Sunday, August 27, 2006

Вторите осминки (камбекот на Шепард)
Добар ден, добро-ве-најдов. Гледам, сте се забавувале, а застапени биле и теми кои мене ми будат особено голем интерес како да речеме двократниот МВП Стив Неш.. нејсе, ја за среќа фаќав МТВ, а богами и грчки телевизии, на кои ги даваа сите натпревари на Грците, и ваљда потклекнав на пропагандата, и сега сум нивен страствен навивач.. Исто така, додека Енко го интервјуираше Стак, ја се дружев со Кемп, но за тоа во друга прилика. Ајде сега за она што се дешаваше на „спортските борилишта ширум земјата на изгрејсонцето“... (иако сите натпревари се играа у иста сала) Германија – Нигерија

Дуелот во кој Швабите требаше да демонстрираат самодоверба, јачина и пред се`, психолошка надмоќ, се претвори во нивно распнување на клада, при што за малку ќе изгореа.

Нигерискиот состав покажа дека со нив нема лабаво; играта која ја прикажаа беше типична НБА игра од 1990-тите со примеси на колеџ моменти, особено у одбраната. Тоа и не чуди што добар дел од Нигеријците, своето искуство го носат од преко барата.

Што се тиче Швабите, Новицки почиња да не личи на херојот од Београд и плејофот 2006, туку на Новицки од гејм 3 па натака во финалето со Мајами. Но, и таков, дисторзиран, е стожер на све у германската тајфа (зашто тоа и не е екипа). Сепак, синоќа немаше ништо да биде ако не стегнеше зуби, некогаш најавуваниот како „европски Пипен“ – Адемола Окулаџа (чистокрвен Баварец, со нигериско потекло кој пие пиво и јаде вурстови), кој баш синоќа се разбуди, и постигна 19 поени, а со Новицки комбинираа за све што Германија постигна у 3 и 4 четвртина. Фаците ко Фемерлинг, Демирел, Грин, Шприцер и сл., уште еднаш покажаа дека не се за кошарка. У последни 3 минути Германија застана на 78 поени, Новицки се соочи со Нигер-Баба цврстина и тврдина (види фотос) арно ама Нигеријците не ја искористија шансата против препаднатите Германци и стасаа само до 77. Епилог: Германија ќе го јаде батакот од САД, Нигерија ќе биде хит на следно големо натпреварување.

САД – Австралија

Типично „отварање два прста“ како што некогаш тоа го правеа Дрим Тимовите, реминисценција на генерациите на двујцата ЕмЏејовци и генерацијата Шек – Кемп.. единствена битна работа, која што се потврди на оваа утакмица е дека Кармело е фактор.

Ангола – Франција

Не ја гледав првата четвртина кога Анголезите биле задржани на 6 поена, ама глеав второ полувреме кога Желабел и Жено и такви глупи фаци дозволија да им се деси le преврат, за малце.. ако на Нигерија им фали хемија и малце искуство, ондак на Ангола им фали искуство и малце хемија. Ќе ги биде.

Грција – Кина

На оваа утакмица ќе се задржам малце повеќе. Особено на Грција, мојот фаворит на првенствово.

Грција е учебнички пример за уиграност и тимска одговорност. Играат со иста стартна петорка подолго од било која друга репрезентација. Нивните први пет се постандардни дури и од казнената експедиција на Булси од 1996-1998. На клупата го имаат античкиот мудрец, кој околу себе обединува и техне и арете, Теодорос Калокагатија Папалукас, кој за потсетување е актуелен МВП на европскиот фајнал фор и човекот кој беше клучен фактор у детронизирањето на Макаби, а покрај него е и античкиот полубог , Егеецот Софоклис Схордијанидис, кој мене ми личи на Шек бутнат у конзерва од туна, компресиран и после тоа изваден и бапнат на терен. Јанакис, пак е пример за европски тренер кој што на 10 разлика вика „пресинг после даден кош“, и без исклучок, сите викаат „ендакси“ пошто ако не слушаат ќе ги каже на дебелите им мајки, кои дома има маста да им ја извадат - „малака парадисиму кефа пезуме григора сан оф а бич“.

Само на ова првенство, Јанакис успеа да ги врати Грците од 21-7 против напалените Катар до победа од 30 разлика; ги победи Литванците во продолжение; само он ги натера момците да гризат против Кенгурите за дефицитот од 5 на 30 секунди до крај да стане победа од три разлика; ги утепаа Турците во неверојатно напнат меч; за да успее од 12-2 и 23-11 против Кина да ги доведе до буквално кажано ДЕБАКЛ.

