Wednesday, October 05, 2005

Preview: PHILADELPHIA 76ers
Летен распуст: Тивко лето во “Градот на братската љубов”. Немаше нити еден поважен дил или ангажман на нов играч. Она што се шпекулираше не се оствари и Крис Вебер наместо да биде амнестиран, си остана меѓу Сиксерси. Најважна вест беше враќањето на клупската легенда Морис Чикс, овојпат во улога на главен тренер. Стари фаци: Ален Ајверсон, Крис Вебер, Семјуел Далембер, Кајл Корвер, Андре Игудала, Џон Салмонс, Родни Роџерс, Џош Дејвис, Вили Грин, Џамал Мешбурн, Кевин Оли, Мет Барнс Нови фаци: Стивен Хантер, Денг Геј, Ли Нејлон, Шолик Рендолф, Луис Вилијамс Шутнати: Марк Џексон, Арон МекКи Најважно засилување: Па, не дека имаат некое засилување од лани. Ако може да се нарече засилување, онда Стивен Хантер би можел да биде такво нешто. По солидниот плеј-оф лани за Феникс, Стивен кој беше чист НБА просек побрза во Филаделфија за некој милион повише. Ако колку-толку изигра како против Спарси лани, Хантер ќе биде од помош во одмарањето на Далембер или дури и ќе влета у првите пет ако Вебер како по обичај се повреди. Право засилување би можел да биде веше подзаборавениот Мешбурн, за кој се збори дека сезонава би можел да напарви камбек. Но, прашање е и да се деси тоа, колку Меш ќе може да игра у старата форма. Тренер: Као што реков погоре, летово Морис Чикс, некогашниот плеј на шампионската генерација на Филаделфија од 1983 се враќа во својот град. Познавајќи го неговиот стил на игра, Сиксерси во новата сезона би требале да играат брза кошарка, со многу контри и атрактивни потези. Игра за каква и има играчи. Уште од времето кога беше помошник во Филаделфија, Чикс разви доста пријателски однос со Ајверсон, па така е можно за првпат Сиксерси да немаат проблеми меѓу нивната прва ѕвезда и тренерот. Играч од кој најмногу ќе зависи успехот сезонава: Ајверсон како по обичај ќе си одигра уште една МВП сезона, но ако Сиксерси стварно сакаат да направат резултат сезонава, ќе им треба здрав и расположен за игра Вебер. Ако е за верување на информациите кои доаѓаат од Филаделфија, проблематичните колена на Крис се ОК и тој и Ајверсон имале неколку средби летово на кои се договориле кој е главен во тимот, а кој е 2.опција, улога со која Вебер не сакаше да се помири лани. Епилог: Никој не може да предвиди какви ќе бидат Сиксерси сезонава. Ако Ален и Крис научат да играат еден покрај друг тогаш плеј-офот е реална опција, но ако било кој од нив се повреди, тогаш сигурно можат дам у кажат бај-бај на разигрувањето, затоа што тие се еден од тимовите со најслаба клупа во лигата. Повредата на Вили Грин значи дека ќе има помалку минути одмор за Ајверсон, што може да се одрази врз него како што сезоната ќе изминува. Чикс би требал да внесе освежување во играта, а напредок од лани би требал да се очекува и од Игудала и Ештон Корвер. Плеј-офот не е неостварлив, но се повеќе би било чудо за Сиксерси.

7 Comments:

Blogger Beto said...

lele kako mi trgna so komentarive se za site timovi dobro zboram.Pa i za Sixers...Prva petorka od Delambert,Webb,Iverson,Corver i Nailon(Hunter) nema da bide losha.
U play-off idat 70% (ako Iverson igra ko sho znae)
A da,i Webb ako e zdrav:)

10/05/2005 09:58:00 pm  
Blogger Karakash said...

go zaboravi deckovo od slikava, a?

10/05/2005 10:34:00 pm  
Blogger Beto said...

Ej da be.Iguodala ke igra prvi 5....Pa togash ke bidat uste bolje od so mislev.taman Nailon ke go odmara Andre a Hunter - Delambert.
Pa dobri ke bidat be.....hehe

10/05/2005 10:38:00 pm  
Blogger Beto said...

i kazi mi za kirilicata

10/05/2005 10:39:00 pm  
Anonymous d-r nele said...

Sigurno mozat do play off. Samo da nema povredi na Ajverson i Veber (malku e verojatno so ogled na nivnoto minato).
Inace mnogu postuem tim i igraci sto igraat so srce a Filadelfija e eden od niv, posebno Ajverson.

10/06/2005 03:30:00 pm  
Anonymous Prague Rocks said...

Mnogu ste se fatile nesto za Lee Nailon,pa uste i za prva petorka se spominja.Covekot e najmek na svet,nikakva odbrana ne igra i 2 skoka ne faka.Ja neznam kako uste igra u NBA.Predviduvam deka ke bide na injury list pogolem del od sezonata i konecno mu sleduva "wave" okolu nova godina

10/07/2005 02:02:00 pm  
Anonymous Prague Rocks said...

Znaci timovi sto ke igraat playoffs: Miami,Detroit,Indiana,Cleavland,New Jersey,a ke se favoriti za drugite 3 mesta se: Knicksi, Sixersi i Wizardsi.Sansi imaat i Bucksi i Bullsi.Za boston ne mi se veruva,a drugite ne igraat sigurno! Toa bese mojot random comment

10/07/2005 03:07:00 pm  

Post a Comment

<< Home