Сликава ја имаше у Спорт Илустрејтед едицијата за Дрим Тим 3 за Олипијадата у Атланта (од најдобрите времиња на Пени)
Thursday, February 23, 2006
Сликава ја имаше у Спорт Илустрејтед едицијата за Дрим Тим 3 за Олипијадата у Атланта (од најдобрите времиња на Пени)
Tuesday, February 21, 2006
Monday, February 20, 2006
Ко шо реков у постот за Олстарот, Винс Картер успеа два пути да утне куцање, од многу дивење.
Прејаки беа обидите, а тоа убао се виде и по одбивањето на топката.
Денеска, Винс Картер има ОТОК на десниот зблог на дланката!!! Не е некоја тешка повреда, ама му праела мука при шутот.
Браво!
ПС. Иначе он е на сликава, ко основец :) Сега лечи комплекси, па затоа куца така дивјачки.
| | Данкан е ровит, Ева Лонгориа растура, и не смее да се заборави на најдолгата клупа во лигата. Ме изненадуе Оберто. Уште Финли да блесне ко шо може, кој ќе им фати крајот. - Ja ќе им фатам крајот. Јок бе, не може Спарси да се први, ц. Засега у нашиов пауер ренкинг мора да се први Пистонси, знам дека ти се мрски после Ол-Старов, али заслужија. Мислам дека до крај на сезона нема да станат први у лига. Море, нема да станат ни први на Запад. Ама...Ева е стварно добра. - Каракаш. |
|
| Со глас како Ејвори на клупата, мора да го слушаш, иначе кој ќе го трпи да ти се дере по цел ден. Шала на страна, пружаат пеколна одбрана. Диркулес стана незадржлив. - Ела-бееемааа. Сакав да кажам вакво нешто кога го слушнав у етер, али ај ептен на ТВ бев. Свака част у прва цела сезона на клупа. Ејвори ќе ги намучи своите Спарси. |
|
| Ова само фиктивно се подоле. Ама осеќам дека ќе се повреди некој од првите пет, па ќе го папаат. Непромислено си го дадоа Аројо, а не треба да се заборави дека изгубија 3 од 5, вклучувајќи го тука и натпреварот со Хит кај шо Вејд им расплака мамичето. - Се слагам за Карлос. Али, како што пишав погоре, за тоа досега заслужија 1. место. Се уште најбоља екипа у лига. |
|
| Амари кај и да е ќе се врати. Замислете тогаш. Неш пак, има боља сезона од ЕмВиПиската. Барбоса е најдобар тројкаш. Џемс Џонс е моуст импрувд. Раџа Бел е исто јак тројкаш. Неш навистина ги прави другите подобри. - Нешти е пак МВП. Одамна не памтам некој да прави такви играчишта од пацери на такво ниво. Со СТАТ у екипа ќе бидат страшни!, само да фати ритам ѕверот. |
|
| Со Вејд и Шек у екипа, не смее подоле од топ 5 да се стаат. Ама со Вокер, Пејтон, Џеј Вил – никако у топ 4. - Слагам се. |
|
| Бренд игра мушки, а Магети настапи само на 13 средби до сега. Уште да драфтуваа некој што не е Јарослав, ќе ги иселеа Лејкерси од Стејплс. - Можеби и вака ќе ги иселат. Бренд не знае да игра поинаку. Уште И-Ти да продолжи да игра како до сега и Кори Шпагети да се врати, е тогаш ќе биде интересно. Не ми се веруе, Клиперси одма после топ 5. |
|
| Леброн е ѕверка, ама ко екипа не се доволно зрели да идат погоре. - Леброн е екипата! Зззззз ја проспа сезонава, Дејмон и Маршалот се изгубија негде на патот до Кливленд, а стаклените прстиња на Лери Хјуз ги чинеа бољи пласман. |
|
| Полека заличуваат на екипа која ги поседува Винсенити и Кид. Нено Крстич е закон! :) - Нено е д мен. Винс и Џеферсон се фаците, уште Кид да почне да игра како некад. Можда се чува за плеј-оф. |
|
