Friday, October 14, 2005

Preview: NEW YORK KNICKS
Дами и господа, NBA Macedonia фамилијата почнува полека да се шири. Наш нов член е Боромир, мој многу добар пријател веќе некое време, навивач на Никси и доста добар баскетџија. Као познавач на ситуацијата во Њујорк и агонијата низ која веќе 30 години минуваат фановите на еден од најпознатите тимови во светот, на него му припадна честа да ви ги претстави Њујорк Никси за новата сезона. На крајот од неговата најава е моето мислење за новите Никси. Ајмо... Летен распуст: Уште едно лето у Ајзеа стил. Доведени тројца потенцијални членови на првата петорка, значи комплетно нов фронт-лине во Квентин Ричардсон, Џером Џејмс и најтазе Еди Кари. Но никој од горенаведениве фаци не го држи местото на трансфер на летото. Тоа место несомнено му припаѓа на Лери Браун, еден од најпочитуваните тренери во НБА. Вреди да се спомене и последниот драфт, кој за Никси помина и повеќе од успешно (барем според стручњаците). Во Ричардсон и Фраје добија добри таленти кои можат да влезат во ротација уште сезонава. Од друга страна, Кницкси го загубија играчот кој со години им беше најдобар скокач и дефанзивец, Курт Томас, како и Мајкл Свитни на кого му се предвидуваше светла иднина во МСГ, пред се поради неговата младост и место за напредок. И конецно, слободно може да се каже дека се ослободија од баскетџијата Тим Томас. Горе-доле успешен летен распуст за Ајзеа и Никси, поготово по неколкуте (или сите) катастрофални потези откога дојде во Њујорк. Селарѕ-капот е уште полн ко око, ама барем изгради компетитив тим за оваа сезона. Останаа: Stephon Murbury, Jamal Crawford, Allan Houston, Anfernee Hardaway, Trevor Ariza, Maurice Taylor, Malik Rose, David Lee, Bruno Sundov, Jackie Butler. Нови фаци: Eddie Curry(Bulls), Quentin Richardson(Suns), Jerome James(Sonics), Antonio Davis(Bulls), Nate Robinson & Channing Frye(rookies), Steven Barber, Jackie Butler, Отидоа: Kurt i Tim Thomas, Jerome Williams, Michael Sweetney, Jermaine Jackson. Најважни засилувања: Морав да наведам повеќемина, иако несомнено тоа е Л.Браун. Hall оf Fаmе тренерот кај мене искрено, до пред некоја година и немаше којзнае каков кредибилитет, но по тоа чудо од тим кемистри што го направи од Пистонси, доби фул респект. Ако успее да направи макар пола толку добар дефанзивен тим од моите Никси и да направи јака хемија меѓу старата бековска двојка и новиот frоnt line, повторно ќе ја придобие публиката во МSG и во градот каде што "there is аlways mаgic in thе air", ќе биде возбудлива сезона за мене и Никси. Од играчки аспект, тоа се Кари и Квентин, и донекаде Џером Џејмс. Еди мора да остане здрав и да ја понуди онаа игра од пред проблемите со срцето, Q да го продолзи одлицното шутирање од лани и конечно, Џејмс да ја повтори играта од првото коло од плеј-офот лани против Сакраменто. Само во тој случај достојно би го носеле епитетот “најважно засилување”. Тренер: Веќе неколку пати спомнат во текстов, Лери се наоѓа пред еден од најголемите предизвици во својата богата кариера. Смело ја нарече "dream job", но реалноста е далеку од сон за Никси. Тој е познат по тоа што задолжително правел подобар дефанзивен тим каде и да отишол. Но со овој тим, во кој нема ама баш ни еден играч кој е познат по својата одбрана, тоа ке биде потешко од било кога. Освен ако не успее да направи Тејшон Принс од Тревор Ариза (дечкото има потенцијал, само вие смејте се). Уште еден предизвик е Марбери, играч со кој веќе беа во конфликт на Олимпијадата во Атина. Тешко него што Стефон во ситуацијава треба да биде негов главен играч. Памтам дека не се мирисаше ни со Ајверсон, а имаа резултат, ама реалноста е дека Steph не e ни пола играч од Ајверсон. Долго се збореше за евентуална трампа, што уште не ја исклучувам, поготово кога ке поминат десетина дена од тренинг кампот. Играч од кој најмногу ке зависи успехот сезонава: Стефон Марбери, познат и како Starbury. Многу често сме го виделе да игра во стил на прекарот, ама вистината е дека човекот никогаш не бил победник. Болна вистина за човекот родум од Бруклин, каде што буквално израснал на терените за баскет, во типична гето атмосфера. Сега веќе нема изговори. Полека ја поминува својата играчка зрелост. Барем засега миленик на публиката, ама ако и овој пат не успее да ги однесе Никси барем до 2.рунда, ќе го загуби и тој епитет. Губитниците се сакаат помалку од било каде во New York City! Епилог: Веќе приметивте многу "ако" во мојов привју, со кои продолжуваме и понатаму: Ако останат здрави! Убедливо: прашанје на сезоната. Се надевам дека нема да искочи само оправдување. Последниот пат кога Никси се коцкаа со "нездрав" играч, коленото на Дајс пукна уште во претсезоната. Се надевам дека нема да се деси нешто слично со проблематичниот орган на Еди. Тек тоа би било трагедија (пу, пу, чукам у дрво). Истото се однесува и на Алан Хјустон, за кој велат дека е конечно излечен. Уште еден клучен момент е соработката мегу Лери и Стефон. Ако (веќе ми е смешно да го повторувам зборов) сите овие “if’s” отидат во полза на Никси, тие имаат квалитетна ротација: Марбери, Крофорд, Хјустон, Пени, па и Робинсон и крила и центри во Ричардсон, Тејлор, Ариза, Кари, Џејмс, Фраје, Дејвис, Роуз. Морав да ги поделам вака, затоа што во целиот тим има многу малце типични PG, SG, SF, PF или C. Стартери: Марбери, Крофорд, Ричардсон, Еди и Џером. Значи, ако фатат сите ако, максимум 2.рунда. Ако не, онда може и да не видат разигрување. Karakash’s take: Добар привју. Летово за прв пат можам да кажам дека Ајзеа направил нешто паметно откако е во Њујрок. Мислам, факат дека трејдот за Кари е екстра ризичен, но со него тој се ослободи од еден од најлошите играчи во лигата (Т.Томас) и преценетиот и не многу способен Свитни. Вака селари капот пак не им е сјаен, ама барем него го окупираат играчи кои колку-толку ќе дадат придонес. Плус, Кари е сега желен за докажување, така да само нека има доволно топки од Марбери и се ќе биде ОК. Мислам дека е грешка ангажманот на Џером, човекот пред две-три години играше за Будучност, а по само неколку добри дуели со Сакто, Ајзеа се избрза да го собере. За Лери многу не сакам да зборам, уште имам Лерингитис. Ипак, оваа сезона би можела да биде доста весела во Њујорк и скоро сигурно подобра од лани, само да ги заобиколат повредите.

