Еве го мојот избор.
Запад:
Гасол - Зашто има брадетина и многу поштуем стврднати путерчиња.
Новицки - Швабише фербиндунг
Коби - Зашо ми е омилен играч
Берон Дејвис - Зашо е у мода
Мемо - Зашо ми е ќеф
Исток:
Игуодала - За да крши обрачи
ЛеБрон - Непријатно ми е да не го гласам
Бен Гордон - Оти ми праит мерак од времето на Конектикат
Вејд - Зш да не
Меглор - Мора и некој шабан да се бира
Ете така. Ајде сеа и вие да гласате, има на официјалниот сајт, нба.ком, ќе се снајдете.
Wednesday, November 30, 2005
Еве го мојот избор.
Запад:
Гасол - Зашто има брадетина и многу поштуем стврднати путерчиња.
Новицки - Швабише фербиндунг
Коби - Зашо ми е омилен играч
Берон Дејвис - Зашо е у мода
Мемо - Зашо ми е ќеф
Исток:
Игуодала - За да крши обрачи
ЛеБрон - Непријатно ми е да не го гласам
Бен Гордон - Оти ми праит мерак од времето на Конектикат
Вејд - Зш да не
Меглор - Мора и некој шабан да се бира
Ете така. Ајде сеа и вие да гласате, има на официјалниот сајт, нба.ком, ќе се снајдете.
Tuesday, November 29, 2005
Денес малку ќе се правиме Енглези и ќе постираме на енглески. За онеи кои не разб ираат, се работи за новиот фриз на Рон-Рон (види горе), а затим и изјавата на ван енд онли Шек,кога малкуцка го споредија Еди Кари со него. Смешки.
The word "TruWarier" shaved in the back of forward Ron Artest's hair isn't going anywhere anytime soon unless he removes it.
An NBA spokesman said Monday that Artest isn't violating any rule by wearing the name of his recording label.
Artest, who is promoting his label by doing this, showed up at Staples Center in Los Angeles on Sunday with the "TruWarier" shaved look. It took about an hour for a friend from New York to do the haircut. And even the haircut was free, Artest said, adding he received a "homie" discount.
Artest didn't say how long he plans to keep his hair that way.
"No, impossible." -- Shaq, after being told by New York reporters that Eddy Curry has "flashes" of Shaq's power when in the post.
Monday, November 28, 2005
Sunday, November 27, 2005
Saturday, November 26, 2005
Реков не се зезајте со Хоукси, нив само им требаше да почнат да играат против екипи од Истокот за да почнат да победуваат. Индијана-who? Кај мене на НБА ТВ ја имаше Сакто-Торонто у 4:00, која нормално, не ја гледав. Ептен ми е криво што никој не ја даваше Атланта, или Детроит-Ваш., ѕирнете ја само топ четворката на Визардси, посебно екс-дуото на Лејкерси Еткинс-Батлер. Али Квами е бољи од нив, нели Купчак? Шупци. Сурпрајз направија и Булси, кои за прв пат по 2000 год. тепаа у Аламо.
Него Шеп, што уста имаше бе? Само што спомна дека Кемби е здрав, типот вчера не играше против Клиперси поради повреда. А, сега ве препуштам на Бето и неговата непреспана ноќ:
Иако синоќа имаше многу интересни утакмици и реаваат у живо Феникс-Њу Џерси. Не е тајна дека јас сум во љубов со Винс Картер и иако не знаев дали Тој ќе игра поради неговата повреда на грбот со која се здоби против мислам Вориорс. Станав да ја гледам со надеж дека Џерси ќе победи во Феникс прв пат после 1993 кога за Џерси играл(тогаш сум имал само 3 години) Дражен Петровиќ (R.I.P. наравно)
Утакмицата почна во 4:50(секад каснат нба утакмиците) и одма моето око го фати во левиот ќош на екранот Винс Картер како се загрева и тогаш сфатив дека сум 100% подготвен да не спијам до 7 сабајле...
4.четвртина:
Откако Дио и Кид даваат по 2 поена на двете страни, Џеферсон здивува и дава 4 по ред. Само 2 разлика за Феникс.Иначе успут, Џеферсон е родум од Феникс и во салата беа мајка му и татко му, двајцата во негов дрес,веројатно едини со Џерси дрес во арената.Тоа не е битно...Набрзо Феникс се враќаат у игра со 6 по ред, 4 од нив на Стиви. Уште 2 на Курт Томас за на 8:45 remaining да биде пак 10 разлика за Феникс. Неш не игра никаква одбрана али затоа Џерси тоа не го користат. Губат 3 топки по ред во напад! Робинсон мавна уште една трица и тоа беше све од него. После тоа има фаул над Џеферсон ама овој гаѓа 0 од 2 слободни...Како што мислев Картер незнае да изигра добра четврта оваа сезона. Неш шутче. 82-73 Феникс. Мислам дека Џерси ќе го изедат. И Курт Томас погодува. Ај у ПМ! Томас немаше некој учинок во напад, али затоа 19 скокчиња. 4:45 до крај–11 разлика. Nash one more time…25 points. На другата страна Колинс не погодува слободно-НИКАКО! Џабе станав, пак тужен ќе легнам...1:25 до крај...Нетс после овој неч ќе имаат скор 5-7. Лошо,лошо...Diaw fouled by Carter. Овој коментаторов на ЕСПН збори како Крејзи Фрог. Френк бара тајм аут на минута до крај. Спрема пресврт за 1 минута, 11 разлика:) Ќе биде...
Неш му фрла контра на Мерион и овој на минута до крај го направи првиот атрактивен потег на утакмицата...Windmill. Holla back им направи. Кид тројче. Ајде нека свршиииии...свршува со резултат 92-81 за Џерси. Аха како не...Картер у задња четвртина 0,00 поена .
MAN OF DA MATCH – STEVE NASH 25 поена,6 асистенции и 1 изгубена.Машала.
П.С. Не се успав бе!
Браво, Бето. Тачно, не се успа, али како ти играа Нетси боље да се успиеше. За Амаре - знам, го видов, ваљда му е много досадно, па си чува црви на главата. За коментаторот на ЕСПН - ако бил Кевин Харлан, ептен знам на што мислиш. За Џеферсон - он беше ѕвезда на Аризона унив., така да нека не те чудат дресовите, сигурно имал некој и со дрес на Зона. Тужно е кога чичко Клиф ви е меѓу подобрите, нели?
Мене лично не ми е јасно како Санси успеваат да ја играат истата игра како лани, а им фалат 60 поени од лани, плус стартуваат со Борис?!?!?! на центар. Исто беше и со Хјустон, и пак тепаа. Изгледа Неш дефинитивно си го заслужи МВП-то лани.
Најлудиот тип на светот!
Friday, November 25, 2005
- За крај најдобриот дел од целиот меч, кој се деси пред и да почне средбата. Имав можност да го гледам при-шоуто на ТНТ со Баркли и Кени Смит. Доказ зашто ТНТ уште е најбољи и зашто ЕСПН колку и да се мучи, никад нема да биде како нив.
Се читаме, утре следи рикеп од Феникс-Нетс, ако Бето не се успие.
Thursday, November 24, 2005
Wednesday, November 23, 2005
Освен ова, еве нешто за ќејфот на Шеп. Дали тоа ние го имавме ова пред неколку месеци, или мене само ми се чини? Не, Не.
Шеп, знам дека го поштуеш Чарли, али нешто изгледа не е у ред со момакот, зашто почна да се споредува себеси и Бош со Робинсон и Данкан.
Оваа недела четири тима ги претставуваат новите, 2-ри дресови за гостувања. Потег кој на Денвер, Бостон, Кливленд и Детроит сигурно ќе им донесе уште некој долар плус. Настрана бизнисот, дресчињата не им се ич лоши.
Tuesday, November 22, 2005
Честитки за Рашо Нестеровиќ, на кој му требаа само 11 средби и 190 минути да ги шутне своите први две слободни во новата сезона синоќа против Кингси (кои ги погоди). Се уште не е познато дали во историјата на НБА имало некој центар кој толку избегнувал контакт во рекетот како Рашо, кој во својата кариера, од која во поголемиот дел е стартер, има просек од само пола убацено слободно по натпревар. Тоа ви е еден поен на две средби. Браво Рашо, кажи кога ќе ти заврши Бекутанот, да ти пратиме некое пакетче.
Ееееј, и он има НБА титула.!?!?!
Иначе, синоќа ги гледав Кингси и Спарси, ѕирнете ги претходните постови за Сакто, исто како и сега да сум напишал нешто за нивната кралска мизерија.
Monday, November 21, 2005
Репторси и Вилануева се омрсија, сеа само Марвин и моите Хоукси останаа без победа у цела лига. Тугоооо....(видете му сурат на Мајк Џејмс, као да е у кунг-фу филм).
Него, да не плачам многу, еве го пак Ивица со неговата специјалност:
1.Nick Colison
Зошто е меѓу овие играчи: Колисон после релативно слабата руки сезона во која од него се очекуваа многу нешта а се доби генерално ништо како да почна да се прибира и почнува да пружа партии кои доликуваат за 12. пик. Има просек од 10 поени и 6.6 скока со супер шут од поле (над 60%). Неговата минутажа во Сиетл се очекува да се зголемува и понатаму, најверојатно за сметка на минутажата на Реџи Еванс кој оваа сезона не е ни бледа сенка на тоа што беше лани.
Што би било негативно по вашиот тим: Колисон е општо познат како стаклен тип (сличен на Кириленко од Јута) и секој поцврст дуел во кој влегува е следен со нетрпение од публиката во Сиетл (колку се златни:-)). Сакам да кажам дека не би ме чудело да се случи некоја смешна повреда која ќе го оддалечи месец или два, а тоа директно би се одразило на вашиот тим.
Препорака: Не верувам дека Колисон може и натаму да претставува некој екстра фантази-фактор и покрај добриот старт. Не форсирајте некоја трампа во која ќе се откажете од некој подобар играч во надеж дека Колисон ќе издржи вака цела сезона.
2.Luke Ridnour
Зошто е меѓу овие играчи: Риднур е класичен плеј кој игра мудро, не троши многу топки (со тоа го крие својот слаб шут од поле) и што е најбитно знае да украде топка или да направи дефанзивен потег со кој ќе реши натпревар. Минатата сезона во неколку наврати го стори тоа и не гледам причина зошто тоа не би го повторил повеќе пати. Има просек од 10 поени и 6.8 асистенции. се истакнува и по бројот на украдени топки (има просек над 2). Куриозитет за него е што во досегашниов тек од сезоната нема промашено слободно фрлање (заб.: го пишувам ова пред натпреварот со Чикаго)
Што би било негативно по вашиот тим: Како што беќе наведов Риднур има очајно лош шут од поле. Шутира 31.9% оваа сезона, што е далеку под неговиот просек од минатите две сезони кој е некаде околу 40%. Исто така од Риднур не би очекувал ни многу поени, сметам дека ќе се одржува на границата од десет поени, а што се однесува до скоковите никој навистина и не очекува скокови од својот плеј, нели?
Препорака: Риднур ќе му помогне на вашиот тим во поглед на асистенции, а и неговите десет поени не се за потценување ако се земе во предвид дека плејовите кои имаат поени и асистенции не се така честа појава во НБА повеќе.
3.Troy Hudson
Зошто е меѓу овие играчи: Значи во оваа ситуација сум во дилема: дали Трој Хадсон е тука поради тоа што игра добро или поради тоа што Марко Јариќ игра лошо. Како и да е се поочигледно е дека Трој го притиска Марко за позицијата стартен плеј во Минесота и сметам дека е само прашање на време кога Марко ќе излета од прва петорка. Хадсон со 21.6 минути во просек има 11.6 поени, а Јариќ со 30.4 минути има 9.3 поени. Јариќ е добар во асистенции (има просек 5) ама тоа не е доволно за стартен плеј кој игра над 30 минути.
Што би било негативно по вашиот тим: Општопознатиот факт дека Трој Хадсон е еден од најсебичните играчи во НБА лигата кој ја додава топката само кога ќе го утројат. Значи не надевајте се на асистенции, а и шутот од поле не му е сјаен (околу 42%). Поимот скок во речникот на Хадсон не фигурира.
Препорака: Воден од помислата дека ако треба да се бира помалото од две зла најодговорно велам дека Хадсон може да е корисен pick-up. Дечкото се фати сериозно за работа, се труди да му го земе местото на Јариќ и може само да ги зголеми своите бројки, меѓутоа тука земете во предвид дека и Хадсон е доста стаклен во однос на повреди.
4.Boris Diaw
Зошто е меѓу овие играчи: Дечкото ќе ви даде "a good run for the money" доколку на крило сте прецениле некој играч како јас на почетокот Брус Боуен. Има просек 9 поени, 6скока и 6 асистенции!!! Феноменално, особено со оглед на фактот што предходно во Атланта имаше просек од 4.5 поени и 4.5 скока. Игра во просек по 26.3 минути а на последните 5 натпревари тој просек е 28. Тоа значи дека ќе добива поголема доверба во иднина што секако ќе се одрази на неговите бројки
Што би било негативно по вашиот тим: Процентот за слободни фрлања не му е сјаен,а има и многу продадени топки (2.3 по натпревар)
Препорака: Добра аквизиција која е слободна во голем дел од фантази лигите. Ако немате подобар трк по Борис.
5.Keith Van Horn
Зошто е меѓу овие играчи: Ван Хорн ја почна сезонава како навиен со просек од 14.1 поен и 6.1 асистенција и е еден од носителите на играта. Особено се истакна кога Дирк беше повреден и кога му требаше на својот тим највеќе. Не верувам дека ќе ги одржи своите бројки затоа што за него мислам дека веќе е помирен со идејата дека ќе е a roll-player во нба и ништо повеќе. Премногу време го помина по медицински установи за било што друго:-).
Што би било негативно по вашиот тим: Ван Хорн има многу изгубени топки (2.6 по натпревар), а не се истакнува ни во другите статистички категории како што се асистенции, украдени и блокади. Исто така има просек од 4 фаули што често го врзува за клупата на подолг период.
Препорака: Иако знае да блесне Ван Хорн не е мој тип фантази играч и го препорачувам само во случај на итност.