| Кармело игра јака сезона, ама они се добро ситуирани на Запад благодарејќи на шупачката конкуренција у Нортвестот. - Не е само поради конкуренцијата шупачка. Се изнамучија со повреди и пак се на врв на дивизија. Мело го изеде за Ол-Стар селекција, но комплетни се страшни за секој конкурент. |
|
| После Данкан, Крис Пол е уште еден супериорен продукт на Вејк Форест школата. Спиди Клекстон, е уште едно изненадување. Еби се Катрина! - Раселените вака високо, а? Сасвим заслужено. Пол е иднината на плеј. Но хурикејн кен стоп ми. Разбра, Кате? |
|
| Гасоламабад се повампири, иако на Олстарот имаше сомнителен настап. Сепак, се осеќа отсуството на Стадемаер. Мора да се средат. - Ел Завагасол се спастри малце за Олстарот, али пак не ми е некако муж у игра. Бен го изеде пред 3 милијарди? луѓе. Само брада не завршува работа. Потписот на Чаки можеби ќе ја спаси сезоната. |
|
| Резултатски подобри и од Вашингтон и од Милвоки, ама без Џермејн тешко да напредуваат. Да се молат да се врати што поскоро. - Џим Кери се докажа у овие две сезони како најбољи тренер у лига за вадење максимум од просечни играчи. Сеа со Пеџа у улогата на Реџи би требало да мрднат, иако без Џермејн не прават ништо. |
|
| Добар скор, арно ама многу се слаби во дуели со јаките екипи. Ќе клизаат надоле. - Ќе клизаат. |
|
| Играат топло-ладно, но благодарејќи на стабилноста на Аринас се прилично конкурентни на Истокот. - Тоа кажува доста за Гилберто, но и за Истокот. |
|
| Коби. - Да. |
|
| Игудала почиња да се развива. Ајверсон мора да биде растеретен. 33 поена и 8 асистенции секоја вечер се многу за мало истепано човече кое полека ги одминува најдобрите свои години. -Премногу. Но, Крис има солидна сезона а никој не збори за тоа. Игуана мислам дека ќе почне да напредува дури догодина. Немаат одбрана. |
|
| Мемо е оската на нивната игра. Уште Лузер и Кириленко да се стегнат, мож да пркнат. Дерон Вилијамс мора да добие повеќе минути. - Мемо со џигерицата е ѕвер сезонава и ја би го ставил на Ол-Стар на местото на Бин Гасол. Уште Калашњиковот да фати ритам и да не зависат од Милт Паласио на плеј, ете ги у плеј-оф. |
|
| Берон е здрав, ама некако се мачат. Шубе. - Почнаа добро, али кратерот у рекет, а и увек на повреди подложниот Берон ги уназадија. Шурбе. |
|
| Сем Луол Денг, немаат некоја светлина. -Имаат Глас на светлина. Како немаат. Бен и капетан Кирк им се главните фаци, се друго е супортинг кест. Тешко со само нив двајца да бидат добри како лани. Барем играат еден куп средби дома у следниов период. |
|
| Со Рон Артест мрднаа малце. Уше да оздрават скроз и ко нови ќе бидат. -Со Рон-Рон се мрднаа малце. |
|
| Кеј-Џи си игра по свое, малце послаб од порано, Трики Фрики Рики кобајаги ќе му поможи, а Јарич кај иде, малер сее. - Ништо од нив. Бегај од таму Кевинеееее!!!!!!! |
|
| На Трејси не му е до кошарка. Мож и на Јао. - На Јао никад не му било до кошарка. Многу високо си ги ставил. Подоле, доста подоле. |
|
| Со Воли мож ќе сменат малце концепција, а и ќе му отворат место на Пирс да биде клач. - Зулендер ги освежи, али ќе им треба многу повеќе од Пол и лепраконите у сала да се вратат у живот. |
|
| Ален иде надоле, заоѓа, иако го величаат, Рашард е збунет, Крис Вилкокс може да им помогне, ама ќе си завршат вака, утепани. - Подолеее. |
|
