Monday, October 03, 2005

Preview: CHARLOTTE BOBCATS
У пауза помеѓу најавата на моите Hawksi и Lakersi на Shepard, еве го привјуто на НБА тинејџерот, Шарлот Бобкетс. Летен распуст: Второто лето во клупската историја на Бобкетси беше доста тивко. Освен потпишувањето на играчите кои ги избраа со 5. и 13.пик (Фелтон и Меј) и задржувањето на скоро секој поважен играч од лани, ништо посебно не се дешаваше во Шарлот. Стари фаци: Емека Окафор, Примож Брезец, Бревин Најт, Џералд Волас, Кит Боганс, Бернард Робинсон, Карим Раш, Мет Керол, Мелвин Илај Нови фаци: Рејмонд Фелтон, Шон Меј, Алан Андерсон, Рајан Бурлсон и Антонио Микинг (драфт), Џејк Воскул Шутнати: Џејсон Харт, Малик Ален, Џамал Семпсон, Тамар Слеј, Џејсон Капоно (ако не ја изедначат понудата од Мајами), Стив Смит Најважно засилување: Бобкетси не доведоа ниту едно звучно име, така да како најбитно ново име би можел да се издвои рукито Рејмонд Фелтон, кој заедно со Најт ќе ја покрива плејмејкерската позиција. Фелтон лани беше прв плеј на NCАА шампионот North Carolina, а главен квалитет му е брзината и прегледноста на теренот. Ништо чудно кон крајот на сезоната и да го исфрли Бревин од првите пет. Тренер: Нема многу нешто да се каже за Берни Бикерстаф, кој освен тренер е и генерален менаџер на тимот. Во новиот НБА клуб никој не очекува плеј-оф пласман од него, така да нема никаков притисок. Сега засега добро си ја врши работата, посебно како GM, незаглавувајќи го селари-капот на Бобкетси со дебели договори на ислужени НБА коњи. Играч од кој најмногу ќе зависи успехот сезонава: Емека. Ланскиот 2.пик и руки на сезоната останува душата на тимот и од неговиот напредок зависи и напредокот на целата екипа. Епилог: Втората НБА сезона за "рисовите" не би требала да биде многу поразлична од нивната премиерна. Како и лани, тие ќе изненадат по некој од големите, но како што ќе одминува сезоната ќе паѓаат во форма. Пласманот во плеј-оф за нив се уште е сајнс фикшн, но тоа ни не го очекува никој од нив, барем не уште некои три - четири години.

3 Comments:

Blogger zare said...

Sto da komentiram se si pisuva ubavo vo tekstot..Ke bidat edni od najlosite..

10/03/2005 06:36:00 pm  
Blogger Karakash said...

Е, си пишува, пффффффф:))

10/03/2005 08:34:00 pm  
Blogger Beto said...

Shawn May rulez.Zver e tipot(samo da ne preteruva so jadenje pa da stane ko Robert Traylor svinjacot sto nigde go nejkat radi debelite obrazi)

10/04/2005 01:18:00 pm  

Post a Comment

<< Home