Sunday, October 16, 2005

Preview: MILWAUKEE BUCKS
Летен распуст: Милвоки минатово лето беше еден од тимовите чие име најчесто се појавуваше низ медиумите. Прво тоа беше драфтот каде како 1. пик тие го избраа Австралијанецот со хрватско потекло Ендрју (Андрија) Богут, потоа беше задржувањето на првата ѕвезда Мајкл Ред кој беше на чекор до премин во Кливленд, потег кој ги чинеше Бакси цели 90 мил. долари. Но, нивниот ген. менаџер Лери Херис не застана на тоа и од Клиперси го собра ланскиот “Играч со најголем напредок” Боби Симонс за 47 милиони. Покрај бурното лето на пазарот, сите очи во Милвоки беа вперени во нивниот плеј Ти-Џеј Форд, кој по солидниот старт на руки сезоната имаше незгоден пад на дуелот со Минесота по кој скрси некој прслен во вратот, повреда која за малку ќе му ја уништеше кариерата. Но, по напорна работа, Ти-Џеј успеа да се врати и ништо чудно пак да биде стартен плеј. Клубот го напуштија играчи кои и онака не играа некоја битна улога, освен можеби Заза, на чие место и влетува Богут. Староседелци: Мајкл Ред, Дезмонд Мејсон, Ти-Џеј Форд, Џо Смит, Морис Вилијамс, Ден Гаџурич, Тони Кукоч Нови фаци: Андрија Богут, Боби Симонс, Ирвин “не-Меџик” Џонсон, Чарли Бел, Андре Берет, Брендон Хантер, Томи Смит Заминаа: Калвин Бут, Заза Пашулиа, Маркус Фајзер Играч од кој зависи сезонава: Па, најлесно е да се каже Мајкл Ред, но Ол-Старот нема да има проблеми со докажувањето дека ги вреди парите кои ќе ги зема од следната сезона (иако мислам дека тоа е ипак премногу за него, ама…). Успехот на Бакси годинава повеќе ќе зависи од играта на две позиции: плеј и центар. На “кец” тие го имаат Форд плус Морис Вилијамс, кој лани покажа дека има место за него во НБА, момакот не е за стартер, но е одлична резерва. Тоа не враќа на Ти-Џеј, од чиј камбек ќе зависат многу работи во Милвоки. Ако заигра како пред да се повреди (6.5 асист. у просек), тогаш им претстојат убави денови на Бакси, но ако не…тогаш се паѓа во вода. Центарската позиција е еднакво толку битна, а Богут за место ќе мора да се бори со Холанѓанецот Гаџурич, кој лани имаше неколку ала Бен Волас партии, но не доволно за да го затвори рекетот, кој им беше како Швицарско сирење. Тренер: Немам што да кажам за Тери Стотс. Се што мислам за него го напишав во еден претходен пост, кога Бакси и го ангажираа за прв тренер. Се уште не ми е јасно зашто го отпуштија Тери Портер, зашто Стотс не е ни пола Портер. Ме чуди и како можеа развојот на вака млад и талентиран тим дам у го препуштат на тип како Стотс. Најважна нова фаца: Богут, затоа што како што спомнав погоре, од него и Ден ќе зависи дали и оваа сезона рекетот на Бакси ќе биде корзо за противничките играчи. Според потенцијалот со кој располага, Андрија уште сезонава би можел да има голем удел во играта на тимот, мада е поверојатно дека ќе му требаат сезона-две да се развие во вистински НБА играч. Ако тој процесс се убрза, тогаш не е далеку ни од руки на годината, иако ќе има голема конкуренција. Плус за него е што во Милвоки остана Тони Кукоч, кој е еден од неговите идоли (заедно со Петровиќ) и ќе му послужи како ментор. Епилог: Бакси секако се подобар тим од ланскиот, но дивизијата во која се наоѓаат не им дозволува никакво опуштање. Конкуренцијата за место во плеј-офот на Истокот ќе биде голема, така да тие веројатно ќе бидат во игра до некаде пред крајот, но нема да успеат да се пласираат, нормално ако некој од ривалите не претрпи повреда на битен играч. Како и да е, иднината на “елените” сега е многу посветла за разлика од пред само година дена, кога Ред за малку ќе си отидеше, го немаа Богут, а Форд не ни мислеше на кошарка.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home