| Крис Бош експлодира, Чарли Ви изненадува позитивно, ама се` друго смрди. - Бош и Колина се иднината на Торонто. Сезонава е рибилдинг, али има надеж. |
|
| Френчајз преживува траума. Ете им го сеа Миличич, може ќе ги спаси. - Тешко нив ако чекаат Дарк-О да ги спаси. Среќа што го имаат Двајт. Деновите на Френсис се одбројани. |
|
| Најмистериозниот тим у лигата. Онака, ко за у „Нерешени мистерии“, лесна му земја на Роберт Стак. - Замисли го чичана од Нерешени мистерии како почнуе со најава - Тие беа на чекор до финалето 2001 година, но по неколку години во лигата, ги снема од д фејс оф д рт. Дали се во Сибир кај предците на Мониа и Кријапа или у Казакстан кај Борат. Ноу уан ноус. Хеф ју син дем? И покрај се , свака част за Нејт. |
|
| Надежни. За со Харлем Глобтротерс или ЕндУан Миксејп Кру. - Него што. Повисоко од ова друже, барем по последните десет утакмици. |
|
| Без Емека, толку. -Мека им е душата, а Џералд и најт останатото. Со сталните повреди не можат боље. |
|
| 11 Септември не е најлошото нешто што му се десило на Њу Јорк. Ајзеа Томас е полош. Ај шо се безнадежни, ама нивниот догодишен пик е во рацете на Џон Пексон и Булси. А сеа копиљот Нејт ќе долее уште малце его. Лери Браун ќе заплаче до крај на сезона. Сигурно. -Нека заплаче. Така и му треба кога лета по пари. Жал ми за фановите на Никси. |
После тоа, СО КОЈ ОБРАЗ, АМА СО КОЈ ОБРАЗ тој Флип Сандерс се осмели да го приреди хоророт на кошарката коа ги убаци неандарталците од Детроит. Мислам, ај не лежерност, ама тоа на шо личеше? Ко шо приметив, на крај на трета, 2 минути кош не видоа Западњаците, а нешо слично и у прва четвртина се деси. Ма ја не знам зашо не го избраа и Принс, и Делфино, и Мекдајс, ма цел Олстар у Детроит да се одржува. Но, тоа е тоа. Ко шо Грчка е европски шампион, така и овие смуковите ја разрушија целата концепција.
Многу сумњиво беше што Аринас пројде цели 6 минути на паркет. А Бен 18. А Рашид само 5. Тој Бен е музејски експонат за кромањонец шо лови диви животни и ги јаде, им ја дере кожата и се замотува у неа.
Мерион ај шо не знае да шутира.. уствари шо ќе го зборам. Трет стрелец на Западот беше (?!) Ама затоа можам да упатам еден апел до Картер да ги артикулиса тоа куцањата. Ај еднаш, ама два пати!
Леброн, добар беше. МВП. Алал да му е. Заслужено. Али ко шо вика другар ми Џедајот, многу личи на дедо.
Мао Це Тунг, јасно ми беше каква партија ќе пружи уште кога се измрда така растревожено на почеток, мислев се скрши. Шекил пак, си се наметна ко фаца бр. 1, ама шпиунски го изеде од Коби, ем еднаш ко му се ишуња меѓу нозе, а еднаш ко го залепи, па од риспект му судеа фаул. Е дебели, дебели, да си останеше у ЛА..
Ева Лонгориа не се виде. Затоа пастувот и` пуцаше 3-8 од поле и имаше 5 изгубени топки. Гасоламабад, прав феномен. За 14 минути, 0 поени и 12 скока. И каква банана, дупла, попи од гореспоменатиот кромањонец, па то страва и ужас у цела Шпанија.
Гарнет, 1-9 од поле. Може он и боље.
Крис Бош, 8 поена со 8 скока, а генерацискиот му Вејд 9-11 од поле. Мож требаше да се продумаат околу МВП.. пошто Флешот на крај си го дае решавачкиот поен по офанзивен скок.
Одговорот е 5-14. Ужас. Али поголем ужас од дресовите.. ау, очобол.. па то се мешаат бои, па то коцкасти бројки, па то стегачи преку очи, абе РГБ фестивал..
