По Теко, кој ни прати фотки од Чикаго, и Зналац, кој ни е инсајдерот од Торонто, д лејтест член на МакНБА фамилијата* стана Гоце Ви., кој е нашиот фото (а зашто не и за понекој текст) извор од даун саут, Флорида, поточно Мајами.
Гоце Ви ја немаше таа среќа како ја да ја гледа Мајами-Инди на НБА ТВ у понеделникот, па мораше да се утеши со следење на утакмицата од трибините он д фејс оф д плејс.
Еве и некои фотки од таму, некои од нив малце се мутни, али го ома најважното - чирлидерки. Плус, една фотка е од гужвата меѓу Неандерталецот Хаслем и Џермејн.
(*) - Макнба Фамилијата до сеа е: Шепард, Каракаш као родители (само кој е татко, кој е мајка појма неам?!); Ивица, Двр, Бето, Боромир и тројцава инсајдери ко деца. Ко Есма сме! Сите сте наши деца! :)
Леброн конечно, у својата трета година у лига ќе игра плеј-оф, откако со победата над Мавси, Кливленд се пласира у разигрување за прв пат по 1998 год.
Единствен член на овој тим, кој бил со Кавси и тогаш е Зззззззззиииии, а сегашниот генерален менаџер Дени Фери тогаш беше закован за клупата.
Екипи кои имале поголема апстинеција од играње на крај на април и у мај се само...супрајз, супрајз-Клиперси и Вориорси.
Покрај ова, Леброн стана и најмладиот играч у историја на НБА со 6000 поени зад себе. Колку да нема забуна, Леброн има 21 година:) и 89 дена. Д скај ис д лимит.
Море џабе Ол-Стар играчи, џабе Лери у канцеларија, џабе плеј-оф пласман. Пејсерси да мораа секоја вечер да се среќаваат со Хоукси немаше да видат бел ден. Мајне јатребс сезонава ја завршија со 4-0 у дуелите со Пацерси. Ај сеа да ве видам.
За Пистонси и Мавси мислам дека секој коментар е сувишен, зашто и двата тима покажаа зашто го имаат скорот кој го имаат у моментот. Плус, Мавси беа без двајца екстра битни играчи у Џош Хауард и Девин Херис, и пак се држеа до крајот, најмногу поради борн аген типовите како Стек и Ван Хорн.
И двете екипи покажаа зашто се на врвот, но и зашто лесно може да се деси да не заседнат на него у јуни. Но, да не го упропастувам впечатокот по одличната игра на двете екипи.
Што се однесува до Милвоки, таму, како и кај нас, продужи затемнувањето на Сонцето. Уште кога видов пред да почнат дека Амаре пак е у цивилка на клупа, знаев дека не им се пише добро на Санси, кои беа истабани ко Грчка у Њу Џерси. Надеж дека тоа нема да се повтори беше повредата на Ти-Џеј Форд, па на негово место старташе Бел, за прв пат, кој отиде директно на МВП-то.
Но, баш Бел беше мадафаката на средбата, завршувајќи со првиот трипл-дабл у кариерата. Вториот мадафака беше Тони Кукоч, ради кого и пропуштив дел од Дет.-Дал., барем дури он беше у игра.
Како у најбољи дани, Куки си играше со Мерион, Дио-Диао-Диав-Диа и остали Санси, правејѓи ги будали и правејќи го Ден Гаџурич играчиште со своите асистенции.
За Тони одувек сум имал огромна почит, затоа што тој, заедно со Петро, е првиот човек од екс-Ју поради кој сум фатил баскет у раце. И на 37 години вчера покажа дека е поголем играч од 80% од дечарлијата низ лига. Д уан енд онли, Тончи.
За малце ќе заборавев, по се изгледа толку од Амаре сезонава. Се изнагра, цели три утакмици. Момакот е на само 30% , а под знак упитник е дека уопште ќе се врати за плеј-оф.
Кога врне-истура...и нигде не се гледа сонцето.
Така викаше баба ми.
Боромир, имам надимак за Брус, више некое време, ама не ми текнало да го пишам. Отсега типот е The Bouwen Collector.
Момент у кој веројатно требаше (да беа асална екипа) да го скршат противникот се деси на пет и пол минути до крај на првото полувреме, кога у борба за скок се закачија Хаслем и Џермејн. Е сеа, ако му се верува на првиот, Џеј-О намерно го повлекол за рака, ако му се верува на вториот, Јудонис намерно сакал да му ја свитка раката и да го повреди. Мене ми личеше како да е нешто измеѓу двете, али она што следеше беше најдоброто од целиот хаос.
Хаслем, како Неандерталец на спид се залета кон Џермејн, почна да прави лудачки фаци и да мафта со прст накај него. Да не беше Шек, кој за да спаси ситуација, го грабна Џермејн за врат и го одалечи од поголем инцидент. И кога се тргна на страна, Јудонис продужи со пубертетли однесување, за што заслужено си лапна техничка, која исто така му беше свирната и на Ол-Старот на Инди. Судијата за борбата за скок му свирнаа фаул на Хаслем, кој збесна и почна (уствари само продужи да јаде бурек), за што сосема заслужено беше испратен на ладење у соблекувална.
Следеа слободни за Инди, а само една минута подоцна, на Вејд му беше свирнат фаул у напад, по кој и он почна премногу да прави муабет со судиите за што си лапна техничка. До крај на полувремето, техничка си лапна и клупата на Мајами, а на Шек му беше свирнат намерен (и беше) фаул над Фостер. Плус, на два-три пати домачините имаа дефанзивни три секунди, по што следеа нови слободни за Пејсерси.
Од пештерското понашање на Хаслем, па до крајот на четвртината, Мајами утна 11 напади по ред, а Пејсерси се изнашутираа слободни, но наместо да им направат плус 20, тие ги оставија Хит у игра.
Тоа им се удри од глава во второто полувреме, кога Џекес престана да погодува, а Пеџа и Тинсли пуцаа како никад да не виделе баскет. Џеј Вилијамс и Шек убација по 11 поени у тој период и на крај изедначија на 71-71. Инди се држеа некое време на егал, но полека паѓаа, а кога се разбуди и Вејд се беше готово.
До крај, никој не се најде да го надопуни Џексон, а за тоа како одиграа сите освен Џермејн, кој се мучеше со болки у бутот и ипак убаци 17 и 7, како и Полард, кој мушки се изнамучи со Шек. Пеџа, Тинсли и остали беа како у епизода на LOST, а Џим Кери не успеа да ги разбуди.
Од тоа, а и од она против Детроит у петокот, можеше јасно да се види дека на Инди и фали идентитеt, карактер, кој, иако луд, им го даваше Рон. Кога го дадоа за Пеџа, тие буквално мењаа одбрана за напад, а сите добро знаеме што носи победи у плеј-оф, па и титули. За Пејсерси има надеж, зашто потенцијалот се уште е таму. Сега се е на тоа колку брзо Џермејн ќе се врати на 100% и колку бргу ќе се навикне да игра у новиот систем. Моменталната позиција кажуе дека не им се пишува на арно, зашто ќе мора да се намучат да стигнат до 5. место на Истокот и да играат против Кавси у 1. рунда. Иначе, тешко нив.
Да не бидам сфатен погрешно, ни Мајами не ме импресионираше, али фактот дека иако беа како муви без глави у задњите пет минути на 2. чет., тие у второ полувреме се вратија у живот и со одбрана и одлична игра на Белото Чоколадо ги решија Пејсерси, кажува дека имаат повеќе карактер од Пејсерси. Бај д веј, Шек погоди 11-14 од слободни.
Поврзано со Мајами, еве и се што сакате да знаете за нивните чирлидерки.
Нетси не се првиот тим кој успеал против Детроит да одигра флегма утакмица, но дефитивно се првиот тим кој успеал у две вечери да ги тепа Пистосни и Феникс, и тоа со два тотално различни стила на игра. Свака част, изгледа дека и како лани, кога у задњи ден се протнаа у плеј-оф, Нетси почнуваат да играат најдобро на непун месец до крај на сезоната.
