Sunday, February 19, 2006

Breaking Stern News
Не се баш брејкинг, ама да разблажам ова горчината од саботава.
  • Нешто што може да биде фрка за квалитетот на плејофот, е најдобрите два тима у Лигата, (хипотетички), да се сретнат уште во втората рунда на плејофот. Рецимо - Далас и Сан Антонио, соодветно, се уан-ту, у севкупен скор, но и у истата дивизија. Тоа значи дека ако почне сега плејофот, Далас би биле први носители на Запад, а Спарси би клизнале на четвртото место, пошто 2 и 3 се резервирани за шампионите на Пацификот и Нортвестот. У втора рунда, би се сретнале токму тие Мавси и Спарси, а тоа ќе значи дека еден од топ двата тима у Лигата ќе лета у рана фаза. Шо не е у интерес на гледачите, а со тоа не е у интерес и на Дејвид Штерн.
  • Иако се шпекулираше дека Олстарот мож да иде у Европа или Јапан, подогодина најверојатно ќе биде у Њу Орлеанс (градот научил да плива :) ). Ќе има нова дисциплина - скилс челинџ у мокар подрум, пуцање тројки на бранови и подводни куцања :). Се шалам, Њу Орлеанс на големо се реновира, а со тоа и арената на Хорнетси, а со тоа и се отвара шанса за Олстарот да се игра таму.
  • Е сеа, тоа шо се реновира салата све у Њу Орлеанс значи дека Хорнетси догодина се враќаат дома, но, Дејвид Штерн, поттикнат од домаќинлукот на Оклахома, а и спремноста за одржување на профи натпревари и на Анахејм, Сан Диего, Канзас Сити итн, веројатно веќе кова план за нова експанзија, иако тоа нема да биде у догледа иднина.
  • Соникси имаат мука - не можат да добијат одобрение за користење јавни фондови за градење нова сала. Ако до 2010 не се среди овој проблем, Млазњаците ќе се селат негде.. негде.. на друго место де.
  • Штерн е расположен за селење на некој тим у Лас Вегас, пошто таму воздухот е зелен од доларите, но, како прицнипиелно чиче, мрско му било ради тоа што у казината и кладилниците имало можност за обложување на НБА утакмици. Ама се` си мислам дека доларчето ќе надвладее.

1 Comments:

Blogger Shepard said...

па да де.. то лапсус изглеа.

2/19/2006 09:28:00 pm  

Post a Comment

<< Home