Се надевам дека наведеново ми донесе малку кредибилитет:)
Sunday, November 20, 2005
Само една вечер откако Вејд во стил на Мајкл ги сотре во Мајами, Сиксерси на своја кожа ја осетија моќта на уште една голема млада ѕвезда која претендира за тронот на Мајкл. Ако на Двејн за само една асистенција му избега трипл-даблот, Леброн Џејмс до него стигна со 36п. 11ск. и 10ас., зимајќи ја работата во свои раце во последните неколку минути од четвртиот период. Брон покрај себе во Фили го имаше и одличниот Лери Хјуз кој со 37 поени ги држеше Кавси во игра се до пред крајот кога Џејмс ја презема контролата.
За тоа што значи Леброн за Кливленд, кој иначе има најдобри во лигата у моментов, седум победи по ред, најдобро кажува изјавава на руки тренерот Мајк Браун.
"LeBron is amazing. We didn't do anything tricky down the stretch. We put the ball in his hands and he helped win the game for us. This guy is making me look like I can coach."
Како што на се му доаѓа крај, така и за се има прв пат. Серијата на Пистонси се симна на станицата во Далас, каде Мавси ги прегазија Пистонси. Ова е прв пат по година дена Детроит да прими повеќе од 117 кошеви, иначе за Далас не играа Ван Хорн, Стекхаус и Кристи.
Saturday, November 19, 2005
Себеси се сметам за еден од милионите, тачније милијардите среќници кои ја имале честа да го гледаат Најголемиот на сите времиња и кога беше у потрага по својата прва титула, а и кога како дедо делеше лекции во Вашинтон.
Сеќавањата на младиот Мајкл од време на време ќе ги разбуди некоја од младите НБА ѕвезди, но до синоќа никој тоа го нема направено до таа мерка да барем за една вечер почнам да го споредувам со Мајкл. Она што го видов гледајќи ги Мајами и Сиксерси, верујте ми, е најблиску што сум видел некој од младите фаци да заличи на Најголемиот. Двејн имаше рекордни сезонава за еден играч, шест куцања, кое од кое поубаво, а како тоа да не беше доволно, па додаде и еден типичен Џорданеск кош, свртен со грб кон кошот.
Во 80-те, па и почетокот на 90-те играта на Мајкл се базираше баш на влезови, куцања и неверојатни хенг-тајм потези, кои Вејд вчера ги имаше на претек.
Да не беше Двејн на тоа ниво, Мајами вчера сигурно ќе изгубеше. Затоа колку што беше тој брилијантен, улогата на прв плеј у Хит ја имаше Гери "на времето познат како 'Ракавица'" Пејтон, за чија игра ужасен е страшно благ збор, а други зборови не вреди да се трошат.
Плус, Рон Џереми имаше на располагање само седум играчи, т.е. шест (Пејтон не го рачунам), а Шек и Џејсон Вилијамс поради повреди ги немаше у првите пет. Покрај Вејд, работата ја извади Ентаон Вокер, кој одигра одлична партија (11/13 од поле, три тројки) за рекордни за новиот клуб 26 поени, а покрај Тоан, солиден беше и Поузи (или како у М.Спорт што го пишуваа – Пуси), кој стартуваше со 4/4 за три.
У другите утакмици, Ти-Мек почна да покажува знаци дека или прерано се вратил од повредата или пак одбраната на Детроит пак заврши работа. Јас искрено не памтам кога Трејси имал само шест поени.
Крис Пол имаше доста мотив против Атланта, која место него, како 2.пик летово го избра Марвин Вилијамс. На крај, у победата на раселените Хорнетси, Пол угради 25п. 7ск. 12ас., а Марвин една дебела нула со 5ск. 3заг.т. Кај моите бедни Хоукси најбољи беше 31.пик Салим Стадемаер, кој сам, со 24п. у задњата четвртина ги врати у игра.
У чекор со Атланта оди и Торонто кој изгуби у Бостон за 0-9 старт. Барем Вилануева им е меѓу најдобрите, нели Шеп?
Еди Хаус имаше своја вечер против болницата од Јута. Ни дербито на Ел-Еј не е тоа што беше.
Браун можеби има право со играњето на дебитантите, кои беа најбољи у поразот во Денвер, чии задњи 6 и пол минути Марбери ги преседе на клупа, како некаква лекција од Лери. Њујорк, Њујорк...
- Денес е тачно една година од тепачката у Обурн Хилс.
Friday, November 18, 2005
2.Sean May
Зошто е меѓу овие играчи: Целата екипа на Шарлот е за пофалба со оглед на тоа како ја започнаа сезонава, ама овој тип почна особено да се истакнува. Има 10.4 поени и 5.4 скока по натпревар за одиграни просечни 18.9 минути. Ова 18.9 минути нека не ве залажува затоа што на последниве три има просечна минутажа од 26 минути, што значи дека полека си го наоѓа своето место во ростерот на Бобкетси. Згора на се Меј е waiver (слободен играч) во 99% од лигите!!!- го сметам за мое лично откритие :-).
Што би било негативно по вашиот тим: Па искрено речено Меј и не проведува толку време на терен за да направи нешто со што би му наштетил на вашиот тим.
Препорака: Од Меј очекувам во скоро време да стане дабл-дабл играч на изненадување на многумина.
3.Dwight Howard
Зошто е меѓу овие играчи: Генерално ако ме прашате и не знам... Играч кој е избран како прв пик никако не би требало да се смести во вакво друштво, ама после првата сезона (која воопшто не беше лоша:12поени, 10скока по натпревар) некако остана подзаборавен за што најверојатно се налути па сега наплаќа мило за драго. Носител е на својата екипа, има просек од нешто над 16 поени и околу 12 скока и заедно со Стив Френсис се единствената причина зошто да се изгубат 3 саати од животот гледајќи подпросечен кошаркарски тим каков што е Орландо. Тешко фановите на Орландо оваа сезона
Што би било негативно по вашиот тим: Нешто што може да тргне не полошо со прибирање на Хауард во вашиот тим е FT%. Очигледно дечково не обожава да шутира слободни што се забележува по неговите 66% оваа сезона.
Препорака: Не верувам дека во некоја лига Хауард е слободен, ама ако по некој несреќен случај некој се заебе да го отпушти бидете спремни да го грабнете
4.Leandro Barbosa
Зошто е меѓу овие играчи: Леандро Барбоса конечно се најде себеси во НБА и почна да е корисен за својот Феникс за промена од минативе две сезони кога најкорисен беше кога ќе им свареше чај на соиграчите за да се згреат. Годинава има просек 15.6 поени и е солидна а лтернатива за Стив Неш. Во последно време дури и се пробуваат варијанти за двајцата да играат истовремено. Од останатите бројки Барбоса се истакнува со солиден шут од поле (околу 50%), асистенции (2.6) и 3.6 скока.
Што би било негативно по вашиот тим: Барбоса е познат по тоа што е играч топло-ладно, па единствена опасност е да не крене во стилот ладно-ладно
Препорака: Ако го најдете слободен, а имате класични промашувања на бековските позиции, Барбоса би ја ублажил вашата болка :-).
5.T.J.Ford
Зошто е меѓу овие играчи: А кажете една причина зошто да не!! Баткава кој лани поголем дел од времето го помина по болници и терапии годинава има просек 14.4 поени и 9.6 асистенции. Перфектен за играч кој една година не одиграл ниеден единствен меч!! А кога на тоа ќе ги додадеме неговите 4.9 скока во просек и 2.1 украдени топки, добиваме перфектна идеја зошто играчот кој ја почна fantasy сезоната на листата на слободни играчи во 99% од лигите, сега е слободен во 0% од нив.
Што би било негативно по вашиот тим: Форд има слаб шут од поле 37.5% и за три 27.3%. Исто така е опасен поради бројот на ТО: 3,9 по натпревар. Од линија за слободни има просецни 80%
Препорака: Премногу е доцна за било какви трансакции кои го вклучуваат Форд бидејќи дечкото е земен од листата на слободни играчи во секоја лига одамна. Трампа за да го добиете не би препорачал.
Еве нешто на што не видов дека некој друг медиум му посвети внимание вчера, а ни денеска. Со 21 поени и исто толку скокови у победата над Шарлот, Двајт Хауард стана најмладиот играч во историјата на НБА кој на еден меч стигнал до 20-ката у скокови и поени. Кога минатата недела Леброн постави рекорд како најмлад со 4000 поени у кариера, тоа можеше да се сретне у секој весник или на ТВ, па дури и кај нас. Но никој не се најде да каже нешто за ланскиот 1.пик. Ние ја исправаме неправдата кон Двајт, кој ако продужи вака ништо чудно да биде Ол-Стар сезонава.
На 14.11. кога стигна до неговиот 20 со 20, Двајт имаше тачно 19 години и 342 дена. Рекордот, кој траеше доста долго, до вчера го држеше Џон Дру, кој на 20 години и 47 денови, играјќи за Атланта уште далечната 1974 год. постигна 44 поени и фати 20 скокови. Од актуелните играчи најблиску до рекордот на Дру беше Шек 1992 год. кога како играч баш на Орландо на 20 год. и 251 ден имаше 31п. и 21ск.
Не треба да се забраве и дека лани како руки Двајт стана најмладиот играч у историја кој фатил 20 скокови на една средба, а со три меча со над 20 скокови стана првиот дебитант по Тим Данкан со таков учинок.
Иначе, младичот сезонава е на одличен просек од 16.4 п. и 11.7ск., а никој ништо не пишува за него. Нема везе, доволно му е што надминал такви фаци како Шек и Тим, у чие друштво би требал да се најде за неколку години.
Само како додаток, Карлос Бузер сигурно нема да заигра за Јута ни у следните месец дена. Тоа значи дека тој најмалку од 14 февруари годинава (кога ја одигра задњата утакмица), па до 15 декември нема да го облече дресот на клубот кој лани му поклони чек на 70 милиони, и тоа само поради неговото неодговорно однесување. Сега наводно тој има проблеми со препоните, состојба за која лекарите на Јута велат дека е последица на неговата слаба физичка подготвеност, нешто што клубот му препорача да поработи летово, но тој си кулираше. Ова е веројатно прв пат некој играч да направи толкава пауза, а да нема некоја посериозна повреда. Мемо ќе мора сеуште да прави се, затоа што покрај Карлос, и Андреј Стаклениот не се знае кога ќе се врати по виткањето на зглобот у Чикаго.
Утеха на Бузер може да му биде наградата за најдобро облечен играч. Како да не биде, кога не излезе од одело веќе девет месеци.
Thursday, November 17, 2005
- Боб Вајс ненормално личи на таткото од Алф, само малку подебел. Ви текнуе?
- Пред мечот укажуваат на дуелот Реј Ален – Рики Дејвис како решавачки за исходот. И тоа како беа во право. Реј покажа дека лошиот шут од 4/18 во поразот од Њу Џерси беше само лош ден, погодувајќи 12/17 од поле за крајни 32 поени. На другата страна Рики Ди у моментите кога се кршеше резултатот го немаше никаде, а кога веќе беше 20 разлика за Соникси почна да влегуе у ритам, завшува со 21 поен и 9/21 од игра.
- Во првото полувреме играта на Соникси беше јасна ко ден, или се идеше преку Реј или кога он беше на клупа, преку Луис. Другите играчи освен блокови или пренесување топка, не правеа буквално ништо. Дури беше така, резултатот беше изедначен, а кога у игра почнаа да се укључуваат другите играчи, Соникси влегоа у ритам и се одлепија на +20 кои си ги задржаа до крај.
- Не памтам кога задњи пут сум видел успешен цепелин под фаул. Јес да Луис не закуца по фаулот на Дикау, но потегот заслужува да биде топ тен.
- Док Риверс, ваљда у немање доволно опции, многу време им дава на дебитантите Рајан Гомес и Ориен Грин, како и на Џастин Рид, кои делуваат скроз изгубено на теренот, посебно у дуелите со Ален и Луис.
- Најбоља петорка на Сиетл е онаа составена од Реј, Луис, Риднур, Колисон и Реџи Еванс. Баш овие пет ја направија разликата. Иначе, Еванс за разлика од лани кај Нејт, кај Вајс не ужива голема доверба, ваљда после вечерешнава партија ќе се сменат работите. Колку за инфо, лани Еванс беше стартер и сезоната ја заврши со просек од најдобри во тимот 9.3 скокови. Мене лично, многу ме потсеќа на Бен Волас, таков ми е, очигледно е дека не е талент, но е работник.
- Ник Колисон беше ѕвер, фаќаше скокови ко луд, имаше шут од игра 9/12 за 19 поени и 13 скокови. Она што е феноменално се дека 8 од тие 13 скоови беа офанзивни баш кога се правеше разликата.
- Како и Ник, така и Лук Риднур заврши голема работа со 13 асистенции и 15 поени. Лук си играше кур-ташак со Делонте, Дикау, Грин и компанија, кои глумеа плеј у Бостон.
- Тоа не носи до тоа дека Селтикси немаат стабилен плеј, Риверс проба некоја комбинација од момците кои ги спомнав погоре, но неуспешно. Што е уште полошо, и при таква ситуација Док води некој инат кон Дени Ејнџ, не играјќи го многу Дикау, кој Ејнџ летово, заедно со Скалабрини го донесе како донесе како нај засилување.
- Не ми е јасен Боб Вајс. Типот е мртов ладен цело време, па и кога неговиот тим води +20. Као да е збунет како некој тим кој он го води може да игра така добра кошарка.
- Селтикси ги гледав неколку пати сезонава и искрено, уште не знам што да мислам за нив. На моменти ми изгледаа многу добро, но јасно е дека не се тим кој може да издржи 48 минути против солидни НБА тимови, слични на Сиетл. Прва опција им е нормално Пирс, кој кога не му е денот повише смета него што користи. Најголема дупка им е таа на плеј, но и у скокот, кој за Лафренц и Блонт е икс-фајл.
- Се на се, иако откако некаде кон средина на 3. чет. мислам Сиетл поведе 20 разлика, Селтикси беа отпишани, утакмицата беше ОК за гледање, имаше добри потези, а милина е да ги гледаш кога им е денот Рашард Луис, кој е страшно интелигентен играч и Реј Ален, најубавиот шут у НБА. Уште само некако да се решат од Вајс и се ќе биде супер.
- За да бидат уште полоши работите за Бостон се погрижи Тони Ален.