Неш е само третиот актуелен МВП, кој не убацил ниеден поен на утакмица за најмалце десет минути на терен. Другите двајца се Вес Анселд и Бил Расел. Башка тоа, и Амаре заврши со компир.

Прво за Charlie V – вчера одигра феноменално. Не само заради шут 20-32, туку и заради тоа што во последна четвртина сам се надигруваше со MIL на нивни терен. Постигна 16 од 23 поени на TOR во последна четвртина и 4 од 7 во продолжение.
Овие 48 за TOR се повеќе битни од некои други причини. Лани после драфтот многу плукаа по овдешниот GM (тогаш Babcock), во стил „што земаш четворка, кога само четворка (Bosh) ти е сигурна во тимот". Ова беше прва утакмица во последно време кога Bosh после 6 минути мораше да излезе поради мала повреда и Charlie V покажа дека може и тоа многу. Битно е и поради тоа што баш пред некој ден Mike James кукаше за пари по весници, и тоа со изјава „па и јас сакам да можам жена ми да ја однесам на Бахами". Инаку, одмор на Бахами кошта колку 1-2 просечни плати и нормално, изјавата беше прогласена како глупа и некоректна. На MoPete му истекува договорот догодина, Bosh треба да добие extension на договорот, дебитантиве имаат кратки договори, а Colangelo ќе треба да реши кој останува, кој си оди.
За другите утакмици што ги гледав вчера. Ептен ме заредија–1:00 IND-PHI, 3:30 MIL-TOR, 7:30 DET-NJN, 9:30 LAL-NOK.
За IND-PHI мислам дека и таму одеше, така да не би коментирал – или ај малку, тапа утакмица. Али оваа DET-NJN беше пристојна. Посебно што е се поочигледно дека „знаењето" на Flip доаѓа до израз. Вчера беа издишани балони. Освен McDyess и Delk, славните All-Star играчи завршија со 15-53 или 28% шут. А посебно Chauncey и Rasheed беа мизерија. Во вторник им доаѓа DAL (кој во ноември ги уби со 37 разлика), а во недела PHX. Мислам дека ќе се види дали DET беше добра екипа со лош план или просечна екипа без план.
LAL без проблеми ја добија со NOK затоа што овие хронично имаат проблем да го одржат темпото цела утакмица. Kobe стандарден, Lamar се подобар во последно време, Kwame – player of the game. Во врска со LAL имаше од некого коментар како тоа DET убаво ги решил 2004. Не сум за Lakers, ама поштено кажано, тие што ја прочитале "The Last Season" на Phil Jackson ќе потврдат дека и самиот вели дека тоа бил најнедисциплинираниот, најсебичниот и најисфрустрираниот тим што го водел. Целата идеја со Payton и Malone беше промашување. Посебно е остар кон Kobe. Затоа и се изненадив што така брзо реши да се врати.
Велкам ту д фамилијата, Зналац.
29. New York Titanics 19-49
S: Малце пркнаа, ама караниците на дуото Starbury & Franchise со Coach Brown не им идат баш у прилог. Мора од корен да се преораат за догодина.
К: Мислам дека се што може да се каже за нив, напишав у овие недела дена. Еди Кари да се впрегне, па до следната сезона нивната сигурно ќе биде изорана. Море Ајзеа да се впрегне...
28. Charlotte Bobcats 19-51
S: Оваа сезона екипата им беше амбуланта, но, бар играат со некој дух.. ваљда ќе се соземат догодина. Убедливо најмал salary cap.. и немаат што да изгубат. Типичен почеток за expansion team.
К: Оваа сезона се како епизода од ER. Ептен ги уништи повредата на Мека, кој бај д веј ја заврши и сезоната. Секако можеа подобро, ама и така овие три-четири први сезони се пубертетски за рисчињата.
27. Atlanta Hawks 21-46
S: Дуото Josh & Josh, како и другарчињата нивни Harrington, и особено напалениот Joe Johnson ветуваат, но оваа сезона единствениот нивни успех е тоа што не се последни. Една од најатрактивните екипи, however.
К: Аааа, мај софт спот. Полека, веќе следната сезона ќе биде боље. У АТЛ сезонава паднаа и Детроит и Спарси, а Џо созрева у играчот за кој дадоа 70 милиони минатото лето. Плус, и Џошовите, како и Марвин се разиграа после Ол-Старот.
26. Seattle Supersonics 27-41
S: Може требаше да им дадеме подобра позиција, но тоа што малце ко да се подобрија во последно време, не го пере резилот од почетокот на сезоната, па наваму. И они се низ некој процес на реоформување, но едно од поголемите разочарувања сезонава. Само 12 победи против западни екипи – тука лежи зајакот. И наслабата одбрана у лига..
К: Е, знаат они кај е зајакот...у Портланд. Нејќеа да му дадат пристојни пари на Нејт МекМилан, кој ги оправи, па овој си отиде кај Блејзерси. Така им треба.
25. Houston Rockets 30-39
S: Нека не ви мачка очи резултатов – сем Yao, нема ниедна светла точка таму.. Houston, we have a problem.. само една победа во сопствената дивизија..
К: Џабе Јаоза колку и да е гладен, кога го нема Ти-Мек да му помогне. Дефинитивно најголемо разочарување сезонава. Нека бидат среќни тоа болките во грбот на Трејси да не се хронични или е Грент Хил ол овер агеjн.
24. Minesotta Timberwolves 28-41
S: 8-27 на гостински терен, Garnett упорно е меѓу најдобрите и оваа година, одбрана нула, елан ич, мрскотија за гледање, ептен разочарувачки..
К: Најмрскотија за гледање. И кога ги имаше сезонава, нејќев да ги гледам. Иш.
23. Orlando Magic 26-43
S: Магионичариве без Francis играат подобро отколку со него.. Миличиќ од кога прејде ваму, има 7 поена и 4,5 скока за 20-тина минути.. башка олеснет платниот список.. ќе ги биде, ама сезонава отиде во неврат.
К: Ќе ги биде...некад.
22. Toronto Raptors 26-43
S: И они се пркнати у последно време, Charlie Villanueva ги изненади сите, пошто е после Chris Paul најдобар дебитант, Bosch игра неверојатно, 14-20 се дома.
К: Чарли Ви е мадафака у задње време. Коланџело само уште повише ќе ги оправи преку лето. Мајк Џејмс, Мајк Џејмс, Мајк Џејмс, Мајк...
21. Golden State Warriors 29-38
S: J Rich е тука ако го нема или го има ама не е целосно здрав Baron, сепак многу се нестабилни. Атрактивни, со шуплини во одбраната, а и покрај пар солидни високи играчи, ги дува промаја у рекет.
К: Море, ја не би ги ставил вака високо. Без Берон се ко без глава, ама па и такви го тепаа Далас у гости. Мајк Монтгомери, ова беше твојата втора и последна сезона во НБА. Чао.
20. Boston Celtics 29-41
S: Paul Pierce во било која друга екипа ќе беше кандидат за MVP. Не ги бива, едноставно. Немаат ниеден солиден плеј, ниту центар, и затоа ги шибаат кој стаса. 9-26 на гости.
К: Нема ништо освен дабл Пи. Ни игра, ни кондепција, ништо, нада. Зулендер, Делонте и Гомес понекад ќе се разбудат, ама и мечките почесто се будат од зимски сон од нив. Не им се пише добро ни у иднина.
19. Chicago Bulls 30-39
S: Деветти на истокот (?!), тотално неличат на ланскиот тим, веројатно дека немаат баш некој крупничок па рекетот им е небранета територија. Chandler може да глуми у Пријатели.
К: Рекетот им е Ничија Земља. Мислам дека толку од Скајлс.
18. New Orleans / Oklahoma City Hornets 32-35
S: Изгубија 10 од последните 11 утакмици.. папсаа.
К: Исправка...се пишува - папсава:).
17. Utah Jazz 32-37
S: АК47 конечно е здрав, меѓутоа само фикција им е разигрувањето во моментов. Мислев дека има потенцијал таму, но очигледно сум се прешол. Реновирањето ќе им потрае, а во меѓувреме Deron Williams мора да добие повеќе минути на терен (иако и за неговите 27 што ги добива во моментов има солиден учинок).