Иначе Ејвори Џонсон официјално влага у категорија за најпискав глас евр. Ко да му стаиле јастог у гаќи. Башка фармерски изговор: „Јеао, хеиеј Јеао! Пик`н рол, Јеао“
Пол Пирс нека ургира да го трампаат у Детроит, му се уарни со тоа бандата да игра. Чонси, стабилно, 15 поена, 4 скока и 7 асистенции за 11 минути. Браво. РИП, онака, колку да се рече.
Стив Неш у знакот на Коби Брајант - 2 поена, 5 скока, 6 асистенции. Тоа дека химната на Канада беше у сенка на америчката од Дест`ни`с Чајлд (хихи ова со апострофиве).
За тоа дека Бренд е дојден да се надигрува ми стана јасно од почеток. Ете зашо Клиперси се јаки. Алал и нему.
Реј Ален, 0-7 за тројка. Пензија? Едино тоа куцањето на почеток, малце душа покажа.
Данкан 15 поена и 10 скока, 6-7 од поле. И 5 изгубени топки, али океј е, роботски, то шо се бара тоа си учини.
Али, целосно, добра утакмица. Само ја мора да искритикувам. Еве ко шо ќе мавнам отворена критика дека Енко и Дејан беа премногу оптоварени со МВП.. али се прифаќа, шо. А тие пораките, епа сакате да глеате Олстар, мора и некој да го плати.. капитализмус.
А да, Бевета е исти Јеремие од Алан Форд само без цвик!
Конечно: победа на Источните, МВП Леброн Ноктогризачот Џејмс, најмлад у историјата шо го добил тоа чкартното навидум кристално трофејче шо ќе му фаќа прашина у витрина додека штама на трибина, абе тоа милина, нокти гриза ко грисина, елегантен ко балерина, пливај Делфина и сл. Иначе, ако Коби на крај даеше некоја тројка, он ќе требаше да си биде МВП, а не тоа говедото Мекгрејди кој од прв напад тргна да брка рекорди. Епа ТиМек, шо ми е мило да знаеш.. со туѓи перја нема китење. Најатрактивен момент се подразбира дека беше последниот поен на Коби, со дриблингот и фејдавеј шутчето.. а нормално дека на полувреме не беше до таа мера лош ко шо Енко Кобимрзецот го престави, туку се фокусираше на тимска игра. Па на полувреме имаше 4-4-5, а ако фатеше да пуца ко луд сите ќе го кудеа дека е болно себичен. Дипломатија.
А ја нормално дека се зезам, попушта концентрација, побогу, 6:20 е.
Ако на постов нема слики, значи ме мрзело да ги ставам.
И ДА, НЕ Е САМО ЕНКО МАКНБА, ДА ВИ ГО КЛАМ. ПОБОГУ, ЈА СУМ ОСНИВАЧ!
Sunday, February 19, 2006
- Нешто што може да биде фрка за квалитетот на плејофот, е најдобрите два тима у Лигата, (хипотетички), да се сретнат уште во втората рунда на плејофот. Рецимо - Далас и Сан Антонио, соодветно, се уан-ту, у севкупен скор, но и у истата дивизија. Тоа значи дека ако почне сега плејофот, Далас би биле први носители на Запад, а Спарси би клизнале на четвртото место, пошто 2 и 3 се резервирани за шампионите на Пацификот и Нортвестот. У втора рунда, би се сретнале токму тие Мавси и Спарси, а тоа ќе значи дека еден од топ двата тима у Лигата ќе лета у рана фаза. Шо не е у интерес на гледачите, а со тоа не е у интерес и на Дејвид Штерн.
- Иако се шпекулираше дека Олстарот мож да иде у Европа или Јапан, подогодина најверојатно ќе биде у Њу Орлеанс (градот научил да плива :) ). Ќе има нова дисциплина - скилс челинџ у мокар подрум, пуцање тројки на бранови и подводни куцања :). Се шалам, Њу Орлеанс на големо се реновира, а со тоа и арената на Хорнетси, а со тоа и се отвара шанса за Олстарот да се игра таму.
