
Прво за Charlie V – вчера одигра феноменално. Не само заради шут 20-32, туку и заради тоа што во последна четвртина сам се надигруваше со MIL на нивни терен. Постигна 16 од 23 поени на TOR во последна четвртина и 4 од 7 во продолжение.
Овие 48 за TOR се повеќе битни од некои други причини. Лани после драфтот многу плукаа по овдешниот GM (тогаш Babcock), во стил „што земаш четворка, кога само четворка (Bosh) ти е сигурна во тимот". Ова беше прва утакмица во последно време кога Bosh после 6 минути мораше да излезе поради мала повреда и Charlie V покажа дека може и тоа многу. Битно е и поради тоа што баш пред некој ден Mike James кукаше за пари по весници, и тоа со изјава „па и јас сакам да можам жена ми да ја однесам на Бахами". Инаку, одмор на Бахами кошта колку 1-2 просечни плати и нормално, изјавата беше прогласена како глупа и некоректна. На MoPete му истекува договорот догодина, Bosh треба да добие extension на договорот, дебитантиве имаат кратки договори, а Colangelo ќе треба да реши кој останува, кој си оди.
За другите утакмици што ги гледав вчера. Ептен ме заредија–1:00 IND-PHI, 3:30 MIL-TOR, 7:30 DET-NJN, 9:30 LAL-NOK.
За IND-PHI мислам дека и таму одеше, така да не би коментирал – или ај малку, тапа утакмица. Али оваа DET-NJN беше пристојна. Посебно што е се поочигледно дека „знаењето" на Flip доаѓа до израз. Вчера беа издишани балони. Освен McDyess и Delk, славните All-Star играчи завршија со 15-53 или 28% шут. А посебно Chauncey и Rasheed беа мизерија. Во вторник им доаѓа DAL (кој во ноември ги уби со 37 разлика), а во недела PHX. Мислам дека ќе се види дали DET беше добра екипа со лош план или просечна екипа без план.
LAL без проблеми ја добија со NOK затоа што овие хронично имаат проблем да го одржат темпото цела утакмица. Kobe стандарден, Lamar се подобар во последно време, Kwame – player of the game. Во врска со LAL имаше од некого коментар како тоа DET убаво ги решил 2004. Не сум за Lakers, ама поштено кажано, тие што ја прочитале "The Last Season" на Phil Jackson ќе потврдат дека и самиот вели дека тоа бил најнедисциплинираниот, најсебичниот и најисфрустрираниот тим што го водел. Целата идеја со Payton и Malone беше промашување. Посебно е остар кон Kobe. Затоа и се изненадив што така брзо реши да се врати.
Велкам ту д фамилијата, Зналац.
29. New York Titanics 19-49
S: Малце пркнаа, ама караниците на дуото Starbury & Franchise со Coach Brown не им идат баш у прилог. Мора од корен да се преораат за догодина.
К: Мислам дека се што може да се каже за нив, напишав у овие недела дена. Еди Кари да се впрегне, па до следната сезона нивната сигурно ќе биде изорана. Море Ајзеа да се впрегне...
28. Charlotte Bobcats 19-51
S: Оваа сезона екипата им беше амбуланта, но, бар играат со некој дух.. ваљда ќе се соземат догодина. Убедливо најмал salary cap.. и немаат што да изгубат. Типичен почеток за expansion team.
К: Оваа сезона се како епизода од ER. Ептен ги уништи повредата на Мека, кој бај д веј ја заврши и сезоната. Секако можеа подобро, ама и така овие три-четири први сезони се пубертетски за рисчињата.
27. Atlanta Hawks 21-46
S: Дуото Josh & Josh, како и другарчињата нивни Harrington, и особено напалениот Joe Johnson ветуваат, но оваа сезона единствениот нивни успех е тоа што не се последни. Една од најатрактивните екипи, however.
К: Аааа, мај софт спот. Полека, веќе следната сезона ќе биде боље. У АТЛ сезонава паднаа и Детроит и Спарси, а Џо созрева у играчот за кој дадоа 70 милиони минатото лето. Плус, и Џошовите, како и Марвин се разиграа после Ол-Старот.
26. Seattle Supersonics 27-41
S: Може требаше да им дадеме подобра позиција, но тоа што малце ко да се подобрија во последно време, не го пере резилот од почетокот на сезоната, па наваму. И они се низ некој процес на реоформување, но едно од поголемите разочарувања сезонава. Само 12 победи против западни екипи – тука лежи зајакот. И наслабата одбрана у лига..