К: Бузер се врати и игра доста добро. Калашњиковот е ол-араунд ѕвер, а и Мемо понекад ќе одигра одлично. Ама, џаба све тоа кога нема бекови кои ќе повлечат или па ои барем ќе знаат што бараат на теренот.
16. Philadelphia 76ers 32-37
S: Ги гледам во моментов, и се чудам по кој основ ќе влезат во playoff.. ќе го јадат таму неизбежно, но со Iverson и два-тројца околу него не можат да очекуваат ништо повеќе. И Ivy, и особено C Webb ги трошат последни залихи на енергија бидејќи веќе ги јаде времето, а немаат никаква поддршка, апсолутно. Најслаба клупа, будигора одбрана и 2-9 во периодов.
К: Штета за Ален, стварно штета што е опкружен со такви момци и со не-тренер како Мо Чикс.
15. Milwaukee Bucks 34-35
S: И овие се меѓу најсомнителните тимови.. не знам, стварно не знам.
К: Не знам ни ја...ама еве ги пак. Ништо не прават.
14. Indiana Pacers 35-33
S: Jermaine is back, али немаат јадро. Догодина може ќе бидат бољи. Ги глеав 2 пути по ред, сумњиви се и они. Сепак, четврта одбрана у лига, едина надеж. Беа појаки со Артест.
К: Беа.
13. Sacramento Kings 35-34
S: Ron Ron ги препороди, почнаа да се јачаат, им фали малце хемијата, ама може да изненадат. Од фрка екипа, се престорија во една од постабилните. Секоја чест на управата за мудриот потег.
К: Питри е геније за трампи. Само уште у лето да го отпушти Аделман и све ќе биде супер. И сезонава можат да заебат некој у плеј-оф.
12. Los Angeles Lakers 37-34
S: Пред нив се 11 утакмици, од кои 8 дома. Kobe преброде една мала криза, а за тоа време доби значајна поддршка од Lamar Odom, кој после скоро две сезони почна да личи на играчот за кој го дадоа Shaq. Ваљда нема да се исклизаат ко лани, а што се однесува до пост сезоната, ќе видиме. Никогаш не се вели никогаш :)
К: Никогаш:)
11. Washington Wizards 35-33
S: Имаат чудни статистики, а сепак се во конкуренција. Дувниветре екипа се. И они се изобличени од лани.
К: Или...развигор екипа. Нема ништо и од нив.
10. New Jersey Nets 39-28
S: Сем триото Carter – Jefferson – Kidd, го имаат и разиграниот Крстиќ, имаат слаба конкуренција на Атлантскиот брег и ќе бидат трети на Исток.
К: Тоа кажува се за тоа колку е јак Истокот.
9. Cleveland Cavaliers 40-29
S: LeBron игра ко вонземјанин, ама тоа шо му фали на него, е кобно за екипата – стабилност у четврта четвртина и давање гас кога е густо. Солидна ротација имаат по доаѓањето на Flip Murrаy, и дефинитивно нема да се повтори ланскиот пад.
К: Нема. А и Леброн почна да станува клач играч. Ќе бидат незгодни за било кој противник.
8. Los Angeles Clippers 40-28
S: Brand има жестока сезона, Кaman е здивен, тимот игра како никогаш порано.. огромно изненадување. Најдобар скокачки тим (!). И блокерски (!).
К: Ете...и тоа се случи. Судниот ден се ближи.
7. Memphis Grizzlies 40-29
S: Челична одбрана со која се изедначени со ланските финалисти.. Гасоламбад конечно игра машки, а имаат и некоја убава рамномерна офанзива, и јака ротација.
К: До брадата е...верујте. Едно жилетче ќе им биде доволни на нивните плеј-оф противници. Стабилна екипа, секоја чест на Фратело что и по повредата на Дејмон ги задржа у првите пет-шест на Запад.
6. Denver Nuggets 40-31
S: Они се трети на дивиот запад, ги тепаа и Detroit и Spurs, и изгледаат прилично опасно. All the credits go to George Karl.
К: По трампите станаа уште по книња, а сега играат и без Ерл д Скврл Бојкинс, а и Кемби и Мартин се влези-излези од екипа. Здрави у плеј-оф ќе бидат слипери.
5. Miami Heat 46-23
S: Flash игра се постабилно, а Shaq иако е во години, сепак е Казаам.. Јаки се, нема што, на моменти доминантни, но покажуваат несигурност, и затоа ги ставивме на петтото место. Малку тапа одбрана у која главен збор имаат Zo и Payton, старечкото лоби.. статистички, клучно за нив е што ги натскокуваат противниците за најмалце 4 скока по натпревар. Тоа е поради најдобриот процент од поле.
К: Нема отпишување, иако им фале помош на Шек и Двејн. Сеа Зо им се повреди, па Дизелот ќе мора да го троши цел резервоар пред плеј-офот.
4. Dallas Mavericks 54-16
S: Крвава екипа, Диркулес е незадржлив, али клизнаа со Phoenix.. а и со GS и покрај 51 од Германецот. Мора да се консолидираат, иде плеј-оф, таму нема лабаво. Сепак, најдобар depth chart, пополнети на сите позиции, а располагаат со секакви квалитети (само малку дискутабилни со искуство..).
К: Пак ќе клизнат, посебно ако налетаат на Феникс...или Сан Антонио...или Денвер.
3. Phoenix Suns 47-21
S: Се врати Чеканот, арно ама се посра.. поарно за нив да се врати побрзо у форма, оти се виде дека со Spurs нема шала.. особено коа Хасан ќе ти дае 50 поена. Имаат двајца MVP играчи, уше едно 4-5 солидни, ама ќе ги претепа недостатокот од висина. Дозволуваат највеќе противнички скокови во цела лига. Сепак, најопасна екипа во ударите за тројка и највеќе асистенции..
К: Опасно. Ќе им биде тешко на Мамузарите со нив.
2. Detroit Pistons 55-13
S: Најдобар скор у Лига, го освоија Централ, ама допрва треба да им се повреди некој од стартерите. Не можам да ги поднесам, ама јаки се. Пеколна одбрана, почнаа и солиден напад да покажуваат, но како што си врви сезонава, ко да забревтуваат по малце. Клизнаа со Њујорк, побогу. Сепак, да не беа во исто време со оваа генерација на Сан Антонио, ќе беа вистинска династија.. пак се конкуренти.
К: Мислам дека играњето преку 30 минути на секој меч на стартерите ќе си дојде по своето у плеј-оф или финале. Ја имаат формулата за успех, само проклетсвото на Флип да не ги стигне. БЕН Е ДРВО.
1. San Antonio Spurs 54-15
S: Они клизнаа со LAL и Nuggets, што дава на знаење дека у разигрувањето може да запнат. Сепак, имаат оправдание, поради екстремно набиениот распоред во тој период. Најдобра одбрана моментално, солидна клупа, неколку improved играчи, а тоа најдобро се гледа што цела сезона го покриваат Duncan толку успешно. Уиграност, хемија, лесно се адаптираат.. и цврстина, скоро колку Моторите.
К: И без Тимчо Роботчо у фул снага, имаат најдобар скор на Запад и 2. се у лига. Почнаа да си ги одмараат ѕвездите, а пак победуваат. Најсериозни кандидати за титула. Агејн.
Бааги каснам со ова, али тоа тие, од многу обврски дури сега стигам да пишам за утакмицата која ја гледав сабајлево, а у која Феникс пак стана најопасен кандидат за тронот на Спарси на Западот. Фаќав и белешки за секој потег поврзан со камбекот на Амаре, ама ги заборавив на работа, така да идеме со ствари онака, од глава.
Знам дека вчера Диркулес беше ридиркулeс, ама џаба тие се 51 поени, ако изгубите дома од едни Ворирси, кои па играа без еден Берон Дејвис. Као што знаете сите досега, ги реши Џеј-Рич со оф баланс тројка у задња секунда за негови 40 поени. Така, главна прича, сосема заслужено остана камбекот на Ѕверот.