Она што го имаат Грците (а што го немаат Америте и затоа ќе испаднат), што беше премногу денеска за Јаоза и другарите е единствено желбата и жарот во играта, на раб на фанатизам. Јас до сега немам видено екипа која во осмина-финале, на плус 20 во последна четвртина, игра толку борбено. Така дојдоа до европскиот трон (и во кошарка и во фудбал), а јас се надевам дека ќе дојдат и до светскиот (дури и без Зисис, најперспективниот кошаркар од Европа), затоа што гинењето на теренот е правата суштина на спортот.

Ај да се приберам :)

Значи, Грците, го изедоа стапот во првата четвртина, за после тоа да им се спојат жичките, и да ги распорат Кинезите. Риспект заслужува и железната одбрана врз најдобриот срелец на Првенството, Јао, кој беше задржан на бедни 10 поена.

За Кинезите немам зборови. Политизиран спорт е тапа спорт.

И така..

35 Comments:

Blogger Karakash said...

Добро не најде...

На Дирк и не му дојде така лошо Нигер-Баба. Барем според фацата:)

Дојран и Кемп имаат големо влијание врз луѓето.
У ноември те праќам у Мичиген, да ни се вратиш како навивач на Детроит.

8/27/2006 07:54:00 pm  
Anonymous bunteski said...

велкм шек,

иначе да, следече коло германија попија триес разлика од америка, свака част на хелените а за африканците- ќе вииме. јаки се, спремни, ама уште не се за со аргентина, сад, шпанија, срб... :(

и така, велкм бек уше еднаш...

8/27/2006 10:23:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Ај добредојде и од мене....Те завеле Грците таму у Дојран....

Еве мала илустрација на тема: што можеме да очекуваме од Нигерија следнoто првенство

http://www.youtube.com/watch?v=C0krCz0jy2Q

8/27/2006 10:42:00 pm  
Blogger Karakash said...

И без да копи-пејстувам знаев дека е пут-бекот на Ибекве:)

Бунт, тоа срб... не ми е јасно на крајот:) Кој кого тепаше у прво коло?

8/27/2006 10:46:00 pm  
Blogger retry said...

I mene ne mi e jasno.

A shto se odnesuva do mrskokjata na Shep: Francija ekv Detroit. Dali nekoj od vas toa go uvide dosega?

8/28/2006 10:52:00 am  
Anonymous bunteski said...

Зе залетав бе пер.
Ама реално, да играа Пеџа, Дробњак, Томашевич, Јарич- можда ќе беа меѓу први пет. Трети рецимо, максимум. Против Леброн, Кармело и Двејн може евентоално да чистат паркетот. Да рипат со чогерите.

8/28/2006 11:57:00 am  
Blogger retry said...

Drobnjak inache nema da igra vekje za Srbija. Moguche e edino da igra za Crna Gora.
Tomashevich e potroshena roba. Idninata treba da ja gradat vrz Krstich i eventualno Radmanovich i Pavlovich. Stojakovich, Jarich, Rebracha i slichnite na niv vekje si imaat tituli vo dzheb taka da ne veruvam deka bi igrale so golem zhar i bi ginele za reprezentacija. U narednive 5-6 godini ako ne gi zemat gorenavedenite igrachi u reprezentacija ili ako ne napreduva nekoj od ovie shto nastapija na sveckovo, teshko deka kje ostavat podlaboka treaga vo evropskite i svetskite kosharkarski turniri.

8/28/2006 12:22:00 pm  
Blogger Dimitar said...

Da vi kazam da ne se zaletuvate... posto gleam na blogov se stvara epte SAD admosfera. Nemojte taka be batki! Ako tepaat nad 10 razlika so Germanija JAVNO SE ODREKUVAM od kosharka gledanje. Aj pa kje vidime koj e u pravo utre.
Pozdrav od Köln, Germanija

8/28/2006 02:37:00 pm  
Blogger Karakash said...

Dimitar, a kako toa JAVNO ke se odreknes? Ke te ima na RTL, Pro7, DSF ili...?:)

8/28/2006 02:47:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Абе ни пуштија НБА ТВ...Пет саата гледам ретро утакмици...

Денвер од '94 на памет го знам :)

Се потсетив на Роберт Пек....

8/29/2006 01:58:00 am  
Blogger Dimitar said...

Ok Karakash eve i blogot e eden vid Javen medium zar ne? Tuka kje se odrecam. Samo ne ja zaobikoluvaj poentata na komentarot. Poveli kazi dali kje tepaat amerite?

8/29/2006 10:17:00 am  
Blogger Karakash said...

Prijatele, ako toa ti bila poentata onda mislam deka nema potreba da ti davam komentar....
Aj onaka na tepka: +21 za Amerika.

8/29/2006 11:31:00 am  
Blogger Karakash said...

