Tuesday, March 14, 2006

Рандом Офчетина Пост
Неќу лигавење, сакам да играат!
Вечер е нова вуна за Лејкерси. Откако ги тепаа Спарси, се клизнаа со Соникси и исто ко да не напраиле ништо. Сеа играме со Кингси. Ако тепаме, ние ќе бидеме 34-31, а они 32-32. Ако они тепаат паѓаме на 33-32, а они идат на 33-31. Мора, мора, мора! (готоо, запустив објективност, идеме у навијачи!!!)
* * * * *
Фељтонот кој на кого личи, ќе го продужам али рифреш за тие шо не го знаат: прв дел || втор дел || трет дел || четврти дел
* * * * *MВП кандидати.. овие ли бе?!
Изглеа Нешти ќе биде бек ту бек ЕмВиПи.. не најдов една анализа која не го фаворизира него - само да не го ебе зглобчето му! Али, ако Лејкерси идат у нагорна линија и Коби продужи да игра (не како задњиве две) тогаш може некако да се смилостиват тоа глаучите, пред се` заради 81, како и неколку други маестрални партии кои ќе останат у учебниците (нека ви текне како ја почна сезоната - базер битер со Нагси).. у тесна конкуренција ги ставаат и Ајверсон, ЛеБрон, Бренд и Диркулес.. а и Мерион, Вејд, и опет ТртПрт Данкан(?! ВТФ - ја игра најлошата сезона у кариера, башка ровит е).. и тоа смукот Чонси Билапс Клап Клап.. иначе, Пирс игра исто јака сезона, ама то Бостонот тоне ли тоне.. МакНБА ќе искочи со една анализа на сите побитни фаворити деновиве.. според мене, ако не е Коби, ондак мора да биде Ајверсон, кој иако не го мирисам многу, игра на вонземско ниво.. ако нешо сакате вие да кажете, можете да пишете на maknba@gmail.com и то ќе биде објавено со вашето име и презиме и прекар! Ако пратите во следните 15 минути, ќе добиете и пригодна сликичка во вашиот пост! Но тоа не е се`! Доколку вашиот пост биде искуцан на системска кирилица и без многу печатни грешки, може ќе ставиме и клипче! :)
* * * * *
Онака: Вашиот и наш блог бил флагиран ко спам блог, и сеа коа постираме мора да убациме ворд верификација :)
* * * * *
Shaq Got Punk'd (иначе, ова е само 24 саати откако Шекил му рекол на Ештон Корвер дека не може да го панкува - 6:50 трае клипот, значи, прво плеј, после пауза, ко ќе се напуни, пуштајте):

12 Comments:

Blogger Karakash said...

Пак сврте тоа графчињата, а?:)

3/14/2006 10:19:00 pm  
Blogger kole said...

ajde ajde mora vecer da se tepa.
GO LAKERS!!!!!!
kb8.blog.com.mk

3/14/2006 11:05:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Deckoto se vika Ashton Kutcher ne e Korver

3/15/2006 06:35:00 am  
Blogger марче said...

:)))))))) RUKI! :)))))))))))

3/15/2006 08:07:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Аирлија Кобис! =) Тоа ти е коа го вреѓате Билапса на педерска база... Ајде ајде, догодина, здравје. =)

Поздрав, Syndicate

3/15/2006 01:16:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Супер ви е муабетов. Ај по некој збор за утакмиците што ги гледав вчера:
PHI-TOR, три четвртини жива мизерија, али у последна PHI се надминаа себеси у тоа мизеријата, па дури и тим како моиве Raptors им ја зема со 33-12.
DAL-CLE, као што обично им се дешава у послено време DAL стигнаа -19 од полувреме. Ко што рече Barkley пред некое време, док не земе LeBron да дава кошеви кога е најпотребно, ништо ни од CLE ни од MVP.
SEA-PHX, си ги мереа на кој му е подолг. Нормално на PHX, 129. Шутнаа 14 тројки у прва четвртина. Thomas кој го прибраа од CHI (таму не му даваа ни да тренира со тимот) извади 10-11 шут (последниот го промаши).
SAC-LAL, ко што рече вчера типот “there are many great players in this league, but there are some things that only Kobe can do”. Добар базер битер им закачи на крај на втора и трета. За белја, SAC се во серија 13-0 дома.

3/15/2006 04:55:00 pm  
Blogger Shepard said...

абе ештон корвер е бе, на кајл брат му :(

3/15/2006 05:43:00 pm  
Blogger Karakash said...

Dobar koment druze anonimen. Sleden put logiraj se i stavi ime, cisto za da znaeme so koj NBA znalac praime muabet.

PS: Gi gledase site ovie utakmici koi gi nabroja?

3/15/2006 06:05:00 pm  
Blogger znalac said...

ОК, од сад па надаље со логирање. Да, вчера ги глеав тие 4, мада SAC-LAL и SEA-PHX одеа у паралела, па морав да ги сурфам цело време. Ај ако не заборавам на следното одење (ваљда со MIA или PHX) ќе земам и некоја фотка у живо од АСС да ви пуштам. Бев на GSW, CHA, SAC, SAS оваа сезона, ама немам навика да сликам, башка не знаев за блогов. Како и да е, ќе глеам да фрлам некое инфо кога ќе има нешто интересно.

3/15/2006 07:06:00 pm  
Blogger Karakash said...

OK, Znalac.
Pa vidi kako Teko prati nekoja slika od nekoj gejm. Bidi ni insajder:)

Pozdrav

PS-U koj Siti si stacioniran?

3/15/2006 10:29:00 pm  
Blogger znalac said...

Торонто - тоа ти е тим со 1-7 во ОТ, 3-8 во one possession games и една титула (на SM за league's worst coach). Се надевам Colangelo ќе закрпи нешто. Али, еј, бар не сум во NY :)

За insider - договорено.

3/16/2006 05:40:00 pm  
Blogger Karakash said...

Бар не си во Њујорк:), за тоа си у право.

Коланџело не да ќе закрпи, него ептен ќе ве пицне у следниве две години. Че вииш.

Него, колку време си таму, и да не си ин веј од Ск., то јест, Чаир?

Онака прашуем.

3/16/2006 07:35:00 pm  

Post a Comment

<< Home