Thursday, June 29, 2006

Scelta Numero Uno Sulla Brutta Copia Relativa a Quest'anno.... + со допуна: Драфт Најт Рикеп
или дрн-дрн јариња. Еве мене шо ми остаи фпечаток:
  • Лазањата Барњани е прв во Торонто.
  • По(р)тланд направи милион дубари. Ламаркус во Блејзерси за Тајрус Томас и Крјапа. Себастиан Телфер и Тио Ретлиф ојдоа во Селтикси за Реф ЛаШпенц и Ден Цвикау и умешаа пикови, мада мене уште ми е нејасно.
  • Бркот во Шарлот.
  • Руди Геј во Хјустон.
  • Редик во Орландо.
  • Џош Бун во Њу Џерси.
  • Џејмс Летечи Вајт исто во Џејл Блејзерс ко прв пик на втора рунда.
  • Коста Перович во Голден Стејт.
Другото е мрско. Допуна бај Каракаш: Толку од мрскотијата на Шеп, кој и без да го гледа драфтот сконта дека е за нигде. Ја морав да ја изгледам цела прва рунда за да сфатам колку е овој драфт мрзок, али и да сфатам колку не ги бива за ништо типците од ЕСПН, кои можат слободно да им носат вода на Чак, Кени и друштвото од ТНТ. Иначе, признавам, ова ми беше прв драфт изгледан у целост и ако вака е секоја година ќе размислам дали и за следниот ќе останам буден до 4 и пол сабајле. Ај, ептен беше топло, па и онака не се спиеше, а X-Zone одамна немаме на кабловачка. Така, му ја заседнав накај еден и пол пред ТВ, земав шише вода и почнав да ги слушам момците од ЕСПН како мелат....и мелат....и мелат. На почеток ми беше ОК, зашто у основа знаев малку за оваа драфт класа, посебно за момци како Томас, Фој, Рој итд. Ама, после некоја минута, кога типовите почнаа да се повторуваат, а Стивен Скриминг Смит, (кој како мал паднал у буре со течен адреналин), почна да пробува да биде духовит, мене почна да ми станува мрско. Ако му е за верување на ЕСПН тимот буквално секој од првите осум пика е ѕвер, кој или сега или за година-две ќе биде играчиште во НБА. Нормално, секој играч беше претставен со микс од најдобри потези у кој дури и еден Саер Сене од Пепинстер изгледаше како Хаким у млади дани (значи-Аким). Настрана без везе преносот, никој не се изненади кога Штерн го викна Барњани да му се прикључи на сцена како 1.пик. Андреа промрморе нешто на италијански, а "аналитичарите" одма почнаа да викаат како тоа е добар пик, ама и дека од него никад нема да биде НБА ѕвезда. По селекцијата на Баџо уследи прав хаос у кој после некои десетина минути се изгубија и момците од ЕСПН и самиот Штерн, а веројатно најзбунети беа у Портланд кој направи еден куп трампи со кои ама ич не му помогна на тимот. Како што ги читаше пиковите комишот, одма јавуваа дека тој е трампан таму, а оној онаму. Чикаго си го доби Тајрус Томас, а и му направи дубара на Портланд земајќи го Олдриџ како втор за да им го дадат на Блејзерси кои со Томас мораа да им го дадат и Кријапа. Мајкл не се коцкаше со 3.пик и го избра најспремниот НЦАА играч на драфтот - Бркот Морисон. Најјезив момент у миксот за Адамчо беше како седи на клупа у тајм-аут и си шиба инсулинска инјекција. Ако не сте знаеле, момакот е шеќераш. Иначе, Адам е фаца, ФАЦА! Доказ е и клипов. Обратете пажња на бркот. Моите Хоукси не трејдуваа и го земаа Шелден Вилијамс, нешто што беше најавено уште пред некоја недела. Колку и да сакав да земат плеј, нив ги немаше у некој избор на овој драфт, а Шелден е мрга која имаше одличен дабл-дабл на Дјук. Плус, тој е прв блокер у историјата на универзитетот и два пути беше најдефанзивец, нешто што очајно и треба на Атланта. Потоа продужи целиот хаос у кој не се знаеше кој пие, а кој плаќа, а на изненадување на сите еден Маркус Вилијамс, кој е најбољи плеј у оваа класа падна се до 22. место. Најинтересно у МСГ беше кога Никси дојдоа на ред да бираат. Додека скоро сите, па и Спајк Ли го извикуваа името на М.Вилијамс, Штерн објави дека Њујорк го бира Реналдо Болкмен по што одма уследи штама у салата. Никој жив не знаеше кој е типот, но кога аналитичарите кои исто така беа шкирани, почнаа да објаснуваат дека Болкмен е тип за у 2. рунда, и тоа за пред крајот, почнаа серијата свирежи и скандирања Fire Isaiah!!!. Ситуација која не се смири некои десетина минути. А до сабајлево единствената ствар у која Зик беше колку-толку добар беше драфтот. По се изгледа се си има свој крај...у Њујорк. Еве ја целата ствар, ама снимена од страна на еден фан на Нетси, кои поради глупоста на Ајзеа стигнаа да си ги земат и Вилијамс и Бун. Друго нешто не ми фати око. Лејкерси го земаа Фармар кој како средношколец беше еден од подобрите во САД, ама малце се изгуби на УКЛА. Ипак, мислам дека тоа е добар пик за нив. Рундата ја затвори кој друг ако не Портланд со изборот на Британецот Филенд, кој му поклони фудбалски дрес од Англија на Штерн кога овој му го даде капчето на Блејзерси. То би било то од драфтот, а деновиве би требало да има и анализа на понекој од топ пиковите. За крај ѕирнете го клипов и типот кој жога бонито на него.

