Saturday, October 15, 2005

Preview: MEMPHIS GRIZZLIES
Летен распуст: Како по обичај, Џери Вест не седеше со скрстени раце и ги вклучи Гризлис во најголемиот трејд во историјата на лигата во кој 13 играчи си ги сменија клубовите. По тој дил во Мемфис веќе не живеат Џејсон Вилијамс и Џејмс Поузи, а го собраа Еди Џонс. Но, тоа беше само дел од работата на “Логото”, кој од градот го избрка и Бонзи Велс, менувајќи го во Сакто за Боби Џексон, а нешто не се ни изнамачи да ја изедначи понудата на Денвер до ограничениот слободен играч, Ерл Вотсон, најмногу затоа што парите за него ги потроши на Дејмон Стадемаер. Дел од тимот не е ни Стро Свифт, кој си го фати патот за Хјустон, а како негова замена беше драфтувана неговата копија Хаким Ворик. Така, по ова лето Мемфис има тотално нова бековска линија и состав кој барем на хартија повеќе му лежи на тренерот Мајк Фратело. Староседелци: Пау Гасол, Мајк Милер, Шејн Батие, Лоренцен Рајт, Данте Џонс, Брајан Кардинал, Џејк Цакалидис Новаци: Дејмон Стадемаер, Еди Џонс, Боби Џексон, Хаким Ворик, Лоренс Робертс Трампани или шутнати: Ерл Вотсон, Џејсон Вилијамс, Џејмс Поузи, Бонзи Велс, Стромајл Свифт Најважно ново име: Многу работи во Мемфис ќе зависат од тоа колку Мајти Маус ќе успее да изигра во ланската форма, кога почна да наликува на Дејмон од времето кога го напушташе Торонто и пристигна во Портланд. На него ќе биде одговорноста на стартер на плеј, позиција која е тотално реконстриурана од лани. Дејмон ќе мора да ги разигрува Милер, Џонс и Батие, а во исто време и да му спушта топки на Пау. Во прилог му оди добриот шут за три, но не и годините. Тренер: Мајк Фратело отсекогаш ми биле ден од поинтересните НБА тренери. Најмногу поради тоа што седеше на клупата на мојот најомилен тим, тој на Атланта во периодот од 1986-90. Беше право Чудо како тој не е тренер веќе неколку години, кога во лигата врие од просеци на тие функции, но по се изгледа повеќе му одговараше улогата на коментатор, од која успее да го намами назад Вест кога лани Мајк го замени на клупата на Гризлис својот ментор Хјуби Браун. Откако ги презема, Фратело оствари скор од 40-26 и успеа да ги внесе во плеј-офот каде ги збриша Феникс. Успехот на Мајк е уште поголем затоа штој во Мемфис се соочи со ситуација во која играчите се караа меѓусебно и не комуницираа на теренот. Новата сезона ќе биде еднакво толку тежок предизвик, затоа што летово тимот изгуби на младост и брзина, а доби на искуство. Икс-фактор сезонава: Време е Пау Гасол конечно да стане столбот на Мемфис. Рукито на годината 2002 сега има 25 лета зад себе и мора да се промовира како френчајз играч на тимот, доколку Гризлиси сакаат да напредуваат. Плус за него и тимот е тоа што по некое време тој имаше слободно лето, без настапи за репрезентацијата, а повредата поради која не се појави на ЕП не беше од сериозна природа. Уште во првата недела кога дојдоа во Мемфис, ветераните Боби, Дејмон и Еди изјавија дека главна задача ќе им биде да ја разбудат агресивноста кај пасивниот Шпанец, кој има потенцијал да биде дел од најдобрите “четворки” во лигата. Парадокс кај Гасол е тоа што тој секогаш игра одлично за својата земја, но тоа никако не го копира и за Гризлиси. Можеби слободното лето и новите фаци во клубот ќе го разбудат ѕверот во Пау. Епилог: На Фратело и Мемфис им претстои неизвесна сезона. Нивниот успех зависи од многу непознаници, а повторувањето на ланскиот плеј-оф пласман ќе биде тешка задажа со оглед на амбициите на Лејкерси, Минесота, Вориорси и Клиперси за последните места на Западот. Плус е тоа што веќе дел од тимот не е “Белото Чоколадо” и Бонзи, кои никако не се вклопуваа во концепцијата на Мајк, но минус е губитокот на Вотсон, кој внесуваше стабилност на плеј и Поузи, кој им беше најдобар дефанзивец. Со новите играчи Фратело доби тим кој повеќе лежи на неговиот стил, но сите нови фаци се на залезот на кариерата и прашање е колку ќе можат да го издржат напорот на цела сезона. Како и да е, сезонава не може да се очекува поголем успех од ланското 8.место на Западот, за такво нешто едноставно им недостигаат екстра-играчи. UPDATE:Таман кога го напишав текстов се појави веста дека Џери Вест го продолжил договорот со Мемфис, така да тој уште најмалку три години ќе биде нивен ген. менаџер. Ова доаѓа баш во моментот кога почнаа да се натрупуваат критиките кон Вест за неколкуте лоши трампи по ред. Сезонава ќе биде одлична можност да видиме дали стварно отупел Вест или е сеуште еден од најдобрите Џи-Емови.

1 Comments:

Blogger Shepard said...

Џери Вест е исто оној патриотон у сајдбар.

Што се тиче Мемфис - Гасол изгледа страшно со брадата! Другото ми е сумљиво.

10/15/2005 09:04:00 pm  

Post a Comment

<< Home