К: Е, знаат они кај е зајакот...у Портланд. Нејќеа да му дадат пристојни пари на Нејт МекМилан, кој ги оправи, па овој си отиде кај Блејзерси. Така им треба.
25. Houston Rockets 30-39
S: Нека не ви мачка очи резултатов – сем Yao, нема ниедна светла точка таму.. Houston, we have a problem.. само една победа во сопствената дивизија..
К: Џабе Јаоза колку и да е гладен, кога го нема Ти-Мек да му помогне. Дефинитивно најголемо разочарување сезонава. Нека бидат среќни тоа болките во грбот на Трејси да не се хронични или е Грент Хил ол овер агеjн.
24. Minesotta Timberwolves 28-41
S: 8-27 на гостински терен, Garnett упорно е меѓу најдобрите и оваа година, одбрана нула, елан ич, мрскотија за гледање, ептен разочарувачки..
К: Најмрскотија за гледање. И кога ги имаше сезонава, нејќев да ги гледам. Иш.
23. Orlando Magic 26-43
S: Магионичариве без Francis играат подобро отколку со него.. Миличиќ од кога прејде ваму, има 7 поена и 4,5 скока за 20-тина минути.. башка олеснет платниот список.. ќе ги биде, ама сезонава отиде во неврат.
К: Ќе ги биде...некад.
22. Toronto Raptors 26-43
S: И они се пркнати у последно време, Charlie Villanueva ги изненади сите, пошто е после Chris Paul најдобар дебитант, Bosch игра неверојатно, 14-20 се дома.
К: Чарли Ви е мадафака у задње време. Коланџело само уште повише ќе ги оправи преку лето. Мајк Џејмс, Мајк Џејмс, Мајк Џејмс, Мајк...
21. Golden State Warriors 29-38
S: J Rich е тука ако го нема или го има ама не е целосно здрав Baron, сепак многу се нестабилни. Атрактивни, со шуплини во одбраната, а и покрај пар солидни високи играчи, ги дува промаја у рекет.
К: Море, ја не би ги ставил вака високо. Без Берон се ко без глава, ама па и такви го тепаа Далас у гости. Мајк Монтгомери, ова беше твојата втора и последна сезона во НБА. Чао.
20. Boston Celtics 29-41
S: Paul Pierce во било која друга екипа ќе беше кандидат за MVP. Не ги бива, едноставно. Немаат ниеден солиден плеј, ниту центар, и затоа ги шибаат кој стаса. 9-26 на гости.
К: Нема ништо освен дабл Пи. Ни игра, ни кондепција, ништо, нада. Зулендер, Делонте и Гомес понекад ќе се разбудат, ама и мечките почесто се будат од зимски сон од нив. Не им се пише добро ни у иднина.
19. Chicago Bulls 30-39
S: Деветти на истокот (?!), тотално неличат на ланскиот тим, веројатно дека немаат баш некој крупничок па рекетот им е небранета територија. Chandler може да глуми у Пријатели.
К: Рекетот им е Ничија Земља. Мислам дека толку од Скајлс.
18. New Orleans / Oklahoma City Hornets 32-35
S: Изгубија 10 од последните 11 утакмици.. папсаа.
К: Исправка...се пишува - папсава:).
17. Utah Jazz 32-37
S: АК47 конечно е здрав, меѓутоа само фикција им е разигрувањето во моментов. Мислев дека има потенцијал таму, но очигледно сум се прешол. Реновирањето ќе им потрае, а во меѓувреме Deron Williams мора да добие повеќе минути на терен (иако и за неговите 27 што ги добива во моментов има солиден учинок).
К: Бузер се врати и игра доста добро. Калашњиковот е ол-араунд ѕвер, а и Мемо понекад ќе одигра одлично. Ама, џаба све тоа кога нема бекови кои ќе повлечат или па ои барем ќе знаат што бараат на теренот.
16. Philadelphia 76ers 32-37
S: Ги гледам во моментов, и се чудам по кој основ ќе влезат во playoff.. ќе го јадат таму неизбежно, но со Iverson и два-тројца околу него не можат да очекуваат ништо повеќе. И Ivy, и особено C Webb ги трошат последни залихи на енергија бидејќи веќе ги јаде времето, а немаат никаква поддршка, апсолутно. Најслаба клупа, будигора одбрана и 2-9 во периодов.