Покрај Реј, и други фаци синоќа беа расположени за баскет. Од очекуваните Коби, Ајверсон до неочекуваните Мајк Џејмс и Карим Раш, кој беше најзаслужен за најголемиот сурпрајз во плескањето кое Бобкетси им го дадоа на Пејсерси.
Wednesday, November 16, 2005
Момците од 82games веќе некое време важат за најголеми НБА фрикови кога станува збор за бројките и сите можни статистики врзани со лигата. Статистики за кои сте слушнале и статистики за кои не сте знаеле ни дека постојат.
У својата задња анализа тие се занимаваат со сегашните и некогашните НБА ѕвезди и тоа кој е стварно чиј наследник, барем кога се во прашање бројките. Но, тие при споредбите не ги зимаат само просеците, туку и физичките карактеристики на играчите. Така, по нивната стварно темелна анализа, голем број од некогашните ѕвезди добија играчи кои денес го прават тоа што они го правеа кога јас почнав да гледам НБА. Најблиску до целосни свои наследници дојдоа Хаким Олајџувон и Мајкл. Кој се? Па кликнете на линков и видете. Плус видете со кој е спореден Бирд.
ПС-Со Доминик нормално нема споредба, Nique is Unique:)
Не сакав да му го расипам моментот на Бето, па над неговиот деби рикеп сезонава да го изнапишам она што го видов синоќа на дуелот меѓу Далас и Денвер. Али веста е важна, посебно за сите вас чии кабелски оператори нејќат да ви пуштат канал кој врши НБА преноси. Она што го најавивме пред два дена сега е и потврдено од проверени извори, сезонава НБА 100% ќе има кај нас и тоа на фреквенцијата на Спорт4. Се уште не е познато од кога ќе се почне со преноси, ни колку утакмици ќе има неделно, а најрано може да се деси да почнат со преноси уште следната недела. Коментарот ќе биде на момакот кој ја врши работата и на НФЛ коментатор, Владимир Баришиќ, кој ќе биде потпомогнат од уште една особа, која ништо чудно да биде и некој баш од NBA Macedonia.
Рикеп од Нагетс-Мавс не пишувам, од горенаведените причини. Само ќе кажам нешто што мислев дека никад нема да го кажам, а тоа е - Гана Диоп е ѕвер. Толку.
Станав у 01,45 а тоа значи дека ги пропуштив првите 2-3 минути од утакмицата. Така нерасонет, првото што го видов е дека РИП дава кош (шутче типично за него) и Детроит води 8-6. Марк Блонт се здивува, почнува да куца, скока... дава 6 поена по ред!? И резултатот е 12-8 за Бостон. Тајмаут одма тука на Флип и работите се смируваат. Пистонси ги стигнаа со кошеви на РИП и Принс. Негде кон крајот на прва влезе Дарк-0 со фризура ала Елвис (многу многу чкарт) и по една утка на Хамилтон сам си се избори за топка и даде еден млитав кош по што цела публика му аплаудираше ко Мајкл Џордан да се вратил на терените. Прва четвртина заврши со 25-23 за Бостон. Кај Бостон не се ни “гледа“ Пирс, али затоа расположен за игра е Трики Рики кој сам си прави секој напад да иде преку него. Паметен тип.
Во втора четвртина работите се поинаку. Бостон ја презима целосната контрола. Сакаат играат брзо, па бавно, па се заебаваат со играчите на Детроит. Периодот почна со двете резервни петорки на двата тима со исклучок на Рики кој беше во тимот на Бостон и го полнеше противничкиот кош како сака. Тројки, влезови, куцања, се`. Рики играше како ѕвер. Ал Џеферсон погоди некои шутчиња (10 поена 1во пол.) иако влезе како замена. Кога на теренот се вратија играчите кои и го почнаа натпреварот, Бостон малку по малку се одлепуваше, а разликата не беше 20 на полувреме благодарејќи на РИП и Тајшон кои колку-толку играа за разлика од нивните соиграчи. Вреди да се напише за цепелинот на РИП и Биг Бен кој сигурно ќе биде на Daily top 10 листата. Рики го заврши прво полувреме со 22 поена!!! Типот станал самоуверено копиле! Резултат на полувреме 58-48 за гостите.
На полувреме идам до соба, глеам Џерси се изедначено со Сиетл а Картер до полувреме има само 6 коша. У игра ги одржува Скот Паџет. Ајде...
У третата Детроит се созема, посебно Чонси Билапс кој даде 3 пати по ред 2+1 од кои третиот беше навистина убав (преку Дејвис). Шид исто така почна да игра и почна и да се топи предноста на Бостон. Во игра ги одржуваше Пирс кој даде 10тина поени ама џабе... не се може сам...Рики откажа. Полека но сигурно, кош по кош Детроит стигнаа до 1 поен, кога РИП даде кош и го смени водството од тогаш па до крај, водеа Детроит. А баш мислев дека на оваа утакмица ќе изгубат!
Во четврта се разигра Пол Пирс, ама и цела екипа на Детроит. Кој стигна, даде кош. Ме изненади Аројо кој даде 2-3 коша плус 2 украдени топки и се` тоа за 3 минути игра. Потоа нормално го замени Чонси кој заедно со Хамилтон ги дорешија. Флип Сандерс цела 4-та ја мењаше петорката интензивно, најверојатно за цело време да бидат свежи и да трчаат контри, што и правеа. Играа Бен, Шид, РИП, Чонси, Принс, Еванс, МекДајс и Аројо. А Бен како му ја слепи на Пирс една тоа е друга работа... Така Детроит си ја привршија партијата паметно и мудро, мењавајќи му го чуварот на Пирс за да не се размавне. Средбата заврши 115-100. (Последниот поен беше дело на Даре)
Еееееее, овие Детроит колку делуваат моќно нема ни да знаете додека не ги гледате. Губат 10 разлика, за десет минути +15 за нив... делуваат како потенцијални шампиони секако. Не се како под Браун само на одбрана да се става акцентот и да даваат по 80 коша (само). Сега играат одбрана-напад, трчаат многу контри, имаат доста добри играчи и не верувам ни дека Спарс можат да ги тепаат ако играат вака. Ич не згрешија кога го сменија Лери Браун.
P.S. Јес, Њу Џерси тепале 10 разлика...
Од Шепард: фино лепи, убав рикеп, иако малце поише нарација ;-)
За сите други, кој сака да допринесе со текст, праќајте на maknba@gmail.com.
Monday, November 14, 2005
NBA Macedonia ја има честа прва да ви ја соопшти веста дека по едногодишна НБА темнина, нашата омилена лига на светот сезонава дефинитивно ни се враќа, и тоа преку фреквенцијата на ТВ4. Сеа засега не е познато колку утакмици ќе гледаме неделно или од кога ќе почнат преносите, но сигурно нема да чекаме повеќе од месец дена. Свака част, ТВ4, Шеп кога ќе прочита, нозе ќе ви мие:)
Шеп вика: емии.. алал да ми ви е.. бре бре.. Госпо здравје да ви дај, да ве поживеј.. ќе ви палам свеќа.. све ќе ви палам..
По поминати само две недели од новата сезона веќе почнаа да се вртат разни трејд муабети, а оној кој засега привлекува најмногу внимание секако е евентуалната желба на Минесота да го трампа својот најдобар играч на сите времиња, Кевин Гарнет. Нормално, во моментов се се сведува на шпекулација која најверојатно нема многу врска со вистината, но ако Вулфси продолжат со играта каква ја покажуваат до сега и ако не успеат во следниве неколку месеци да му донесат квалитетна помош, (а не Марко Јариќ да им е главно засилување), тогаш Кевин Мекхејл и да не го направил тоа до сега, би требал да подразмисли за трампање на Кеј-Џи. Чикаго, Далас, па и Лејкерси веќе покажаа интерес, а сигурно и еден куп други екипи би се јавиле на лицитацијата за МВП-то од 2004.
Мислам, зошто да не, со ваквиот скуп на играчи каков што имаат тешко дека за сто години ќе освојат нешто, а и да се појачаат малку ипак за конференциски ривал го имаат Сан Антонио, кој барем во следниве неколку години не планира да се откажува од титулата.
Булси не би биле лоша алтернатива, ни за Кевин, а ни за Вулфси. Се зборува дека понудата би можела да се состои од двајца од младото трио Бен Гордон, Луол Денг и Тајсон Чендлер, плус пик од 1.рунда на следниот драфт. Тоа у никој случај не е понуда за занемарување, посебно што покрај млада екипа, ќе им даде и голема флексибилност во селари-капот, зашто не смее да се заборави дека Кеј-Џи у следниве четири години треба у џеб да стави цели 84 милиони долари!!! Сума која веројатно и ќе одбие голем број клубови кои би сакале да го имаат кај себе.
Сепак, таа сума би можела да биде и предност за некои газди, каков што е Марк Кјубан, кој не ја крие желбата да го собере Гарнет, па тоа и да биде по цена на откажување од еден Дирк Новицки.
Тука се и Лејкерси, кои освен Ламар Одом немаат што да понудат. Можеби драфтувањето на средношколецот Ендрју Бајнам беше баш за некоја ваква стратешка игра.
Како и да е, дали пред крајот на преодниот рок во февруари или пак на крајот од сезоната, на Мекхејл ќе биде да ја донесе одлуката од која најверојатно ќе зависат следните пет-десет НБА години во Минеаполис.
- Низ трејд муабетите се врти уште едно име, и тоа на екс-соиграчот на Гарнет, Стефон Марбери, муабет кој како што почнаа Никси да победуваат верувам се помалку ќе се слуша. Можда и најголемата глупост врзана со трејд на Стеф е таа дека тој ќе биде пратен во Торонто во размена за Џален Роуз, играч кој кај не им е ама ич потребен на Никси, кај кога беше у Индијана, јавно се судри со тогаш тренерот на Пејсерси, Ајзеа Томас, кој сеа е бог и батина у Њујорк. Како мамка се спомнува договорот на Роуз, кој истекува следното лето и кој на неговиот клуб ќе му заштеди 14 милиони, но не верувам дека Ајзеа ќе ја загризе таа мамка. Кога сме веќе тука, ѕирнете го линков до текстов за Стефон од Ленг Витакер од SLAM , вреди да се прочита.
- The Hornets are not denying that several teams have expressed an interest in acquiring veteran P.J. Brown. But Coach Byron Scott said there are only three trade deals, which are not likely to be offered, he would consider. "The only way is if San Antonio wants to give us Tim Duncan, Minnesota gives us Kevin Garnett or Miami gives us Shaquille O' Neal," Scott said. – Ураганот Катрина веројатно оставил трајни последици врз психичкото здравје на Бајрон Скот. Или тоа, или е ептен напушен.
- За ова мислам дека не треба коментар, освен дека ова е веројатно првиот асист сезонава и за Коби и за Квами.
Синоќа гледав Сакраменто - Њујорк. Боље да не гледав. На Кингси не им помина втора средба по ред да бидат за нигде, а да победат. Никси стигнаа до првата победа сезонава во арената која порано важеше за кошмар за гостинските екипи. Сега одењето во Арко е како одење на излет. Кингси се уште не знаат што е тоа одбрана. Аделман мора да добие клоца. Сите у Кингси, освен можеби Пеџа на моменти, беа труби. За клупи да не збориме. Младите момци на Никси, дебитантите Фрај, Робинсон и Батлер, како и ланскиот руки Ариза се нивната иднина. Посебно Ченинг Фрај. Крафорд како да почна да се уклопува у системот на Лери. Истото важи и за Кари. Честито прва победа Никси, честито шупачка екипа, Сакраменто. Не ве гледам више. Дури и Пеџа знае дека нема иднина во Сакто. "Rumors persist that Sacramento’s Peja Stojakovic wants a trade to the Bulls or is hoping to sign here as a free agent next summer" - велат во чикашкиот Daily Herald. Ако, така и им треба. Имаше Шек право кога ги нарече Queens.
Sunday, November 13, 2005
Според тоа што го видов, синоќа се десија неколку работи вредни да заземат место на блогов (плус Мемовата брилијантност, опишана во постот на Енко подоле).
Прво, Мухамед Гасол почна да се диви у клучни моменти! Во исклучително тесната завршница во Филипс Арена, птичурините на Каракаш изгубија у последна секунда – и тоа на шашма, благодарејќи на талентот на Заза Пашулиа. Имено, Мемфис, на –1, се решија да идат преку Мајк Милер за тројка (?!). Овој утна, Пашулиа жив трапав се истепа со Лоренцин Рајт, и топката дојде до Гасол, кој фино лепо си ја положи и стана анлајкли хироу. Инаку солидна партија пружи Шејн Бејтие, со 22-8-5 учинок (милина бројки). Иначе, тек сеа поврзав дека у Мемфис играат двајца добитници на титулата „Руки на годината“ (Гасоламабад и Мајк Милер).
У Милвоки пак, се случи исто така шашмарско решавање на утакмица. Во самиот финиш - +1 за Индијана и две слободни за Фреди Џонс. Првото го дава, второто го утиња, ја фаќаат Бакс, стасува на половина до Морис Вилијамс, овој ја зима негде до 2-3 метра позади тројка, од таму без размислување пул-ап скок шут, и без коски.. Индијана занемеа, пошто водеа цела утакмица.. иначе, уште една супер партија на Ти Џеј Форд и другарите, а Рон Артест „у затворот“ стварно дигал тегови и ништо друго не праел :)
Трејси Мекгреди пак, се врати порано од очекуваното и тоа одма резултираше со победа на НАСА и тоа на гости кај Нетс. Иако почна со 1 од 9 против тимот на брачед му, Ти Мек се разбуди во второто четвртина, дае од тие неговите луди шутеви, и добпринесе за враќање на самодовербата кај рестото од бандата наречена Рокетс. Статистички, неверојатно – 35 поена, 10 скока, 4 асистенции. По ова за нив битно доживување, Хјустон ги враќам во трката за титулата.
Уште еден од моите пулени за оваа сезона синоќа рокна. Џилберт Аринас, кого при пуна разум и свет го кандидирав за најдобар стрелец сезонава, успешно им ја скрши кичмата на шампионите од Сан Антонио со 43 поена и 6 асистенции. Притоа, има едно 3-4 потези на топ 10 листата за вчера.. особено ми остави впечаток еден влез меѓу буквално цела петорка на Сан Антонио, и завршница ко Џордан. Некогашниот МИП може да стане МВП.
Вашингон тепаа со 15 разлика, разбира се.