Wednesday, June 21, 2006

.

Thursday, June 15, 2006

Ексклузивни фотки од Мајами
Нашиот „дописник“ од Мајами, Гоце Велјановски, ни ги прати овие фотографии од третиот натпревар.. Еве што тој вели:
Za natprevarot se sto trebase da se kaze kazavte vo postot, organizacijata bese odlicna, a fanovite na majami se glasni samo koga heat igraat dobro. Na nekolku momenti atmosferata se pretvorase vo teatarska, pa morase da se pobara time-out za da moze povtorno da se potpali publikata. Bitno go skrsivme mrazot po 4 porazi ovaa sezona pa sega se moze da se sluci. pozdrav PS: Najverojatno ke odam i na petata vo nedela pa moze ke vi pratam uste nekoja slika.
Епа друже, лепо се проведи и за нас овдека, па ако сликаш, праќај фотки, да ни течат лиги :)

Wednesday, June 14, 2006

Една слика, 42 поена, 1000 збора
Ако се прикаже графички текот на утакмицата ќе се добие синусоида.. Шек почиња Чембрленовски, Шек се губи, пркнува Далас, се јавува Вејд, Далас колабира.. Ако не сте го гледале, тешко некој би ви го објаснил.. Јас гледав ФИНАЛЕ.. а Далас конечно изгуби кога Хауард даде и 20+ поени.. Вејд убаци 42.. и не е до 42-та, практично ја реши текмата со дефанзивен потег.. А Новицки.. е Новицки шитна.. што е право, право е. Јас сум сеуште под импресии, покасно со деталите. Иначе Мајами имаат ХОТ плесачици.. уууу.. бррррр..