К: Штета за Ален, стварно штета што е опкружен со такви момци и со не-тренер како Мо Чикс.
15. Milwaukee Bucks 34-35
S: И овие се меѓу најсомнителните тимови.. не знам, стварно не знам.
К: Не знам ни ја...ама еве ги пак. Ништо не прават.
14. Indiana Pacers 35-33
S: Jermaine is back, али немаат јадро. Догодина може ќе бидат бољи. Ги глеав 2 пути по ред, сумњиви се и они. Сепак, четврта одбрана у лига, едина надеж. Беа појаки со Артест.
К: Беа.
13. Sacramento Kings 35-34
S: Ron Ron ги препороди, почнаа да се јачаат, им фали малце хемијата, ама може да изненадат. Од фрка екипа, се престорија во една од постабилните. Секоја чест на управата за мудриот потег.
К: Питри е геније за трампи. Само уште у лето да го отпушти Аделман и све ќе биде супер. И сезонава можат да заебат некој у плеј-оф.
12. Los Angeles Lakers 37-34
S: Пред нив се 11 утакмици, од кои 8 дома. Kobe преброде една мала криза, а за тоа време доби значајна поддршка од Lamar Odom, кој после скоро две сезони почна да личи на играчот за кој го дадоа Shaq. Ваљда нема да се исклизаат ко лани, а што се однесува до пост сезоната, ќе видиме. Никогаш не се вели никогаш :)
К: Никогаш:)
11. Washington Wizards 35-33
S: Имаат чудни статистики, а сепак се во конкуренција. Дувниветре екипа се. И они се изобличени од лани.
К: Или...развигор екипа. Нема ништо и од нив.
10. New Jersey Nets 39-28
S: Сем триото Carter – Jefferson – Kidd, го имаат и разиграниот Крстиќ, имаат слаба конкуренција на Атлантскиот брег и ќе бидат трети на Исток.
К: Тоа кажува се за тоа колку е јак Истокот.
9. Cleveland Cavaliers 40-29
S: LeBron игра ко вонземјанин, ама тоа шо му фали на него, е кобно за екипата – стабилност у четврта четвртина и давање гас кога е густо. Солидна ротација имаат по доаѓањето на Flip Murrаy, и дефинитивно нема да се повтори ланскиот пад.
К: Нема. А и Леброн почна да станува клач играч. Ќе бидат незгодни за било кој противник.
8. Los Angeles Clippers 40-28
S: Brand има жестока сезона, Кaman е здивен, тимот игра како никогаш порано.. огромно изненадување. Најдобар скокачки тим (!). И блокерски (!).
К: Ете...и тоа се случи. Судниот ден се ближи.
7. Memphis Grizzlies 40-29
S: Челична одбрана со која се изедначени со ланските финалисти.. Гасоламбад конечно игра машки, а имаат и некоја убава рамномерна офанзива, и јака ротација.
К: До брадата е...верујте. Едно жилетче ќе им биде доволни на нивните плеј-оф противници. Стабилна екипа, секоја чест на Фратело что и по повредата на Дејмон ги задржа у првите пет-шест на Запад.
6. Denver Nuggets 40-31
S: Они се трети на дивиот запад, ги тепаа и Detroit и Spurs, и изгледаат прилично опасно. All the credits go to George Karl.
К: По трампите станаа уште по книња, а сега играат и без Ерл д Скврл Бојкинс, а и Кемби и Мартин се влези-излези од екипа. Здрави у плеј-оф ќе бидат слипери.
5. Miami Heat 46-23
S: Flash игра се постабилно, а Shaq иако е во години, сепак е Казаам.. Јаки се, нема што, на моменти доминантни, но покажуваат несигурност, и затоа ги ставивме на петтото место. Малку тапа одбрана у која главен збор имаат Zo и Payton, старечкото лоби.. статистички, клучно за нив е што ги натскокуваат противниците за најмалце 4 скока по натпревар. Тоа е поради најдобриот процент од поле.
К: Нема отпишување, иако им фале помош на Шек и Двејн. Сеа Зо им се повреди, па Дизелот ќе мора да го троши цел резервоар пред плеј-офот.
4. Dallas Mavericks 54-16
S: Крвава екипа, Диркулес е незадржлив, али клизнаа со Phoenix.. а и со GS и покрај 51 од Германецот. Мора да се консолидираат, иде плеј-оф, таму нема лабаво. Сепак, најдобар depth chart, пополнети на сите позиции, а располагаат со секакви квалитети (само малку дискутабилни со искуство..).