Flajt, gledas kako mi e mene zadnjive dve godini?:)

8/29/2006 11:33:00 am  
Blogger flight 75 said...

Ама Денвер изглеа омилен им е :)

Инаку, даваат ли барем директно утакмици за време на сезона?

8/29/2006 11:45:00 am  
Blogger retry said...

Shpancive ako igraat vaka, kje ja tepaat i Argentina. Jes da i Litvancite ne bea neshto posebno ama Shpancive so pola sili gi tepaa so 20+ razlika. Toa ne e mala rabota.

Dimitar, kje ponovam: Amerive imaat mnogu dobar raspored i mislam deka kje vlezat vo finale, kade kje gi cheka Argentina/Shpanija (za zhal ovie dve reprezentacii kje se istrebat predvreme). Sekako, ostavam 10% shansi da se sluchi neshto poinakvo.

8/29/2006 11:49:00 am  
Blogger flight 75 said...

За САД не зборам, а сигурен сум дека Шпанија ќе ја победи Аргентина.....

8/29/2006 11:53:00 am  
Blogger zare said...

Abe Flajt ,a kade toa vi pustija NBATV,potocno koja Kablovska?
Mnogu me interesira.

8/29/2006 12:13:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Телекабел

8/29/2006 12:17:00 pm  
Blogger zare said...

Fala mnogu Flajt
Toa znaci treba da praam smena na Kablovskite i toa sto pobrzo!!!
A taka i ke bide.

8/29/2006 12:23:00 pm  
Blogger Shepard said...

абе, мацијаускас на годишница од катрина многу потресен..

8/29/2006 12:34:00 pm  
Blogger retry said...

Shep, pa zatoa i ja kidna od Hornets :))

8/29/2006 01:05:00 pm  
Blogger retry said...

Najinovativen del od ova prvenstvo e japanskiot razglas: "Данкшааааааат" :)) Tek sega sfakjam kolku mnogu se uspeshni vo toj del americhkite.

8/29/2006 01:18:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Демирел ту Арслен фор д данк.... :)

8/29/2006 01:26:00 pm  
Blogger retry said...

Lele puzder !!!
Sega go smeniv mislenjeto, mozhebi kje go popapaat Shpancive.

8/29/2006 02:14:00 pm  
Anonymous bunteski said...

Финале: Аргентина- Америка

8/29/2006 02:32:00 pm  
Blogger Karakash said...

Flajt, sto mislis ti podocnjacive od spienje mi se?

Ako ti e turskiot NBA TV, onda sekoja vecer ima po edna utakmica u zivo. Mada si mislam deka ako e telekabel onda e NBA TV koj sega go stavija u paketot na Orbit. Po toa sto go vidov na net, programata im e identicna, prezemena od SAD. Toa znaci i basket sekoja vecer.

8/29/2006 02:37:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Да, од Орбит пакетот е...

8/29/2006 03:26:00 pm  
Blogger Dimitar said...

"21+ za Amerite"?! Ne da ne gledam kosharka ja zakopuvam mojata sportsko-gledacka kariera ako bide taka. Ama nema!
Inace impresivni pobedi na ARGENTINA i SPANIJA so vetuva odlicna megjusbna presmetka. Davam prednost na Argentincite ali nisto ne se znae.

8/29/2006 04:00:00 pm  
Anonymous chale_v said...

Флајт, да не кажеше немаше да приметам дека стајле НБА-ТВ. Глуп ајродрумец. :) Гуд ту ноу, енивеј. Само да не го рикнат додека да почне сезоната.

Кога почна Шпанија и кога влезе млаџи брат, само мене онака ми заличи или има нешто...???

Marc Gasol = Vangeli Ofcarot

8/29/2006 08:25:00 pm  
Blogger Karakash said...

И ја му го кажав истото пред некој ден.

Изгледа тата Офчар како помлад бил на службен пат у Шпанија:)

8/29/2006 08:27:00 pm  
Blogger retry said...

Da beeeee, a ja tupam glava na kogo mi licheshe ova Gasolcheto :))

8/29/2006 08:54:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Рикнаа више Чале....

8/29/2006 09:13:00 pm  
Anonymous chale_v said...

Стварно бееее. Грррррррррррррр... Требаше јас да се израдувам, за да го рикнат. И да избаксузирам. Тоа му е. Да се надеваме дека Спорт 4 солидно ќе не храни со НБА.

Да се јави Шеп за брат му Марк :)))

8/29/2006 09:19:00 pm  
Blogger Shepard said...

шепау има обврски кон репрезентацијата, не може да се јави :)

8/30/2006 12:34:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

хахахаха жими мајка личите:))))

8/30/2006 03:26:00 pm  

Post a Comment

<< Home