Saturday, October 29, 2005

Preview: MIAMI HEAT
Долго топло лето: На Пет Рајли му беше доволен ланскиот плеј-оф за да види кои дупки треба да ги пополни во Мајами. Иако тимот стигма до финалето на Истокот, и да не беа повредите на Шек и Вејд веројатно ќе ги поминеа Пистонси, Рајли не седеше мирен и практично направи ремонт на ланскиот тим, така да од побитните играчи во Мајами веќе не живеат Еди и Дејмон Џонс, Расул Батлер и Кион Дулинг. На нивните места преку најголемиот трејд во историјата на НБА стигнаа Џејсон Вилијамс, Ентоан Вокер и Џејмс Поузи. Рајли одигра паметно и на драфт каде го избра Вејн Симиен од Канзас, играч сличен на Хаслем кој пред две години беше голема колеџ ѕвезда, а пријатно би можел да изненади и Дариус Рајс. По овие потези Пет виде дека му фалат шутери па од Шарлот го собра Џејсон Капоно, а за крај го остави ангажманот на ветеранот Пејтон, но дури како 2. опција откако Дејмон му избега кај Леброн. Како единствен неуспех на Рајли , ако тоа може така да се нарече, беше потписот на Мајкл Финли со Спарси, иако Мајами му понуди поголем договор и поголема минутажа. Но, и без тоа Рајли имаше и тоа како успешно лето опкружувајќи ги Шек и Вејд со играчи кои ќе можат да им помогнат во борбата за тронот на Сан Антонио. Мајами сега има поискусна и покомплетна екипа од ланската и со право се смета за еден од фаворитите. И даље ќе се "печат": Шек, Вејд, Јудонис Хаслем, Алонзо Морнинг, Мајкл Долеак, Шендон Андерсон, Дорел Рајт Дојдоа на сунчање: Ентоан Вокер, Џејсон Вилијамс, Гери Пејтон, Џејмс Поузи, Вејн Симиен, Џејсон Капоно, Ерл Берон, Андре Емет, Џералд Фич, Дариус Рајс, Мет Волш Отидоа: Расул Батлер, Кион Дулинг, Дејмон Џонс, Еди Џонс, Квинтел Вудс, Кристијан Лејтнер Нај-нова фаца: Од сите нови имиња кои Рајли го донесе на Флорида летово, притисокот ќе биде најголем врз Џејсон Вилијамс, врз кој ќе биде одговорноста да ја организира играта и на дело да ги спроведува идеите на Рон Џереми. ЕBoy ќе влета на местото на Дејмон Џонс, од кого нема збор дека е поталентиран, и ќе мора да ги храни Шек и Вејд со топки за сметка на неговите неконтролирани шутеви за три. Со Дизелот во екипа, тој и онака ќе има доволно слободни шутчиња за трица, само ако биде трпелив. Позитивно е тоа што последниве две години во Мемфис, Џејсон покажа знаци на смирување, а и ако не биде мирен, тука е секогаш Big Daddy да му плесне некоја и да го спушти на земја. Ако и тоа не успее, тогаш се зголемува важноста на Пејтон, што не е толку добра вест за сите во Мајами. Коуч: Огромна важност за евентуалниот успех на Мајами лежи во тоа како Стен Ван Ганди ќе ги спои сите коцки кои Рајли му ги поклони летово. Летово процуре шпекулацијата дека на Пет му недостига клупата, што веднаш беше поврзано со заминување на Ван Ганди, но Рајли веднаш го демантираше тоа изразувајќи целосна доверба во својот тренер. Сепак, сасвим е јасно дека ако Мајами го нема очекуваниот старт во првите месец и пол од новата сезона дека првата глава која ќе лета е таа на Рон Џереми. Повисокиот Ван Ганди има тешка задача на елиминирање на неколку големи ега, задача во која ќе мора да му помогне и Шек. Можеби и најтешко ќе му биде да ги убеди Вокер и Пејтон дека им е местото на клупата, од која ќе имаат поголем ефект врз играта. Дуото екс-Ол-Стар играчи во досегашната кариера од вкупно одиграни 1873 средби стартувале на дури1852, така да колку и да изјавуваат дека ќе прифатат се, во рацете на Стен е да ја реши таа ситуација најдобро за тимот. Ако се тргне како што треба, тогаш тој не само што би можел да ги однесе Мајами до Финалето, туку и таму би можел да се сретне со својот помлад брат. Човекот околу кој се врти светот: Кого и да донесе Рајли на Флорида, тоа нема да вреди ништо ако го нема здрав Шекил. Кога Дизелот е во полна снага, тогаш нема човек на планетава кој може да го сопре и тоа обично се пресликува во титули. Јасно е дека сега, повеќе од било кога во кариерата, Шек има помош од одлични соиграчи, но баш неговото влијание ќе биде еден од клучевите како сите ега ќе се спојат во заедничката цел, симнување од престолот на Данкан и дружината и освојување на првата титула за Мајами. Јасно е дека ни О’Нил не е оној стариот, но тој е сепак најдоминатниот играч на светот, кој секогаш ги правел играчите околу него подобри. Листата на таквите типови е огромна, од Орландо, преку Лејкерси, па лани во Мајами. Оваа година покрај себе има нешто поквалитетни соиграчи што по дифолт значи дека Шек од нив може да направи ѕверови. Епилог: По ремонтот кој го претрпеа летово, Hеаt, барем на хартија, имаат еден од најдобрите состави во лигата. Достате нови проблематични имиња значат многу работа за Ван Ганди и во најлош случај можат да се покажат како неуспешен експеримент на Рајли, но сепак тоа е само ворс кејс сценарио, кое тешко дека ќе се оствари. Многу поверојатно е Мајами и Индијана цела сезона да се борат за првото место на Истокот, за на крајот, ако нема повреди на клучните играчи, да се сретнат во конф. финале, кое би требало да биде едно од најинтересните последниве десетина години. Во Вејд имаат легитимен сајдкик на Дизелот и една од најдобрите млади НБА ѕвезди, кој сезонава ќе докаже зошто се спомнува во ист контекст со еден Леброн и кој може да ги однесе Хеат и преку планината наречена Сан Антонио. Мајмифобот Шепард вика: според мене, Рајли успеа од конкурентна екипа да направи каша - попара. Џеј Вил наводно бил смирен.. ама мене прво шо ме асоцира на него се безвезните шутеви за три у контра, слаба игра кога е густо и Ерл Вотсон кој успеа да му го украде стартерското место лани. Вокер, нема потреба да зборам каков шабан е - троши топки, ствара тензии у соблекувална со своето вишак его и ако не доживее некоја метаморфоза, тешко.. а Пејтон е престар, ракавица без прсти, додавач без острина. Сепак, не се за фрлање, ама конференциско финале им е максимум, и тоа ако успеат да ги избегнат Детроит и Индијана, што и ќе се деси пошто нема да бидат први на Исток. За да стасаат некаде подалеку од лани, ќе треба Дебелиот да се стегне, да почне да се ангажира и сл. Скептички гледам на нив, ама па на хартија сепак се јаки.. затоа се топ - конкуренти на истокот. Сепак, Мајами гледаше една „убава“ епизода со петорката Тим Хардавеј, Еди Џонс, Ентони Мејсон, Брајан Грент и Зо. И тогаш беа најавувани како можни шампиони.