К: Пак ќе клизнат, посебно ако налетаат на Феникс...или Сан Антонио...или Денвер.
3. Phoenix Suns 47-21
S: Се врати Чеканот, арно ама се посра.. поарно за нив да се врати побрзо у форма, оти се виде дека со Spurs нема шала.. особено коа Хасан ќе ти дае 50 поена. Имаат двајца MVP играчи, уше едно 4-5 солидни, ама ќе ги претепа недостатокот од висина. Дозволуваат највеќе противнички скокови во цела лига. Сепак, најопасна екипа во ударите за тројка и највеќе асистенции..
К: Опасно. Ќе им биде тешко на Мамузарите со нив.
2. Detroit Pistons 55-13
S: Најдобар скор у Лига, го освоија Централ, ама допрва треба да им се повреди некој од стартерите. Не можам да ги поднесам, ама јаки се. Пеколна одбрана, почнаа и солиден напад да покажуваат, но како што си врви сезонава, ко да забревтуваат по малце. Клизнаа со Њујорк, побогу. Сепак, да не беа во исто време со оваа генерација на Сан Антонио, ќе беа вистинска династија.. пак се конкуренти.
К: Мислам дека играњето преку 30 минути на секој меч на стартерите ќе си дојде по своето у плеј-оф или финале. Ја имаат формулата за успех, само проклетсвото на Флип да не ги стигне. БЕН Е ДРВО.
1. San Antonio Spurs 54-15
S: Они клизнаа со LAL и Nuggets, што дава на знаење дека у разигрувањето може да запнат. Сепак, имаат оправдание, поради екстремно набиениот распоред во тој период. Најдобра одбрана моментално, солидна клупа, неколку improved играчи, а тоа најдобро се гледа што цела сезона го покриваат Duncan толку успешно. Уиграност, хемија, лесно се адаптираат.. и цврстина, скоро колку Моторите.
К: И без Тимчо Роботчо у фул снага, имаат најдобар скор на Запад и 2. се у лига. Почнаа да си ги одмараат ѕвездите, а пак победуваат. Најсериозни кандидати за титула. Агејн.
"My love for the game is very, very high," Kemp said. "I've made a living off of this game. I'm not coming back to play basketball for any financial reasons."
"I'm not playing just to make someone's roster. I'm not just playing to make a comeback. My hopes and dreams are to be in the Hall of Fame one day."
О П А С Н О !
И нормално, сеа ијам алиби да го стаам најдобриот клип евр:
10. Пол Пирс – The Truth сезонава е повампирен скроз, прикажувајќи уан мен шоу секоја вечер. Селтикси се пред испаѓање, но неговите статистики од 27 поени, 6.7 скока, 4.7 асистенции и 48% од поле се едноставно прежестоки за човек да прејде туку така преку нив. Нема да го добие признанието ни под разно, ама после неправдата пред 3-4 сезони коа го наместија Данкан тотално незаслужено, мора да се спомене дека ПиПи сеуште е меѓу најдобрите во Лигата.
9. Чонси Билапс – Детроит се бош екипа, и имаат бош најдобар играч. Сепак, The Smooth се повампири оваа сезона со просек од 19 поени и скоро 9 асистенции, и веројатно е најјакиот плеј у Лигата после Стив Неш за кого ќе стане збор подоле, односно погоре во ранкингот. Билапс игра стабилно, освен убавите цифри, покажува и присебност кога е густо. Ја игра својата најдобра сезона, а Детроит иако малце се проклизаваат лејтли, сеуште се меѓу најдобрите тимови, колку и да се болни за гледање. Д трибјут гоус ту трт прт Билапс.
8. Шон Мерион – Ѕверот Матрикс сезонава игра во врвна форма, со неверојатни статистики од 12,3 скокови (втор скокач после Гарнет), 21 поен и скоро по 2 банани и украдени топки. Пеколен на двата краја од теренот, меѓу најчестите забивачи, освен грдиот шут нема што да му се замери. Уште ако се земе в предвид шутот од 51% од поле, како и тоа дека во повеќе категории ги има најдобрите бројки во кариерата.. буквало се погрижи да не се чувствува отсуството на Амари во рекетот на Санси, иако е висок само 202 цм. Официјално е најдобриот скокач во конкуренција на ниски крила во историјата на НБА. Сепак, тој е само втор во својата екипа и практично неизводливо е да добие признание за прв во Лигата (освен ако не го поделат со Нешти).