Thursday, June 08, 2006

Чоте за финалето
Според МакНБА фановите (од досегашната анкета се гледа дека), Рајли ќе освои уште еден прстен
Е не можам а да не кажам дека стварно ми е мерак шо имаме вака активни другарчиња.. сите шо сакаат можат да пишат на maknba@gmail.com. Инаку, Чоте од пред некое време има свој блог - клик овде да го видите свите. Еве го моето видување за НБА финалето што следи, секако со мал претходен вовед преку пар зборови за финалињата по конференции. Во конференциските финалиња гледавме четири тима со прилично различни пристапи кон кошаркарската игра. Детроит секако имаше главен акцент на одбрана, а Феникс имаше главен акцент на напад. И двата споменати тимови испаднаа. Феникс поради тоа што реално со овој играчки кадар и немаше капацитет за повеќе, а Детроит пак, испадна поради Флип Сандерс и неговите тренерски капацитети и знаења. Флип дозволи формата на клиповите да падне кога беше најпотребно, дозволи да има фаца на збунето теле кога се решаваа многу натпревари и не успеа да ги врати Пистонси по психолошкиот пад што го доживеаа по дуелот со Кливленд. Додуша кај Детроит и влашките клетви имаа мал и неприметен удел, но секако имаа, повредата на Шид беше многу битен момент за Детроит и нивниот пад во играта на сите полиња. Како и да е, во финале потполно заслужено ќе играат Далас и Мајами.
Малиот генерал од Алабама
Далас го заврши регуларниот дел од сезоната со подобар скор од Мајами, па ќе ја има предноста на домашен терен на еден натпревар повеќе од Мајами. Во финалето се пласираа две различни екипи, од источната конференција доаѓа една супер искусна екипа а од западот доаѓаат Ејвори, Дирк и неколку неискусни но многу солидни момци. Во регуларниот тек од сезоната Далас го имаше седмиот најдобар дефанзивен скор а Мајами четиринаесеттиот. Офанзивно гледано, Мајами со просечно постигнати скоро 100 поени по натпревар имаше шести најдобар напад а Далас со постигнати 99,14 поени по натпревар деветти, скоро идентично. Инаку интересен момент се нивните меѓусебни дуели во регуларниот тек од сезоната кои Далас ги доби со, внимавајте(!) 24.5 поени просечно. Рака на срце, на едната (онаа што ја изгуби со тринаесет разлика) Мајами настапи без Шекил Онил. Во продолжение ќе направам споредба на неколку кошаркарски “елементи“ што секако ќе бидат клучни во дуелот на Хит и Маверикс. На почеток пар факти за тренерите на тимовите финалисти. Ејвори Џонсон и Петрик Џејмс “Пет“ Рајли. Вториов е тренер на еден НБА тим по дваесет и втор пат(!), значи има зад себе дваесет и две години акумулирано искуство како главен тренер на еден НБА тим, а Ејвори ја работи втората (нецела) сезона како тренер. Рајли ја освои првата титула со Лејкерси пред точно дваесет и една година, и тоа не му е единствената титула како тренер, а се сеќавате играше и едно финале со ЊуЈорк. Иако за тренерското искуство на Ејвори и нема што да се каже, (освен тоа дека оваа година беше прогласен за тренер на годината), мислам дека и покрај неискуството Ејвори воопшто не треба да се потценува. Јас како тренер го почитувам многу, како што кажа некој на блогов (тоа беше Шепард, значи ја), Ејвори е прототип на одличен модерен тренер. Понатаму, ако на искуството на Рајли се надодадат играчките искуства на Пејтон (15 сезони), Вокер (9 сезони), Вилијамс (7 сезони), Морнинг (12 сезони) и секако на Онил (13 сезони) станува јасно дека предноста што во вакви серии ја носи искуството е 100% на страна на Мајами. Намерно акцентот го ставам на искуство затоа што многу пати до сега се покажало дека тоа може да биде пресудно во едно НБА финале. Секако, и Далас има искусни играчи но нема ни еден играч со искуство од НБА финале, освен тренерот Ејвори кој како играч освои титула со Сан Антонио. Кај Мајами пак дури тројца