- Гира прави чекори, по што ја пуштаат "Walk this way" од Aerosmith & RUN DMC.
- Нов асист на Мемо, сеа до Кириленко за лесни два.
- Окур сеа го мести Согаила, погодува едно од две слободни. 18-15, Јута.
- Скајлс мора нешто да мења, влегуваат најдобрата ланска резерва, Гордон, Денг и Г'зот Свитни.
- Трета иста тројка на Хајнрих.
- 2+1 на Денг. 21-18, Булс.
- Кириленко падна...и едвај се дигна. Не е ваљда дека пак ќе се повреди на старт од сезона и ќе ја уништи сезоната на Јута, а?
- Еве го на нозе, се држи за колено, но делуе ОК. Иначе, ударотбеше коллено у колено Гзот.
- Мемо има фриз како сега да станал од спиење.
- Убаво шутче на Денг. 27-21, Булс.
- Мемо наместо времето за напад, го гледаше Гира како се бори за позиција. 5 секунди за напад за Булси.
- Луол погодуе тројка со звукот за крај на 1. период. 32-21, Булс.
2.четвртина:
- Дерон Вилијамс у прв контакт со топка дава кош.
- Андреј е жив малер. Пак падна, сеа после шут за три, со свиткан десен скочен зглоб. Не ми изгледа ОК. Правец – соблекувална.
- Отела биг фела погодуе за најубедливи 38-23, Булс.
- Слоун ќе мора да го врати Мемо.
- Три секунди у напад за Чикаго. Не е Свитни крив, он излезе, гзот му остана у рекет.
- Дерон има солидно шутче.
- Исто и Гордон, 44-28, Булс.
- Мемос бек, 44-30.
- Еј, еве го Девин Браун од Спарси. Скроз заборавив дека е у Јута.
- Дерон, барем у движење и фигура, стварно потсеќа на Кид, само што уште сеа е бољи шутер од него.
- Клупата на Чикаго завршува работа досега. Отела, Бен, Свитни и Луол ги изедоа колегите од Јута.
- Бен го потврдува горново со двојка, 53-40, Булс.
- Пак Бен, сеа од табла.
- Тројка на Мемо преку Чендлер, 55-45, Булс.
- 2.чет. завршува со бунар на Дерон.
3.четвртина:
- Кириленко дефинитивно не се враќа.
- Две тројки по ред на Чикаго, Носиони и Духон за 61-47, Булс.
- Нова трица на Мемо. Ипак нагазил, само два.
- Гира не нагази, 61-52, Булс.
- Остертаг асистира! до Окур.
- Носиони скроз забораве у агол, погодува тројка со истек на време за напад.
- И двете екипи веќе неколку минути се без идеја у напад.
- Конечно нешто корисно и од Девин Браун. Тројка за 68-60, Булс.
- Колку е само Чендлер бескорисен у напад. Уште кога ќе ми текне дека го трампаа со Елтон Бренд?!?!
- Дерон влезе и го размрда нападот на Јута.
- Гира погодува. 72-67, Булс.
- Бунар на Гордон. Дерон со сирена.
- Бен се поправа со тројка, па одличен ролинг за положување преку Остертаг. 79-71, Булс. Крај на 3.период.
4.четвртина:
- Двете минути тупење ги разбива тројката на Дерон.
- Мемо на асист на Гиричек намалува на 79-76.
- Булси у првите три минути од последната чет. прават се, само не играат кошарка. Тајм-аут на Скајлс.
- Мемо ја претера со пуцање тројки.
- Од 62% шут у прво, Булси паднаа на 38% у второ полувреме.
- Милт Паласио, кој у игра се појави тек у овој период дава 4 поени по ред. 87-85, Булс.
- Денг положува од тешка позиција, па Кирк го копира плус фаул. 92-85.
- Судиите у критичен напад му свират три секунди на Мемо, кој у рекет беше едвај една секунда.
- Паласио пак. 94-89, Булс. Милт за осум мин. игра има осум поени.
- Мемо пак ја гази тројката. 96-93, Булс.
- Денг куца у контра, 100-93, Булс на 1:20 до крај.
- Мемо тип-ин, 100-95 (1:08)
- Koлинс едно од две слободни, 100-96 (1:02)
- Тајм-аут на турски се вика - мола.
- Чендлер како Колинс, 101-96 (40сек.)
- Девин утиња зицер од под кош, па прави фаул над Носиони, кој пак ги утиња двете слободни. Ипак помина доста време.(20сек.)
- И Дерон го еба десниот зглоб.
- Офанз. скок на Мемо, фаул од Ченлдер. Окур ги убацува двете слободни, 101-98, Булс на 15 сек. до крај.
- Паласио за малце краде.
- Денг погодуе 1 од 2 слободни, 102-98 (9сек.)
- Толку од Јута, Браун утиња тројка, конечни 103-98.
Без Кириленко, Јута едноставно не можеше да направи целосен камбек. Булси, пред се нивната клупа, зашто од стартерите само Кирк (и можеби Духон) изигра нешто, беше премногу за џезерите. Бен и Денг се веројатно најопасниот тандем резерви, кои факат се бољи од играчите кои им ги држат местата у првите пет. Но, Скајлс на време приметил дека тие се многу поефективни од клупа. Освен Андреј, кај Јута пак го немаше Бузер, кој нема настап сезонава, поради, како што се збори повреда на препоните, иако малку кој верува дека тоа е причината. У отсуство на ова дуо, Мемо стана прва опција, ѕвер у нападот, за што најдобро зборат рекордните у кариера 33 поени плус 17 скокови. Гоу, Мемо.
Saturday, November 12, 2005
Од друга страна, Кингси иако победија, и тоа убедливо, не покажаа нити еден знак дека се тимот кој повеќето аналитичари го ставија на врвот на Пацификот. Триумфот е само резултат на мизерните Нагетси, да беше некој посериозен тим синоќа во Арко, ќе си се прошеташе до победата. Како и противникот, и Кингси играа несмасно, губеа топки, утињаа чисти шутеви и не се знаеше кој што треба да прави на теренот. Веројатно голем удел во таквата игра има човекот кој треба да биде нивни лидер, а кој е нивно најголемо разочарување сезонава, Мајк Биби, кој не можеше да погоди ама баш ништо, а покрај тоа и губеше топки и даваше лоши пасови цело време. Баш затоа и не се изнаигра многу у 2.чет. и 2.полувреме, кога плеј на Кингси беше Џејсон Харт, ланската резерва у Бобкетси. Харт кутриот, повеќе пути се мачеше да пренесе топка. Многу бољи од Биби не беше ни Бонзи Велс, а работата малку за извадија Риф, Пеџа и Бред Милер. Уште некој од нив да знаеше да игра одбрана, па Сакраменто и ќе личеше на екипа. Ипак, проблемов у Сакто, иако звучи комплицирано, има многу лесно решение – отказ за Рик Аделман. Бркоњата не сум го поштуел никад, барем не како победник, затоа што типот тоа не е, а на оваа банда у Сакто и тоа како им треба цврста рака. Рик имаше доста шанси да покаже дека вреди, време е за некој нов.
Добро е што после дождот пак доаѓа сонце, кое ваљда вечер ќе ми го вратат Чикаго и Јута.
Friday, November 11, 2005
- МВП и Чонси си разменија поени за 14-14 на средина на 1.период.
- Санси засега покрај Волас енд Волас немаат шанси у скок, но знаете ли кој е прв скокач у НБА со просек од дури 13.8? Мерион. Втор е Бен со 13.
- Шерил Милер уствари ти е Реџи со коса...и цицки.
- Кога сме кај скокот, офанзивен на РИП за 18-14, Детроит.
- Тајната зошто Неш е толку добар у нападот веројатно лежи во тоа што типот не игра ни грам одбрана. Чосни го убива засега.
- Прва опција на Санси у задњите два напади е Барбоса, што се покажува како добра идеја на Д’Антони. 20-20.
- Тројка на Леандрињо.
- Билапс му враќа со 2+1, најмногу поради "јаката" одбрана на Неш. 26-23, Детроит.
- После нивниот тајм, Санси вадат петорка – Барбоса, Хаус, Марли, Бурк и Џонс. Ако дадат кош – сечам глава.
- Сечам. Хаус положува на полуконтра за 28-25.
- Шид погодува за конечни 30-25, Детроит. Доказ за играта на Неш у одбрана – 13 поени за десет мин. на Билапс.
2.четвртина:
- Сезоната кога станаа шампиони, клупата на Пистонси у просек даваше по 26.6 поени, лани тој просек падна на 20, а сезонава се на 25.6. Тера на мислење.
- Не се дешава ништо интересно, се игра многу поспоро. Детроит води 32-28 по 3 мин. игра.
- Џејмс Џонс погодува тројка и Флип одма бара тајм.
- Џонс продуже со 4 поени по ред. МИП, МИП.
- Додека е Неш на клупа, се одмара и Билапс.
- Веќе неколку напади секој напад на Детроит оди преку Мекдајс, кој има серија од 6 поени по ред. 40-37, Пистонс.
- Тројка на Чонси.
- Со Неш у игра на сите им е полесно, посебно на Мерион. Иначе покрај првиот скокач во Шон, Феникс го има и првиот асистент у лига во Стиви (12.5)
- За време на тајм-аутот Мерион признава дека сезонава без Амаре прави повеќе блокови од било кога во кариерата.
- Делфино два пати по ред ја гази тројката. 46-43, Детроит.
- Еден од помошниците на Флип е Рон Харпер.
- Две положувања на Дио за 49-46, Санс.
- Техничка за Бен за многу мрчење кај судиите, Неш го погодуе едното слободно.
- Ред е на Шид за 4 поени по ред. 50 оба.
- Курт Томас до сега не погоди ни еден од неговите познати шутеви од дистанца, а кај не погодуе у напад, прави и глупа лична над Билапс на осум секунди до крај. 52-52, така и завршува 1,полувреме.
3.четвртина:
- Неш, РИП, Мерион. 56-54, Санс.
- Чонси и даље го уништува Неш еден на еден. 58-56, Санс.
- Дивац има наследник у флоперите меѓу високите мрцини во Курт кој како погоден со шатган паѓа по еден дуел со Билапс, на кој му свирнаа фаул у напад.
- Неш погодува плус дополнително слободно за највисоко водство на Феникс од 64-56.
- Сеа ми текна. Кај е Џим Џексон?
- Глупост на судиите кои му свират техничка на Шид за непотребно бесење на обрач после куцање, коа Волас тоа го направи само затоа што мислеше дека има човек позади него. После прегледување на снимката, судиите ја сменија одлуката.
- Пак глупост, судиите дуваат непостоечки фаул у напад на Дајс, нешто што се повторуе и у следниот напад на Детроит. Феникс не ја користи наклонетоста на судиите и води само 74-65.
- Тејшон и Леандро играат сами у задњиве 5-6 напади. 82-74, Санс. Крај на 3,четвртина.
4.четвртина:
- По Френсис пред некој ден, глеам и дека Бен се префрлил на Најк.
- Баш Бен куца од одбојка, потег кој го повторија од едно шест агли. Можеби е до патиките?
- Две слободни на Аројо за 84-80, Санс.
- 2+1 на Дио.
- 2+1 на Џонс. 90-83, Санс.
- Еди Хаус е тотално бескорисен.
- Два пати по ред Дио прави дефанзивни три секунди. РИП погодува едно од две слободни, 90-87, Феникс.
- Изненадувачки, но Барбоса си игра кур-ташак со одбраната на Детроит. 2+1 за 93-87, Санс.
- Два шута ала-Реџи на РИП за 95-91.
- Тројка – Неш.
- Тројка – Шид.
- Двете други средби на Феникс дома сезонава беа решени или во задњите секунди или во продужеток. Ми мириса дека и сега ќе биде така.
- Тројка на РИП и две слободни на Бен за само 100-99, Санс.
- Покрај Неш, и Брајан Грент ќе даде кош.
- Дежа-ву трица на Шид.104-102, Санс.
- Феникс има дури седум двоцифрени у напад, прв стрелец им е Барбоса со 21 поени, кој го нема у игра кога се крши резултатот.
- Пистонси одат на сигурно преку РИП за нерешено, 104-104.
- Трејдмарк одбрана на Детроит, Неш губи топка.
- РИП пак погодува од дистанца. 106-104, Пистонс.
- Одбраната пак завршува работа, Томас губи топка.
- Чонси со тројка преку Неш на 16 секунди до крајот го става шлагот на тортата. 109-104, Детроит.
- ДАнтони бара тајм кој тешко дека ќе смени нешто.
- Санси пак губат топка, Бен куца за конечни 111-104, Детроит. Билапс завршува со 27п. и 11ас., РИП у задњите седум и пол минути постигна 11 поени. Најдобар старт на сезона на Пистонси во последниве 17 години.
Досега ги видов сите фаворити на Истокот и морам да признаам дека Детроит, барем у моментов изгледа најсериозно за враќање во Финалето. Нормално, не мора да значи дека така и ќе биде зашто има уште многу да се игра, а сите знаеме како еден потег или една повреда можат да уништат цела сезона (прашајте ги само Пејсерси за лани), Мајами се уште ги нема уиграно новите играчи, а проблем е и повредата на Шек, додека Индијана се уште се навикнува на тоа да го има Рон пак у екипа.
Како и да е, Пистонси делуваат најмоќно на Истокот и сигурно нема лесно да се откажат од конференциската титула. Тие се единствениот непоразен тим со скор 5-0, а големи заслуги за тоа има Флип Сандерс, кој на играчите им ја даде толку посакуваната слобода во нападот.
Чисто онака, Пистонси се единствени без пораз, а Никси на Лери Браун, (заедно со моите Хоукси) се единствени без победа. Па ти види сеа.
Wednesday, November 09, 2005
Као што веќе си знаете, синоќа нашите два тима играа еден против друг у Атланта и Лејкерси победија најмногу поради 37 поени на Коби и уште една сурпрајз партија на Смуш Паркер. Но, но е поентата у тоа, нити у тоа што беше првата средба во Атланта за новиот јастреб Џо Џонсон, нити пак у тоа што Хоукси уште немаат победа.
Има две причини поради кои синоќешната средба не беше обичен НБА меч, едната е крајно позитивна, додека другата е крајно негативна.