7. Двејн Вејд – Флешот оваа сезона е буквално напален, прекумерно. Не само што ги подобрува ланските бројки (28 п, 6 ск, 4.4 ас, 1,6 ук), оваа сезона во Мајами стана тоа што е Коби во Лејкерси, и неколку пати одигра симултанки при кршење на резултатот (вклучително и партијата со Детроит кога ги постигна последните 17 на Хит и сам се избори за пресврт). Ако по некоја случајност му се посреќи, нема да погрешат, колку и да ме нервира. Сепак, за успехот на Мајами не помалку заслужни се и факторот Шек, како и една од посилните дружини од играчи распоредени по епизодните ролји.
6. Елтон Бренд – Клиперси оваа сезона се најголемото изненадување после Њујорк :) и секако најзначајното освежување на Лигата. Најодговорен за нивното вивнување во врвот на Запад (океј, не самиот врв, али у плејоф конкуренција со можност да мрднат преку првата рунда ако им се паднат неДалас ил неСан Антонио), е токму мечокот Бренд. Сезонава, го подигна значително просекот на поени (во сите претходни сезони варираше од 18-20) на фини 25, што во пакет со 10 скока и 2,6 банани, 3 асистенции и 52,5% од поле е пропусница у првата НБА петорка, и можеби виза за најелитното признание. Башка е фин и васпитан.
5. Дирк Новицки – Единствена причина што Диркулес ми е пред Елтон на листата е тоа што човеко гине на терен и некако ја има харизмата шо мечето ја нема. Инаку, швабото освен шо тепаше на Олстарот у пуцање тројки (мада местенка), оваа сезона опет игра на Лери Б`рд ниво, односно, он е рмбачот у екипата на Далас. Типот игра машки, се труди, гине, па то плавите коси ко ќе му се запотат.. ах.. се топам.. Шала на страна, Диркулес мож статистички и не делува толку феноменално, меѓутоа оваа сезона, на пеколниот напад му додаде и солиден допринос во одбраната, што беше главен фактор во одличниот скор на Мавси. Сепак, неговите бројки се благо опаднати од минатата сезона, а во Далас играат и уште цела гунгула солидни играчи, така што само фиктивно е на вака добра позиција во мојава листа. Иако најдобар висок играч во моментов, сепак не верувам да го добие трофејот.
4. Леброн Џејмс – Кралот годинава игра сезона за учебниците, бар од аспект на бројките. 31 п, 7 ск, 6,6 ас, 1.5 ук и 47% од поле.. на сметка на минимален пад во другите статистики, стана вистинска поентерска машина, а единствена маана му е тоа што речиси целиот учинок го пружа во првите 40 минути од утакмицата, а во финишот тотално губи контрола над играта. Му фали лидерското, за да биде МВП. Понекогаш бројките не се доволни.
3. Стив Неш – Ако лани Канаѓанецот успеа со 15,5 поени по натпревар да дојде до Подлофот.. што би рекле за пола асистенција помалку на сметка на еден скок повеќе од ланската МВП сезона, и речиси 20 поена по натпревар со безмалку 52% од поле за убедливо најмоќниот плеј во Лигата во моментов?! Нешти со голема помош од Матриксот Мерион успеа да го надокнади отсуството на Амари; Санси се повторно во елитата; самиот Стив реши 10тина клучни утакмици, а покрај него, 6 играчи, меѓу кои тројца сериозни за наградата Моуст Импрувд ги играат сезоните на кариерата. Нешти ги прави соиграчите подобри, зар не? Единствена причина за секирација му е повредата која го мука лејтли.
2. Ален Ајверсон – На шпекулациите дека ќе оди по надолна патека, Одговорот на злобниците им одговори со убедливо најдобрата сезона во својата кариера. Дури и славната 2001 кога го освои ласкавото признание, се чини дека е во сенка на игрите што ги пружа оваа сезона. За жал, во Лигата има некои нови момци на кои медиумите им посветуваат поголема пажња, но колку што го мразев Ајверсон до 2004, толку го засакав овие години, особено оваа сезона, кога покрај милион повреди, веќе полека и на удар на годините, Ајви успева да одржи цифри како 33 поена, 3.4 скока, 7.4 асистенции, 2 украдени топки со 45% шут. Згора на се, го носи и товарот на кец, и единствена солидна помош му е ветеранот Вебер. Фили има негативен скор, ама поради конкуренцијата на Исток, прилично безбедно им е за сега осмото место, им давам фора до шесто за во плејоф, што на Ајви му е еден вид императив ако сака МВП, но исто како и Неш, не смее на крај да се забрља со повредите поради што тренутно паузира, на кратко.