имаат искуство од финале, Онил и Пејтон како играчи и Рајли како тренер. Околу главните оружја за напад на двата тима исто така има неколку интересни моменти. Јас мислам дека во финалево главен ќе биде Шекил Онил, пред се затоа што е во одлична форма, затоа што веќе играл 5 финалиња (во три од нив победи), и на крај затоа што Далас нема играч на позиција центар кој може да го задржи. До пред неколку дена гледавме како Шек си игра со Бен Волис, кој патем е и најдобар одбрамбен играч во лигата. Еве, и да речеме дека титулата што ја доби Бен за дефанзивец на годината не е во потполност заслужена, воопшто не е дискутабилно дали тој е центарот што игра најдобра одбрана во НБА, и тоа без конкуренција. Па ако Онил немаше проблем со него, како ли ДеСагана Диоп или Дампие(р) ќе го задржат. Не гледам многу одбранбени механизми со кои Ејвори може да се спротистави на нападот преку рекет што претпоставува Мајами ќе го форсира, како што тоа го правеше со Детроит на моменти. Единсвено можеби некое специфично удвојување може да го “успори“ Шек малку. Удвојувањата се сеќавате ги практикуваше интензивно Аделман во конференциските финалиња пред пар години (безуспешно), а и многу други тренери (повторно безуспешно). Но, како и да е, во случај на удвојување секако голема опасност ќе претставува играчот надвор што ќе остане слободен на шут, а кај Мајами тоа можат да бидат буквално сите. Противтежа на Шекил секако ќе биде Дирк. Германецот је игра својата најдобра сезона до сега, неговата форма слично како и кај Шек се подобрува со приближувањето на крајот од сезоната, очекувам да кулминираат добрите негови игри од четврток натаму. Што се однесува до бранењето од Новицки, очекувам Рајли да ги менува Вокер и Хаслем во одбрана на Дирк. Како и да е, ќе мачат голема мака. Дирк може да игра центарски, одлично шутира пенали, без проблем погодува од поле (од секаде), а знае и да распали од далечина (за 3 поени), Зоки Михајлов, морав J. Јас му давам мала предност на Мајами поради Двејн Вејд (за да не се збуни некој да кажам дека се работи за истиот играч што се крие зад псевдонимот Двејдвејн). Човекот игра во голема форма сезонава, најдобрата одбрана во свет имаше многу проблеми со него па очекувам Далас да има уште повеќе. Во Мајами секако опасно ќе гризаат и старите волци на кои ова им е веројатно последна шанса за титула, мислам на Пејтон и Морнинг пред се, па и на Вокер. Понатаму, кај Далас, Џош Хауард и Џејсон Тери играат одлична сезона, а Џери Стакхаус кој со Дерел Армстронг е всушност најискусниот играч во тимот неколку пати беше прв стрелец во тимот иако не е стартер. Многу интересна беше играта што Далас неколку пати ја презентираше против Феникс, прифаќајќи ја притоа ран анд ган играта што ја наметнуваше Феникс, и при тоа одлично парирајќи. Од овде секако би го изземал првтото полувреме од последниов натпревар. Исто така, Далас покажа дека е борбен тим, покажаа на пар наврати дека навистина моралот им е на високо ниво. Во овој сегмент, веројатно се изедначени со Мајами ако се има в предвид дека кај Мајами, како што и споменав погоре има неколку ветерани кои верувам ќе дадат максимум во ова финале. Како и да е, еден од најдобрите плејофи што јас ги паметам полека завршува. Остана уште најубавото. Остана уште кремот од парчето торта, не знам за вас ама јас стално го оставам за на крај, се надевам дека ќе биде и овој пат така. Гледавме одлична кошарка, за тоа во оваа прилика сакам да им изразам благодарност на спорт4. За среќа на сите љубители на кошарката Детроит нема да игра во финалето, па ги имаме сите предуслови да уживаме во се надевам седум одлични финални НБА натпревари. Инаку, сметам дека по првиот натпревар во четврток ќе се разјаснат многу нејасни моменти околу расплетот на финалево.

