Thursday, April 20, 2006

East is East
60. НБА сезона заврши синоќа, а последниве неколку дена беа дрн-дрн јариња, со утакмици у кои главните тимови си ги одмараа ѕвездите, а оние кои требаа да си тепаат за подобро место у плеј-оф, си тепаа. И у таква атмосфера, Спарси стигнаа до рекордни во историјата 63 победи, Реј Ален стана игра~от со најмногу тројки во една НБА сезона, Коби стана играчот со седма најдобра поентерска сезона во историјата на лигата, а главна вест ипак е пензионирањето на Грег Остертаг. Пред нас, по ден-два одмор е она главното, делот за кој озбилните екипи играат цела сезона. Плеј-офот стартува у сабота вечер, а првата ТВ утакмица кај нас ќе биде у недела, и тоа на задоволство на сите фанови на Лејкерси (а, ги има) и на Феникс (ги има и нив), у девет вечер првата меѓу Санси и Кобиси. Ова е од сигурни извори. Еве краток преглед на мечапсите од 1.рунда: ДЕТРОИТ (1) - МИЛВОКИ (8) Се освен чисти 4-0 ќе бидат неуспех за Пистонси, на кои ќе им треба некој ден плус одмор за да се спремат за поважниот дел од разигрувањето на Истокот. Бакси им правеа малку проблеми на Пистонси оваа сезона, ама не гледам простор како би ги изненадиле и би победиле на повеќе од една утакмица. Тоа дека Ред ќе изигра, ќе изигра, ама не знам кој друг од Милвоки би можел да му помогне, посебно не во одбрана, каде тие се едни од послабите во лига. ПРОГНОЗА: 4-0 МАЈАМИ (2) - ЧИКАГО (7) Со оглед на тоа дека во плеј-офот играта е многу поспора од сезоната (освен ако не се викате Феникс), не гледам каква шанса би имале Булси против Мајами. Контрите им се единствен контра-удар против Шек, за кого немаат решение, посебно не со страшната дупка у рекетот. Плус, ако се одлучат да го удвојуваат Дизелот, тука е Двејн. Доста им е што уопште влегоа у плеј-офот. ПРОГНОЗА: 4-1 ЊУ ЏЕРСИ (3) - ИНДИЈАНА (6) Единствената шанса за Пејсерси да ја анулираат предноста на Нетси од домашен терен се Џермејн и играта во рекетот, пред се затоа што освен Крстиќ, Нетси немаат ни еден асален играч у рекет. Ипак, Кид-Џеферсон-Картер е трио за кое Индијана нема одговор во одбраната, посебно на плеј, каде нестабилниот Тинсли го остави сам некогашната измена за Кид, Ентони Џонсон. Њу Џерси е една од оние екипи кои кога ја играат својата кошарка можат да победат секого, а Пацерите нешто ни не ме убедија сезонава дека можат да одиграат добро цела една серија со озбилна екипа. Сепак, може да биде тесно. ПРОГНОЗА: 4-3, а можда и 4-2 КЛИВЛЕНД (4) - ВАШИНГТОН (5) Мора да има некоја причина поради која Визардси така страшно посакуваа да играат против Кавси во 1.рунда. Аринас енд ко. лани добро покажаа дека не им смета да бидат со меч помалку дома, кога со седма у сред Чикаго ги избација Булси. На дригата страна, Лебронси за прв пат се у плеј-офот по 1998 год., така да плеј-оф искуството секако е на страната на Визардси. Леброн ќе мора да добие помош од Зззз и Хјуз, кој ќе игра против своите. Ипак, главната ѕвезда е Леброн, кој верујем дека спрема нешто спешл за својот прв плеј-оф евр. Ви текиња на Мајкл 1986? Само да не изгубат како Булси таа година. Ако има место за изненаџење, тоа е тука. ПРОГНОЗА: 3-3 до седмата, која ќе биде вуна. Утре следи Западот.

13 Comments:

Anonymous Bojan said...

Na istok sansi da pomine u vtora runda od ekipite bez prednost na domasen teren ima samo washington i toa ke bide najdolgata serija od site u prva runda(na istok)... a koj i da pomine mislam deka vo 2ra runda mu e krajot... detroit ne bi trebalo da izgubat ni doma ni u gosti, osven eventualno pri 2-0 ili 3-0 Flip ne prouva nekoi eksperimenti... spored toa Pistonsi ke bidat najodmorni za ponataka... Miami so Chicago prognoziram 4-2... promenlivi se zeskite ovaa sezona i toa im najgolemiot minus... i kako sto kazav vo prethodniot post, najinteresno i gusto ke bide megju netsi i indijana, no ipak tesko deka ke uspeat da im zemat poise od 2 na spored mene mozebi timot so najdobri "startni 4ri"... Ako Kidd igra okolu tripl dabl, karter 20+, jeferson 20+ i srbo so 20/10 i visok procent na realizacija, prognoziram deka netsi ke igraat u finale na istok...
A za zapad... valjda utre

4/20/2006 11:42:00 pm  
Anonymous bodan said...