- Е сеа, тоа шо се реновира салата све у Њу Орлеанс значи дека Хорнетси догодина се враќаат дома, но, Дејвид Штерн, поттикнат од домаќинлукот на Оклахома, а и спремноста за одржување на профи натпревари и на Анахејм, Сан Диего, Канзас Сити итн, веројатно веќе кова план за нова експанзија, иако тоа нема да биде у догледа иднина.
- Соникси имаат мука - не можат да добијат одобрение за користење јавни фондови за градење нова сала. Ако до 2010 не се среди овој проблем, Млазњаците ќе се селат негде.. негде.. на друго место де.
- Штерн е расположен за селење на некој тим у Лас Вегас, пошто таму воздухот е зелен од доларите, но, како прицнипиелно чиче, мрско му било ради тоа што у казината и кладилниците имало можност за обложување на НБА утакмици. Ама се` си мислам дека доларчето ќе надвладее.
И куцањата.
Прв момент - Џош Хајфлаинг Смит - сосема „просечно“ се џитна со две од рекет (не беше тоа од слободни, ја нагази, а башка и изглеаше млитаво). Знам дека ќе ме кара Флајт75, али грешка му беше на Џош она со лентата. Стварно. Сите помислија дека ќе рипа од таму. А дека судиите го зезнаа, го зезнаа. Тоа куцање е за 45, минимум. После тоа, у финалето, нема шо да се полемизира - Нејт Робинсон се измачи, онака гревче, му се смееја другиве, сапунска опера у режија на Џет Кени Смит, буквално провидна местенка. Капак на све стаи Игуана кој после двете МАЕСТРАЛНИ изведби, коа требаше да настапи со нешто ново, изведе куцање кроз нозе, шо е досега видено 15-16 пати, во изведба на Рајдер, Коби, Картер, Џеј Рич, Дезмонд Мејсон, Амари Стадемаер, Леброн и Принс лани на Руки вс Софморс, Хеликоптер од ЕндУан, па дури и од тој белецот, Русинот, шо не ми текиња као се вика. Коа требаше да го срози раскоканиот копиљ, он така лефтерно си ја закуца, а па жирито хоштаплерско, за 1 бод го зезнаа. Свака част за Нејт за сите до едно куцања (сите беа кул, па дури и она со Q) ама и баба ми ќе закуцаше после толку обиди.
Следната година саботната вечер нека си ја снимаат у студио, нека си ги намонтираат куцањата, нека ни ги пуштат само. Се сложувам дека куцањата на Нејт можеби севкупно беа подобри од Игуана, ама НЕДОПУСТЛИВО е по толку обиди да има шампионот. Нека ви текне како само лани го исвиркаа Крис Бирдмен Андерсен, како преклани победи Фреди Џонс благодарејќи на промашувањата на Џеј Рич, а исто така, нека се има во предвид како и она иако млитаво, сепак сосем поштено забивање на Смит у првата рунда, само заради грешка у залет (не се ни одрази) беше обесправено со 41 поен.
Бедна саботна вечер. Единствено добриот коментар на ѕвездата на МакНБА Блогтротерс, Енко а.к.а Каракаш вредеше да се следи. Ко за Софмор, беше бољи од коа беше Руки :)
ПС. Една статија на НБАдрафт.нет вика дека иако официјално се води као 175, Нејт Робинсон е 168 цм висок (weaknesses делот). Затоа Спад Веб е повисок. Таа евиденција е изглеа илеџење за да се протне у амерички фудбал (пошо Нејт освен као добар кошаркар беше и добар фудбалер).
ППС. Да, пропуст беше шо Енко и Лекич не ги кажаа правилата за неограниченост со време и со обиди (нешто што е кобно по убавината на овој турнир, шо се виде и вчера). Еве и ја конструктивна критика.
Saturday, February 18, 2006
Ова уствари може да биде еден апел до Лигата и Дејвид Штерн: нека биде тоа стандардна утакмица, нека има правила ко за нормална утакмица, и да глеам малце акција. Ми текиња бе коа играа само дебитанти, исток вс. запад, милина, то борба, дух натпреварувачки, Коби коа дае 30 поена рекорд, онака, Дејмон Стадемаер пред тоа, абе УТАКМИЦА. Вчера глеав само недоквакани пилиштарци шо се натпреваруваа кој поѓупски потег ќе напраи и кој поише ќе се исцепа. Да сакав тоа да глеам, ќе си пуштев ЕндУан Микстејп некој.