1. Коби Брајант – Ако сакате толкувајте го навијачки, но ако оваа сезона Коби не биде одликуван, не знам кога би бил. Сезоната ја почна со базер битер за победа. Понатаму, имаше уште пар подвизи со луди шутеви во последни минути, шеесдвојки, осумдескецови, тројки, забивања, асистенции, што ти душа сака. Точно е дека во последните 3-4 натпревари ко да падна малце во формата, но не изгуби здив, туку едноставно го лечи заморот. Ќе видите како ќе пркне уште во Њу Џерси на дуелот со Картер. 50.. или слично.
За Мамбата, не знам зошто би должел многу. Со екипа која не е достојна ни за во Камбоџа, успеа да дојде во плејоф седло, и е во баш иста како Ајверсон и Фили, со фора до шестото место, со таа разлика што на И солидна, и повеќе од тоа – 35 поена, 5,3 скока и 4,6 асистенции со не толку сјајни 44% осток никој не им дише во врат на 76ките, додека Коби мора да стегне зуби у конкуренцијата на Хорнетси. Нема МВП без плејоф пласман, и тоа шо погоре, тоа поголеми шанси. Инаку, статистиката на осумдескецот годинава ед поле. Сепак, во неговиот случај, сите маани се анулираат со самиот факт што во 95% од утакмиците е прв стрелец на својата екипа, пак игра жустра одбрана (1,75 укр) и пак најголемиот дел од поените ги постигнува како што се ближат утакмиците кон крајот. Мајстор за четвртата четвртина, за продолженијата и за шутеви со истек на времето и буквално СЕ` во тимот на Лејкерси.
Допунско бај Каракаш: Ме претрка со постов. Ја поштуем желбата и нема да го едитирам постов. Моите МВП фаци ќе ги пишам следната недела. Само едно, Коби нема да биде прв:)
MВП кандидати.. овие ли бе?!
ДОПУНСКО бај Каракаш:
И така. После Атланта, и Лејкерси го скинава скалпот на Детроит и Сан Антонио. И ја и Шеп Факт-ор Ипсилон сме у пљус.
Вака: Коле, за мене МекФреш. Ико, Скопско големо точено. Не се заебавам.
Лејкерси, за кои очигледно има најмногу фанове меѓу блогерите, со оваа победа направија два чекори напред кон место у плеј-оф. Кај тепаа, кај дознаа и дека Ти-Мек изгледа до пред крај на сезона нема да може да игра за Рокетси, кои го бркаа местото на послабиот тим од Ел-Еј.
Сеа останаа само Кингси за калифорниско дерби за 8. мессто, иако мислам дека и двете екипи ќе играат плеј-оф, а раселените Хорнетси ќе паднат. На Јута не рачунам, зашто каков тим е тоа кога газдата ги вика размазени бебиња?
Ги гледав и Мајами-ГСВ вчера, а после нив и Сакто-Мемфис, која беше страшно добра утакмица. Рон-Рон полуде у задња чет. и сам го реши победникот. Имаше од се по нешто, од куцања у фаца (Томас и Ворик), тројки ат д базер (Еткинс), екстра асистенции (Биби), па до кош од преку пола терен со базерот на Риф за крај на 3-та чет.
Се ежам кога ќе чујам:
-БАЈРОН Дејвис
-ЈУДОНИС ХАСЛИМ
-Џејмс ПОСИ или не дај боже ПУСИ
-А од вчера и на, Андрес БЕДРИНШ
Бај д веј: Кој е Тревис Вест?!?!?
ДОПУНСКО бај Каракаш:
За тоа дека ќе тепаат, нешто не ми иде (освен ако Шеп не се консултирал со Саше Фактор Икс), но дека се у игра за задње место на Запад, или па чак и седмо, да.
Спарси почнаа у право време да фаќаат ритам, али иако ги згазија Санси вчера, баш Санси ќе им бидат најголем проблем да ја повторат ланската сезона. Вчера за Феникс не играа Неш, Амаре, Леандро и Курт Томас, додека Спарси играа комплетни. Кога ќе се сретнат у плеј-оф, мислам дека причата ќе биде малце поразлична.