Позитивната прича е целиот трибјут кои Хоукси пред средбата го организираа во почит на ненадејно починатиот нивни центар Џејсон Колиер (така се изговара). Најпрво беше пуштено филмче посветено на Џеј-Си, во кое беа истакнати неговите најголеми квалитети, а тоа беше помагањето на помалку среќните од него, како и многубројните дружења со децата од домовите од Атланта. Онда имавме едно типче у килт кој на гајда ја отсвири химната на САД во чест на Колиер, за на крај Ал Херингтон да одржи говор во кој кажа каков човек и соиграч беше Џејсон и каков шок за него и другите играчи на Атланта претставуваше неговата ненадејна смрт. Тука имавме кадар од сопругата и ќеркичката на Џејсон во солзи. Човек тотално да се наежи.
Негативниот дел се состои од нешто, што барем јас, го немам видено никад у НБА. Целата техника откажа, така да не работеа нити Џамботронот (она големото џудо закачено за кровот), семафорите над кошевите и сирените кои означуваат крај на нападот. И покрај целиот хаос, Хоукси инсистираа мечот да продолжи, што и бидна. Играчите играа иако не знае колку имаат за напад, официјалниот коментатор кажуваше кога нападот ќе стигнеше на десет секунди до крај, а кога нападот ќе истечеше, од записничката маса фрлаа пешкир на теренот?!? Ја такво нешто немам никад видено, а но Фил Џексон, кој кога по победата го прашаа дали некад у неговата кариера му се десило вакво нешто, тој рече: Не се сеќавам, но и да било веројатно било тука, во Атланта. Поголема брука за моите Хоукси, амин. Како не ја прекинеа средбата.
Барем малку ме расположи овој коментар на Били Најт на изјавата на менаџерот на Спри:
"Latrell is very much interested and has indicated a number of times his desire to play for the Hawks. He likes the fact the [Hawks'] owners, GM and certainly the coach are committed to amassing a winning team. He thinks he could make a major contribution to the team and he loves the city." –Боб Гист, менаџерот на Спривел.
"We're loaded with players at the wing positions. And we really have no interest in Latrell Sprewell joining our team." –Били Најт, ГМ на Хоукси.
-- Плачкото Радмановиќ изгледа ништо не научи од ЕП, па сеа своите проблеми со главата ги пренесува и во Сиетл, каде по само четири меча почна да се буни по медиумите дека тренерот не го сака. Заборава дека следното лето ќе треба да бара нов клуб, а тешко дека на некој му треба психо у екипа.
-- Стив Френсис Рибок го замени со Најк. Паметен момак.
Shepp joins in:
Ептен сум среќен што моите Лејкерси влегоа у сезоната со 3-1 и ептен ми е ќејф за дуото Кони - Смуш кои даваат по 60 поени на утакмица. Тоа со техниката ми е смешно, ама не толку шокантно колку за Америте.. за Колиер - РИП, и Господ нека го пази Кари.. за Радман.. иди лечи се.. за Спривел - дај некој нека го ангажира, децата више му се пред умирање од глад..
Ај така.
Tuesday, November 08, 2005
Ѕвездите паѓаат:
Не помина ни седум дена од сезоната, а веќе две од најголемите ѕвезди се на лечење. Откако Шек незгодно доскокна на стапалото на Артест, следеше и веста дека Рокетси у следниве три недели минимум ќе бидат без Ти-Мек. Не мора да се прави многу муабет за тоа што овие повреди значат за Мајами, т.е., Хјустон, но посебно тешко ќе им биде баш на Рокетси, кои без Трејси немаат екипа за плеј-оф. Она што уште повеќе треба да ги загрижи во Хјустон е дека ова не е прв пат да проработи грбот на Мекгрејди, кој со такви проблеми се бореше уште кога играше за Орландо. Добро е познато како евентуална операција на грбот може да уништи нечија кариера, сетете се само на Лери Џонсон.
На овие двајца можат да им се додадат и Амаре (кој нема да игра најмалце до февруари), Грент Хил (до средината на декември), како и Нене, кој уште во првата средба ја еба сезоната.
Мемо се разбуди, но кај е Бузер?
Како и лани (4-0), Јута и оваа година по првите три средби има позитивен скор (3-1), но за разлика од лани најзаслужен за тоа, покрај Кириленко, е Мехмет Окур. Мемо конечно почна да игра според потенцијалот, но и договорот кој лани го потпиша (50 милиони за шест год.), а тоа најдобро го осетија Бобкетси кои синоќа ги почести со 31 поен.
Додека едниот од ланското дуо засилувања конечно почна да ги оправдува средствата вложени во него, другиот го нема никаде. Карлос Бузер сезонава не се појави у дресот на Јута, уствари тој тоа го нема направено уште од 14.02. годинава кога ја одигра последната утакмица. Тој вика дека е повреден, но газдата, а и тренерот Слоун нешто многу-многу не му веруваат. Зашто? Затоа што момакот летово одигра неколку егзибициони средби, како и хуманитарната за жртвите на Катрина. Дали е можно по само година дена Карлос да си го потроши добредојдето во Јута, како што направи во Кливленд?
У М-то...е финатата
Двете екипи кои најпријатно ме изненадија се Милвоки и Мемфис. Бакси ја отворија сезоната со три победи без пораз, демонстрирајќи одлична игра, посебно во финишот на средбите, за што најдобро зборат победите против Филаделфија и Мајами. Знам дека е прерано, но со ваква игра Бакси нема шанса да го утнат плеј-офот, Ти-Џеј Форд им се врати подобар од било кога, Ред си ги оправдува 90 милиони, Боби ги натера да го заборават Дезмонд, Меглор у одбрана царуе со рекетот, а Богут докажа дека нема да му требаат две-три сезони да стане играч.
Што се однесуе до Мемфис, мислам дека ако лани Феникс ги изненади сите, онда годинава тоа можат да го направат Гризлис, нормално не до толку за да го освојат Западот, но и пласманот у плеј-оф би бил изненадување за нив. Клучот за ова е Гасол, кој со Ал-Каида брадата е решен да го остави зад себе имиџот на мек играч. Сите ние знаеме каков е кога игра за Шпанија, а сезонава почна таквата игра да ја пренесува и во Мемфис.
Не ги отпишувајте Лејкерси,...а ни Клиперси
Двата тима од Ел-Еј на стартот покажаа дека иако сите ги отпишаа, тие имаат и тоа каква причина да изјавуваат дека плеј-офот е реалност сезонава. Тука посебно мислам на Лејкерси, кои ги гледав двапати (Денвер) и кои се многу подобри од она што го очекував. Во некој од претходните постови напишав како јас ги видов со Денвер, а Коби со просекот досега е најозбилен кандидат за прв стрелец, уште една причина зошто ме потсеќаат на Булси од кога ги презема Фил (1989). Што се однесуе до нивните комшии Клиперси, и тие почнаа добро, иако со повреди им се мучат Магети и Ливинсгтон. Мобли и Кесел засега се покажуваат како одличен бекоски тандем, а Бренд си е стандардно добар. Не ги отпишувајте ни едните, ни другите, барем не засега.
Фил е геније
Ова можеше да оди погоре, ама човеков заслуже да се издвои. Кога летово прифати да се врати у Лејкерси сите се прашуваа дали е нормален, но кога ќе се размисли подобро, зашто да не се врати?
Што и да се деси сезонава, Фил ќе си ги лапне 9 милиони и ќе биде у право. Ако Лејкерси продужат како што почнаа, онда сите ќе го возвишуваат Фил, а ако паднат, онда сите ќе го обвинуваат Коби и неговото его. Подобро не може.
Дали е магијата во Карл?
Тимот со најразочарувачки старт на сезоната е Денвер. Во двете средби на кои Нагетси наместо Џорџ Карл ги водеше Скот Брукс, јасно се виде дека тоа не е истиот тим кој одигра фуриозни последни месец и пол од минатата сезона. Играчите се исти (плус Ленард и Вотсон, минус Нене), но тие не личеа на себе во поразите од Спарси и Лејкерси. Кога се врати Џорџ, тие ги прегазија Блејзерси, но па одма после тоа беа прегазени у Ел-Еј.
Следните неколку недели ќе покажат дали Карл лани ја потроши цела магија или има уште понекој трик у ракавот.
Monday, November 07, 2005
Синоќешниот, трет пораз во серија на Никси уште еднаш покажа зашто не ми се свиѓа Лери Браун и зашто веројатно се додека не се пензионира нема да ми помине Лерингитисот.
У само три утакмици у Њујорк (0-3), Браун веќе успеа да ја испреврти цела екипа, да се срчка со ланските први ѕвезди и да почне по изјави да спомнува имиња на играчи кои не му се по вкус.
Сеа, знам дека задачата не му е лесна и дека си има работа со неколку стварно тешки случаи, но кога по само три средби у новата средина тренерот ќе почне по весници да ги критикува своите играчи, тоа покажува дека ни тој не е нешто многу подобар од тие тешки случаи.
Што е можеби уште полошо преку своите изјави и потези на теренот, Браун покажува дека уопште не му се по вкус играчите кои летово го донесе човекот кој е заслужен што тој се уште има работа во НБА. Играчите кои Ајзеа Томас ги потпиша како делови од новите Никси, како Еди Кари, Квентин Ричардсон и Џером Џејмс јавно се критикувани од Лери, а ништо подобар третман немаат ниту Џамал Крафорд и Стефон Марбери. За сите нив тренерот изјави дека не се доволно борбени или по нашки дека "немаат душа".
Добар пример за тоа е синоќешниот дуел со Вориорси во кој, очигледно за да упати порака до стартерите, Браун во голем дел ги играше тројцата дебитанти, Фрај, Робинсон и Ли, а покрај нив у првите пет одреден период беа и ланскиот руки Ариза плус Мет Барнс, кој летово дојде како слободен играч, по препорака на Браун.
Еди Кари не се појави на теренот у последните 15 минути, а у игра помина само 16 минути. Џејмс иако стартуваше, играше само седум минути, а нити Џамал (17минути) го немаше у игра кога Никси го бркаа резултатот. Наместо тоа, топката у можеби најважниот напад ја прими Нејт Робинсон, на кого веднаш му ја украде Берон Дејвис, ставајќи точка на надежта на Никси за прва победа сезонава. По мечот Лери изјави дека Нејт не смеел да биде ставен у таа ситуација и дека тој не е крив за изгубената топка, но не кажа кој е кривецот. Не призна дека тоа беше негова грешка што го остави рукито во игра кога се кршеше резултатот, се само за да испрати порака до некои играчи.
А не е дека Вориорси беа нешто сјајни синоќа. Тие утнаа дури 17 од 32 слободни, а Берон, кој играше практично со една нога, иако делувал незаинтересирано заврши со 16п., 6ск., 9ас.
Да не биде дека сум против Браун, точно е дека со Стефон во игра тие утнаа цели 12 напади по ред, а Џамал, Кари и Џејмс не се нешто познати по оставањето душа на теренот. Тука посебно мислам на Џејмс, кого и го избрав како играч од кој неговата екипа ќе има најмала корист, иако им лапа добра дел од селари-капот. Мрцината сезонава одигра вкупно само 11 минути во кои успеа да направи седум лични. Не ги ни спомнуем Малик Роуз и Мо Тејлор (кој у следниве две сезони ќе лапне дури 18,8 милиони), кои се во тотална немилост кај Браун.
Но, работата на Браун е да го извлече максимумот од своите ѕвезди и да ја пронајде вистинската хемија меѓу нив, а не уште на почеток да ги критикува, да води инат со играњето на дебитантите (иако по тоа не бил никогаш познат) и да прави потези со кои индиректно се потсмева со изборот на Ајзеа.
Ете зашто уште имам Лерингитис.
---------------------------------------------------
- Според повеќе весници од САД, нити една екипа, па и оние кои планираа да прават трејдови, у моментов нема да се одлучат на таков чекор само поради едно име – Кевин Гарнет. Се повеќе се збори дека Кеј-Џи не е среќен во Минеаполис и дека ако работите во Вулфси не тргнат на подобро, некаде околу Ол-Стар паузата тој од клубот ќе побара да биде трампан. Ваков потег би можел да се покаже како корисен за двете страни, затоа што и Гарнет се засити од Минесота, а и на сите во клубот им стана јасно дека преклани беа најблиску до титула со него у екипа. Одма кога се појави оваа вест, се јавија од родниот град на Кевин, Чикаго каде Булси би се откажале од пола екипа само да го добијат Гарнет.
----------------------------------------------------
- Латрел Спривел уште нема клуб. Како ли му преживуваат децата? Така и му треба, сељачиште едно. И да се деси да потпише со некого, Спри нема да земе повеќе од минимумот за ветерани со негово искуство (1,4 мил.), што е многу помалце од она кое му го нудеа Вулфси лани, 21 милиони за три години. Кога му ја понудија оваа сума Спри целиот револтиран ја одби изјавувајќи дека клубот со тоа го навредил и дека со тие пари нема да може да си ги прехрани децата. ПА ШТО ТИ ЈАДАТ ДЕЦАТА БРЕ ИДИОТЕ, МЕРЦЕДЕСИ?
(пак дупи блогер со сликите, иначе ќе го ставев Крис Кејман како најголем фактор сезонава)
Како што неколку пати спомнав, Лигата стана синоним за калакурница. Рецимо, ако до крај се продужи како што почна би имале малце необичен исход..
У плејоф на Запад би влегле:
1. Клиперс
2. Њу Орлеанс / Оклахома
3. Јута
4. Лејкерс
5. Далас
6. Сан Антонио
7. Голден Стејт
8. Мемфис
На Исток:
1. Вашингтон
2. Милвоки
3. Њу Џерси
4. Детроит
5. Шарлот
6. Индијана
7. Чикаго
8. Бостон
За титулата МВП најсериозен кандидат би бил Коби со феноменален просек од 37 поена, скоро 7 скока и скоро 5 асистенции по натпревар и 49,4% од поле.
Руки на годината би бил Крис пол со 13,7 поена, 5,7 скока и 5 асистенции по натпревар.
Али рано е..