Уште со најавата се виде дека Амаре е ептен нервозен и нестрплив и едвај чека да почне утакмицата. Кога тргнаа, се беше како лани (добро, не баш се) и првите поени за Санси ги убаци баш Стадемаер со кеч енд шут од преку слободни, по што одма следеше 2+1. У првите девет минути, колку што играше у прво, Амаре имаше 11 поени, кои до крај отидоа на 20 и 9 за 19 минути.
Имаше моменти кога се гледаше дека му фали физичка спрема, али за прва утакмица по скоро година дена пауза изгледаше ептен добро. Еднаш го залепи Тревис Аутло, и тоа добро го залепи, али па Амаре у истиот напад си ја врати топката и закуца. У него, сите можеа да видат какви можат да бидат Санси со доминантен играч у рекет, а 76-те поени у 1. полувреме се рекордни сезонава. Еден збор, страшно. Спарси, пазете се.
Што се однесува до Портланд Мистикси, си го оправдаа надимакот. Главни играчи им беа Кријапа, Аутло, Џек и Телфер, а помалце и Диксон и Блејк. Рендолф го немаше нигде, а Мајлс не ни влезе (зашто? - подоле). Тие момци иако изгубија ко Грчка, покажаа дека има иднина у Портланд и да не беа толку јаки Санси, ќе му го расипаа камбекот на Амаре. Има надеж.
Пред некое време у мејл ни стигна прашање за кариерата на Џемо Мешбурн, односно дали и кога ќе се врати. Ја му одговорив дека Џемо си го кажа задњето пред година и пол, можда две, а денес и официјално Сиксерси, кои го добија само како пополнувач на трејд, објавија дека Мешбурн го разбудил пензионерот у себе.
“I’ve had a long career in the NBA and have enjoyed my experience,” Mashburn said. “I look forward to retirement life. It doesn’t mean I am not going to stay busy, but it’s time to move on and accomplish some of the other goals that I have set for myself. It’s been a great time. I’ve learned a lot, but now it’s time to move on”- вика Џемо.
Иначе, Меш ми беше еден од поомилените играчи у девеести, пред се затоа што беше вон вниманието на медиумите, а ипак беше главна ѕвезда на својата екипа. Кога само ќе ми текне на Трипл Џеј у Далас...проклета да е Тони Брекстон.
Како и да е, Џемо, среќна пензија, си ја заслужи целосно, само е штета што поради повреди мораше прерано да си ставиш крај на кариерата. Ајде у лето, кога ќе нема толку интересни содржини, ќе пишам и еден пост за Меш.
Од вчера Џон и Карл засекогаш пред Делта центарот ќе си ги праваат своите пик енд ролови. Откако лани му ја открија стауата на Сток, у Јута му дојде редот на Мелоун. Еве го и линкот до причата.
Исто како и за Џемо, летово ќе пишеме нешто поошширно за Карл. Освен ако некој од вас не сака уште сега да напише нешто за Поштарот.

Малце НЦАА. Синоќа со Фајнал Фор надежите се опростија двете најголеми колеџ ѕвезди-белци. И Џеј-Џеј Рикид со Дјук и Адам Морисон со Гонзага испаднава, а момците имаа сличнии мушки реакции на елиминацијата. Не иде така у НБА дечки.
"My love for the game is very, very high," Kemp said. "I've made a living off of this game. I'm not coming back to play basketball for any financial reasons."
"I'm not playing just to make someone's roster. I'm not just playing to make a comeback. My hopes and dreams are to be in the Hall of Fame one day."
О П А С Н О !
И нормално, сеа ијам алиби да го стаам најдобриот клип евр:
Иначе, Никси вчера пак изгубија, овој пат дома од Торонто, а ги спржи играч на позиција на која тие се најјаки (барем според имиња). Мајк Џејмс им убаци 37 кошеви, а Крис Бош додаде 31. За малерот да биде поголем, им се повреди единствената светла точка сезонава-Ченинг Фрај, и тоа максимално бизарно, откако Нејт звани Местенка го бутна Ендрју Берет од Репторси од позади и овој заврши директива у Фрај, сјебувајќи му го коленото. Браво, Нејт, ништо чудно Ајзеа да го наговорил Лилипутот на такво нешто.
Ја синоќа на ТВ ја имав Сан Антонио - Голден Стејт, ама изгледав само две-три минути пред да паднам у кома, што ради што бев утепан, што ради кошарката. Вечер претходно ја глеав Хјустон - Клиперс, у која Рокетси дефинитвно ги изгубија шансите за плеј-оф пласман. Јаоза иако беше утројуван, пак имаше 25 и 17, а тоа што беше оставен сам, Лутер Хед го искористи за 20 поени. Ама, џабе.
Шпагети Магети од клупа и Голум у 1. четвртина завршија работа, а и Радман беше солиден. Само тоа Кејвменот да го натераа да зашиша тоа метлата од главата и да го натераат цела плата да ја даде на најдобрите пластични хирурзи у свет, па ќе станат убави за гледање.
Карлос Бузер више не е лузер. Откако се врати од мистериозната повреда и за прв пат заигра по скоро цела година пауза, Карлос почна да ги оправдува парите вложени во него. Еден од доказите - задњите три партии. Но, не пишав за Буз ради неговите игри, него ради бизарната вест дека тој го тужи Принс (не Тејшон) за наводно, ако добро разбрав, не придржување на договор за издавање куќа под кирија. Или така нешто.
- Е, ова знам дека на многу од вас ќе им се свиѓа, а на уште повеќе од вас нема да ви легне добро у желудникот. Тука мислам и на Шеп, кој ништо чудно и да им остави некој коментар на момците.
- Ај да не почнете одма да се буните. Лејкер фанови, еве каква иднина ви предвидува Хупседикт.

Главниот муабет кој ме натера да пишам за нив е задњата кавга меџу Марбери и Браун, која прерасна у права сапуница после нивните задњи изјави.
Најпрво Браун, у свој стил, го наметна својот авторитет споредувајќи ја својата кариера со таа на Марбери, што е крајно глуп потег, но од него не ни очекував нешто подобро. Браун кажа и дека Стеф е далеку од најдобрите бекови у лигата (што не е далеку од вистината).
На ова Марбери одговори дека Браун не знае што збори и дека отсега ќе си игра својата стара игра, односно ќе си се врати на Старбери, каков што сите го знаеме, зашто Никси и онака не прават ништо како што играат сега. Пљус, дека тие коментари ги сфатил лично, како навреда и дека после нив више не планира многу да разговара со својот коуч.
Ова донекаде и го разбирам зашто која е поентата да разговараш со својот тренер, ако овој за секој проблем и муабет со играч одма излегува по медиуми. Само прашајте ги Пистонси како се осеќаа кога и они и сите дознаа дека додека тие спремаа одбрана на титулата, Лери се договарал со два клуба за идната сезона.
Онда Браун возврати дека Стеф е еден од кривците за вака слабата сезона на Никси.
Да - е еден од нив, но никако и најголемиот. Тоа си ти чичко Лери. Цела сезона не најде една петорка која ќе ја игра, цела сезона бара играчи кои ни Господ не може да му ги донесе, цела сезона ги пали, па лади руките, а онда и јавно ги критикува своите играчи, место да седне со нив и направи муабет кој ќе остане меѓу четири ѕида.
Ако ме прашуваат мене (а не ме прашуваат), ја би го оставил Лери до крај да го одработи договорот и на сите да им покаже каков шупак е од тренер. Ја ја почитувам неговата кариера, да нема забуна, али неговите методи ама ич не ми се свиѓаат, а знам дека не сум единствениот кој мисли така. Нека ја одработи казната у чистилиштето у Њујорк. Така и му треба кога лета по пари.
Што се однесува до Марбери, осечам дека ќе го трампаат летово, мада не би ме изненадило и тој и Лери да се смират, зашто со Браун никад не се знае. Ипак, мислам дека Стеф нема да попушти, плус и онака имаат куршлуз на кецови и двојки.
Блазе си му, ќе се спаси - си викаат другите играчи.
Но, она што е најтрагично у целава прича е тоа што најголемиот кривец за целата ситуација, Ајзеа, за жива глава го нема нигде. Нигде не се појави да каже нешто и да ја смири ситуацијата. Кретино.