Постов е пуста(на мое жалење)реалност!Индијана може да има лек само за двајца од четворката на Нетс,плус србинов ако изигра ко у ланскиот плејоф....Едина шанса на “мојве“ е у, како што кажа и самиот, дупката у рекет и Џим Кери кој мислим дека мора конечно да најде каков таков идентитет на екипата(ако уопште топраа може),пошто ако чека на Тинсли кујзнае и 4-2 дан е многу? Детроит доби противник за мерак,додека Мајами ипак мислим дека ќе се помучи(4-2).Кливлен иде у второ коло највише поради враќањето на Хјуз и неговата добра одбрана.

4/21/2006 12:36:00 am  
Anonymous bodan said...

Zabraev,kade e mislenjeto na shep?

4/21/2006 12:38:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Sitna ispravka, Washington gi tepase lani Chicago vo 6 utakmici (4:2), petata ja tepaa vo Chicago so sutot na Arenas, a sestata si ja tepaa doma, koga Duhon se zbrlavi vo posledniot napad i topkata mu izbega pri pas od aut na Hinrich.

4/21/2006 08:07:00 am  
Blogger retry said...

Koj srbin da izigra ko u lanskiot playoff? Se pogodija dvajca. :))

Inache proshliov vikend imav prilika da se zatecham u Beograd za vreme na utakmica Minnesota - Indiana. Toa srbite pravat nastan na godinata od taa utakmica, "Derbi Jarich vs. Stojakovich". Ali narodot shto gledashe samo gi psueshe, mislam deka oni si ja gledaa utakmicata onaka neprivrzano kon nivnite "natives" shto mi padna mnogu chudno i pokraj naporite na srpskite mediumi da si gi popularizira i da gi pokazhe u drugo svetlo srpskite NBA igrachi.

Chicago vodeshe so 0-2 i na kraj izgubi lani od Wizards. Toa beshe najcomeback. Isto i Dallas so Houston od 0-2 na kraj 4-3 za Mavs.

4/21/2006 09:28:00 am  
Blogger retry said...

Inache shto se odnesuva do samiot ovogodishen playoff se mi mirisa na nekoe iznenaduvanje... Izgleda kje go krkaat Cavs.

4/21/2006 09:40:00 am  
Blogger kole said...

bas me interesira so ke napisete za prognoza za lakers :))

4/21/2006 01:20:00 pm  
Blogger Shepard said...

леброн ќе испадне..

детроит ќе заглави со милвоки..

пацерите ќе изгубат 4-0..

4/21/2006 01:34:00 pm  
Anonymous Bojan said...

Za Detroit od tvoja usta u bozji ushi... a za Cavsi berem 2ra runda, za sefte na LeBron...

4/21/2006 02:49:00 pm  
Blogger Teko said...

Chicago може да изненади. Мајами игра со осцилации, но ако им тргне на Бен, Кирк и компанија со тројки, незнам колку Мајами ќе можат да ги запрат.

Нетси се фаворити имаат добар и компактен тим, едно нешто шо може да ги зезне е повреда на некои од стартерите. Кид игра слабо во последно време.

Милвоки, нема шанси против Детроит.

Леброн е пеколен играл, но една ластовичка не ја прави пролетта. Се согласувам дека оваа ќе биде нај "закачена".

4/21/2006 04:39:00 pm  
Blogger ivana said...

Bidejki Siksers ne vlegoa u plej-of, ja sum za New Jersey ama Kid nekako slabo igra u posledno vreme,pa vreme e da se razbudi. I ocekuvam Jeferson i Carter da ne kiksnat...

4/21/2006 05:44:00 pm  
Blogger Latifovich said...

Da ne imas nesto protiv bullsi, a ? posto denes u sport citam nisto ne si spomnal za niv a koga ke ispadnat majami ke vidis, a i rekov deka bulssi ke bidat 7 uste pred nedela dena i taka bese.

4/22/2006 07:02:00 pm  
Blogger Karakash said...

Не бе Латиф, немам.
Професијата не ми дозволува да имам ништо против било кого.

4/22/2006 10:08:00 pm  

Post a Comment

<< Home