Sunday, November 06, 2005
Кичмата на Ти Мек (хронична повреда, никогаш не ја санирал тотално) изгледа ќе биде посериозен проблем од колку што се очекуваше. Првичните најави беа дека ќе си го отседи само синоќешниот дуел со Хорнетс, ама сеа се пушти глас дека спанкото ќе иде и на листата, а неговото заздравување и спремност за настап се чека тек за декември!!! Плус се шушка за проблеми со лигаментите у коленото.Нема потреба да равам некои анализи како тоа ќе се одрази на Хјустон. Впрочем синоќа, Хјустон без него отиде јабана против Њу Орлеанс / Оклахома. А во привјуто баш нагласив дека првиов месец е клучен за сезоната на ракетите, пошто играат со сите до еден конкуренти за титулата. Следнава недела имаат првин средба со Орландо дома (Стив Френсис се враќа во НАСА), а после тоа ги чека една убава екскурзија до Мајами, Њу Џерси, Бостон, Минесота и Сан Антонио. После тоа ги пречекуваат Детроит дома и играат првин со Индијана а после и со Далас на гости. До враќањето на мекгреди ќе играат и со Феникс дома, и ќе имаат битно гостување во Мемфис.
Подобар тајминг за повреда на Трејси не можеше да се погоди. Толку од тимот што ќе изненади во борбата по титулата. Со овие порази што ќе ги нанижат првиов месец, нека се сликаат од првото место во дивизијата. Баксузи!
Ако ништо друго, ќе го гледаме во одело а не во пижамиве што ги носи на сликата.
- Први поени на Ајверсон за 6-6.
- Одма после тоа Ален одлично асистира до Хантер, кој поентира под фаул.
- У согласност со новите дресови, и паркетот во Индијана претрпе редизајн. Но за разлика од дресовите кои отидоа на подобро, паркетот е максимално ружен со бело од страните, каде лани беше црно. Бљак.
- Се игра многу брзо и по само три минути со двете слободни на Вебер, Сиксерси водат 10-8.
- Игудала ќе се намучи со Артест, кој изгледа како да цело време додека бил суспендирал само дигал тегови.
- Хантер е дефинитивно клон на повредениот Далембер.
- Одбраните сеуште ги нема нигде. 16-15, Сиксерс.
- Што мајка му треба на Вебер да иде на влез кога е спор ко полжав. Рон стигна на време да изнуди фаул у напад од Крис.
- На Карлајл му е доста од брзата игра и бара тајмаут при 19-18, Пејсерс.
- Сликава почнуе да се сере.
- Добро е се среди. Америчкиве коментатори се мучат со презимето на Јаске, кој според нив се презива Јаскечиус.
- Игудала и Корвер досега не учествуваа во ниедна акција на Сиксерси.
- Еве го Андре, одличен фејк пас за лесно положување. Кој му асистираше? Корвер, нормално.
- Иако е ужасно спор, Вебер изгледа многу подобро од лани. Осми негов поен за 26-23, Сиксерс.
- Јаске влегува и одма прави фаул над Ајверсон.
- Се поправа со тројка во напад.
- Центар на Индијана у моментов е Џонатан Бендер, а четворка Дени Гренџер?!?
- Корвер го прати другар му Ештон во фризура, а со тројка ги постигнува конечните за 1. период, 30-28, Сиксерс.
2. четвртина
- Ништо од одбраната на Индијана. Нејлон убацува две слободни за 34-32 за Филаделфија, по што Јаске одма губи топка. Џим Кери полудува на клупата на Пејсерси.
- Втор напад по ред Индијана ја губи топката уште на својата половина. Сеа Фред Џонс го фаулираше Ален.
- Без прав центар, па ни четворка, у рекетот на Пејсерси цело време дува промаја.
- Ова веќе не е интересно. Сеа Џексон прави чекори. На Карлајл му е доста па ги вади Јаске и Џекес. На нивно место влегуваат Тнсли и Артест.
- Нејлон пак погодува плус е фаулиран од Бендер. 38-32, Сиксерс.
- Рик конечно бара тајмаут и го враќа Џермејн.
- Со него нападот на Индијана се враќа у нормала, но не и одбраната каде примаат кошеви од типови како Нејлон и Оли. 42-39, Сиксерс.
- Оли дава уште пет поени во серија за 47-39 за Филаделфија, која иначе е 10. тим за Кевин во неговите 9. НБА сезони.
- Пејсерси никако да фатат ритам. Причина за тоа можеби се и пречестите хокеарски измени на Карлајл, кој на пет мин. до крај на 1. полувреме веќе ја дигна цела клупа.
- Дали сте знаеле дека Морис Чикс е 4. крадец во историјата на НБА? Пред него се само Стоктон, Мајкл и Пејтон.
- Вебер не може да се одлепи од земја.
- Дежа ву ву, Инди пак губи топка.
- Ештон погодува едно од две слободни за +10 за гостите. 54-44.
- Џермејн прави фаул у напад.
- Вебер го погодува својот петти од шестте обиди од поле и досега има 12п. Дали знаете дека у петокот вечерта Крис го постигна својот 15 000 поен?
- Ајверсон можеби не поентира, но затоа одлично асистира до Игудала. 61-50, Сиксерс.
- Тинсли со звукот на сирената со ја поправа утката, но доскокува на нечие стапало и се витка од болка. 61-52 за Фила на полувреме.
- Ален и Корвер изедначени со по 9п. и 7 ас.
- Сиксерси шутираат со 64%!, ни Индијана не е нешто многу послаба со 61%, но изгубените топки и асистенциите ги убија.
3.четвртина:
-Тинсли е ОК.
- Корвер погодува у свој стил, го прати Ален со по 11п. и 7ас.
- 2+1 на Хантер по 4. фаул на Џексон. 68-56, Сиксерс.
- По Џекес, и Џермејн го прави својот 4. фаул. Кој ќе го чува сега рекетот? Бендер?
- Сликава се усра.
- Дефинитивно.
Толку. Поради технички причини не можев да ја догледам утакмицата, а нити да ги гледам Клиперси и Вулфси.
Гледајќи го денес извештајот и некои клипови глеам дека, барем што се однесува до 3. четвртина, не сум пропуштил ништо. Сиксерси на четири минути пред крај на периодот воделе 86-66. Онда, со стартот на последната четвртина Индијана конечно се разбудила, но недоволно и за да победи. Клуч за првата победа на Чикс на клупата на Филаделфија биле слободните на Вебер на секунда до крајот, по кои ни Тинсли, ни Џекес не успеале да погодат за тројка.
Од она што можев да го видам, ова беше типична средба од оние во кои едниот тим влегува мотивирано, а другиот преопуштено. Сиксерси сакаа да покажат дека двата порази дома беа случајност и да му ја дадат првата победа на Чикс, додека Пејсерси мислеа дека победата е нивна само затоа што ја играа првата дома сезонава. Нити Филаделфија не е толку добар тим како што изгледаше вчера, нити се Пејсерси толку слаби. Ипак, Сиксерси со таква борбеност и расположен Вебер можат да изненадат секога, а Карлајл мора да поработи на хемијата во тимот, во кој му фалеа центрите Фостер и Полард.
- Клиперс и Минесота, кои требаше да ги гледам, одиграа одлична уткамица, која заврши со победа на Клиперси у ОТ, најмногу заради Катино Мобли и Елтон Бренд.
Сигурно најемотивната утакмица ја одиграа Далас и Сан Антонио, каде Финли за првпут по осум и пол години играше меч против Мавси. Мајк беше труба, а ни другите од тимот на шампионот не одиграа нешто посебно. Дирк и Девин Херис ги разбија у 3. четвртина за убедлива победа. Ипак, публиката у Далас му приреди топол дочек на Финли, правејќи стендинг овејшн некои три-четири минути. Што се однесува до Спарси, по двете уверливи победи дома, првото гостување им помина ужасно. Мало оправдување можат да бараат во тоа дека овој прв месец е период во кој сите тимови се навикнуваат на ритамот да играат и дома и во гости.
Милвоки не застанува, откако го искористи неиграњето на Шек да стигне до 3-0 сезонава.
Баш сеа го видов победничкиот кош на Ричард Џеферсон за Нетси против Булси. Главни виновници си се самите Булси кои најпрво утнаа едно од две слободни на седум секунди (Гордон), за потоа да не се вратат во одбрана па Џеферсон да положи плус да биде фаулиран од Чендлер. Толку.
Едно време постоеше МакНБА в.1, со десет пати помалце посети од оваа сега и со многу поскромни содржини.. и фала богу што ми се поеба, па морав да го отворам Вуна, да го начекам Енко и да го направиме ова што сега стана институција на скромниот наш сајбер простор (300 јуникса дневно, коа ќе шкртам по ѕидови и лепам налепници по продавници ќе идеме на иљадарче). Е сеа, на тој дамнешен блог, првата сторија ми беше за еден млад играч, софмор во НЦАА, огромен потенцијал, со многу неодредена судбина, заради разнишаната здравствена состојба и големата недоверба во тоа колку е способен да напредува.
Еден од највисоките бекови, еден од најсестраните крила, а ако сакате бапнете го и на петка, ќе се снајде. Летоска сите го „крунисуваа“ како промашена инвестиција или глупаво потрошен пик, за по фантастичната предсезона и сосема пристојното деби пред некој ден, да го сместат у првата руки петорка и да го стават како спавачи кандидат за Руки на годината.
Да, зборам за мојот фетиш играч – Чарли Вилануева.
После Родман – највпечатливиот по физикус. Ја има болештината што ја има и Колина – нема влакна на телото.
Инаку, има латино потекло и поседува Доминикански пасош (но, веќе има настапи за САД, па тој нема да му послужи многу). Потекнува од Бруклин, од најхардкор гетото на планетава, ама со сигурност не се работи за будучи Артест.
Чарли Ви е од новата генерација на играчи, во која би ги сместил талентите од Амаре и Јао па навака. Во средно школо дрмаше и кога збореа за неговата иднина го ставаа рамо до рамо со ЛеБрон. Во 2002 со Блер Академи стаса до второто место на државно ниво, доби неколку награди. Следната сезона беше супериориен на индивидуално ниво и ја круниса со одличен настап (17п 5 ск) на традиционалната утакмица на најдобрите под покровителство на Мек факинг Доналдс. Таа година влезе и во најдобрите младински тимови на САД според весниците (у конкуренција на играчи од средно и колеџ). Но, у меѓувреме имаше пар проблеми на колената што за 19 годишен играч е малце сумљиво. Па така, тој доброволно ја повлече својата пријава за драфтот 2003 за да не падне у втора рунда и евентуално остане без шанса.
Отиде у НЦАА, и тоа у правиот тим – Конектикат Хаскис, каде што го пречекаа легендарниот тренер Џим Калхун, и тимот на чело со Емека Окафор, Бен Гордон, Џош Бун и т.н. Чарли таа сезона играше од клупа, но солидно, и имаше битен удел во походот до националната титула.
Лани пак, по заминувањето на Емека и Биг Литл Бен во Лигата, тој остана да го води ЈуКонн, и имаа пристоен успех (националниот турнир).
Конечно, летоска, Чарли успеа да влезе во проекцијата на првите 15 на драфтот. На големо изненадување, Торонто го земаа уште со седмиот пик. Уште вечерта потегот беше исмејуван, а за Вилануева почнаа да се пишуваат статии од кои безусловно опаѓа самодовербата. Но, со само неколку настапи се` се заборави и работите почнаа да си доаѓаат под конец.
Кошаркарските квалитети на Чарли
Чарли Ви е висок 211 цм, има 109 кила и има прилично атлетска градба и располага со простојна скочност. После повредите на колената, неговата игра е лимитирана во предната линија. Сепак, исто како Одом или Гарнет, со топка се снаоѓа како бек (впрочем кариерата ја почна како комбо бек). Има изграден и прецизен скок – шут (од чиста позиција не промашува). Дометот му стасува и до колеџ-тројка, а во НБА веројатно ќе биде ограничен со линијата. Има солидна работа со нозете, а и играта без топка му е предност. Всушност, Чарли е еден од малкуте нови ѕвезди со кошаркарска интелигенција. Додавањата му се на ниво, и особено е битно тоа што знае да извади + знае од надвор да ја уфрли кон рекетот. Во игра 2 на 2 може да биде и блокер и да влече. Знае да игра 1 на 1 и со дриблинг, и центарски, со двете раце. Хорозите му функционираат исто така солидно. Единствено нешто што му фали во целокупната игра во нападот е убиствениот инстинкт и агилноста. Инаку, талентот му е чиста десетка. Само што е индиферентен па играта му се сведува на 5 упатени шутеви од кои 3 ќе погоди. Слободни пуца со некои 66% и ќе мора да повежба малце.
Вилануева е можеби подобар скокач од било што друго. И тоа што го прави квалитетен е скокот во напад. Едноставно, знае да се постави и добро темпира. Материјал за константен дабл-дабл.
Одбраната му е за нијанса потенка од нападот, меѓутоа скоковите тука му се компензација. Сепак, знае и да блокира, и да краде, и да сече пасови, а и тука го кине немањето убиствен инстинкт. Во центарска игра пред посилни не затреперува така лесно, ама мора да ојача за да се кошка со професионалците. Сепак, има брзи раце, и тоа мора да почне да го користи.
Од кошаркарска гледна точка Чарли ги има сите услови да порасне во еден од најдобрите кошаркари во Лигата и да остави трага, несомнено. Меѓтоа, лошиот збор што го следи е дека тој е малодушен, не ска да напредува и не се залага. В кусиот период кој е во Лигата, тој стави мускулна маса, влезе во подобра кондиција и дебитираше со учинок од 11 поени и 6 скока од клупата против Вашингтон. Велат дека е нов Ламар Одом, ама јас тврдам дека тој ќе биде синоним за ќослето што растура – Чарли Ви.
Малце графички дизајн.
И двете се праени од мене. Чарли Вилануева ви е за позадина, Џош Смит за постер.
ОГЛАС: Праам позадини по порачка! Цена поволна! Шифра: Шеп
пс. Сеа видов дека кај Чарли не сум стаил лого од МакНБА.. срање.. али на сите шо ќе ги праам, ќе стаам и лого!
Saturday, November 05, 2005
- Прв плеј на Бостон сезонава е Делонте Вест, кој кога ќе го загледате од поблиску ќе видите дека личи на мало дете или пак на лик од некоја детска бајка.
- Прв пут да видам Рики Дејвис да има шут и да додаде. Веќе у следниот напад работите се враќаат во нормала, Рики Ди нелогички шутира преку двајца…и погодува.