Значи - утакмицата беше неконцепцуализирана акција, фрка, хаос, брканица, мижитатара, генг бенг, оргија, букаке, скет, снаф, бдсм, фистинг, фетиш, бич, нига, мадафакинг бич ес нига, ху лет д догс аут, гет лоу, ин д клаб, таг лавин, маф дајвин и све, само кошарка не. Копиљаци шо идете на блогот, вие не треба тоа да глеате. Ќе добиете грешна слика дека мајмуните у ЗОО се кошаркари.
ОК, у една таква попара најснаодлив беше Игуана мадафака, кој сем тоа шо леташе и прелетуваше, убаци и по некое шутче, покажа вештина со топка, се исцепа ко да е од гето, али у глобала си заработи тоа трофејчето. Рукијата беа тоталка индолентни, Чарли Ви изигра океј иако после прва четвртина си напраи куропрч и мудомрс пауза. Крис Пол на моменти го немаше, на моменти он беше ненадминлив.. абе ај, шо анализирам ја ова, боље ќе идам да анализирам маалски баскет - поише смисла има.
Игуана МВП
Wednesday, February 15, 2006
Лоша слика, ама морав да ја постирам. Не можев да најдам поарни резолуции :( Они се, гарантирам.
Двајца underacheaver-и си ги сменија дресовите. Сиетл конечно се отарасија од депресивниот Радман кој сигурно ќе се уклопи у Клиперси на кои им иде оваа сезона, а добија на inside presence во легендарниот играч на Мериленд (со нив беше шампион у 2002) па може сега конечно ќе пркне у право НБА светло, а и ќе добие арна минутажа, за да покаже што знае.
Добар потег за двете страни, особено што договорот на Радман летоска ќе истече па ако у меѓувреме пак почне да цвика, нема многу да имаат за мислење кај Клиперси.
Иначе, коа сме кај Клиперси, синоќа го изедоа 30 разлика од Хјустон - Елтон Бренд фатил цели 2 скока.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Добар потег и за двата тима, кои ги трампаа двајцата играчи кои мрчеа за мала минутажа и кои и онака ова лето ќе си отидеа со што клубовите немаше да добијат ништо за нив. Вака, и Радман и Вилкокс ќе имаат шанса да се докажат у новите средини, кои се баш тенки со играчи од нивне профил. Кој поминал боље ќе видиме до крај на сезонава или па следната, али претпоставувам дека и двајцата ќе бидат солидни на почеток. Мада, познавајќи го Радман и вечниот негов карактер на бунтовник без причина, не ме чуди после некое време да почне да мрчи како има малце топки за него. Барем на старт ќе го играат, пред се поради неиграњето на Кори, но кога тој ќе се врати, Владо ќе мора да си ги среди бубачките. Како и да, ако Клиперси и Соникси не се задоволни со овие двајца, онда слободно можат да си ги пуштат летово да кршат глава у некој друг клуб. Да не бидам јас без слика, еве го Радману онака, Итало-издање.
Плус, уште не ми се верува каков кретен од менаџер има Радмановиќ кога прошлото лето одби понуда од Сиетл за 6-годишен договор тежок цели 42 милиони зелени. У Сиетл сега слават што не го потпишале. - Каракаш
Monday, February 13, 2006
- Ќонсие Билапс е умешан у трговијата со бело робје. Наводно он го држи каналот Молдавија – Велешта.
- Крис Бош е вонземјанин кој е дојден на мисија да го уништи човечкиот род. За сега не му иде.
- Картер е airplane hijacker – бил умешан у 9/11. Многу високо лета, радар не го фаќа.
- Ричард Хемилтон е педофил. Имал харем од 4 годишни дечиња за задоволување на своите болни потреби. Снимил и дистрибуирал едно кило детско порно.