ПС: Нејт и руките малце дадоа надеж со победата над Хоукси. Али тоа што е над Хоукси кажува се.
Каснам некој ден, зашто нејќев да чепкам во тазе рана. Ама, Кингси со право ги истабаа Лејкерси и сигурен сум дека, освен ако некој не им се повреди, се еден од 8. тимови кои ќе играат плеј-оф на Запад, а на кој и да му се паднат таму (Далас или Сан Ан.) мука ќе видат со препородените Срб-лес кралеви. Нормално, клучот на целиот препород е Рон-Рон, тоа го имам кажано и порано, преку кој цел тим почна да конта дека без одбрана не се прави ништо.
На постарите од вас, сигурно им текнуе на Марк Прајс, кој што неколку сезони беше еден од најдобрите плејмејкери у лига, а без конкуренција беше најдобар шутер меѓу плејчињата, посебно кога ќе застанеше на слободни. Е па, чичко Марк својата амбиција да стане тренер ќе почне да ја остварува од дното. Мислам, буквално од дното, од д лендот даун андер.
Оф д топик.За крај, малку надеж за машкиот свет дека некој од нас би можел да и биде прв на Адријана Лима. Прв у смисол дека тоа значи дека ќе те омажи девојчето. Мене у муабетов не ми се верува, али Лима е ВИРЏИН, т.е. девица?!?!? Ако е така, онда секој нејзин бивши дечко сигурно бил на праг на самоубиство.
Кој би рекол. Еве го муабетот на Андријана со Џи-Кју магазинот:
Are you a one-guy woman?
Of course! I’m a Catholic.
Look, I’m Catholic, too, but there’s a lot of things about the church that make it hard to date within its rules, don’t you think?
Like what?
Birth control, premarital sex...
Well, you know, sex is just for after marriage.
Say what?
Sex is for after marriage.
Are you saying you’re not going to have sex before marriage?
Exactly.
You mean you’ve never had sex?
That’s why I have to say.
You sure about this?
Yes.
How do men respond to the fact that you plan to, you know, wait?
I don’t care. They have to respect that this is my choice. If there’s no respect, that means they don’t want me.
Who was your first boyfriend?
I have just three boyfriends in my life.
Get out.
And this is the third one now.
Did you ever have your heart broken?
By my two exes, yes.
They dumped you?
Noooo. They did not dump me. But… It just did not worked. It did not work. You know?
10. Пол Пирс – The Truth сезонава е повампирен скроз, прикажувајќи уан мен шоу секоја вечер. Селтикси се пред испаѓање, но неговите статистики од 27 поени, 6.7 скока, 4.7 асистенции и 48% од поле се едноставно прежестоки за човек да прејде туку така преку нив. Нема да го добие признанието ни под разно, ама после неправдата пред 3-4 сезони коа го наместија Данкан тотално незаслужено, мора да се спомене дека ПиПи сеуште е меѓу најдобрите во Лигата.
9. Чонси Билапс – Детроит се бош екипа, и имаат бош најдобар играч. Сепак, The Smooth се повампири оваа сезона со просек од 19 поени и скоро 9 асистенции, и веројатно е најјакиот плеј у Лигата после Стив Неш за кого ќе стане збор подоле, односно погоре во ранкингот. Билапс игра стабилно, освен убавите цифри, покажува и присебност кога е густо. Ја игра својата најдобра сезона, а Детроит иако малце се проклизаваат лејтли, сеуште се меѓу најдобрите тимови, колку и да се болни за гледање. Д трибјут гоус ту трт прт Билапс.
8. Шон Мерион – Ѕверот Матрикс сезонава игра во врвна форма, со неверојатни статистики од 12,3 скокови (втор скокач после Гарнет), 21 поен и скоро по 2 банани и украдени топки. Пеколен на двата краја од теренот, меѓу најчестите забивачи, освен грдиот шут нема што да му се замери. Уште ако се земе в предвид шутот од 51% од поле, како и тоа дека во повеќе категории ги има најдобрите бројки во кариерата.. буквало се погрижи да не се чувствува отсуството на Амари во рекетот на Санси, иако е висок само 202 цм. Официјално е најдобриот скокач во конкуренција на ниски крила во историјата на НБА. Сепак, тој е само втор во својата екипа и практично неизводливо е да добие признание за прв во Лигата (освен ако не го поделат со Нешти).
7. Двејн Вејд – Флешот оваа сезона е буквално напален, прекумерно. Не само што ги подобрува ланските бројки (28 п, 6 ск, 4.4 ас, 1,6 ук), оваа сезона во Мајами стана тоа што е Коби во Лејкерси, и неколку пати одигра симултанки при кршење на резултатот (вклучително и партијата со Детроит кога ги постигна последните 17 на Хит и сам се избори за пресврт). Ако по некоја случајност му се посреќи, нема да погрешат, колку и да ме нервира. Сепак, за успехот на Мајами не помалку заслужни се и факторот Шек, како и една од посилните дружини од играчи распоредени по епизодните ролји.
6. Елтон Бренд – Клиперси оваа сезона се најголемото изненадување после Њујорк :) и секако најзначајното освежување на Лигата. Најодговорен за нивното вивнување во врвот на Запад (океј, не самиот врв, али у плејоф конкуренција со можност да мрднат преку првата рунда ако им се паднат неДалас ил неСан Антонио), е токму мечокот Бренд. Сезонава, го подигна значително просекот на поени (во сите претходни сезони варираше од 18-20) на фини 25, што во пакет со 10 скока и 2,6 банани, 3 асистенции и 52,5% од поле е пропусница у првата НБА петорка, и можеби виза за најелитното признание. Башка е фин и васпитан.
5. Дирк Новицки – Единствена причина што Диркулес ми е пред Елтон на листата е тоа што човеко гине на терен и некако ја има харизмата шо мечето ја нема. Инаку, швабото освен шо тепаше на Олстарот у пуцање тројки (мада местенка), оваа сезона опет игра на Лери Б`рд ниво, односно, он е рмбачот у екипата на Далас. Типот игра машки, се труди, гине, па то плавите коси ко ќе му се запотат.. ах.. се топам.. Шала на страна, Диркулес мож статистички и не делува толку феноменално, меѓутоа оваа сезона, на пеколниот напад му додаде и солиден допринос во одбраната, што беше главен фактор во одличниот скор на Мавси. Сепак, неговите бројки се благо опаднати од минатата сезона, а во Далас играат и уште цела гунгула солидни играчи, така што само фиктивно е на вака добра позиција во мојава листа. Иако најдобар висок играч во моментов, сепак не верувам да го добие трофејот.
4. Леброн Џејмс – Кралот годинава игра сезона за учебниците, бар од аспект на бројките. 31 п, 7 ск, 6,6 ас, 1.5 ук и 47% од поле.. на сметка на минимален пад во другите статистики, стана вистинска поентерска машина, а единствена маана му е тоа што речиси целиот учинок го пружа во првите 40 минути од утакмицата, а во финишот тотално губи контрола над играта. Му фали лидерското, за да биде МВП. Понекогаш бројките не се доволни.
3. Стив Неш – Ако лани Канаѓанецот успеа со 15,5 поени по натпревар да дојде до Подлофот.. што би рекле за пола асистенција помалку на сметка на еден скок повеќе од ланската МВП сезона, и речиси 20 поена по натпревар со безмалку 52% од поле за убедливо најмоќниот плеј во Лигата во моментов?! Нешти со голема помош од Матриксот Мерион успеа да го надокнади отсуството на Амари; Санси се повторно во елитата; самиот Стив реши 10тина клучни утакмици, а покрај него, 6 играчи, меѓу кои тројца сериозни за наградата Моуст Импрувд ги играат сезоните на кариерата. Нешти ги прави соиграчите подобри, зар не? Единствена причина за секирација му е повредата која го мука лејтли.