- Кога Пирс не е во игра, секој напад оди преку Рики, и тоа се истите напади кои се цртаат и за Пол. Ипак, Дејвис утиња положување у последниот напад. 22:18, Детроит, крај на 1.четвртина.
- На другите утакмици Вашингтон ги гази Никси сред МSG. Добредојде дома, Лери.
2.четвртина:
- Скалабрини прави бунар од само три метри, Рики утиња положување, среќа што го имаат Ал Џеферсон, кој собира офанзивен за лесни два. 24:20, Детроит.
- Пистонси си се сами криви што сега не водат барем десет разлика. Трет напад по ред го упропастуваат со непотребни вишок пасови.
- Тоа го користат Селтикси кои иако немаат нешто многу талент у екипа, со помош на својот ајриш спирит намалуваат на 24:23.
- Дарко уште е ланскиот, закован на клупа.
- Џеферсон е к’не, уште да можеше да погоди слободно.
- Дарк-О!!!
- Фати-шутни на Дарк-О од некои 6 метри. Без коски. Одма после тоа типот изнудува лична во напад од Лепраконот. 28:24, Детроит.
- На профилот на Дарк-О под highschool стои Hemiska (Serbiа). Генгста.
- Миличиќ продужуе со добра игра блокирајќи го Лафренц. На ти го, Лери.
- Досега Бостон шутира 26%, а Детроит е нешто бољи со 39%. Лепота од кошарка.
- Најслаба карика кај Пистонси е Карлос Делфино. Само ради неговите неколку грешки Бостон изедначува на 28 ич.
- Не е тајна дека идол и играч според кој ја патентирал својата игра на Ричард Хамилтон му е Реџи Милер. Тоа се гледа и на оваа средба, РИП одлично се движи без топка и по двата блока на Дарко и Бен се вади на шут и погодува. Дали само јас кога гледам баскет не ја гледам топката, него играчите без неа?:)
- Или тајмаутите траат по 30 секунди или нешто не е реду.
- Толку од Дарк-О, заслужи одмор. Нормално, ни Делфино више не е у игра.
- Селтикси продолжуваат цело време да играат едно исто, со изолација на Пирс на еден на еден.
- Делонте знаел и да куца.
- Знам дека Флип им дава поголема слобода, но преголема слобода е кога Бен ти игра еден на еден. Тајм, 34:34.
- Чонси има успешен пас до Принс од кој Лери ќе доживееше инфарkт. Тејшон заебуе работа, ги утнува двете слободни.
- Енд уан на Пол, два на Реф, два на Рики и имаме плус седум за Бостон. 41:34.
- Делонте одлично асистира од ролинг до Марк Блонт, кој со звукот на сирената погодува за 43:38 на полувреме. Баш Блонт?!? е најбољи кај домаќинот со 12п. и 8.ск.
- Селтикси се единствениот домаќин кој у моментов води, Шарлот е на +15 сред Филаделфија, Визардси на +12 у Њујорк, а Нетси се на прошетка низ Торонто, +23.
3.четвртина:
- Чонси ја отвара четвртината со трица, по која спасува аут на др. страна.
- Делонте очигледно бил у градинка преклани кога Тејшон у плеј-оф од позади го залепи Реџи.
- Питсонси се разбудија, водат 45:44.
- Коментаторот ги споредува Реџи и РИП. Хммммм…
- Има ли поружен шут од тој на Принс? Можеби шутот на Мерион. Како и да е, гаднио шут не му смета на Тејшон да погоди две по ред.
- Одличен пас преку цел терен на Бен до РИП, кој спие во офсајд. Лесни два за 51:48, Детроит.
- Реф-шоу. Две тројки на Лафренц, една од нив од табла преку човек у последна секунда од нападот. 54:51, Селтикс.
- Бостон дефинитвно се уште има некои од најдобрите, но и некои од најблесавите навивачи во НБА. Режисерот у кадар ни покажува два кретена у дресови на Пирс до кои ни Мајка Тереза не би посакала да седне.
- Шид е жива дупка. Све што шутна-утна. Среќа што покрај себе го има РИП да го поправи. 57:56, Детроит.
- Очигледно е дека Пистонси се мучат со Аројо на плеј, но пак на крајот на четвртината водат 61:60.
- У меѓувреме е на +17 на четири минути до крај во Филаделфија, Никси намалија на само -3, а глеам и зашто: Џејмисон има шут 3-16 од поле. То, мајсторе.
4.четвртина:
- Не знам дали од "убавата" кошарка или од нешто што сум јадел, ама ме фати стомак, па морав на некоја минута во Весели Центар. Кога се вратив видов дека и не сум пропуштил многу, 66:66 на пет и пол мин, до крај.
- Работата малку ја оправа Пирс со куцање, откако со baseline ролинг се ослободи од Принс. Бен закасни за блок.
- Се приклучува Чонси со 2+1.
- Пол враќа со шутче од дистанце, па две слободни. Само во оваа една минута Бостон даде поени колку у седумте претходни минути од последната четвртина.
- Пирс продужуе у ист ритам, кош и фаул, слободното го утиња.74:69, Бостон.
- Шид и даље не може да "вол да забоде" у напад.
- РИП и Чонси ги носат Пистонси на -2.
- Шид го забоде волот со тројка за 76:75, Детроит.
- За време на тајмаутот, режисерот покажува краток клип со поените на Пирс (26 досега), Се уште не ми јасно зашто Пол никогаш не го направи оној чекор од стар кон суперстар.
- Два на Бен, едно од две слободни на Пирс.78:78 на минута до крај.
- Лафренц го блокира РИП.
- Шид прави лична над Пол, а овој пак погодува само едно од две слободни.
- Шид ја поправа грешката и убацува од одбојка за 80:79. Селтикси го имаат задњиот напад.
- Пирс избрзува, но баcкетот некако стига до Делонте кој асистира до …Блонт?!?!, кој погодува од дистанце за 81:80 на 0,8 секунди до крајот.
- Никој не му смета на Принс кој убацува од аут. Кеч енд шут на РИП. Без коски преку Рики Ди.
- Штама.
(Шутот го имате кај заре)
Детроит можеби не изгледа цврсто во одбраната како што беше лани, но се уште е еден од најдобрите дефанзивни тимови во лигата. Тоа, плус слободата која Флип им ја дава сезонава им даде нова димензија, која лани ја немаа. Чонси, а посебно РИП се носачи на играта, и тоа им е јасно на сите. Ако продолжат вака да играат, Индијана и Мајами тешко дека ќе го видат Финалето.
Бостон пак, игра слично како и лани, само што веќе ги немаат давежите Вокер и Пејтон. Пирс е главна фаца, а имаат еден куп млади играчи кои со тек на време ќе созреваат и ќе бидат од се поголема корист. Пријатно ме изненадија Блонт и Делонте, а не беше лош ни дебитантот Ориен Грин, кој иако помина само неколку минути во игра покажа дека има талент. Ипак, со оваа екипа, тешко дека Селтикси ќе успеат да се провлечат во плеј-офот како минативе две години.
-На другите утакмици, како што имав и меѓу белешките, Шарлот ги изненади Сиксерси, недозволувајќи втора средба по ред да упропастат водство од +20. Сиксерси стартуваа со 0-2, двата пораза ги доживеаа дома и тоа од тимови кои не се сметаат за фаворите на Истокот. Од она малце што можев да видам очигледно е дека покрај Ајверсон и солидниот Вебер, има фали играч на двојка или тројка.
Душата на Денвер е Џорџ Карл, а тоа се покажа синоќа кога со неговиот камбек на клупата Нагести ги прегазија Блејзерси.
Се читаме веројатно утре, кога би требалo да имаме белешки од Индијана-Филаделфија, а можда и од Клиперс-Минесота.
Friday, November 04, 2005
За разлика од средата, кога имавме едно чудо утакмици, вчера на програма беа само две, али вредни две.
Мајами и Индијана ја одиграа можната најава на финалето на Истокот, а ако се што се дешаваше вчера се повтори и во мај, онда прогнозата дека Пејсерси ќе играат Финале и не е толку напумпана. Многу пути сум кажал, но ќе кажам и пак: Мајами нема шанси без Шек, Шек е тој околу кој се врти играта, без разлика кој ќе им биде прв стрелец или скокач. Најбољи доказ за тоа добивме синоќа, кога Дизел нагази на стапалото на Артест, при што го шина десниот зглоб. Од теренот, на кој веќе не се врати, го изнесоа Вокер и Морнинг. Тоа се деси баш кога Мајами се враќаше у игра. До крајот не им помогна ни феноменалниот Вејд, кој у последниот напад за малце утна тројка од табла за продужеток.
Покрај повредата на Шек, една од причините за поразот на Мајами беа и слободните (27-42), како и 20. изгубени топки кои Пејсерси ги претворија во 20 лесни поени. Да биде уште поинтересно, Шек не е заслужен за слабиот процент од слободни, зашто тој погоди 6-8. Прегледите по средбата покажаа дека за среќа на Мајами, Дизел не скршил ниедна коска, така да ќе паузира само неколку утакмици. Добра вест пак за Индијана е дека можат да се носат со кого сакаат, а посебно со Хит, кои покрај Детроит им се најсериозни кандидати за титулата на Истокот. Пејсерси победиле 13 пати во последните 14 дуели со Мајами, уште па ќе им набијат комплекс, ако не им го набиле до сега.
На другиот крај од Америка, и Лејкерси и Санси имаа нешто за докажување по различното отварање на сезоната. Феникс за малце втора средба по ред ќе упропастеше водство од +17, да неб еа Мерион и Неш, кои диграа ручна на камбекот на Лејкерси кои преку Коби стигнаа на само -3. Ипак, Ова беше голема победа за Санси, кои по уништувањето на +17 против Далас, покажаа дека ако не можат да се носат со врвот на Западот (барем додека не се врати Амаре), можат да се носат со конкуренцијата за вториот дел од плеј-оф тимовите во својата конференција. Нападот пак не беше проблем за Лејкерси, кои имаа одлично трио во Коби, Одом и …Смуш, пак!?!? Проблем беШе одбраната, која не успеа ни во еден момент да го спречи Неш (кој успеал?), што значеше лесни поени за Мерион, Џонс и компанија. Иначе, Зенот утна работа кога во првите пет Мим го замени со Џорџ, не ради Девин него ради тоа што го стави со тој потег Квами Браун на петка, што се покажа како ужасно решение, мада мислам дека секогаш кога Браун е на теренот дека тоа е ужасно решение.
Вечер се надевам ќе имам NBА ТV, па утре да имаме белешки од Спарс-Кавс. Леп викенд.
Thursday, November 03, 2005
Добро утро. Пред само пола саат заврши првиот меч од новата Коби-Фил ера во Ел-Еј. Според тоа што можев да го видам, а ги гледав само последната четвртина и продолжението, Лејкерси нема да бидат така лесен орев како што сите мислеа. Она што некои аналитичари го најавуваа како тим кој најмногу ќе изненади, сега не ми изгледа толку претерано затоа што победата сред Денвер беше во типичен Зен-Мастер стил. Јасно, веќе го нема Најдоминантниот во рекетот, но сеа Лејкерси според системот на игра ептен ми личат на Булси, и тоа оние првите, од 1990. Се знае кој што игра, се знае кој е газда во тимот, веќе нема основа за карање околу тоа кој е прва ѕвезда, а кој е негов чирак. Наместо од Шек, како што беше до пред година дена, сега секоја акција трга од Коби, уште се игра триаголникот, само што сеа улогата на центарот е многу поинаква.
Вчера, поради суспензијата на Џорџ Карл, втора вечер по ред Нагетси ги водеше Скот Брукс, и како и со Спарси изгледаше дека душата на тимот не е никој од играчите, него самиот Карл. Дуелот Фил-Брукс беше како кога играте баскет со мало дете, Скот беше изгубен во финишот кога Лејкерси чекор по чекор ги стигаа Нагетси за на крај и двете екипи да имаат по напад за победа. Најпрво Денвер го одигра најпредвидливиот напад, Мело ја прими топката високо над тројка, чуван од Девин Џорџ тргна на десно, некаде после слободни проба да го излета Џорџ, овој не наседна, па ништо чудно што не ни погоди. Следната меч-топка јаи маше Коби, кој на девет секунди до крајот беше изолиран против Бакнер. Клуч на утката на Брајант беше личната која судиите не ја видоа кога Грег пред да тргне КБ8 му брцна малце во око, што му го смени и шутот.
Ипак, она што го пропуштија во финишот, Фил и Лејкерси го искористија во продолжението. Надежта на Денвер пропадна кога Мело ја направи 6.лична, за која е заслужен Фил и одбраната која цело време го гњавеше Ентони. Од тој момент гостите беа во контрола и иако Нагетси имаа шанси за уште еден ОТ, Лејкерси преку поените на Коби во последниот свој напад стигнаа до победата.
Ако нешто ме изненади кај дечките од Ел-Еј, онда е позицијата плеј, на која играше Смуш Паркер, кој ги надигра и Андре Милер и Ерл Бојкинс (Вотсон пак не го видов).
Вчера спомнав Вошон Ленард дежа-ву, но не мислев дека до толку ќе бидам во право за Нене. Како и лани Ленард, Нене уште во првиот меч сезонава ги еба лигаментите и поради тоа ќе мора да паузира цела сезона. Ниедна повреда не е добра, но оваа е баш во лош момент за бразилецот, кој пред само неколку дена не го доби очкеуваното продолжување на договорот, што значи дека следното лето ќе биде слободен играч, т.е. нема да остане во Колорадо. Полош тајминг, амин.
Толку од мене вака рано сабајлечки.
Шеп ќе преземе подоцна, а материал има едно чудо, од Кесел и Клиперси, преку Ред и Бакси, Крис Духон, Јута, Џон Бери, РИП и Детроит, дебито на Лери Браун итд…
Шепард: НАЈБОЉИ СМЕ!
Wednesday, November 02, 2005
Глеам НФЛ на ТВ4.. на другите ТВ нема ништо.. после некои бедни филмови.. чекам баскет.. очекувам бар на Премиере да дадат у 4:30 Далас.. не бе.. глеам телетекст, сезоната почнала.. на интернет глеам на блогов од страна ми се мењаат резултати.. читам нешто.. у 4 саат ми се јавуе Енко.. ми вика: „педер глеам“. Глеал педерот. А ја не :(
Зборам со Енко пола саат - саат. „А добар е Кармело. Чеј да запишам.“ Ја тука сум пуштил тетките на ДСФ да се олабаам.. на А1 пеат Охридски трубадури.. „Кенион е дрво“.. абе знаев ја.. му викам „ни рипнаа посетите“.. он мене „Добар е Оберто, се снаоѓа“.. и така некој муабет „Абе коа даде Финли 16 коша?!“.. ја ќутам.. и тоа.
