Wednesday, November 30, 2005
Monday, November 28, 2005
Saturday, November 26, 2005
Sunday, November 20, 2005
Wednesday, November 16, 2005
Sunday, November 13, 2005
Според тоа што го видов, синоќа се десија неколку работи вредни да заземат место на блогов (плус Мемовата брилијантност, опишана во постот на Енко подоле).
Прво, Мухамед Гасол почна да се диви у клучни моменти! Во исклучително тесната завршница во Филипс Арена, птичурините на Каракаш изгубија у последна секунда – и тоа на шашма, благодарејќи на талентот на Заза Пашулиа. Имено, Мемфис, на –1, се решија да идат преку Мајк Милер за тројка (?!). Овој утна, Пашулиа жив трапав се истепа со Лоренцин Рајт, и топката дојде до Гасол, кој фино лепо си ја положи и стана анлајкли хироу. Инаку солидна партија пружи Шејн Бејтие, со 22-8-5 учинок (милина бројки). Иначе, тек сеа поврзав дека у Мемфис играат двајца добитници на титулата „Руки на годината“ (Гасоламабад и Мајк Милер).
У Милвоки пак, се случи исто така шашмарско решавање на утакмица. Во самиот финиш - +1 за Индијана и две слободни за Фреди Џонс. Првото го дава, второто го утиња, ја фаќаат Бакс, стасува на половина до Морис Вилијамс, овој ја зима негде до 2-3 метра позади тројка, од таму без размислување пул-ап скок шут, и без коски.. Индијана занемеа, пошто водеа цела утакмица.. иначе, уште една супер партија на Ти Џеј Форд и другарите, а Рон Артест „у затворот“ стварно дигал тегови и ништо друго не праел :)
Трејси Мекгреди пак, се врати порано од очекуваното и тоа одма резултираше со победа на НАСА и тоа на гости кај Нетс. Иако почна со 1 од 9 против тимот на брачед му, Ти Мек се разбуди во второто четвртина, дае од тие неговите луди шутеви, и добпринесе за враќање на самодовербата кај рестото од бандата наречена Рокетс. Статистички, неверојатно – 35 поена, 10 скока, 4 асистенции. По ова за нив битно доживување, Хјустон ги враќам во трката за титулата.
Уште еден од моите пулени за оваа сезона синоќа рокна. Џилберт Аринас, кого при пуна разум и свет го кандидирав за најдобар стрелец сезонава, успешно им ја скрши кичмата на шампионите од Сан Антонио со 43 поена и 6 асистенции. Притоа, има едно 3-4 потези на топ 10 листата за вчера.. особено ми остави впечаток еден влез меѓу буквално цела петорка на Сан Антонио, и завршница ко Џордан. Некогашниот МИП може да стане МВП.
Вашингон тепаа со 15 разлика, разбира се.
Saturday, November 12, 2005
Monday, November 07, 2005
(пак дупи блогер со сликите, иначе ќе го ставев Крис Кејман како најголем фактор сезонава)
Како што неколку пати спомнав, Лигата стана синоним за калакурница. Рецимо, ако до крај се продужи како што почна би имале малце необичен исход..
У плејоф на Запад би влегле:
1. Клиперс
2. Њу Орлеанс / Оклахома
3. Јута
4. Лејкерс
5. Далас
6. Сан Антонио
7. Голден Стејт
8. Мемфис
На Исток:
1. Вашингтон
2. Милвоки
3. Њу Џерси
4. Детроит
5. Шарлот
6. Индијана
7. Чикаго
8. Бостон
За титулата МВП најсериозен кандидат би бил Коби со феноменален просек од 37 поена, скоро 7 скока и скоро 5 асистенции по натпревар и 49,4% од поле.
Руки на годината би бил Крис пол со 13,7 поена, 5,7 скока и 5 асистенции по натпревар.
Али рано е..