2. Ален Ајверсон – На шпекулациите дека ќе оди по надолна патека, Одговорот на злобниците им одговори со убедливо најдобрата сезона во својата кариера. Дури и славната 2001 кога го освои ласкавото признание, се чини дека е во сенка на игрите што ги пружа оваа сезона. За жал, во Лигата има некои нови момци на кои медиумите им посветуваат поголема пажња, но колку што го мразев Ајверсон до 2004, толку го засакав овие години, особено оваа сезона, кога покрај милион повреди, веќе полека и на удар на годините, Ајви успева да одржи цифри како 33 поена, 3.4 скока, 7.4 асистенции, 2 украдени топки со 45% шут. Згора на се, го носи и товарот на кец, и единствена солидна помош му е ветеранот Вебер. Фили има негативен скор, ама поради конкуренцијата на Исток, прилично безбедно им е за сега осмото место, им давам фора до шесто за во плејоф, што на Ајви му е еден вид императив ако сака МВП, но исто како и Неш, не смее на крај да се забрља со повредите поради што тренутно паузира, на кратко.
1. Коби Брајант – Ако сакате толкувајте го навијачки, но ако оваа сезона Коби не биде одликуван, не знам кога би бил. Сезоната ја почна со базер битер за победа. Понатаму, имаше уште пар подвизи со луди шутеви во последни минути, шеесдвојки, осумдескецови, тројки, забивања, асистенции, што ти душа сака. Точно е дека во последните 3-4 натпревари ко да падна малце во формата, но не изгуби здив, туку едноставно го лечи заморот. Ќе видите како ќе пркне уште во Њу Џерси на дуелот со Картер. 50.. или слично.
За Мамбата, не знам зошто би должел многу. Со екипа која не е достојна ни за во Камбоџа, успеа да дојде во плејоф седло, и е во баш иста како Ајверсон и Фили, со фора до шестото место, со таа разлика што на И солидна, и повеќе од тоа – 35 поена, 5,3 скока и 4,6 асистенции со не толку сјајни 44% осток никој не им дише во врат на 76ките, додека Коби мора да стегне зуби у конкуренцијата на Хорнетси. Нема МВП без плејоф пласман, и тоа шо погоре, тоа поголеми шанси. Инаку, статистиката на осумдескецот годинава ед поле. Сепак, во неговиот случај, сите маани се анулираат со самиот факт што во 95% од утакмиците е прв стрелец на својата екипа, пак игра жустра одбрана (1,75 укр) и пак најголемиот дел од поените ги постигнува како што се ближат утакмиците кон крајот. Мајстор за четвртата четвртина, за продолженијата и за шутеви со истек на времето и буквално СЕ` во тимот на Лејкерси.
Допунско бај Каракаш: Ме претрка со постов. Ја поштуем желбата и нема да го едитирам постов. Моите МВП фаци ќе ги пишам следната недела. Само едно, Коби нема да биде прв:)
MВП кандидати.. овие ли бе?!
За малце ќе ги заборавев Рокетси. Ако Трејси не се врати ускоро, ништо од плеј-офот по прв пут у кариерата на Џеф "Подочњаци" Ван Ганди. Не може Јаоза сам да ги носи на грб мрцините од типот на Стро, Џуан енд ко.
Непознаница на Западот е и тоа кој ќе биде прв, мада мислам дека Спарси ќе се разбудат и ќе се одбранат од налетот на Мавси. И двете екипи имаат незгодни гостувања овие месец дена. Феникс е зад нив и по поразот од Мистикс мислам дека немаат шанси да ги стигнат, пљус инфото за коленото на Амаре сигурно не им дојде добро.
Толку од непознаниците на Западот, за тие на другата обала, у текот на оваа недела.
Знам дека некои од вас бараа да пишеме нешто за колеџ кошарката, али ја сезонава не сум гледал буквално ниедна НЦАА утакмица, така да неам основа да пишувам. Само знам дека Џеј-Џеј Ридик ќе биде доста добар НБА играч, ваљда нешто како Воли, и истото се однесува и на Адам Морисон од Гонзага на Сток. Двајца белци се двете најголеми колеџ звезди, самтингс вронг вит д ворлд.
Еве ви линк до текст од Ленг, кој е солидна најава на претстојниот 2006 турнамент. Од мене за НЦАА толку, али ако има некој од вас кој сезонава прати колеџ баскет, слободно нека прати текстче.
Кога погоре го спомнва Воли Зулендер, еве причина уште еднаш да ја пуштам неговава слика. Цепки.
Сте виделе некад Шек покрај некој да изгледал како мало дете. Не? Е па онда, мит Калвин Лејн.
ДОПУНСКО бај Каракаш:
И така. После Атланта, и Лејкерси го скинава скалпот на Детроит и Сан Антонио. И ја и Шеп Факт-ор Ипсилон сме у пљус.
Вака: Коле, за мене МекФреш. Ико, Скопско големо точено. Не се заебавам.
Лејкерси, за кои очигледно има најмногу фанове меѓу блогерите, со оваа победа направија два чекори напред кон место у плеј-оф. Кај тепаа, кај дознаа и дека Ти-Мек изгледа до пред крај на сезона нема да може да игра за Рокетси, кои го бркаа местото на послабиот тим од Ел-Еј.
Сеа останаа само Кингси за калифорниско дерби за 8. мессто, иако мислам дека и двете екипи ќе играат плеј-оф, а раселените Хорнетси ќе паднат. На Јута не рачунам, зашто каков тим е тоа кога газдата ги вика размазени бебиња?
Ги гледав и Мајами-ГСВ вчера, а после нив и Сакто-Мемфис, која беше страшно добра утакмица. Рон-Рон полуде у задња чет. и сам го реши победникот. Имаше од се по нешто, од куцања у фаца (Томас и Ворик), тројки ат д базер (Еткинс), екстра асистенции (Биби), па до кош од преку пола терен со базерот на Риф за крај на 3-та чет.
Се ежам кога ќе чујам:
-БАЈРОН Дејвис
-ЈУДОНИС ХАСЛИМ
-Џејмс ПОСИ или не дај боже ПУСИ
-А од вчера и на, Андрес БЕДРИНШ
Бај д веј: Кој е Тревис Вест?!?!?
ДОПУНСКО бај Каракаш:
За тоа дека ќе тепаат, нешто не ми иде (освен ако Шеп не се консултирал со Саше Фактор Икс), но дека се у игра за задње место на Запад, или па чак и седмо, да.
Спарси почнаа у право време да фаќаат ритам, али иако ги згазија Санси вчера, баш Санси ќе им бидат најголем проблем да ја повторат ланската сезона. Вчера за Феникс не играа Неш, Амаре, Леандро и Курт Томас, додека Спарси играа комплетни. Кога ќе се сретнат у плеј-оф, мислам дека причата ќе биде малце поразлична.
Иначе, ја ја глеав таа што се играше пред Санс-Спарс, каде у Фила тепаа Нагетси, иако немаат ќор човек што може да поврзе две тројки по ред. Од Сиксерси со Иги и Ештон, толку, додека кој знае колку страшни ќе беа Денвер да имаа асална двојка и да беа здрави.
И да не забравам, зарад ова и седнав да пишам, од вашата лева страна е сликата на која јасно се глеа зашто Спарси тепаа вчера.
ПС-Кој не чита редовно од Бремен, Дојчланд. А?
- Мајки, не ги пуштајте децата надвор.
- Баби, заклучете тоа внуците по дома.
- "7-ца", "Кинг", итд., пазете се...Џинот се разбуди и е мнооогу гладен.
Јао Минг се разбуди пред месец дена и сфати дека за глава е повисок од сите кои као го чуваат, дека е бољи шутер од 90% од нив и дека е помасивен од сите, освен од Шек. Така разбуден, Јаоза конечно почна да игра како што се очекува од него, у што ме увери и синоќа кога ги гледав Хјустон како се мачат дома со Пејсерси. Да не им беше Јао, сигурно губеа синоќа, а истиот епилог ги очекуваше и на претходните девет средби на кои баш Минг ги вадеше.
У задњите девет, откако против Санси се посрамоти со само шест поени, Јаоза така тазе разбуден убацуваше у серија 29, 22, 29, 27, 22, 21, 32, 30, 38, а на тоа додаде и просек од 13.7 скокови. Со Пејсерси застана на 38 и 10 и играше доминантно, како од него се очекува од првиот ден кога дојде у Америка. У оваа серија Рокетси, иако Трејси се мучи, имаат скор 7-2.