Едвај дочекав да заврши Шалке - Фенербахче на Премиере, и продолжение, и мењање дресови.. за да не даат баскет..
И така, сезоната почна, а Енко ќе ви реферира што глеал, зашто ја неам услови.
ТВ 4, АБЕ НФЛ ПРЕНЕСУВАТЕ, КО ДА ГЛЕА НЕКОЈ, А НБА?!?! И КТВ ЗОРА, ДАЈТЕ БЕ ЗАЛИЧЕТЕ ВЕЌЕ ЕДНАШ НА НЕШТО, НЕЈЌАМ ЛОВ И РИБОЛОВ, БАСКЕТ САКАМ!
СИТЕ КОИ СЕ КОРИСНИЦИ НА КТВ ЗОРА, НЕКА СВРТАТ НА 3078-689 И НЕКА ИМ ДОСАЃААТ ДОДЕКА НЕ НИ ВРАТАТ НБА ПЛУС ИЛИ ОРБИТ!
По најавите следеа Спарси и Нагетси, но пред тоа Штерн им ги врачи шампионските прстени на домаќините.
- Данкан ја нема веќе зборената брада "ала-Мојсеј", но затоа има ново фризурче – мини-Афро.
- Првпат во живот видов како изгледа Ар-Си Бјуфорд, генералниот менаџер на Спарси, тоа кажува доста за приоритетите во Аламо.
- Брент Бери изгледаше најсреќен, зашлапувајќи го комесарот со еден голем, влажен пољубац во обрaз, на што цела арена се изнасмеа.
- Трет шампионски банер за шест години.
1.четвртина:
- Нестеровиќ во прва петорка?!?
- Нагетси ги води помошникот Скот Брукс, затоа што Карл летово беше суспендиран на три средби од лигата. Ви текнуе на Брукс?
- Гостите почнуваат силно и по една минута водат 5-0.
- Финли на клупата седи само четири минути, влегува на местото на Боувен. Во првиот напад за новиот клуб, Мајкл губи топка. Убав почеток.
- Тони и Ману утињаат чисти положувања. На Поп не му се свиѓа тоа што го гледа, па на средина од четвртина го бара првиот тајм-аут. 17-8, Нагетс.
- Данкан се буди, (8 поени по ред), фризурата одамна му е разбудена.
- Нене на бразилски мора да значи – дрво. Само што го напишав ова, Нене го повреди коленото. Вошон Ленард, дежа-ву?
- Ван Ексел влегува у игра и у првиот напад забива тројка у свој стил.
- Четвртината со серија ја завршуваат новите “мамузи”, Финли, Ник и Оберто. 27-21, Спарс.
2.четвртина (а веќе ми се спие):
- Хори блок-машина. Прво го блокира Мартин, па Бакнер. Тоа отвара контра која по неуспешниот цeпелин на Ману, ја завршува Боувен.
- Телевизијава е супер. На секој тајм-аут ги даваат бокс-скоровите од другите утакмици.
- Нагетси секој напад го почнуваат од Кенјон, што нормално нема плод.
- Мело изгледа појак од лани. Пифтија но моур. Најдобар показател му се влезовите и бананата врз Паркер со звукот на сирената, која заврши во 1.ред.
- Полувреме, Денвер води 48-46.
- Крег Сегер(TNT) не носи дреч одело!
3.четвртина:
- Нема само Данкан нов фриз, и Ману се зашишал, сеа е пљукнат Енди Гарсија.
- Цепелин Кемби – Мартин.
- Рашо у игра поминува цела минута и пол, на негово место влегува Назр, кој веднаш дава два, па изнудува фаул у напад од Маркус. Толку од Рашо како стартер.
- Мело го кросна Боувен за лесни два.
- Кенјон не го сакаат ни во Сан Антонио. Не верувам дека ни мајка му го сака.
- Мело е стварно појак.
- Данкан сигурно има некоја фобија од огледала. Да немаше, до сеа ќе се погледаше у некое.
- На пола четвртина камерата го покажува Ерл Вотсон тужен на клупа. Најзвучното засилување на Денвер летово не ни влезе во игра. 64-61, Нагетс.
- Поп четвртината ја завршува со петорка Ник, Финли, Бери, Хори и Оберто. Ништо чудно што последните две минути не можат да го видат кошот. 72-69, Нагетс.
4.четвртина:
- Првата половина од четвртина ми поминува во тешење на Шепард што кај него нема кај да гледа Феникс-Далас. Нема белешки.
- У меѓувреме, Финли покажува знаци што би можел да им значи на Спарси годинава. Мајк е клучнииот играч во серијата со која шампионот се одлепи и лагано си го приведе мечот кон крајот.
- Готово е, 102-91, Спарс, конечен.
Пост гејм: Типична победа за Спарси, кои не се препотија многу за да стигнат до неа. Нагазија кога беше најбитно и лагано си победија. Се изгледаше како лани, плус Ван Ексел го замени целосно Бено Удрих, кој не влезе во игра, Оберто ја лапна улогата на другиот Словенец, а Финли му ги скрати минутите на Боувен. Спарси се појаки од лани. Што се однесува до Денвер, изгледа целата магија лани беше во Џорџ Карл на клупата. Без него, играчите, освен Мело и Бојкинс, како да немаа волја за игра. Пех им беше и повредата на Нене, а шутот однадвор уште им е најслаба страна.
Веднаш по победата на шампионот следуваше дуелот меѓу ремонтираните Санси и Далас. Тука не фаќав нешто многу белешки, веројатно затоа што однадвор почна да ме мава сонце во очи. Од она што можев да го видам, натпреварот многу потсеќаше на тие од ланскиот плеј-оф кога Мавси го оставаа Неш што сака да игра, а ги чуваа другите момци. МВП си се шеташе низ одбраната на гостите, а помош имаше во….Раџа Бел?!?!
Тие двајца искомбинираа 27 од првите 49 поени за Феникс, додека Далас делуваше тотално дезориентирано и без идеја во нападот. Санси 1.полувреме го добија 53-43.
Како што истекуваше време, Феникс ја пумпаше разликата, така да у последната четвртина имаа и плус 17. Но, на 7:44 до крајот Мавси се разбудија и покажаа колку се непредвидливи. Во истиот момент Санси покажаа дека не се истиот тим од лани. До крајот Далас со серија 21-3 успеа да израмни и избори продолжение, кое Тери со положување го однесе во второ, во кое на поените на Ван Хорн и Дирк во последната минута Неш не успеа да одговори со трица која ќе ги однесеше во 3.ОТ.
Очигледно е дека Санси ќе се мачат дури не им се врати Амаре, затоа што и покрај слабата игра цели 40 минути, Далас успеа да ги стигне и на крај победи. Евидентно е и отсуството на Кју и Џо, кои во првите пет ги мењаат Џејмс Џонс и Бел.
-На другите две утакмици синоќа се десија две изненадувања, едно помало, друго поголемо. Најпрво Бакси успеаа да ги стигнат Сиксерси и у последниот напад со тројката на Мајкл Ред да изборат ОТ, во коe ги прегазија домаќините. Најпозитивната работа од оваа победа за Милвоки е камбекот на Ти-Џеј Форд, кој за малку утна трипл-дабл (16п.14ас.и 9ас.).
Поголемиот сурпрајз го направија давениците Хорнетси, кои во дебито во својот привремен дом ги прегазија Кингси.
Толку од првата НБА вечер...се читаме утре.
Tuesday, November 01, 2005
Во основа никогаш не сум сакал прогнози, затоа што никој од нас не гледа на гравчиња, боранија и сл. зарзават, па да знае што ќе се дешава во следните осум месеци. Ипак, по неколку молби, еве ја мојата прогноза, на која Shepard ќе се надоврзе мало касније. Доста често ваквите прогнози на крај знаат да излезат права смејурија, посебно кога станува збор за Истокот, каде и Мајами и Индијана и Детроит буквално ќе се борат за конференциската титула. Работите на Запад се многу појасни, каде Сан Антонио би требал да прошета до Финалето, освен ако не се деси некое чудо, па комшиите од Тексас ги изненадат. Како и да е, пред нас е една од поинтересните и поизрамнети NBA сезони, во која се надевам дека по една година пауза некој и кај нас ќе врши директни преноси и дека на крајот ќе имаме нов шампион, чисто колку да биде поинтересно. Идеме.
Индивидуална:
Руки на годината: Не можам да се одлучам меѓу Јаске и Крис Пол
Шеп вика: Чарли Вилануева (навијачки и после феноменалната предсезона)
Прв отказ за тренер: Боб Вајс или Сем Мичел
Шеп вика: БОБ ФАКИНГ ВАЈС!
Најнекорисен играч: Џером Џејмс
Шеп вика: Ентоан Вокер
Најлоши бивши 1.пикови: Мајкл Оловоканди и Џо Смит
Шеп вика: овие, плус Квами Браун
Најдобар оперативец: Грег Поповиќ
Шеп вика: Тачно
Најлош оперативец: Кој и да ја врши таа функција во Орландо
Шеп вика: Коланџело од Феникс
МIP: Џејмс Џонс (Феникс)
Шеп вика: Стромајл Свифт (Хјустон)
Прв стрелец: Ален Ајверсон
Шеп вика: при пуна разум и свест, Џилберт Аренас
Асистент: На престолот се враќа Џејсон Кид
Шеп вика: Ајверсон (да, знам, асистент)
Камбек на годината: Рон Артест
Шеп вика: Фил Џексон
Скокач: Кевин Гарнет
Шеп вика: Може
Нај-странец: Диркулес
Шеп вика: би те зезнал ако речам Данкан, па ај нека иде Дирк
Нај-6. играч: Ако Јаске биде Руки на годината, онда Бен Гордон пак
Шеп вика: Финли
Дефанзивец: Кириленко или Артест
Шеп вика: АК47
MVP: Леброн или Мекгрејди
Шеп вика: стварно не знам, ама навивам за Дикрулес
Тренер: Рик Карлајл
Шеп вика: Џорџ Карл
Екипна:
Аtlantic: Њу Џерси
Шеп вика: нема кој друг
Central: Индијана
Шеп вика: редно е
Southеаst: Мајами
Шеп вика: на жалост, да
ИСТОК: Индијана
Шеп вика: ја би сакал, ама ако свињата се разигра, Мајами
Northwest: Денвер
Шеп вика: ДА
Pacific: Сакраменто
Шеп вика: Лејкерс :) (се зезам, Сакраменто)
Southwest: Сан Антонио
Шеп вика: тука Хјустон има исто голема шанса
ЗАПАД: Сан Антонио
Шеп вика: да не се повтарам од погоре
ШАМПИОНИ: Индијана
Шеп вика: Лејкерс. Не, кој ќе биде подобар во дуелот Хјустон/Сан Антонио
Временска (Каракаш):
По неколку години пауза, со исклучок на лани, кога Пистонси од ведро небо станаа шампиони, оваа сезона Истокот, за првпат по ерата на Мајкл и Булси го очекуваат подолги сончеви периоди. Облаците кои долго време истураа врз источниот брег се преселија на спротивната страна од континентот, каде освен Тексас, сите останати држави ги очекува умерено, до значително облачно време, пропратено со обилни врнежи од дожд, а во некои области и снег. Дури и Аризона, која лани беше најтоплата држава, оваа година ќе доживее затемнување на сонцето.
Спортска прогноза (Шепард):
Ја ви предлагам да го играте Сан Антонио кец у кец, а Хјустон, Индијана и Детроит може само чист кец. Голден Стејт, Атланта, Њу Орлеанс, Сакраменто, Денвер ќе ви бидат три плус со многу прекрасни потези. Леброн стајте го икс у икс, ама пазете на Мекгреди. Феникс ви е чиста двојка, можда икс-два ако се врати Стадемаер порано. Пуно тимови се со двоен предзнак. Сега за сега, Сан Антонио има најмал коефициент, ама тоа ќе варира. Внимавајте влогот да биде у рамките на селари - капот.
The last couple of years have brought us some outstanding drama and excitement, and there is no reason for this drift to stop.
The most important event from Game 7 till today was the awesome generation of NCAA stars getting picked on this year’s NBA Draft. In addition to the scoring boost, the competition on the both coasts and the dress code, we have the legitimate reason to expect the ultimate basketball year, ever. Here are few more decent reasons:
- Everyone is interested in Lebron’s future. - San Antonio is perhaps the best champ going after the back-to-back after Russell’s Celtics. - Ali G is TNT’s new analyst . - Phil Jackson is re-joining Kobe. Along came the Pip and Kareem. - Artest is waiting for the next fan to throw something at him. - Miami put the odds against them, now they must step up and prove I’m wrong. - Gasol now has a beard. - Divac goes in the books. - No Alan Houston, no Reggie Miller, no Steve Smith.. and who’s going to shoot the threes?. - Jaske and Macijauskas went pro. - I forgot about the rap masterpiece of the True Warrior Artest. Nigga fuckin’ ass biatch. - The dress code itself and Iverson wearing suits. - McMilan’s additional dress code on the court for Darius Miles and co. - Baron Davis is in a shape that man gets into once in a lifetime. T-Mac too. Surprising MVP race? - These Rockets remind me of Hakeem’s era. - Atlanta’s slam dunk squad will get the ‘play of the day’ title every single day. - 4 members of the Tar Heels that won the NCAA Tournament last season got picked in the first round. The fifth one entered the League undrafted. - The Hornets moved to Oklahoma. Any chances for recovery?! - The first pick is white un-American. - I want to check out the Indiana’s brand new uniforms as well as Sactown’s gold. - Mutombo and Willis are still running the show. - Jay Williams could return from that horror that he went through. - Julius Hodge and Tony Allen are accused on sexual assault. No chances for playing if you are sent in prison boys. - I am interested how long will Bob Weiss last on the Sonics’ bench. - RIP Jason Collier. But what will happen to Eddy Curry?! - THE DARK-O SIDE MUST GET INVOLVED!!!