Sunday, November 06, 2005
Нема потреба да равам некои анализи како тоа ќе се одрази на Хјустон. Впрочем синоќа, Хјустон без него отиде јабана против Њу Орлеанс / Оклахома. А во привјуто баш нагласив дека првиов месец е клучен за сезоната на ракетите, пошто играат со сите до еден конкуренти за титулата. Следнава недела имаат првин средба со Орландо дома (Стив Френсис се враќа во НАСА), а после тоа ги чека една убава екскурзија до Мајами, Њу Џерси, Бостон, Минесота и Сан Антонио. После тоа ги пречекуваат Детроит дома и играат првин со Индијана а после и со Далас на гости. До враќањето на мекгреди ќе играат и со Феникс дома, и ќе имаат битно гостување во Мемфис.
Подобар тајминг за повреда на Трејси не можеше да се погоди. Толку од тимот што ќе изненади во борбата по титулата. Со овие порази што ќе ги нанижат првиов месец, нека се сликаат од првото место во дивизијата. Баксузи!
Ако ништо друго, ќе го гледаме во одело а не во пижамиве што ги носи на сликата.
Е сеа, на тој дамнешен блог, првата сторија ми беше за еден млад играч, софмор во НЦАА, огромен потенцијал, со многу неодредена судбина, заради разнишаната здравствена состојба и големата недоверба во тоа колку е способен да напредува.
Еден од највисоките бекови, еден од најсестраните крила, а ако сакате бапнете го и на петка, ќе се снајде. Летоска сите го „крунисуваа“ како промашена инвестиција или глупаво потрошен пик, за по фантастичната предсезона и сосема пристојното деби пред некој ден, да го сместат у првата руки петорка и да го стават како спавачи кандидат за Руки на годината.
Да, зборам за мојот фетиш играч – Чарли Вилануева.
После Родман – највпечатливиот по физикус. Ја има болештината што ја има и Колина – нема влакна на телото.
Инаку, има латино потекло и поседува Доминикански пасош (но, веќе има настапи за САД, па тој нема да му послужи многу). Потекнува од Бруклин, од најхардкор гетото на планетава, ама со сигурност не се работи за будучи Артест.
Чарли Ви е од новата генерација на играчи, во која би ги сместил талентите од Амаре и Јао па навака. Во средно школо дрмаше и кога збореа за неговата иднина го ставаа рамо до рамо со ЛеБрон. Во 2002 со Блер Академи стаса до второто место на државно ниво, доби неколку награди. Следната сезона беше супериориен на индивидуално ниво и ја круниса со одличен настап (17п 5 ск) на традиционалната утакмица на најдобрите под покровителство на Мек факинг Доналдс. Таа година влезе и во најдобрите младински тимови на САД според весниците (у конкуренција на играчи од средно и колеџ). Но, у меѓувреме имаше пар проблеми на колената што за 19 годишен играч е малце сумљиво. Па така, тој доброволно ја повлече својата пријава за драфтот 2003 за да не падне у втора рунда и евентуално остане без шанса.
Отиде у НЦАА, и тоа у правиот тим – Конектикат Хаскис, каде што го пречекаа легендарниот тренер Џим Калхун, и тимот на чело со Емека Окафор, Бен Гордон, Џош Бун и т.н. Чарли таа сезона играше од клупа, но солидно, и имаше битен удел во походот до националната титула.
Лани пак, по заминувањето на Емека и Биг Литл Бен во Лигата, тој остана да го води ЈуКонн, и имаа пристоен успех (националниот турнир).
Конечно, летоска, Чарли успеа да влезе во проекцијата на првите 15 на драфтот. На големо изненадување, Торонто го земаа уште со седмиот пик. Уште вечерта потегот беше исмејуван, а за Вилануева почнаа да се пишуваат статии од кои безусловно опаѓа самодовербата. Но, со само неколку настапи се` се заборави и работите почнаа да си доаѓаат под конец.
