Tuesday, October 18, 2005

Preview: MINNESOTA TIMBERWOLVES
Летен распуст: Минатосезонскиот неуспех остави горчлив вкус во устите на сите фанови на Минесота, кои по финалето на Западот против Лејкерси 2004 год. се испонадеваа дека сега е моментот Гарнет и дружината да стигнат до големото Финале. Не само што тоа не се случи, туку Вулфси не успеаа ниту да се пласираат во плеј-офот, што значеше дека Кевин Мекхејл летово ќе има полни раце работа. Први кои мораа да го напуштат градот беа Кесел и Спривел, кои ако една година порано беа клучот за успехот на тимот, лани беа огромен проблем, пред се Спри, кој откако ја одби убавата понуда цела сезона се фолираше и глумеше лудило. Така, Сем беше трампан во Клиперси, од каде го добија Јариќ, а Спри шутнат. Втор потег на Мекјхејл беШе наоѓањето на тренер кој би го заменил на клупата на која седан принудно по отказот на Флип Сандерс. Изборот падна на помошникот во Сиетл, Двејн Кејси. На драфтот го избраа МекКентс, кој располага со потенцијал, но е проблематичен карактер, а единствени други нови имиња во тимот се Фрам и Скита. За тим кој планираше реконструкција, Вулфси и не направија некој посебен ремонт, ги тргнаа проблематичните делови, но не ангажираа играч кој би го намалил теретот на грбот на Гарнет. И понатаму ќе се смрзнуваат: Кевин Гарнет, Мајкл Оловоканди, Воли шчербијак, Еди Грифин, Марк Медсен, Трој Хадсон, Ентони Картер, Трентон Хесел Тазе смрзнати: Марко Јариќи Лајонел Чалмерс (Клиперс), Ричи Фрам(Портланд), Двејн Џонс(), Рашард МекКентс и Брајси Рајт(драфт), Николоз Скитишвили(Голден Стејт) Отидоа во потопли краишта: Сем Кесел (Клиперс), Ирвин Џонсон(Милвоки), Фред Хојберг (операција на срцето), Латрел Спривел (никаде-каде му е и местото) Најважно засилување: Па, од оскудната понуда мора да се избере Марко Јариќ, кој би требал да влета на местото на Е.Т. и да ја има улогата на разигрувач на Гарнет, Воли и комп. Ако се суди според неговата игра на ЕП, Минесота ќе си има проблеми со Марко, но епизодата во СЦГ веројатно нема да се одрази врз синот на Среѓко Јариѓ, кој би требал да има некои 12-13 поенчиња, 5-6 асиста и понекој скок во просек. За почеток доволно. Но, само за почеток, зошто од играчот кој треба да го замени Сем сите во Минесота ќе очекуваат поголеми партии, нешто што не знам дали Марко може да им го даде. Тренер: Ангажманот на Двејн Кејси беше паметен потег на Мекхејл. Кејси низ лигата е познат како тип сличен на Нејт МекМилан, а баш Двејн беше прва опција за наследник на Нејт во Сиетл. Тој ги избра Вулфси, а Соникси заглавија со Вајс. Уште во првата сезона ќе се очекуваат големи нешта од Кејси, а најважно ќе биде враќањето во разигрувањето. Минесота е позната како добро место за тренери, Флип таму ја помина цела кариера, но Мекхејл вети дека нема да има толку трпение доколку работите не тргнат како што тој очекува. Икс-фактор сезонава: Нормално дека се во Минеаполис се врти околу Гарнет, но тој ќе мора да јаи ма помошта, пред се на Воли шчрбоијјоијака;дхиу доколку стварно сака да се врати таму каде што беше пред година дена. Воли годинава ќе ја има слободата да биде 2.опција во нападот, да шутира кога ќе посака со што ќе треба да му го отвара рекетот на Кеј-Џи. Повредите секогаш се спомнуваат заедно со името на Воли, па така е и сега. Ако остане здрав (што е големо АКО), Вулфси ќе имаат шанси за солидна сезона и пласман на плеј-оф опашот на Западот. Епилог: Работите малку се сменија летово во Минеаполис, но само малку. Гледајќи го нивниот состав се добива впечаток дека тешко ќе се вратат во плеј-офот. И стварно е така, со играчи како Оловоканди, Јариќ, Хадсон, Грифин и Воли како први помошници на феноменалниот Гарнет борбата за место во разигрувањето ќе им биде неизвесна до самиот крај. Мислам дека Мекхејл мораше да направи некој похрабар потег, но факт е дека немаше што да понуди за некој екстра играч. Ако и оваа сезона го утнат плеј-офот, мислам дека ќе биде време да се размислува и за незамисливото – да се трампа Гарнет.

3 Comments:

Blogger Beto said...

Da receme deka Garnett i Duncan se tuka-tuka,duri i Garnett e bolje.Ali koa ke gi vidish timovite bez niv Sparsi se 70% bolje.Od ostatokot na Min. go postuem samo poljakot,ali i on znae da zaebe.Spri sto go sutnaa napravija super poteg,ali ne smeeja Cassel da go ravnjaat so Jaric.I bez razlika na toa deka razlika se skoro ili cela decenija,Cassel bil,e i ke bide klasa nad Jaric.Toj Jaric nikad ne mi bil omilen.Nema da zaboravam lani,igraa Clipers so nikoi , irezultat 2 za drugite i Danlivi vidlivo mesti akcija za Brand da izednaci,srbinov ja zima topkata,puca za 3 i mava u tabla.(misli Redzi Miler e...)E kaj nego problemot ne e u igrata,tuku vo glavata...

10/18/2005 10:00:00 pm  
Blogger Shepard said...

ne be, minесота се шупаци.. бар да го трампаат гарнет, може нова концепција, нова екипа, поише ќе им се исплати.. ја не знам како можеа до ова дереџе да дојдат..

10/18/2005 11:08:00 pm  
Blogger Beto said...

Da...u pravo si.100% mislam kako tebe

10/19/2005 08:59:00 am  

Post a Comment

<< Home