Ти-Мек не заигра у 2. полувреме, откако па му проработе грбот, али на Јаоза уво не му слушна за тоа, тој продужи да го пуни кошот на Индијана и да си игра со Фостер, Полард и Херисон. Задњиов и најбоље се снајде со Кинезот, али џаба, се напуни со лични. Со ваков ѕвер од Јао, че биде интересно да се види трката за задњите места за плеј-оф на Западот.
Коа сме кај тие места, Лејкерси се у пол позишн засега, а тоа место го задржаа со победата у Њу Орлеанс, каде ги расплакаа домашните навивачи, кои за прв пут сезонава дојдоа да ги бодрат Хорентси. Меѓу нив вриеше од луѓе искапани у креч од реновирањето на куѓите кои Кате им ги однесе. Али, на Коби и ко. не им беше гајле за нив и ја расипаа хоумкаминг забавата.
Евреите повеќе од пола век се борат да докажат колкава неправда им беше направена у 2. Св. војна. Баш заради тоа треба да се прочита текстов у кој тие пак ја величаат хуманоста и толерантноста. Бај д веј, свака част, Јаске!
Аринас и Пирс си направија шоу вчера у Ди-Си, буквално играјќи сами у продолжението у кое Жилберто ги убаци задњите 11, а Пол задњите 7 поени за својот тим. Нормално, најбитни беа тие задњи два на Дабл Пи, со кои со базерот ги реши Визардси. Еве и линк до целиов муабет. Сликата не мора да се коментира.
Дабл Пи продолжи у ист ритам и со Фили, на кои им поклони трипл-дабл.
Пљус, шоу имаше и у Хотланта, каде Џо и Џејсон застанаа на свои карир хај од по 42 поени. Нормално, на крајот победија Хоукси:).
Открина е причината зашто Дејмон Џонс е труба оваа сезона у Кливленд. Или таму малтретирал девојчиња од што бил у депресија и жал за Мајами, или па у Мајами напаѓал девојченца, па сеа му фали тоа у Леброн Таун.
Сеа ми станува јасно она Пимп оделото на Ол-Старот.
Малце каснам со постов, ама пак сум побрз од Бето и неговиот рикеп од Сакто - Њу Џерси:). Глеам дека ве има доста фанови на Лејкерси, а пошто вчера сабајле ги глеав со Сан Антонио...(на постов ќе му додадам линкве и слики нешто покасно).
Имав пишано на старт од сезоната кога ги глеав Лејкерси дека системт на игра ептен ми личи на оној кој го играа Булси кога Фил Џексон тазе ги презема 1990 година. Тогаш Мајкл растураше, а сите други му помагаа. Нормално дека само со таква игра ништо не бива, па кога другите епизодисти стасаа како играчи, почнаа да паѓаат титули. Сеа, овие Лејкерси викам дека само потсетуваат на тие Булси, не дека се исти, зашто се далеку од титула. Но, со понекој асален играч у следниве две години, ху ноус?
Како и да е, да се вратиме на мечот од понеделник вечер, поради кој спиев само два и пол саати и на кој јасно се виде зашто Спарси се шампиони. Поп постави одбрана која му дозволи на Коби да се распуца, али затоа ги затвори сите други играчи на Лејкерси, кои не се видеа цела утакмица. Исклучок е стартот, у кој Смуч, Ламар и Мим покажаа понешто, и заедно со Коби кој си играше со Боувен колектор го добија 1.полувреме.
Е, и тука завршува причата за изедначени ривали. У 3. период, од кој ја преспав поголем дел, Ману со 4 тројки и Данкан и Тони со асистенции покажаа зш се чемпс. 36-19 завршива тије 12 минути, по кои Коби џабе покушаваше да ги врати у игра со луди шутеви од кај ќе му текнеше. Спарси можеа и да си дозволат и да го играат финишот без Тимчо, кој доби прст у око од Смуш. У тие моменти па се разигра Финли, кој со помош на Тончи одговараа на секој поен на Коби.
Како и да е, за сите фанове на Кобиси, има надеж, и тоа доста голема дека уште сезонава ќе биде плеј-оф, посебно што "размазените бебиња од Јута" играат слабо. Едини ривал за тоа место мислам дека им се Кингси и од сенка - Рокетси.
Ај за сеа доста, синоќа ги глеав Далас-Портланд, али за тоа и за др. причи, нешто покасно...
ЊУЈОРК - Супрајз, супрајз, ама Никси задњите две средби ги одиграа доста квалитетно и да не им беше колапсот у финиш против Булси за малце ќе имаа две победи по ред. Таа грешка ја исправија у Милвоки, каде пак прокоцкаа предност (+17), али со пет слободни на Френчајз по ред у задњи 20 секунди ја обезбедија победата. У овие две утакмици Никси покажава нешто што го немаа цела сезона, а тоа е стабилност у играта и идеја за тоа како треба да се искористат дупките кај противникот. Со бикчињата знаеа дека овие се тнки под кош, па запнаа да играат преку неандерталците Кари и Малик,а и преку Фрај кои си завршуваа работа. Кога Булси почнаа да ги удвојуваат високите момци, трици почнаа да погодуваат КјуРич, Џејлен, Џамал, Стиви, па и Марбери. Нормално, уследи колапсот на крај и дајнамик дуото Катепан Кирк и Мајор Гордон, кои ги растртија у финиш кога Френчајз направи две глупости со кои им ја поклони победата. Али, нема везе се се тоа гроуинг пејнс кои полека се поправаат.
Мислев дека нема да го кажам ова сезонава, али барем у овие две утакмици, Никси личеа на екипа и Лери Браун како да знаеше што прави. Нормално, како што им е составена екипата ретко кој у Њујорк може да се надева на нешто убаво од нив, освен ако не навива за Нетси.
МИЛВОКИ - Не знам дали е до мене, али стално кога сум ги гледал сезонава одиграле за нигде. Така беше и со Никси, кои за овие делуваа како да се две класи подобри. Никаква организација и идеја у игра, само дај му топка на Ред и глеј го како фрла шутеви од зад глава преку двајца чувари. Освен Џо Смит, буквално сите беа труби, а тромбон беше Андрија Богут, кој одигра мизерно и беше целосно надигран од сите високи момци на Никси. Па дури и еден Малик Роуз покрај него фаќаше скокови кога ќе му текнеше.
Друга ствар која ми фати око е дека - У Милвоки е ладно, бе брат. Кај Бакси четири играчи беа модерни и носеа хеланки, али најсмешен од сите беше баш Богутчо, кој у нозете беше катран црн, а у раце креч бел.
Како што играа, ќе водат војна со Булси за 8. место, кое ништо чудно да им го лапне некој трет (Фили?)
ДАЛАС - Увек кога играат Мавси и Санси имаме 48 минути одлична кошарка, која обично на крај завршува со победа на Феникс. Како и лани, така и оваа година се јави истиот проблем за Далас кога играат со комшиите од Аризона, а тоа е дека немаат играч кој ќе има муда (сори Дирк), кој ќе ги качи на грб и ќе однесе до победа. Свака им част на Тери, Маркиз, Стек и Дирк, ама без лидер не праиме нишчо. Лесно е да се игра така против Никси, Бобкетси, Портланд и компанија, али против ривали за врвот на Западот не иде така. Баш ради овие работи, кои беа очигледни вчера, не ги гледам Мавси како кандидати за финале, па дури и да бидат 1. на Западо.
Можда со повредените Хауард, Ван Хорн и Херис ќе бидат бољи, али па и за Санси не играше Амаре, кој лани им вадеше душа.
ФЕНИКС - Кога го нема Амаре, тука е Борче. Кога го нема Џо, тука е Леандрињо, кога го нема Кју, тука е Раџа. И што е најважно, тука се Матрикс и Нешти. Мама си ебале. Како и лани, пак им одржаа лекција на Мавси, а Неш уживаше да си игра со својот екс-клуб и да му гази по нерви на Кјубан. Покрај него секој може да биде играчиште. Да не зборам дека ги немаа Амаре и Курт Томас, па Борче мораше да игра на центар у поголем дел од средбата, на кој одлично се снајде. Тоа кажува пуно за Френчи, но и кажува многу за центрите на Далас и целата игра у одбрана на Мавси.