Кошаркарските квалитети на Чарли
Чарли Ви е висок 211 цм, има 109 кила и има прилично атлетска градба и располага со простојна скочност. После повредите на колената, неговата игра е лимитирана во предната линија. Сепак, исто како Одом или Гарнет, со топка се снаоѓа како бек (впрочем кариерата ја почна како комбо бек). Има изграден и прецизен скок – шут (од чиста позиција не промашува). Дометот му стасува и до колеџ-тројка, а во НБА веројатно ќе биде ограничен со линијата. Има солидна работа со нозете, а и играта без топка му е предност. Всушност, Чарли е еден од малкуте нови ѕвезди со кошаркарска интелигенција. Додавањата му се на ниво, и особено е битно тоа што знае да извади + знае од надвор да ја уфрли кон рекетот. Во игра 2 на 2 може да биде и блокер и да влече. Знае да игра 1 на 1 и со дриблинг, и центарски, со двете раце. Хорозите му функционираат исто така солидно. Единствено нешто што му фали во целокупната игра во нападот е убиствениот инстинкт и агилноста. Инаку, талентот му е чиста десетка. Само што е индиферентен па играта му се сведува на 5 упатени шутеви од кои 3 ќе погоди. Слободни пуца со некои 66% и ќе мора да повежба малце.
Вилануева е можеби подобар скокач од било што друго. И тоа што го прави квалитетен е скокот во напад. Едноставно, знае да се постави и добро темпира. Материјал за константен дабл-дабл.
Одбраната му е за нијанса потенка од нападот, меѓутоа скоковите тука му се компензација. Сепак, знае и да блокира, и да краде, и да сече пасови, а и тука го кине немањето убиствен инстинкт. Во центарска игра пред посилни не затреперува така лесно, ама мора да ојача за да се кошка со професионалците. Сепак, има брзи раце, и тоа мора да почне да го користи.
Од кошаркарска гледна точка Чарли ги има сите услови да порасне во еден од најдобрите кошаркари во Лигата и да остави трага, несомнено. Меѓтоа, лошиот збор што го следи е дека тој е малодушен, не ска да напредува и не се залага. В кусиот период кој е во Лигата, тој стави мускулна маса, влезе во подобра кондиција и дебитираше со учинок од 11 поени и 6 скока од клупата против Вашингтон. Велат дека е нов Ламар Одом, ама јас тврдам дека тој ќе биде синоним за ќослето што растура – Чарли Ви.
Friday, November 04, 2005
Wednesday, November 02, 2005
Tuesday, November 01, 2005
- Everyone is interested in Lebron’s future. - San Antonio is perhaps the best champ going after the back-to-back after Russell’s Celtics. - Ali G is TNT’s new analyst . - Phil Jackson is re-joining Kobe. Along came the Pip and Kareem. - Artest is waiting for the next fan to throw something at him. - Miami put the odds against them, now they must step up and prove I’m wrong. - Gasol now has a beard. - Divac goes in the books. - No Alan Houston, no Reggie Miller, no Steve Smith.. and who’s going to shoot the threes?. - Jaske and Macijauskas went pro. - I forgot about the rap masterpiece of the True Warrior Artest. Nigga fuckin’ ass biatch. - The dress code itself and Iverson wearing suits. - McMilan’s additional dress code on the court for Darius Miles and co. - Baron Davis is in a shape that man gets into once in a lifetime. T-Mac too. Surprising MVP race? - These Rockets remind me of Hakeem’s era. - Atlanta’s slam dunk squad will get the ‘play of the day’ title every single day. - 4 members of the Tar Heels that won the NCAA Tournament last season got picked in the first round. The fifth one entered the League undrafted. - The Hornets moved to Oklahoma. Any chances for recovery?! - The first pick is white un-American. - I want to check out the Indiana’s brand new uniforms as well as Sactown’s gold. - Mutombo and Willis are still running the show. - Jay Williams could return from that horror that he went through. - Julius Hodge and Tony Allen are accused on sexual assault. No chances for playing if you are sent in prison boys. - I am interested how long will Bob Weiss last on the Sonics’ bench. - RIP Jason Collier. But what will happen to Eddy Curry?! - THE DARK-O SIDE MUST GET INVOLVED!!!