8 Comments:

Blogger Beto said...

Оваа сезона-шампион Мајами???Не не не...толку ѕверки на едно место?!
Нема шанси...ќе бидат исти ко Реал Мадрид.Се сјебаа што го пуштија Дејмон,страва играч.
Сеа Џеј Вил не е од тој калибар.
Остај Мајами ИМАМ ЕДЕН ОГРОМЕН ПРОБЛЕМ ПОМАГАЈТЕ
На компјутер сите слики ми се сејвуваат како битмап слики и после на блоггер не можам да ставам ни една слика(Прима само јпег)
Од писмово требаше некои делови да бидат на латиница признавам.
Али помагајте

10/29/2005 06:21:00 pm  
Blogger Shepard said...

вака сеа.

сликата отвори ја у фотошоп, пеинт, фотопеинт, мајкрософт фото едитор.

иди на save as. таму ќе ја зачуваш со истото име само format: JPG

и тоа.

10/29/2005 06:42:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Nemozam da se snajdam.Aj tE MOLAM ako ne te mrzi kazi kaj e toa paint , pa otom potom.Nemozam ni prvoto da go najdam.Zborime za Adobe Photoshop taka

10/29/2005 07:32:00 pm  
Blogger Shepard said...

mspaint

start>programs>accessories>paint

10/30/2005 02:47:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Ej fala:)Mnogu

10/30/2005 10:52:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Well done!
[url=http://crtyfocd.com/yctd/vnqg.html]My homepage[/url] | [url=http://joarehty.com/poqa/xjma.html]Cool site[/url]

9/03/2006 04:29:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Great work!
My homepage | Please visit

9/03/2006 04:29:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Thank you!
http://crtyfocd.com/yctd/vnqg.html | http://yhjmeclx.com/ndde/qiag.html

9/03/2006 04:29:00 am  

Post a Comment

<< Home