Иначе, ја ја глеав таа што се играше пред Санс-Спарс, каде у Фила тепаа Нагетси, иако немаат ќор човек што може да поврзе две тројки по ред. Од Сиксерси со Иги и Ештон, толку, додека кој знае колку страшни ќе беа Денвер да имаа асална двојка и да беа здрави.
И да не забравам, зарад ова и седнав да пишам, од вашата лева страна е сликата на која јасно се глеа зашто Спарси тепаа вчера.
ПС-Кој не чита редовно од Бремен, Дојчланд. А?
ЊУЈОРК - Супрајз, супрајз, ама Никси задњите две средби ги одиграа доста квалитетно и да не им беше колапсот у финиш против Булси за малце ќе имаа две победи по ред. Таа грешка ја исправија у Милвоки, каде пак прокоцкаа предност (+17), али со пет слободни на Френчајз по ред у задњи 20 секунди ја обезбедија победата. У овие две утакмици Никси покажава нешто што го немаа цела сезона, а тоа е стабилност у играта и идеја за тоа како треба да се искористат дупките кај противникот. Со бикчињата знаеа дека овие се тнки под кош, па запнаа да играат преку неандерталците Кари и Малик,а и преку Фрај кои си завршуваа работа. Кога Булси почнаа да ги удвојуваат високите момци, трици почнаа да погодуваат КјуРич, Џејлен, Џамал, Стиви, па и Марбери. Нормално, уследи колапсот на крај и дајнамик дуото Катепан Кирк и Мајор Гордон, кои ги растртија у финиш кога Френчајз направи две глупости со кои им ја поклони победата. Али, нема везе се се тоа гроуинг пејнс кои полека се поправаат.
Мислев дека нема да го кажам ова сезонава, али барем у овие две утакмици, Никси личеа на екипа и Лери Браун како да знаеше што прави. Нормално, како што им е составена екипата ретко кој у Њујорк може да се надева на нешто убаво од нив, освен ако не навива за Нетси.
МИЛВОКИ - Не знам дали е до мене, али стално кога сум ги гледал сезонава одиграле за нигде. Така беше и со Никси, кои за овие делуваа како да се две класи подобри. Никаква организација и идеја у игра, само дај му топка на Ред и глеј го како фрла шутеви од зад глава преку двајца чувари. Освен Џо Смит, буквално сите беа труби, а тромбон беше Андрија Богут, кој одигра мизерно и беше целосно надигран од сите високи момци на Никси. Па дури и еден Малик Роуз покрај него фаќаше скокови кога ќе му текнеше.
Друга ствар која ми фати око е дека - У Милвоки е ладно, бе брат. Кај Бакси четири играчи беа модерни и носеа хеланки, али најсмешен од сите беше баш Богутчо, кој у нозете беше катран црн, а у раце креч бел.
Како што играа, ќе водат војна со Булси за 8. место, кое ништо чудно да им го лапне некој трет (Фили?)
ДАЛАС - Увек кога играат Мавси и Санси имаме 48 минути одлична кошарка, која обично на крај завршува со победа на Феникс. Како и лани, така и оваа година се јави истиот проблем за Далас кога играат со комшиите од Аризона, а тоа е дека немаат играч кој ќе има муда (сори Дирк), кој ќе ги качи на грб и ќе однесе до победа. Свака им част на Тери, Маркиз, Стек и Дирк, ама без лидер не праиме нишчо. Лесно е да се игра така против Никси, Бобкетси, Портланд и компанија, али против ривали за врвот на Западот не иде така. Баш ради овие работи, кои беа очигледни вчера, не ги гледам Мавси како кандидати за финале, па дури и да бидат 1. на Западо.
Можда со повредените Хауард, Ван Хорн и Херис ќе бидат бољи, али па и за Санси не играше Амаре, кој лани им вадеше душа.
ФЕНИКС - Кога го нема Амаре, тука е Борче. Кога го нема Џо, тука е Леандрињо, кога го нема Кју, тука е Раџа. И што е најважно, тука се Матрикс и Нешти. Мама си ебале. Како и лани, пак им одржаа лекција на Мавси, а Неш уживаше да си игра со својот екс-клуб и да му гази по нерви на Кјубан. Покрај него секој може да биде играчиште. Да не зборам дека ги немаа Амаре и Курт Томас, па Борче мораше да игра на центар у поголем дел од средбата, на кој одлично се снајде. Тоа кажува пуно за Френчи, но и кажува многу за центрите на Далас и целата игра у одбрана на Мавси.