Monday, June 05, 2006

We've got Mail..
Паааааа.....виииииди сеееа....
Еве два текста, од фановите на Детроит..
Падот на една wannabe династија by Ivica [Fantasy]
Пистонси се во аут од овогодинешниот плеј-оф!!! Конечно многубројните анти-Пистонс посетители на блогов можат да здивнат. Петицијата на Шепард успешна... Она што го снајде Детроит во серијата со Кливленд очигледно не беше доволен мотив за некогашниот шампион да се разбуди и да одигра шампионски. Дечките си продолжија да играат ноншалантно, продолжија да шутираат на 20 секунди до истек на нападот и продолжија да се однесуваат како Шид после Гејм 3 од серијата со Кавалирси. Шид беше похрабар и излезе во јавност со тоа што го мислеше, а остатокот од екипата молчеше ама и потајно се надеваше дака Шид е во право и дека повторно when the time comes ќе бидат старите добри Пистонси кои знаеја да примат под 10 поени во четвртина. Е па the time came, ама старите добри Пистонси не се појавија. Наместо нив во финалето на исток се појави екипа без идентитет и без јасно разработена тактика што и како треба да се прави. Еве ви и пар показатели кои ќе ве уверат дека сум во право: -Ричард Хамилтон (играчот на кој сум најмногу изнервиран оваа серија) со Мајами имаше шут од поле 45-119 или во превод 37,8 %. Катастрофален учинок за играч кој е познат по тоа што шутира само high-percentage shots и е спремен да трча 17 секунди од нападот за да си ги обезбеди истите -Бен Волис погоди 18 од 66 слободни фрлања (27,3%). Дефендер или недефендер не ме занима. И Назр Мохамед е стриктно во тимот на Сан Антонио заради одбрана, па имам гледано утакмица на Спарси каде ги шутираше техничките фрлања. Значи секој може да научи (кога Назр можел) -Чонси имаше само 6,5 асистенции по натпревар за цел плеј-оф. Не е тоа малку за типот кој беше сметан за сериозен МВП кандидат во регуларниот тек?? Правиот МВП кога е најтешко е брилијантен (тука директно алудирам на Диркулес, Неш, а богами и на Коби колку и да не го сакам) -The supporting cast приказна сама за себе... Да не беше Мекдајс ќе речев и дека не постоеја оваа серија (и ќе бев во право најверојатно:)) -The almighty Rasheed повеќе зборуваше отколку што играше цел плејоф. 25 погодени од 69 обиди од поле и 7 од 27 за три. Бруки живи... Не заслуши да го носи дресот на Пистонс со своето понашање на и надвор од теренот. Нека оди во Харлем ако му е до dirty-talk. После ова погоренаведеново на противничката екипа и останува многу малку што треба да направи за да ја добие серијата со грогираниот противник. Доволно е Шек да ги растресе своите дебели газови во рекет и да ги исфрли Рашид и Бен оттаму или па да му направи место на Вејд да пролета низ “одбраната” на Пистонси и работата е веќе готова. Недај боже па ако блесне уште некој (како Џ.Вил вчера или Вокер пред некоја утакмица)... Дури тогаш пистонс делуваа збунето и на моменти ми личеа ко Работнички а не како шампионот на НБА од пред две сезони. Во таква грозна состојба секоја екипа во НБА има тенденција да повика тајм-аут и да се смири благодарение на советите од својот тренер. Пистонс оваа сезона беа лишени од таквото задоволство. Флип Саундерс не е тип на тренер кој го земаш за да ти направи династија. Да потсетам: Флип Сандерс го имаше Кевин Гарнет во најдобрите свои години и не успеа да стави прстен на рака. Јас мислам дека возот за него поминал... Во сета моја надеж дека на момците не им е баш потребен тренер згрешив. Згреши и Џо Думарс и искрено се надевам дека ќе си ја поправи грешката или ќе бидеме сведоци на уште една мачна сезона за Детроит. Во сето ова плукање и газење на она во што до вчера верував дека може да биде доволно за шампионска титула испуштен е еден играч. Не е по грешка, намерно е. Принс беше единствениот кој не заслужи критики во бледиот Детроит и докажа дека All-star мечот не е ништо друго освен комерцијално срање на кое играат само извикани ѕвезди и каде нема место за работници кои ја оставаат душата на теренот. Детроит е во аут, сосема заслужено, поразен е од (во моментов) подобра екипа и воопшто никому не треба да му е мака (па дури ни на најупорните детроит фанс ко мене и синдикејт:)) што нема да ги гледаме Пистонси во финале. Финале треба да се заслужи!! Ајде, ќе бидат нови сезони, нови тренери... Ќе се вратиме stronger than ever.
Untitled by Syndicate
