Wednesday, October 26, 2005

Preview: DETROIT PISTONS
Летно подмачкување: Зависи како гледате на работите. Според едни, ништо побитно не се деси летово во Мотор сити, а според други (меѓу кои и јас), Пистонси летово направија неколку ситни, но во исто време многу важни потези со кои пак се ставија во позиција да се борат за титула. Најбитното нешто беше отпуштањето на Лери "Брут" Браун (ако го питате него, тој си дал отказ), кој во текот на последниот плеј-оф внесе лоша атмосфера во клубот, атмосфера која играчите не дозволија да им влијае на играта. Думарс одигра паметно и го шутна Лери, кој го постигна она за што беше донесен во Детроит и како издишан балон си отиде во Њујорк. На негово место стигна Флип Сандерс, кој по отказот лани во Минесота, одмараше неколку месеци. Со овој потег Думарс уште еднаш покажа дека има њух за тренер, зошто Флип би требал одлично да се вклопи со играчите. Следен потег на Џо беше малку да го зголеми фондот играчи на клупата, пред се да најде алтернативе за Принс и РИП, а онда и замена за Изи Кембел, што беше решено со ангажманите на Морис Еванс и Дејл Дејвис. И тоа беше се што Пистонси го направија летово, затоа што и не мораа да прават нешто повеќе. Се на се, уште едно добро лето во Детроит. Стара машина: Чонси Билапс, Ричард Хамилтон, Рашид Волас, Бен Волас, Тејшон Принс, Линдзи Хантер, Дарко Миличиќ, Карлос Делфино, Карлос Аројо, Роналд Дупри Нови делови: Дејл Дејвис (Индијана), Морис Еванс (Сакраменто), Амир Џонсон, Џејсон Максиел и Алекс Ејкер (сите на драфт) Потрошен материјал: Скоро никој, можеби Елдин "Изи" Кембел, ако се пензионира Најбитен нов дел: Дарко Миличиќ. Да, да, Дарко, зашто момакот две години беше инвентар на клупата на Браун. Кај Флип нема да биде така, а показател за тоа се средбите од претсезоната во кои Дарко редовно добива шанса, нешто за што само можеше да сања кај Лери. Е сеа, гледајќи го малце лани, а и на ЕП очигледно е дека има уште многу работа пред Дарк-О, но за да направи чекор напред потребни му се дуелите со 4. и 5. од лигата за да види до каде е и што треба да поправи кај себе. Сезонава, а веројатно ни никогаш, Дарк-О нема да го оправда неговиот избор како 2.пик, пред еден Вејд, Кармело, па и Бош, но со тек на време би требал да стане солиден НБА играч. Патот кон таквиот статус започнува оваа сезона. Тренер: Јас уште не верувам дека исто Лери е заслужен за титулата 2004 год., пред се затоа што тоа беше тим кој го создадоа Думарс и Рик Карлајл и тим кој покажа лани дека не им треба Браун да изиграат квалитетно. Баш затоа мислам дека Пистонси нема да осетат никаква промена сега кога Флип седи на клупата. Што е уште побитно, играчите ќе бидат помотивирани да покажат дека неб еа случајни шампиони лани, што ќе му дозволи на Флип да воспостави контрола и да го воведе својот сѕстем, кој за разлика од она што го правеше во Минесота, сега ќе мора малку повеќе да посвети внимание на нападот, затоа што одбраната не би требала да им биде проблем. Седумтте години без плеј-оф со Вулфси се сенка која се надвива над Флип, но таа сенка нема да влијае на неговиот успех во Детроит. Флип е плејерс коуч, каков и што им требаше на "клиповите".Турбото сезонава: Во задњите два плеј-офа главна манга кај Пистонси беше Чонси Билапс, кој по релативно тивките рег. сезони во разигрувањето беше мозокот на тимот и човекот на кој одеше секоја одлучувачка топка. Ова нема да му биде првпат да игра под кормилото на Флип, за кој играше, и со кој добро се разбираше во Минеаполис. Ова би требала да биде сезоната во која Чонси конечно ќе стигне до Ол-Стар настап и ќе биде еден од најдобрите плејеви во лигата. Паралелно со играта на Билапс би требала да оди и таа на Шид, кој кај Флип ќе има повеќе слобода во нападот, каде е еден од најталентираните високи момци во НБА. Очекувам индивидуално јака сезона и од Чонси и од Шид, која би требала да се пренесе и врз играта на Пистонси. Епилог: Се отарасија од Лери и сега е време пак да тргнат кон својот врв кој у јуни им го препуштија на Спарси. Знам дека повеќемина од вас нема да се сложат со тоа, но нема зошто да не биде така (ова во го кажува некој кој никад не бил фан на Детроит), имаат играчи и хемија меѓу нив како ретко кој во лигата, имаат една од најдобрите, ако не и најдобра бековска двојка и петорка во НБА. Имаат нов тренер, околу кој нема да кружат приказни каде ќе си оди на крајот од сезоната и кој би требал одлично да се вклопи со работничкиот менталитет на градот и играчите. За разлика од лани, оваа година имаат и клупа од која конечно поважана улога би требал да има и Дарк-О, кој лека-полека ќе си го мие образот. Заедно со Мајами и Индијана ќе се борат (со Пејсерси лани и буквално го правеа тоа) за врвот на Истокот, а со Флип би требале да имаат и подобра рег. сезона од лани. Многу работи ќе зависат од дуелите со Индијана, во кои ќе се одлучува за врвот на Централ, кој на крај може да ги однесе до 1. или 2.место на Ист, или пак до 4. позиција во конференција. Пониско од тоа нема шанси. Како и да бидат рангирани ќе бидат проклето тежок ривал за секој тим, затоа што се составени токму за плеј-офот. Шеп да просере: абе прав си Енко, за све, освен епилогот. Ја мислам дека се истушија. Папсаа. Рашид ќе почне да праи лични и технички ко будала, РИП ќе почне да себичи, Биг Бен ќе почне да глуми ѕвезда, Билапс исто.. баш таа хемија ми е некако под знак прашалник.. многу тимови така отишле по ѓаволите.. Минесота лани (со истиот тој Флип како тренер), Блејзерси пред некоја сезона (кај што Rashweed беше главен). За Дарко, којзнае што ќе биде. Те го гледам дава знаци на надеж, те е лузер.. А за појачањава, не се баш појачања, а тоа е нешто што им фали - свежа крв. Пистонси баш немаат мотив пред себе, после седмицата лани. Плејоф да, у средина на Исток. Немаат шанси со Инди оваа сезона, со Јаске и Артест спремен да се тепа пак. Таму, со мука и игра ко Грците на Европско - може да догураат до далеку, ама сето тоа ми е фикција. Втора рунда и клоца од Индијана/Мајами, сигурно.

