Thursday, October 20, 2005

Preview: GOLDEN STATE WARRIORS
Лето 2005: Кога би се избирал тим кој направил најмалку потези во текот на летото, тогаш Вориорси се шампиони за изминатово лето. Драфтот кој се одржа на крајот на јуни беше последниот ден кога на својот список додадоа некое ново име. Со драфтувањето на Ајк Диогу, Монта Елис и Крис Тафт, нивниот GМ Крис Малин смета дека имаат одличен тим, што и не е толку далеку од вистината. Добро сеа, не се баш одлични, но се многу добри. Она на што се сконцентрираа летово неб еа нови имиња, туку задржување на младите таленти и враќање на Берон Дејвис на 100% ниво физичка спрема. Триото дебитанти секако дека ќе им биде од помош, пред се Диогу (малце подoле) и Монта, кој на недела дена пред драфтот беше проектиран како сигурен избор на 1.рунда, но изненадната аверзија на скаутите кон средношколците го отера во 2.рунда. Елис според многумина е одличен комбо бек, кој многу потсетува на Сем Кесел, и како таков би можел да послужи за одмарање на Берон и Фишер. Останаа во заливот: Берон Дејвис, Џејсон Ричардсон, Трој Марфи, Мајк Данливи џуниор, Адонал (лелеее!) Фојл, Чабаркапа, Дерек Фишер, Микаел Пјетруш, Андрес Биедринс Тазе укотвени: се од ред драфт избори – Ајк Диогу, Крис Тафт, Монта Елис, толку. Отпловија: Николоз Скиташвили, Родни Вајт Најбитно засилување: Ајк Диогу е баш тип на играч каков што им недостасуваше на Вориорси лани. Специјалитет на ѕвездата на Аризона Стејт универзитетот е играта во рекетот и пред се скокот, кој лани беше една од најслабите точки на тимот од Заливот, пред се дефанзивниот, поради кој примаа голем број поени од т.н. отпадоци. Диогу би требал да ја затвори таа дупка, но мал проблем е тоа што тој е “четворка”, позиција на која лани беше повеќе од добар Трој Марфи. Тренер: Лани, руки НБА сезоната на Мајк Монтгомери започна според предвидувањата дека тој Ќе биде уштее ден во низата успешни колеџ тренери кои тој успех не можеле да го преселат и во лигата. Но, по слабиот старт, со трампата за Берон, Монтгомери покажа дека со квалитетен плеј може да извади резултат од својата екипа. Легендата на Стенфорд унив. оваа година има посилен тим од лани уште на стартот од сезоната, а со тоа и очекувањата се многу поголеми. Лани Мајк покажа дека му е местото во НБА, оваа треба да покаже дека има за него место и во плеј-офот. Од него зависи успехот сезонава: Одма кода дојде во тимот во текот на ланската сезона, Берон направи разлика, и тоа голема. Воините почнаа да играат убава кошарка, да ги редат скалповите на појаките противници и на сите да им ставаат до знаење дека ако не минатата, тогаш оваа сезона сигурно ќе бидат еден од подобрите тимови. И се тоа заради Берон. Кога е здрав, тој е еден од најдобрите плејмејкери (море играчи) во лигата, со тело на квотербек, ретко кој противнички “кец” може да го задржи, има добар шут за три и одличен преглед на теренот. Она што може да го закочи и него и Вориорси е евентуална нова повреда (на кои е склон), што би значело пропаст за надежите на сите во Заливот. Позитивна вест е тоа дека Берон цело лето напорно работел да биде спремен да ги издржи физичките напори на сезоната, при што додал и уште некое килце мускули. Епилог: Титулата на sleeper сезонава е во рацете на Вориорси, кои скоро секој НБА аналитичар смета дека ќе бидат едно од најпријатните изненадувања и дека ќе се борат за последните плеј-оф места на Западот. Но, иако тоа држи, патот назад до разигрувањето, каде тимот од Оукленд не бил уште од 1994 год., ќе биде многу тежок, а на него тие ќе мораат да се справат со неколку други тима кои ја имаат истата цел, пред се Минесота, Лејкерси и Клиперси. Гледано чисто според потенцијалот, на Вориорси им е местото таму, бековската двојка Дејвис-Ричрадсон е една од најдобрите во лигата, а помош имаат и во Данливи, Фишер, Пјетруш и Марфи. Она што ќе мора да се смени во однос на лани е играта во одбрана, посебно како горе што споменав – скокот во одбрана, во кој беа очајни, а кој би требал малку да се поправи со Диогу. Со подобар дефанзивен скок, Берон и Џеј-Рич ќе имаат повеќе процтор за контри и атрактивни цепелинчиња, виндмили итд. Обично има некој баксуз со тоа кога некој тим пред почетокот на сезоната ќе го прогласат за “спијач”, така беше лани со Јута, која не дигна глава од повреди и оствари само 26 победи. Мислам дека ако нема повреди, Вориорси се способни до самиот крај да бидат во игра за некое од последните места на Западот, но за да го остварат сонот долг 11-12 години ќе им треба и малку среќа.

7 Comments:

Blogger beto # 6 said...

Ej imate nesho protiv ako na mojot blog (za FC LIVERPOOL sea se prai) u sidebar kaj linkovi stoi NBA MACEDONIA???
Aj ke mi bide cest da mi bidete u sidebar:)
www.fcliverpoolzone.blogspot.com

10/20/2005 11:51:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Inace ja sum Beto samo Cisse mi e display name za drugiot user

10/21/2005 10:02:00 am  
Blogger Shepard said...

бето, океј :)

енко: а крис тафт? абе типот ако се накани да игра, ќе вииш кој ќе биде руки на годината.. лани го проектираа како прв пик за оваа година, ама наводно бил „црња“ и види кај падна.. ама ја иам поверење, пошто кога игра, типот ИГРА

10/21/2005 11:31:00 am  
Blogger Karakash said...

Могуче, могуче...мислам, дека ќе биде ок играч, никако руки на годината. Ја за него имам чуено уште пред две-три години, но у задњиве година дена типот изгуби многу кредит кај сите, најмногу поради никаквиот карактер.

10/21/2005 12:41:00 pm  
Blogger zare said...

Dobri ke bidat ovie Warriors nema sto,,uste lanskata sezona (vtor del na sezonata )pokazaa deka stvarno moze da bidat dobri ..Uste pojak centar da imaa...
Glejte vecerva vo 1,30 na NBA+ Nets-Sixers...

10/21/2005 06:03:00 pm  
Blogger Shepard said...

lele na другар ми мамата му ја ебав со берон дејвис на пс2, 37 поена у 5 мин. четвртина.. сеа иде рецензија за нба лајв, боља игра неам играно..

10/22/2005 01:30:00 am  
Blogger Beto said...

Ej , abe za Washington moze da se potrudam da napraam preview ali timot ne go znam bash najbolje pa kako ke recete..vi stojam na raspolaganje

10/22/2005 02:41:00 pm  

Post a Comment

<< Home