i sto citav po inernet, nikoj ne se zali deka bilo mesteno - ne im e bitno, sepak e zabava. Da ne znaese da zabiva Nate - OK, ama covekot pokaza deka go biva, i toa kako. Kapa (i perika) dole i na Iguodala, stvarno napravi nesto nevideno (i si ja pukna glavat vo 1. obid - Ouch!)
A mislam deka Josh Smith imase odlicni zabivanja, bea prestrogi kon nego, tocno e toa... (skoro) od slobodni, pa uste so dve race, a i topkata ja povlece nanazad. Bravo.
Dirk ne se obruka, ne e negova vina sto mu ja smetaa zadnjata lopta. Negovo e da sutira. Pa i da imase 12... ke pucaa koj da bide 3., pa pak ke vlezes vo finale. :)

2/19/2006 07:12:00 pm  
Blogger Karakash said...

Прифаќам.

За куцањето на Џош коментирав у долниот пост.

Флајт, тој чичко се викаше Орландо Вулриџ.

2/19/2006 08:55:00 pm  
Blogger Karakash said...

А, синоќа, или сабајле, направив неколку грешки (3-4) за кои сум свесен. Некои беа у изговор, а некои можеби само ја си ги приметив.

Како и да е, секоја критика, која нормално има некој основ - ја прифаќам без проблеми.
Тролови и трујачи не поштуем. Гет а лајф.

2/19/2006 09:00:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Да, да знам дека е Орландо Вулриџ. Тоа беше реторички

2/19/2006 09:19:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Karakash kje komentirash ol starot vecer????

2/19/2006 10:00:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Ej, Shepard, направив едно мини-миксче специјално за тебе.
Стварно бе Џош Смит изгледа млитаво

http://www.megaupload.com/?d=43POGSXA

2/19/2006 11:19:00 pm  
Blogger Shepard said...

фала :)

ја реков дека куцањето е млитаво, а он е добар.

и дај прати мејл на shepard@mail.net.mk нешо да се промуабети

2/19/2006 11:21:00 pm  
Anonymous Boromir said...

Majstore gledav top10 kucanja u istorija na nba all star,a i site gi pamtam,i ke ti kazam deka od onie vcera,barem 4 kucanja vlagaat u toj top10.Taka da ne mozes da kazes deka ne bile dobri kucanjata.Igudala bese fantasticen,ama posle onie 2 kucanja,Nate morase da tepa.Sunozno kroz noze!Site onie 50ski sto gi zemaa onie sto zakucaa kroz noze pred nego,pagaat vo voda,zatoa sto skoro site bea po 2 metra i nikoj pod 195.A toa preku spud webb bese cista 50ka!So tie dve kucanja morase da pobedi i bolje sto e taka,otkolku koga pred 2god j-rich zakuca od tabla-pa kroz noze i ne pobedi,zatoa sto ne mu uspea pirueta kroz noze od prva ili vtora,pa pobedi onoj od indiana so prosecno zabivanje. Onie cetiri kucanaja od vcera: dvete na nate i dvete na igoudala(od pozadi tabla i pozadi grb) zaedno so dvete na j-rich i dvete na carter,i aj uste po edno na jordan i dominicq se top10 ever! No doubt about it!

2/20/2006 12:03:00 am  
Anonymous flight 75 said...

Апсолутно се сложувам за забивањата на Нејт Робинсон. Ако се исклучи JRich, неговото bt the legs е веројатно најдоброто досега изведено (ако ништо друго најтешкото). А за она над Спад Веб не ни зборам.
Проблемот е во начинот на кој дојде до победата. Се изгледаше страшно наместено. Плус од 15-20 обиди, плус кастрирањето на Џош Смит, плус многу високата оцена за последното...
Тие две забивања што ги спомнуваш се супер, ама си постоеше бодовен систем кој беше извитоперен за да победи Нејт.
И те молам не ми отворај рана со победата на Фреди Џонс во 2004. Промашувањата на JRich беа подобри од неговите забивања

2/20/2006 12:17:00 am  
Blogger Shepard said...

леле тоа со џеј рич.. ај доста боље.

но, вчера, колку и да беа јаки на нејт забивањата, СТО ПУТИ ГИ СКЕЊА.

мене едно време онака жал ми падна, ко мало чоече немоќно онака се мучи.. мислам, невкусно беше. НЕВКУСНО.

ова со неограничените обиди е ТАПА. се губи смислата.

2/20/2006 01:31:00 am  
Blogger Ико said...

Абе луѓе...уште кога изгледав знаев дека тука ќе начекам коментари од типот “местено е“...не се замарајте со такви муабети. Едноставно такви се правилата што дозволуваат безброј обиди за едно забивање...на крајот на краиштата иако (според мене) Игуодала го заслужи пехарот, за неколку месеци/години ќе се паметат само забивањата.... На никој нема да му е битно во чии раце завршил пехарот. Не ми е јасно зашто би го “местеле“ натпреварот во забивање??!!??!!

П.С.
Енко, екстра бевте ти и Лекиќ само една забелешка: јас ја гледав репризата преку ден и немав појма кој во што победил, арно ама на самиот почеток на репризата долу на екранот почнаа да шетаат спортски вести во кои ги имаше набројано сите победници и ми стана неинтересно...

2/20/2006 03:28:00 am  
Blogger Laf said...

(на полувреме од натпреварот)
Karakash пред камерите веќе се снаоѓа како риба во вода. Браво! :)
Една забелешка сепак, за коментарот: зошто толква опседнатост со тоа кој ќе биде MVP на натпреварот? Тоа ќе си дојде само по себе. Не знам врз основа на што од некој играч треба да се очекува да биде MVP на еден all-star натпревар. Секогаш е во прашање моментална инспирација. Ако гледате ваков натпревар на американска телевизија (TNT или сл.) ќе видите дека за тоа кој може да биде MVP се зборува дури пред крај на натпреварот, а кај нас цело време за тоа па тоа, уште пред да започне. Така беше и во времето на Љубомир.
А и ова со SMS поракиве мислам не им требаше на СПОРТ 4. Замараат.

2/20/2006 04:06:00 am  
Blogger Shepard said...

колку тапа олстар.. ДЕТРОИТ.. срање..

2/20/2006 05:32:00 am  

Post a Comment

<< Home