Friday, October 28, 2005

Preview: INDIANA PACERS
Распуст: Лери Бирд тачно знаеше што им треба на Пејсерси и не се расфрлаше со пари и трампи за да стигне до тоа. Си одигра мирно и го собра човекот кој би требал фановите на Индијана што побрзо да заборават на Реџи Милер, Литванецот Шарунас Јасикевичиус. Дека се створени едни за други покажа и Јаске кој одигра паметно и го избра клубот со кој има најголеми шанси за она што му е најбитно - НБА титулата. Не се залета по повикот на Ззззз од Кливленд и сега е дел од една од најдобрите екипи во лигата. Бирд направи уштее ден ептен паметен потег кога на драфтот го избра Дени Гренџер, момакот кој според талентот мораше да биде меѓу првите десет. Во Дени, Пејсерси покрај Јаске добија уште еден играч кој би требал да ја покрие “двојката” на Реџи. Единствени фаци кои го напуштија Индијанаполис се Д. Дејвис и Џ. Едвардс, кои и онака лани не им беа од многу корист, плус Џејмс Џонс, кого го пратија во Феникс. Старецот Дејл лани не можеше да го прави и единственото за кое го бива, а тоа е да скока и игра одбрана, додека рукито Едвардс и во ретките секунди кога играше, изгледаше тотално изгубен на теренот. Можеби мала загуба е Џејмс, кој осеќам дека во Феникс ќе се развие во солиден НБА играч, но за него едноставно немаше место во Индијана. Можеби мал минус треба да му се даде на Бирд за неангажирањето на некој бек-ап центар кој би им помогнал во борбата со џиновите на Мајами и Детроит. Последна промена беше таа на дресовите, така да веќе нема да ги гледаме во гаднине пижами, туку во сосема неови униформи кои ми личат на комбинација од дресовите на Мемфис и на Лејкерси, како и да е , боље него пижамите. Се на се, солидно лето за Пејсерси во кое добија лик на легитимен кандидат за тронот на Спарси. И понатаму ќе се тркаат: Џермејн О’Нил, Рон “Ротфајлер” Артест, Стивен “Џекес” Џексон, Џамал Тинсли, Џеф Фостер, Дејвид Херисон, Џонатан Бендер, Скот Полард, Остин Крошир, Еди Гил, Ентони Џонсон, Фред Џонс Нови тркачи: Шарунас Јасикевичиус, Дени Гренџер Издишаа: Џејмс Џонс, Дејл Дејвис, Џон Едвардс Најбитна нова фаца: Доколку брзо се прилагоди на НБА животот и играта на Индијана, нема причина Јаске да ги повтори успесите кои досега ги оствари со Макаби и Литванија. Во прилог му оди тоа што му е многу познат америчкиот живот, затоа што студираше четири години на Мериленд, чиј беше прв плеј, а плус му е и тимскиот стил на игра на Пејсерси. Со своето екстра шутче за три би требал да го надомести неиграњето на клупската легенда Милер, а поснато е дека знае да погоди кога е најпотребно и дека е играч за големи утакмици. Му предвидувам спор старт, но со тек на сезоната работите полека ќе си доаѓаат на место, за во плеј-офот Индијана да има уште едно екстра оружје. Како битно засилување би можел да се покаже и Гренџер, кој беше можеби и најдобриот шутер во својата драфт класа и едно од најдобрите бекжиња. Коуч: Рик “Џим Кери” Карлајл е еден од тренерите кои најмногу ги почитувам во лигата. Момакот излезе од никаде и со Пистонси две сезони по ред имаше 50 победи, пред Думарс да го избрка И да го замени со Лери Браун, на кој од небо му падна поклон во ликот на Шид Волас и со тимот на Рик, плус Шид ја освои својата прва и единствена НБА титула. Во Индијана Рик продолжи со одличната работа И да не беа некои повреди и суспензии ништо чудно тој да се радуваше на првата титула. Неговиот квалитет беШе највидлив лани, кога откако ги искасапија со суспензии, Пејсерси со Тинсли и еден куп анонимуси успеаа да тепаат неколку пати по ред, кога секој очекуваше убедлив пораз. Сезонава Рик на располагање има мотивиран и комплетен состав и ништо чудно ако биде избран за тренер на годината. Бирд му верува 100%, така да иднината му е сигурна. Од него зависи сезонава: Рон-Рон годинава е во мисија да им докаже на сите дека тој е најдобртиот дефанзивец во лигата и дека не е чудовиштето кое Штерн и компанија го направија. Рон исто така сака да им се искупи на играчите и навивачите на Индијана кои лани ги остави на цедило. Нормално, секогаш кога од својата професија отсуствиваш една година тоа остава трагиц на тебе, а тоа е посебно случај кај спортистите, меѓутоа Артест целло лето тренираше со соиграчите и сигурно нема да му треба подолго од ноември да се врати во ритам. Самиот е свесен дека уште една глупост ќе го чини место во Индијана и дека само со него фокусиран во составот, Пејсерси имаат шанси за титула. Епилог: По неколкуте пехови по ред, мислам дека ова е сезоната во која Пејсерси конечно ќе одиграат според својот потенцијал и ќе бидат во игра за освојување на Истокот. Нормално, доколку ги заобиколат повредите, пред се на О’Нил и глупостите на Артест. Годинава се најкомплетни, можеби и во својата историја, а ако Полард и Херисон успеат колку-толку да ги одморат Џермејн и Фостер, тогаш црно им се пишува на Пистонси и Мајами. Јаске ќе биде мотивиран да докаже дека местото му е во НБА, Рон-Рон ќе биде мотивиран да си ја врати титулата најдобар дефанзивец и да го избрише ланскиот грев, Џермејн ќе израсне во сила на својата позиција, а Тинсли ќе покаже дека е еден од најдобрите плејмејкери во лигата. На се тоа, го имаат и Стивен Џексон, дебитантот Гренџер и конечно здравиот Бендер, кој би требал фајнали да проработи. Лани Пејсерси докажаа дека се психички можеби и најјакиот тим во лигата и дека и без Рон можат да се носат со Детроит. Сега, кога имаат комплетен состав плус Јаске, не гледам зошто не би можеле и да го имаат најдобриот скор, па можеби и да го освојат Истокот.

3 Comments:

Blogger Shepard said...

ја мислам дека јаске ќе се ухода од почеток. за другото, ТАКЕ Е..

зимај ги мајами утре, ја ги зиам спарси и готови сме :)

10/28/2005 10:05:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Jaske ke ima konkurencija u Tinsley koj e ponesebicen,pa taka neznam zaso deka litvanecot ke bide eden od top3-4 u INdi

10/29/2005 11:48:00 am  
Anonymous Boromir said...

Stvarno Tinsley e eden od najdobrite plejmejkeri u ligata?

10/31/2005 03:44:00 pm  

Post a Comment

<< Home