- Ајверсон е познат како семеен насилник. Ја има тепано жената, децата, кучето, баба му и комшијата.
- Леброн е познат у маало како рекетар шо на децата у основно им ги крадел џамлиите.
- Џермејн е три пати бркан од школо поради тепање на учителката. Неговата замена Аринас пак ја има истепано и чистачката.
- Шекил е замешан во трговијата со човечки органи. Специјалност му е корнење екстремитети и кршење кичми. Месар.
- Пол Пирс е генгста и е многу вешт со ножеви. За жал еднаш го збрцаа поштено.
- Двејн Вејд игра комар. Онака со коцки, у гетото. Понекогаш ќаруе, ама често знае да се искоцка.
- Бен Волис е избацивач. Прави проблем на врата. Учествувал у пуно тепачки и престрелки. Лежел затвор каде се набилдал ко стока.
- Рашид е исламист. Можно е да го пропушти Олстарот поради протестите против карикатурите на Мухамед. До сега има фрлено преку 50 рачни гранати на блискиот исток.
- Флип Сандерс е руски шпиун. КГБ. Не знам шо како, не прашувајте.
- Реј Ален е платен снајперист на НСА. Брррр. Викаат дека он го скинал Кенеди, а не Ли Харви Освалд.
- Елтон Бренд до сега има изедено 2 деца, третото го вари.
- Коби е силувач. Има силувано една плавуша, неколку плејоф утакмици и има иссилувано дури три титули.
- Данкан е поштен. Сепак, постои сомнеж дека соработува со италијанската мафија.
- Гарнет е највечи шверцер на рум, пури и банани. Ол араунд гусар.
- Гасоламабад со другар му Рашид протестира против карикатурите. Има поставено две автомобил-бомби во соработка со ЕТА.
- Мерион е избеглица од зоолошка. Има утепано човек со опасниот шут.
- Трејси Мекгреди е шиткач на крек, грас, хаш а често шитка и утакмици.
- Јао е преставник на кинеските тријади. Замешан е во шверцот на кинеска роба во Америка.
- Неш е лопов. Има до сега украдено 5 милиона долари во златни шипки, една МВП титула, а често краде топки и цели утакмици. Затоа морал да бега у Канада.
- Дирк е бивши СС-овец. Соработува со ККК. Нејќе црнци.
- Паркер е ПИМП. Моментално ја ПИМПува Ева Лонгориа. У Франција имал цела флота ПИМПачици. Умешан е и у порно индустријата.
- Ејвори Џонсон е ситен гегста од предградието. Обично у црква им краде од добротворниот прилог на поповите.
Тоа што го доживеав оваа вечер е неописливо.
Се` си мислам дека го гледав Коби. Али не, ја го глеав Двејн Вејд. Дечкото за кого имам изедено еден тон бурек, кого го кудев цела утакмица, и кој у последните 5 минути ме заќуте и ме натера да голтнам све што имав кажано за него.
Детроит се една опасна банда, сигурно. Нема да ме изненади да идат до крај. Ама Вејд.. е тој допрва ќе станува опасен.
Исто сакам да се извинам шо го пљукав Шекил, како ја здрма конструкцијата, брррр..
Рашид.. ај да не бидам дисгастинг :)
Многу добра утакмица, не знам дали ќе се најде некој шо пишал рикеп, али ја мислам излишно ќе биде све..
Генгста на месецот, Двејн Вејд.
Tuesday, February 07, 2006
Ова е уште еден напис на Сет Феранти на Хусхајп(*). Околу кошаркарската кариера на Д Гејм, Весткоуст генгста фраерот со љутата фаца. Мора да се кликне. ------------ (*) Феранти е затвореник, кој имаше цела серија написи за кошарката по затворите, за стритболот во гетата, за затворските лиги, и кај и да е ќе постирам еден постар статија според него, за „затвореничкиот Џордан“The Bloods. The Crips. Gangbanging dominates the streets of South Central LA. And the basketball courts are right in the middle of the hood. Bullets buzzing, rapid-fire spray from Mac-10's. The inner city can be a warzone. NWA set the precedent with "Straight outta Compton" but there’s a new gun on the block holding it down for the West Coast. And just like Ice Cube, that new guy is a triple threat throwing rhymes, colors and gunning from the courts of South Central, where streetball legends are made. ЦЕЛАТА СТАТИЈА ТУКА
Monday, February 06, 2006
Еве сеа неколку рандом точки во врска со тоа:
1. Ова е БЛОГ. Водејќи се од мотото, к** ми е, блог ми е, јас тука ако сакам можам да постирам апсолутно ШТО САКАМ. Никој нема право да се меша во уредувањето. А тоа што сме меѓу најпосетуваните мак-блогови, значи дека уредувачката политика за сега е добра.
