Saturday, October 22, 2005

Preview: CLEVELAND CAVALIERS
Гледајќи стартот на новата сезона да го дочекаме со привјуа за сите НБА тимови, веќе поминавме низ поголемиот дел од нив (потачно, 20 комада). Во следните осум дена ќе ви го претставиме нашиот Топ 10 тимови, кои се сигурни плеј-оф патници, а дел од нив сигурно ќе се борат за титулата во јуни догодина. Следи најавата за најсумњивиот од тие десет – Кливленд Летен распуст: Главна цел за Кливленд по завршувањето на ланската сезона, во која во последните три недели го загубија последното плеј-оф место на Истокот, беше да си најдат асален тренер, да си најдат добар генерален менаџер и да го опкружат Леброн Џејмс со помошта (пред се шутери) која и тоа како му е потребна ако сакаат да се борат за врвот. ГледајќИ ги сите овие цели, летото на Кавси може да се оцени како многу успешно. Прво на дневен ред беше потпиешувањето на бившиот играч Дени Фери на местото на менаџер, потег за кој многумина изразија сомневање, но Дени докажа дека иако е руки GМ е и тоа како способен за таа функција. Прв негов потег беше ангажманот на помошникот на Лери Браун, Мајк Браун за главен тренер (за него малку подоле), по што тргна во трка по шутер кој би го растеретил Леброн во нападот. На врвот на неговиот список се наоѓаа две имиња, Мајкл Ред и Реј Ален, кои сепак одлучија да си останат во своите сегашни клубови кои им понудија поголеми пари. Трет на листата на Фери беше Лери Хјуз од Вашингтон, кој ни за момент не се мислеше дали да ја прифати понудата да заигра покрај Месијата на Кавси. Иако имаше дупка на плеј, Фери го потпиеша Хјуз, по што тргна во потрага по "кец", до кој дојде дури пред месец и пол, кога на Мајами му го собра Дејмон Џонс. Пред Дејмон, член на Кливленд стана и Донјел Маршал, кој би требал одлично да се вклопи на "четворка" и кој го надополнува не баш сјајниот шут за три на Хјуз. Кога ќе се погледне сега, Фери заврши одлична работа и конечно околу Леброн состави екипа која е конкурентна на Истокот. Остануваат со Леброн: Ззззз Илгаускас, Дру Гуден, Лук Џексон, Ајра Њубл, Саша Павловиќ, Ерик Сноу, Андерсон "Сајдшоу Боб" Варежао Нови помошници на Леброн: Лери Хјуз, Донјел Маршал, Дејмон "Баскетбал" Џонс, Алан Хендерсон, Мајк Вилкс, две "интересни" имиња на кои амер. коментатори ќе си искршат јазик - Мартинас Андрискевичиус и Келена Азубуике, онда Обина Екези, Зендон Хемилтон, Џахиди Вајт Не му се погодија на Леброн Десагана “Гана” Диоп, Џеф МекКинис, Роберт “трактор” Трејлор, Најбитен нов сајдкик: Хммм, секој од триото Џонс-Хјуз-Маршал му носи нешто на тимот што му недостигаше лани, така да е тешко да се каже кој од нив е најбитно засилување. Дејмон ќе треба да внесе стабилност на плеј, иако не е класичен "кец", односно повеќе сака да си шутне тројка, што нема да му биде проблем во Кавси затоа што нивни прв асистент и онака е Леброн. Хјуз знае да биде 2.опција во нападот, одличен е дефанзивец (најбоњи лански крадец), има добро шутче од дистанце и влез и би требал да го надополнува Леброн во нападот. Маршал е ветеран, кој покрај искуство, на Кавси им носи и високо крило со одличен шут за три, што ќе му остави доста простор на Ззззззз за работа во рекетот. Тренер: Дел од причината за неуспехот на Кавси лани беше и ненадејното менување на Пол Сајлас од страна на новиот газда, и тоа баш кога на тимот му одеше добро. Потегот можеби ќе беше разбирлив Сајлас да беше заменет со подобар тренер, но на негово место дојде помошникот Брендан Мелоун, кој од самиот старт покажа дека не спремен да се справи со ситуацијата. Оваа сезона не би требало да има проблеми од таква природа, затоа што, барем според Фери, позицијата на Мајк Браун како главен тренер е безбедна. Браун до лани муше помошник на презимењакот Лери во Детроит и важи за еден од попочитуваните млади стручњаци во лигата (има само 35 год.). Возраста би требала дам у помогне во тоад а биде тренер насочен кон играчите, а искуството од Пистонси да биде добар дефанзивен тренер, кој со Кавси ќе се обиде да игра повеќе на брзи напади и контри. Сепак, Браун е дебитант тренер, така да во некој смисол тој се уште е непознаница Најбитни за успехот сезонава (покрај Леброн): Покрај триото нови имиња кои стигнаа летово, клучна за успехот на Кавси годинава ќе биде играта во рекетот, посебно на центар. Освен Ззззззз на таа позиција, Кавси на таа позиција немаат солиден играч (имаа до пред два месеци, кога се повреди Варежао, кој сигурно нема да игра до февруари-март), што ги прави ранливи во рекетот, посебно ако се знае дека и Илгаускас е пијател со повредите. Единствена опција засега им е Андрескивичиус, кој никако не е спремен за НБА. Важноста на центарот и Зззззз ја потенцирам затоа што многу од јаките тимови против Кавси ќе играат позициони напади, со кои би ги успориле Хјуз, Леброн и Џонс, а во такви напади една од најважните улоги ја има центарот. Епилог: Редно време е Кливленд да се врати во плеј-офот, а гледајќи го нивниот состав по неколкуте паметни потези на Фери, нема зошто и да не ги гледаме во мај догодина. Леброн конечно ја доби толку потребната помош и имаат млад, енергичен тренер, со шампионско искуство. Нормално, како и кај секој тим, И кај нив има неколку "ако" моменти, а прв е секако здравјето на нивниот Месија, зошто без него тие не се ни пола од тимот кој се со него. Второ "ако" се зглобовите на Зззззз, кои мораат да издржат цела сезона, а трето е прилагидувањето на Мајк Браун на играчите и на играчите на неговиот сѕстем. Ако се ова помине мзно, ондак нема причина Леброн и неговата дружина да не бидат 5. на Истокот, позиција која ќе им значи прво коло против најверојатно Детроит, што нема никако да биде лесно. Но, со Леброн во составот се е можно, cамо прво да си стигнат до некои 48-50 победи.

