Планинци: Кармело, Бојкинс, Кемби, Кенион Мартин, Андре Милер, Франциско Елсон, Вошон Ленард, Нене, Едуардо Нахера, Грег Бакнер, Весли Персон, Брајон Расел, Марк Поуп, Дермар Џонсон
Планинари: Џулиус Хоџ (20. пик), Линас Кеиза (27.), Рики Санчез (35.), Алекс Хервел (52.), Ерл Вотсон
Шумар: Луис Флорес
Ако може да се каже – засилувања: Џулиус Хоџ, како што спомнав, во НЦАА беше пример за олараунд играч, кој прави буквално све во екипата. Ќе биде енерџајзер, ама мора да се навикне на клупосување и помала минутажа, бидејќи на 1, 2 и 3 (сегде може да игра) е „пребукирано“ од Ленард, Бакнер, Мело, Бојкинс, Милер, Персон, Вотсон.. овој последниов пак, е супер компонента за оваа екипа, бидејќи носи малце одбрамбен дух во предната линија.
Сепак, ниеден од двајцата не е типично „засилување“, затоа што нема да направат некоја видна разлика, а накрај краева, целата екипа од лани ќе игра и оваа сезона.
Тренер: е на оваа точка ќе мора да се стави знак ѕвездичка - затоа што е најбитна.
Џорџ Карл, лани покажа дека е еден од најмоќните мозоци во историјата на Лигата. Успеа од тим со скор од 21-27 да стигне до скор од 49-33 и луѓето почнаа да го вбројуваат во кандидатите за титулата! Да појаснам – со тим кој се наоѓаше во агонија и со скршена самодоверба, Карл успеа да дојде до 28-6. Успеа да го врати Кармело во живот, кој после некои лично проблеми играше тоталка бездушно. Успеа да го уклопи Кенион Мартин во екипата, кој се мукаше повеќе од пола сезона. Успеа со некои претумбации да создаде екипа пред која у прво кола се сопна и Сан Антонио. Океј, после тоа им ги скршија кичмите, ама ќе се запамтат изјавите дека Спарси може да летаат во прво коло (и ја сумљав у такво нешто). Едноставно, се` што беше лани успех на Нагетси, е 100% заслуга на Џорџ Карл. Човекот е генијалец!
Затоа, оваа сезона – мора да направи „биг ап“, да застане цврсто на нозе, и да продолжи кај што застана пред една сезона. Мора малце поагресивно да настапи, да оправда се` што е вложено во него, и да не стане уште еден од плејадата „Картер“ фаци. Сакал или не, успехот на Нагетси зависи од него – преголема е довербата на фановите и соиграчите и не смее да ја изневери (пак). И да го цитирам Спајдермен: со голема моќ доаѓа и голема одговорност.
Епилог: па ако под команда на Карл играат како после Олстарот лани, тогаш тешко дека некој ќе им смета на Нагетси оваа сезона до плејофот. Имаат дебела клупа, играчи што се желни за игра, и може да компензираат по некоја повреда. Доколку Кармело биде оној стариот, тогаш ќе бидат уште помоќни. Единствена опасност е само да не дојде до сукоб на ега, бидејќи е познато дека Џорџ Карл го следат такви ситуации.
Денвер и оваа сезона ќе биде еден од тимовите што треба да се гледаат. И еден од тимовите што ќе „конкурираат“. Со повредата на Амари, и нив им следува едно местенце погоре на табелата на Запад, ама тоа и не е толку битно - со оглед на тоа што милион посто ќе бидат шампиони на Нортвест, нив им давам од прво до трето место на Запад, и минимум 55 победи. У плејоф – па редно е и они да пројдат у втора рунда! Всушност, ако во прво коло им се паднат Лејкерс, Мемфис, Јута, Клиперс или некој тим од таа класа, па влезат одморени во втора рунда.. тогаш и финале на Запад е реалност. Понатаму не се знае.
Што вика Каракаш: Се слагам со колега ми и дефинитивно ги ставам Денвер меѓу фаворитите на Западот, кои веројатно ќе ја освојат својата дивизија и така ќе си обезбедат најмалце 3.место у конференс.Е сеа, не би му придавал толкаво значење на Џулиус Хоџ, кој има проблеми со законот откако една цура го обвини за силување (дежа ву во Колорадо), ако и се извади без да лежи, онда тешко дека ќе има минути на двојка. Поголемо знажење ма Вотсон, кој лично за мене беше еден од најнелогичните потези летово. Лесно може да се деси Ерл да стане стартер, а Андре Милер да се пресели на двица, експеримент што не знам баш како би изгледал. Што се тиче Мело, мислам дека он ќе си биде ОК сезонава, а од голема важност ќе биде здравјето на Кемби, зашто негова алтернатива е шупакот Елсон. Одреден притисок ќе има и врз Карл, кој сеа го има тимот на цела сезона. Најслаба позиција им останува двојка, а офанзивно гледано можеби и послаба им е четворката, каде Мартин и Нене не се некои стрелци, освен на цепелини и коа се сами под кош. 3.место на Запад минимум, за повише ќе видиме, се зависи од рехабилитацијата на Амаре и играта на шампионот.
3 Comments:
Go gleav Lenard u preseason i izgleda sharp.Ako istrae,nuggetsi se fino pokrieni i na dvojka
Great work!
[url=http://ztdsphsj.com/qcla/ggif.html]My homepage[/url] | [url=http://gdorqdeq.com/uvnf/ffdi.html]Cool site[/url]
Great work!
http://ztdsphsj.com/qcla/ggif.html | http://exsmirwt.com/uusu/ibbw.html
Post a Comment
<< Home