Вака како што играат сега Санси, кои у Тексас победија по 10. пут у серија, само Спарси би можеле да им конкурираат кога че им се врати ѕверот у екипа.
Искрено, лани не бев љубител на нивната хаотична кошарка, но сасвим е јасно дека зад тој хаос стои и тоа каков план на Мајк Бркото, кој вади максимум од тоа што го има. Свака част.
Бонус. Еве ви линк до брат му на Борче.
ЧИКАГО - Бен, Кирк и Денг у Њујорк покажаа дека иднината е светла за Булси, само што таа иднина зависи од тоа дали летово ќе лапнат некој асален висок играч или не. Без таков тип џабе ќе им биде триово. Булси се у рекет тенки како еврејска кришка леб, и верувам дека и ден денес маваат глава у ѕид што го дадоа Бренд у Клиперси за пикот со кој го собраа Тајсон. И сезонава имаат шанси за плеј-оф, али се нешчо ми кажуе дека нема да се пласираат.
Барем иднината им е светла. А, ова не е прв пут Бен да ги реши Никси. Како лани, така и сезонава:
ЈУТА - Свит мизери. Какви беа сабајлево у Сиетл, можат само да сањаат дека ќе го стигнат Денвер за прво место у дивизија или па Лејкерси за 8. на Запад. Против Сиетл многу јасен беше главниот проблем на Јута а тоа е што немаат двојка ни за лек. Така да еден Милт Паласио им е стартер. Гира е повреден, а и онака не го бива, додека Девин Браун уште не зрел за таква улога. Кај беа на двојка дупки, за нигде беа и на сите др. позиции, Мемо и Андреј си преседеа на клупа, откако Слоун виде дека нема шанси за победа, а и онака беа за нигде. Бузер е солиден после камбекот, али за него нешто повише подоле.
СИЕТЛ - И за крај Соникси, кои по трејдовите конечно заличеа на екипа. Ги нема више играчите кои ги гушеа и кои едвај чекаа крај на сезона да отидат у друг клуб. Плус, тие играчи гледаа само да се изрекламираат за да добијат некој долар повеќе. Вака, со избалансиран тим у кој се знае кој е главен, а кои се сајдкикси, против Јута покажаа игра каква што имаа лани. Реј и Рашард погодуваа, а другите играчи скокаа, асистираа и гинеа за топки. Можеби оваа сезона е ебана, али со ваква игра има надеж за убудуче.
Толку од екипите кои ги глеав викендов, вечер можеби ќе ги имам Лејкерс-Спарс, па ќе пишеме нешто и за нив. Идеме даљи со други НБА муабети...
Бузер ептен би сакал да заигра за Лејкерси, а у Јута нема да жалат за него, посебно не газдата Милер кој не е у добри односи со Лузер. Али, проблем за да отиде у Ел-Еј е тоа што Јута не сака ништо што има да понудат Лејкерси, кои се расположени да се откажат од Мим, Џорџ и МекКи. Истата понуда не им фатила око ни на Вориорси, од кои Лејкерси ги барале Марфи и Фишер.
Не сакам многу да го дрвам за синоешната утакмица, се надевам дека Енко или некој од вас ќе настапи со солидно резиме, затоа што ракијата, кромидот и шарската у мене едноставно ми ги блокираа можностите за перцепција на целата утакмица, кој да напоменам, од време на време колку шо можев да подѕирнам не беше така лоша.
Успеав да ја фатам задњата минута, и кога таман помислив дека Њу Јорк конечно ќе тепа, па уште дома, па Френчајз нешто, таман онака си викам ќе ме побијат, ете ги, Капетан Хајнрих и Мајор Гордон им скршија кичма.
Може све е дел од некој заговор, ова со Њујорк. Ентони од нашиот пријателски НБА Сорс, има ваква конспиративна теорија.
Мојата теорија е поприземна и гласи:
- Лери Браун ќе почне да плаче кон крајот на следната недела;
- Ајзеа ќе биде начекан од момците од Бронкс, Бруклин и Харлем и ќе го пребијат у некоја темница;
- Медисон Сквер Гарден Корпорацијата ќе банкротира;
- Медисон Сквер Гарден Арената нема никогаш да се напуни;
- Титаник(с) ќе потонат, и ќе бидат првата екипа која ќе биде без ниедна победа цела сезона - ко моите Стечај1 и Стечај2 во Фентази Лигата.
Маша Кириленко ја доби титулата за најбоља сопруга на НБА играч. Таа на својот мужич Андреј му дозволува еднаш годишно да ја вара, викајќи ако она знае за тоа, онда се е у реду. Еве што вика Машичка:
"So this is the arrangement that Andrei and I have," she said, adding, in the spirit of openness, that she does not have a reciprocal agreement with her husband. "If I know about it, it's not cheating."
Kirilenko, according to the magazine story written by Salt Lake City freelance writer Chad Nielsen, has no plans to exercise his "allowance."
"Of course it was a surprise," Kirilenko said. "I'm not planning to do anything. But she said, 'If you want to do it, you can do it.'"
Пљус, еве го личниот сајт на АК47. Посебно ѕирнете го делот со галеријата за соушл лајфот на Андрејчо.

Тони Паркер ја откажал промоцијата на својот рап албум, кој нормално, цел е на френч. Еве го официјалниот сајт на Тони Паркер раперот. Клик на сликите, првата е оригиналната француска верзија, другата е преводот на енглески.
Со оглед дека Шепард е главна ѕвезда вечерва, нема играч кој би му направил повеќе чеф од 81., така да тој ќе преовладува со овој пост.
Кога се враќав од работа вчера, у сандуче ме дочека новиот број на DIME, списание за баскет кое не може да се најде кај нас, а кое е базирано на лајфстајлот на НБА ѕвездите. Како и да е, Дајм излага веќе 4 и пол години и полека почна да си го наоѓа местото, иако уште може да се примети дека го брка Слем, списание какво за жал никад нема да биде.
Е сеа, у задњиов број главна ствар, т.е. кавер стори е Коби и текстот кој го напишал самиот тој. Од проверени извори знам дека истиот текст прво им бил понуден у Слем, каде овие одма го одбиле, со нормално објаснување дека нивни новинари ги пишуваат сториите, а не играчите. Тоа е држење до принципи, па и за еден Коби. Настрана тоа, текстот е доста добар и у него Коби стварно зборува за ствари за кои не зборел за сега. Али, тоа е работата со таков текст - у него играчот го кажува само тоа што тој сака, а не што ќе го праша авторот.
Ќе видам деновиве нешто да постирам.
Да не биде штуро, еве ја задњата реклама на Коби...
...како и линк до Блогот на Нике патике. Станува јасно дека блогот е д фјучр кога и таков спортски гигант ја увиде потребата да се рекламира преку свој блог.
Остана уште малце време до повторното пуштање на ѕверот на слобода. Овој месец се враќа Амаре, со кој Санси би требале да бидат страшни. Тој не брза со камбек и веројатно ќе се врати некаде околу 20 месецов. Таман да има месец дена да фати ритам па со Феникс да направи ршум у плеј-оф.
Кога сме кај камбекове, и Кори шпагети Магети ќе се врати у март, можеби и пред Амаре. И со тој камбек Западот ќе добие уште еден незгоден тим за у плеј-оф. Да бе, Клиперси.
Кеј-Џи и Рики Дејвис заслужено беа казнети со по само пет илјадарки, посебно по Оскаровската глума на типот у кој заврши баскетот кој Кевин го фрли у публика. Дебелиот се потресе како да го акнале со камен, па беше изнесен на носилка, а ќерка му се утепа од плачење. Патетика. А баскетот само го чепна.
Ама, Шид требаше да го лапне неколку средби. Мислам, сите ние сакаме да видиме малку крв, ама тоа што тој му го направи на Ззззззз у мечот кој можевме да го глеаме и на Спорт4 беше прав гето мув. Шид му ја расцепи тиквата на Илгаускас, кој реагираше како да станал од спиење, иако му бликаше крв од главата. И Рашид за тоа задоволство плати само 5 000 долари?