7 Comments:

Blogger Shepard said...

лери хјуз кога ќе му се погоди игра.. али коа не - НЕ :)

како и да е.. јаки ќе бидат, појаки од било кога и да е после Кемп и Тирел Брендон

10/23/2005 04:49:00 am  
Blogger Beto said...

Ke bidat dobri stvarno , Damon Jones e mnogu dobar igrac , znae da povlece u posledni sekundi(iako toa ke go pravi Lebron),Hjuz e u odbrana odlicen , marshal tuka ne mi se uklopuva neznam zaso u postot e staven kako edno od najboljite zasiluvanja , igracot e pred penzija...A da,i Cleveland 100% igraat u playoff

10/23/2005 10:18:00 am  
Blogger Владо Апостолов said...

Момци! Мора да ве пофалам, блогчето ви е супер.

Поради вас (добре де и поради goal.com) не купуем веќе Македонски Спорт.

Не знам каков ви е планот да пишувате за време на сезоната. Имам пристап до NBA+, па може и да пишам нешто, за некој натпревар на пример, а?

Блогов полека поминува во вистински NBA магазин. Ако се додадат уште неколку содржини( као профили на млади играчи, стари и сегашни тренери или ихрачи итн... ) мислам дека може да биде "бомбона".

10/23/2005 11:39:00 am  
Blogger Shepard said...

канализаторе, катализаторе :) пиши шо ти душа сака, пошо ако ти текнува и тебе те рачунавме.. ќе те праиме мембер и ќе пишуеш све што сакаш.

дефинитивно нема да идеме со „синоќа се одиграа 4 средби од кои на две поуспешни беа домаќините“. ќе има све, статии, за рукијата, за некои фацки, за работи околу лигата, има теми мала милијарда.

10/23/2005 03:04:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Great work!
[url=http://izoexqvq.com/jcrt/csxy.html]My homepage[/url] | [url=http://iylernpr.com/dubu/txpd.html]Cool site[/url]

11/12/2006 09:12:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Great work!
My homepage | Please visit

11/12/2006 09:12:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Thank you!
http://izoexqvq.com/jcrt/csxy.html | http://dtmxzpwr.com/rmly/iwew.html

11/12/2006 09:13:00 am  

Post a Comment

<< Home