8 Comments:

Blogger Beto said...

Ma Pistons ne se glupi kako Phoenix.Pobednickata ekipa NE SE RASTURA.Toa go znae DUmars.Pak Detroit ke si bidat na svoe nivo.Ke pocnata prosecno pa u sredina ke napraat 30-10 serija , pa pak ke splasnat pred plej of.
Sea Karakash reshi se Ќид или Шид???:))

10/26/2005 11:05:00 pm  
Blogger Karakash said...

pa normalno, Ќид:)

10/27/2005 11:55:00 am  
Blogger Beto said...

:)

10/27/2005 12:23:00 pm  
Anonymous Boromir said...

Shep: Never underestimate the hard of a champion!
Enko: Mnogu si harsh prema Larry.Znam deka imas Leringitis,ama tipot zasluzuva golem kredit.Tokmu negovoto poetsko izrazuvanje na tajmautite gi prenese pistonsi na drugoto nivo.Od mnogu dobri na najdobri.Vo tie monolozi naogaa inspiracija da se vrakaat vo seriite vo koi gubea.A koga ke ispadnat knicksi od trka,pak za pistons ke navivam.Aj be neka pocne vise!!!GO KNICKS!!!

10/27/2005 05:06:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Jas sum od detroit i vi kazuem deka Darko ke ima zakon napredok, a momcive se ekipa i nikoj nema da se pravi opasna svezda.Vo momentov so San Antonio se najbolji timovi, pa indijana i majami, so Maveriks od West.Cekajte pa ke ja vidite klupata na Detroit ke bide najbolji u liga so Mekdajs,Darko,Evans,,Delfino,Dejvis i Maksiel se najdlaboki u liga.
P.S.Delfino e zakon.Leri neka krsi kicma u New York zosto se zanikade, zosto ne si manga so slab tim.

11/02/2005 01:03:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Well done!
[url=http://jtjriwks.com/aito/tdft.html]My homepage[/url] | [url=http://gtedzbjf.com/kdmc/tfuz.html]Cool site[/url]

9/03/2006 12:32:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Great work!
My homepage | Please visit

9/03/2006 12:33:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Good design!
http://jtjriwks.com/aito/tdft.html | http://xbmdxprj.com/bvar/xadw.html

9/03/2006 12:33:00 am  

Post a Comment

<< Home