Вака како што играат сега Санси, кои у Тексас победија по 10. пут у серија, само Спарси би можеле да им конкурираат кога че им се врати ѕверот у екипа.
Искрено, лани не бев љубител на нивната хаотична кошарка, но сасвим е јасно дека зад тој хаос стои и тоа каков план на Мајк Бркото, кој вади максимум од тоа што го има. Свака част.
Бонус. Еве ви линк до брат му на Борче.
ЧИКАГО - Бен, Кирк и Денг у Њујорк покажаа дека иднината е светла за Булси, само што таа иднина зависи од тоа дали летово ќе лапнат некој асален висок играч или не. Без таков тип џабе ќе им биде триово. Булси се у рекет тенки како еврејска кришка леб, и верувам дека и ден денес маваат глава у ѕид што го дадоа Бренд у Клиперси за пикот со кој го собраа Тајсон. И сезонава имаат шанси за плеј-оф, али се нешчо ми кажуе дека нема да се пласираат.
Барем иднината им е светла. А, ова не е прв пут Бен да ги реши Никси. Како лани, така и сезонава:
ЈУТА - Свит мизери. Какви беа сабајлево у Сиетл, можат само да сањаат дека ќе го стигнат Денвер за прво место у дивизија или па Лејкерси за 8. на Запад. Против Сиетл многу јасен беше главниот проблем на Јута а тоа е што немаат двојка ни за лек. Така да еден Милт Паласио им е стартер. Гира е повреден, а и онака не го бива, додека Девин Браун уште не зрел за таква улога. Кај беа на двојка дупки, за нигде беа и на сите др. позиции, Мемо и Андреј си преседеа на клупа, откако Слоун виде дека нема шанси за победа, а и онака беа за нигде. Бузер е солиден после камбекот, али за него нешто повише подоле.
СИЕТЛ - И за крај Соникси, кои по трејдовите конечно заличеа на екипа. Ги нема више играчите кои ги гушеа и кои едвај чекаа крај на сезона да отидат у друг клуб. Плус, тие играчи гледаа само да се изрекламираат за да добијат некој долар повеќе. Вака, со избалансиран тим у кој се знае кој е главен, а кои се сајдкикси, против Јута покажаа игра каква што имаа лани. Реј и Рашард погодуваа, а другите играчи скокаа, асистираа и гинеа за топки. Можеби оваа сезона е ебана, али со ваква игра има надеж за убудуче.
Толку од екипите кои ги глеав викендов, вечер можеби ќе ги имам Лејкерс-Спарс, па ќе пишеме нешто и за нив. Идеме даљи со други НБА муабети...
Бузер ептен би сакал да заигра за Лејкерси, а у Јута нема да жалат за него, посебно не газдата Милер кој не е у добри односи со Лузер. Али, проблем за да отиде у Ел-Еј е тоа што Јута не сака ништо што има да понудат Лејкерси, кои се расположени да се откажат од Мим, Џорџ и МекКи. Истата понуда не им фатила око ни на Вориорси, од кои Лејкерси ги барале Марфи и Фишер.
Не сакам многу да го дрвам за синоешната утакмица, се надевам дека Енко или некој од вас ќе настапи со солидно резиме, затоа што ракијата, кромидот и шарската у мене едноставно ми ги блокираа можностите за перцепција на целата утакмица, кој да напоменам, од време на време колку шо можев да подѕирнам не беше така лоша.
Успеав да ја фатам задњата минута, и кога таман помислив дека Њу Јорк конечно ќе тепа, па уште дома, па Френчајз нешто, таман онака си викам ќе ме побијат, ете ги, Капетан Хајнрих и Мајор Гордон им скршија кичма.
Може све е дел од некој заговор, ова со Њујорк. Ентони од нашиот пријателски НБА Сорс, има ваква конспиративна теорија.
Мојата теорија е поприземна и гласи:
- Лери Браун ќе почне да плаче кон крајот на следната недела;
- Ајзеа ќе биде начекан од момците од Бронкс, Бруклин и Харлем и ќе го пребијат у некоја темница;
- Медисон Сквер Гарден Корпорацијата ќе банкротира;
- Медисон Сквер Гарден Арената нема никогаш да се напуни;
- Титаник(с) ќе потонат, и ќе бидат првата екипа која ќе биде без ниедна победа цела сезона - ко моите Стечај1 и Стечај2 во Фентази Лигата.