2. Е сега, значи ни текнало да ги фаќаме грешките на Лекич, и во согласност со 1., сме ги постирале. Исто така, во согласност со 1., јас не ни морам да ставам тука оправдување зошто тоа го правиме. Еве, ја ќе бидам доблесен да објаснам зашто, највеќе заради тие што не тролаат, ни пцујат мајка и слично. Не дека се многу, ама се јави и ценетиот Лекич, па и него да му стане јасно зошто ова го правиме.
3. Забелешките многу малку се однесуваат на граматички, лингвистички или логички грешки. Дури и на транскрипцијата многу малку пажња посветуваме, единствено таму кај што е очигледно замеруваме. Нашите забелешки се однесуваат на ФАКТИ, Дејане. ФАКТИ. Ганд Арена никогаш не била срушена. Тоа е НЕВИСТИНА, а знаеш како е синонимот за невистина, и како е глаголот за кажување невистини.
4. Е сега, ако ги исправаме твоите грешки, ти тоа не го сфаќај одма како напад. Тоа што грешките не се премолчуваат, првенствено треба да ти стимулира СОВЕСТ за понатаму. Пошто се декларираш за професионалец, се` тоа треба да биде ПРОФЕСИОНАЛНО изведено. А тоа подразбира кажување на ТОЧНИ информации.
5. Наместо да има испади со вонаби цинични коментари како „ако мислите дека сте подобри, повелете да коментирате“, би можел да речеш ФАЛА, ВЕТУВАМ ДЕКА ЌЕ СЕ ПОПРАВАМ ЗА ДОБРОТО НА ГЛЕДАЧИТЕ. Никој нејќе да ти ја земе работата. А тоа не значи дека ако нема конкуренција дека треба ти да тераш по свое, без нималку респект.
6. Значи, само оптимистички. Прв добар чекор беше она за Јао. Значи, го имаш читнато блогов. Ние нудиме малку поинакви и поинтересни информации. Значи ако не` листаш поредовно, ќе имаш што да кажеш :) И уште ако почнеш да кликаш од страна, ќе видиш што имаат стручњаците да кажат, па замисли колку респект би стекнал ако во преносот кажеш: „Според Стив Кер, ...“. И пак, не дека си ти лош, ама зошто да не се подобриш?
7. И на крај, зошто не не` цениш? Не те девалвираме, напротив. Ти помагаме. А види и со месеци наназад, колку пати рекламиравме дека Спорт4 ќе дава кошарка, благодарејќи на „инсајдерски“ муабети.
8. Дејане, ако имаш нешто да ни кажеш, те советувам тоа да го сториш по пат на мејл. Еве, ова ни е официјалниот мејл на блогот. Така, твојата реакција би стасала кај што треба, не би била изложена на сеирџиската јавност, не би се сомневале дали си тоа ти или не. Ако инсистираш, ќе го објавиме писмото без да скратиме точка.
И на крајот, во духот на конструктивноста: НИЕ НЕ СМЕ ПЛУКАЧКИ БЛОГ. Ние сме макНБА блог, најконструктивен, најкреативен, со најубав темплејт, со една мала симпатична заедница со која си коментираме и си сеириме. А мислам, дека имаме и доволно кредибилитет, затоа што тројцата администратори на блогот, сме инволвирани во печатените медиуми. Особено Каракаш и Двр Будр, на кои тоа им е професија. Јас уште сум руки.


































