Tuesday, October 04, 2005

Preview: BOSTON CELTICS
Вчера со традиционалниот Медиа Деј се отворија 30. тренинг кампови низ лигата. Нивниот старт го одбележаа средбите на играчите со медумите, од каде имаме едно чудо слики. Но, за да не ја рушиме концепцијата на НБА најавите, дел од тие слики ќе ги ставаме у привјуата. Еве како денес со Пол Пирс. Освен тоа, синоќа дојде до трејд на Еди Кари во Њујорк, но за тоа ќе оставам да пишува другар ми кој ќе прави најава за Никси, која би требала да оди утре. Летен распуст: Летово не беше нешто особено интересно во Бостон. Најдобриот дел за нив беше завршен уште на крајот на јуни, кога на драфтот како 18.пик успеаа да го грабнат средношколецот Џералд Грин, на кој скоро сите му предвидуваа избор меѓу првите 10. Којзнае, можеби никој не сакаше да ризикува на играч со девет и пол прсти. Покрај Грин, кој е иднината на клубот, Бостон го напушти играчот кој пред девет години јаи маше улогата на Џералд, улога која никогаш не исполни до крај. По краткиот камбек меѓу зелените, Ентоан Вокер пак ги напушти, овојпат селејќи се кај Шек во Мајами како дел од најголемиот трејд во историјата на НБА во кој учествуваа 13 играчи. По патот на Вокер тргна и Пејтон, кој исто така Селтикси ги замени со Хит. Меѓу работите кои го обележаа ова лето во Бостон е и постојаната гласина која се вртеше низ НБА дека Дени Ејнџ е спремен да го трампа Пол Пирс, и дека најблиску до него се Денвер и Мемфис. Пол си е уште у Бостон, каде и ќе остане барем уште една сезона. Староседелци: Пол Пирс, Реф Лафренц, Ал Џеферсон, Тони Ален, Маркус Бенкс, Марк Блонт, Делонте Вест, Рики Дејвид, Кендрик Перкинс, Џастин Рид Новајлији: Ден Дикау (Њу Орлеанс), Рајан Гомес, Џералд Грин и Ориен Грин (драфт), Брајан Скалабрини (Њу Џерси), Квинтел Вудс (Мајами), Куртис Борчард и Раул Лопез (Јута) Заминава: Ентоан Вокер, Гери Пејтон, Раул Лопез Најважно засилување: Лесно е таа титула да му се даде на Џералд Грин кога најзвучни нови имиња во Бостон летово беа Дикау и Скалабрини. Тачно дека белците Ден и Брајан одлично се вклопуваат во сликата која сите ја имаат за “келтите’, но ова не е 1986 и времето на Лери и Кевин одамна помина. Грин голем број скаути го споредуваат со Трејси Мекгрејди, споредба која тој ја потврди со игрите во Летната лига во Лас Вегас. Тренер: Док Риверс влегува во својата втора цела сезона на кормилото на Селтикси. Лани покажа дека може да ги спои искуството и младоста на своите играчи и да ги однесе до плеј-офот (што сепак беШе последица на слабиот Исток, а не на јаките Селтикси). Оваа година тоа искуство ќе биде само во ликот на Пирс, кој ќе биде лидер на еден од најмладите тимови во лигата. Играч од кој најмногу ќе зависи успехот сезонава: Најлогичен одговор тука е Пирс, но Пол како и да е ќе си стигне до својот просек од 23-4,6,4. Проблемот е кој друг ќе се најде да му помогне во носењето на Селтикси. Опија се Рики Дејвис и Ал Џеферсон, за Рики е крајно време да степ ап и покаже дека има у него нешто повише од повремените блесоци и понекое лудо куцање. Што се однесува до Ал, момакот има само 20 год. и потенцијал долги години да владее со рекетот на Селтикси, дали тоа владеење ќе започне оваа сезона, ќе видиме. Но, од тоа во голема мерка ќе зависи и успехот на Бостон. Епилог: Ако прошливе две сезони најтрофејниот НБА клуб се протнуваше во плеј-офот поради слабата конкуренција на Истокот, оваа година тоа не би требало да биде случај. Пред се зашто конкуренцијата стана нешто посилна. Тоа не значи дека Селтиски уште сега треба да се збогуваат со разигрувањето, но сосема е јасно дека и да успеат пак да се протнат, не им гинат чисти 4-0 у прво коло. Барем имаат едно чудо млади играчи, кои со уште некое засилување, за некоја година би можеле да ги вратат на старите патеки.

4 Comments:

Blogger Beto said...

Boston ovaa sezona ke bidat bolji od lani za 25 %.Zasto?
Zatoa sto Den Dickau e zver , koj uste ke napreduva.Ako nisto Antoine si otide , so toa si ide i sebicnosta od Boston , a i Payton otide zaedno so Walker po titula koja nema da ja osvojat.
Den Dickau i Gerald Green ke se 'rvat za mesto u prvi 5-ke vidite deka Dickau e mnogu poveke od sto mislite.Lani koga Baron Davis i Jamal Meglor bea povredeni u NO , Dickau i J.R. Smith bea prvi igraci u NO(sega Oklahoma)Se sekavam ednas koga igraa NO i Phily , Dickau mu dade cisti 20 poena na Green.Dickau e zver

10/04/2005 02:46:00 pm  
Blogger Beto said...

SAkam da go pravam prewiev-to za NJ Nets.Kazete mi dali moze i ako moze kako na kirilica?A da i koga da bide gotovo/

10/04/2005 02:48:00 pm  
Blogger Karakash said...

Auuu, Dikau zver, i toa da vidis. U NO naceka selo bez kucinja, pa sakal-nejkel, morase da izigra nekoja utakmica. Ne deka e los, no ne i deka e zver. Tacno, ke se bori za prvi pet, no da se ocekue nesto vise od nego, ne.
Kako na kirilica - вака.
Се зезам, прати го ти у следниве недела дена кај мене на мeил, имаш подоле, па јас ќе го средам на кирилица. Форматот како треба да изгледа го имаш, само глеј да го бива.
Ај фати се за работа, и покрај навијачки, глеј да биде и објективно.

10/04/2005 02:53:00 pm  
Blogger Beto said...

ok . ok . ok.
Abe ke go pratam jas na latinica ama ipak kazi mi kako na kirilica , za da mozam da pisuam na kirilica.
Ke bide i objektivno i navijacki(mora).
A Den DIckau ... ke viis koa ke pocne sezona

10/04/2005 03:18:00 pm  

Post a Comment

<< Home