6 Comments:

Blogger Владо Апостолов said...

Фино спакувано, пријателе! Фино!
Иначе за Никси не знам што би коментирал, вака од прва тимче изгледа добро. Али,шо знам-не знам!

Тој тим некако ми нема душа откога им пројде времето на Јуинг,Старкс и компанија.

Пркнаа(добро де беа у финале) со Спривел и Кемби, али.........

Не ми се веруе! Кари у Њујорк - како сум ја пропуштил информацијава, а?

10/15/2005 09:03:00 am  
Blogger zare said...

Abe New York uvek imale solide tim, ama nekako kako Inter stanaa mnogu pari trosat a nikakvi rezultati..Se nadevam deka ovaa godina ke bide bolje ..Barem sega imaat dobar trener ..

10/15/2005 11:53:00 am  
Anonymous Prague Rocks(Boromir) said...

Fala drugari. Fala Enko, fala dwr budr, fala Zare, pa fala i do offchar, mada uste ne iskomentiral.Fino e da se cuvstvuvas gordo vaka od sabota sabajle,pogotovo posle make up class:)E sega:
enko: Slusaj go govorot na Larry na posledniot timeout u game 6 so spursi i ke ti pomine leringitisot:).Go zemal big JJ pod zakrila uste od start,go uci da sutira(mu menja plant foot na 30 god!:),ama so drvo mora da pocnes od basics:)A JJ tolku vnimanie ne videl u zivot i se pocna glaven da se prai u komentarite
dwr budr: Fakt e deka knicksi imaa dusa samo koga bea dobar defanziven,hustle tim.Toa go imaa i so Riley i so van gundy.E tokmu toa mi dava nades,deka sega go imame Brown,defanzivniot guru
zare: Tuka si me pogodil u srz,nema pogolem knicks i inter fan od mene u svet!Najloso menadjiranite klubovi u svet:)

10/15/2005 12:40:00 pm  
Anonymous Prague Rocks(boromir) said...

Momci se iznagleav preseason highlights i zabelezav:Artest izgleda mnogu dobro,kako da nemal pauza od 10-11 meseca. Jasikevicious e uzasno slab u odbrana.A i Memo izvadi nekoi potezi atipicni za nego.Uste go gledav trening kampot na knicksi,i mnogu pozitivna,vesela atmosfera.Debitantite im se mnogu harizmaticni,pogotovo onoj maliot Nate:)Vika znam zasto sum ja ovde,i im gi nosi torbite na postarive:)Larry e gazda,vika: imame samo edna cel,da osvoime titula!I prodolzuva:neznam samo kolku vreme ke ni treba za toa:) Mora da priznaete deka e najoptimisticniot 65 godisen starec u svet:)

10/15/2005 01:49:00 pm  
Blogger Karakash said...

e, e:)
Uzivaj u momentot druze

10/15/2005 02:09:00 pm  
Blogger Shepard said...

Момак, ја сеа сум у можност - и добредојде. Енко ми кажа дека си талентован, дека се разбираш - и сеа сам се уверив.

Well done and keep it coming!

10/15/2005 09:01:00 pm  

Post a Comment

<< Home