Wednesday, May 03, 2006

Random моменти + кеш да ти се згади

Мене Илгаускас со брада ми личи на Јане Сандански

Инаку, интересна е ситуацијата со најдобрите стрелци во плејофот. Прв е Монархот Леброн (сликава доле е дрпната од блогот на Флајт), со 33 по натрпевар, а Коби, со 22,7 (пад од цели 13 поени од рег. сезона а Лејкерси делуваат ептен посилни) е на деветото место, одма пред Ночиони кој има 22,3. Најбољи скокач, е мај мен Л.О. со 14 по натпревар.

Најефикасен тим е Сан Антонио (!!!) со 114 поена по натпревар. И пуцаат со 51,5 % од поле! А така шашмарски делуваа гејм 2 и 3..

Еве го монархот шо го крадам од кај Флајт.

Инаку, клучот на ЛА со Феникс е цврстината и скокот - ги натскокуваат у просек со 12-13 разлика (најбољи скокачки тим у плејофот, тотално нетипично).

Е сеа да вадиме статистики и заклучоци на три до четири утакмици, е не баш репрезентативно, ама тоа е. Многу неочекувани ствари се дешаваат во пост-сезоната..

Инаку, на моите пурпурно-златести (јао, колку нежно се изразив), полека и стручњаците (ако има некој постручен од нас овде :) ) им го гледаат патот во плејофот (а делумно и мојто сценарио). Ако ги минат Феникс (вечер вуна, мора да се стегне зуб), ќе играат или со Денвер со кого ќе имаат предност на домашен терен, ама пошто Денвер се на руб елиминација од синоќа, поверојатно е дека ќе играат со другите од ЛА, Клиперс. Тука више се преоѓа кон здравата логика, која вика дека Клиперс нема шанси да ги тепа Лејкерс. :)

Иначе, поздрав од Милвоки прати Мајкл Ред со 40 поени за 34 минути игра и одличен шут од поле. Елените ги попарија Пистонс со 124 поени, нешто што задњи пут Детроит го има искусено на 25 ноември со Вашингтон.

Клиперси пак, доста балансирано, дури и со леснотија ги испеглале Денвер. Шон Ливингстон дочека да биде фактор у плејоф (не дека е слаб, напротив, има потенцијал), постигнал 16 поени на 70% од поле. Магети Паркети конечно личи на себе, предводејќи го нивниот напад..

Мрската утакмица синоќа, која ја заспав поради прекумерно количество смоки кои ги јадев со пивото, ја отерале у продужение и Далас останува непоразен.. Гасоламабад нека се бричи, не делуе више тоа брадиштето.

Нетси ги решиле Инди у првите 3 четвртини.. таа серија ја промашив, изглеа ќе иде до седум.

Иначе, благодарејќи на нашиот дописник од Чикаго, Теко, дознавме за фичрот на USA Today, кои нудат увид у платите на спортистите.

Цифри.. а еве ги и најплатените 25.

Мои фаворити:

2 Webber, Chris $ 19,130,000 Philadelphia 76ers

Колку толку ги оправдува очекувањата.. ама.. зема повеќе кеш од Ајверсон :)

3 Finley, Michael $ 18,612,000 San Antonio Spurs

ТД е скромно момче.. само не сум сигурен дал кешов иде на сметка на Кјубан или на Спарси..

11 Van Horn, Keith $ 15,700,000 Dallas Mavericks

Едно време играше за Њу Јорк.. во моментов е најплатен во Далас.. неправда..

6 Marbury, Stephon $ 16,450,000 New York Knicks 12 Rose, Jalen $ 15,694,000 New York Knicks 22 Francis, Steve $ 13,770,000 New York Knicks

Ајзеааааа, оооооооо, Ајзеаааааааааааааааа

15 Jones, Eddie $ 14,560,000 Memphis Grizzlies

Ушеден пример за тоа дека ако си добар во младоста, ќе дочекаш длабока и богата старост.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home