Пистонс шутираа 28% од поле додека тоа значеше нешто. Го дигнаа процентот на 30 и нешто, само кога тоа не значеше ништо. Обично Пистонси у плејоф ги гледав седнат, станат, или у скок. Вчера лежев, од средината на втора четвртина до крај, и останав буден единствено затоа што не сакав да ја испуштам нивната последна утакмица сезонава (знаев дека е така, се гледаше од авион, муабетот на Лекич на 3 минути пред крај со 38 поени разлика, дека ништо не се знае, беше... ај да не претерам). И хејтот е ОК, и примедбите, и све, ама нешто што не е ОК е начинот на кој изгубија. Патетично indeed. Фактот дека "им се искршија чакрите" држеше, вчера повеќе од било кога у последниве неколку години. Се случи нешто со Детроит во второто полувреме во втората утакмица против Кливленд, и тие веќе не беа истите, се до крајот. Никогаш ама баш никогаш не се повратија, освен во кратки блесоци, блесоци у кои се изгледаше возможно (најчесто траеја минута до две). 106 поени просек у првите 5 утакмици од плејофот, излегувајќи од сезоната како најдобри во лигата. Таквата "анти-кошарка", I'll take it anytime, anywhere, anyhow. Да се разбереме, хејтот ќе останеше, затоа што на некој може и да не му се допаѓа начинот на кој стигаат до 105 поени на натпревар кој го добиваат, но сепак, нештата ќе беа троа поразлични. Шид се повреди. Врти, сучи, плеткај, збори, ќути, плачи, смеј се, од повредата на зглобот па наваму, не беше фактор. Никаков. Освен една утакмица на која отиде над 20, на начин сличен на оној на кој вчера Вилијамс отиде над 20. Шид не беше фактор. За скок шутот на Детроит може да се збори многу. За начините на кои тој функционираше низ неколкуте години, за Рип, за Чонси, за Делк, за Аројо, за Делфино... Некој на почетокот на сезонава, истакна дека скок шутот на Детроит е најголемиот учесник во градењето на репутацијата на непобедливост на тимот, и дека за истиот постојат реални шанси во плејофот да имплодира, што би било критично за тимот, кој нема вистинска солуција доколку тоа се случи. Подоцна се обиде да даде објаснувања, како тоа би можело да се надополни со мали тренерски корекции, со неверојатниот клач темперамент на целокупната петорка на Пистонси и нивната ментална снага која им ги добиваше огромниот број од утакмиците кои во последните минути беа ни-натаму-ни-наваму... Човекот требаше да престане да збори пред да почне да набројува објаснувања, затоа што беше во право. Што не носи - drumrolllll - до Флип. Реков еднаш дека е тапа. Објаснување би било можеби дека е тапа за Пистонси, барем за овие Пистонси кои сакаат да освојуваат титули, а не први места во сезони. Можеби ја ќе требаше да престанам да зборам пред да почнам да давам објуаснувања? Мој gut feeling е дека Флип и Бен догодина нема да бидат во ист тим, ако грешам - еве нека освои титула тимот у кој ќе бидат заедно... Чонси не беше фактор. Принс дефлатираше, но тоа сепак не го оддалечува од квази-титулата, најдобар играч на Детроит во плејофот. Рип се запали касно, и во таа afterburner серија, се виде и се огледа целиот тим, со се клупа и тренер и GM. (Настрана тоа што во пораз беше онаков каков што и го портретирам у мојата свест - џентлмен. Пејтон игра кошарака миљон години, па откако го сопна Чонси, и тоа намерно, изгледаше како штотуку да го видел Буда како обесчестува малолетничка) Детроит изгубија во вечер кога го задржаа Вејд (без разлика на околностите). Детроит може да игра. Ако игра како што може, никој, никој, не може да го победи во серија подобар од 7. Детроит не играше како што може, месец уназад. Кога беше најпотребно. Кога се кршеа копјата и кога се остваруваа соништата. Ништо утешувачко, ништо деградирачко, и ништо помалку битно нема во начинот на кој играше последниот месец. Детроит може да игра. Детроит не играше. Знак =. Над еднаквото - сите критики до нив, омразата што ја навлекуваа, изјавите што ги даваа, концептот врз којшто треба/ше да изникне династија, наследството од минатото, соништата за сегашноста и иднината, и човечката снага и слабост. Бен во изјавите рече дека (парафразирам) - животот е прекраток за човек да се замара со нештата од минатото, негова работа е да биде спремен, да излезе на терен, и да го прави она што го сака и што го може. Без разлика на шансите и целиот циркус околу нив. Тоа е - според него - должност, одговорност и чест на секој спортист. Токму тоа, тој самиот (не толку многу) и неговите соиграчи, го загубија некаде по патот 2002-2006, а доколку не се јават во Биро за lost-n-found во најскоро време, ќе го изгубат засекогаш. Непознатата X ќе им остане единствен спомен од нивните кратки животни моменти поминати заедно во играњето кошарака за еден голем (или не толку голем) професионален тим, единственото ветување за "она што можеше да биде". Тоа, и еден единствен прстен на нивните раце, што на крајот на краиштата и не е толку лошо, зар не?

Sunday, June 04, 2006

Кјубан трља раце
После мноооооогу години, конечно два љунфера у финале.. Пошто за Мајами беше еуфорија, со Далас некако полагано е.. ко да се предосеќаше.. За утакмицата: како почна, ја бев спремен да гасам ТВ и да си заспијам. Меѓутоа, не беа толку јаки Феникс, колку што беа дрва Далас. Мислам, бодеше очи - у одбрана стојат, не мрдаат, у напад стојат, фрлаат шутеви.. го фатија ритамот на Феникс, со кратки напади, ама без некоја логика.. Феникс е екипа која се провлече до финале на конференција со таква игра, да. Меѓутоа, успехот на Далас се должеше на смирен напад во кој не е целта Девин Херис сам од кош до кош да вози, нити пак Стек да пуца ничим изазван - си имаа они конвенционална игра, блокче без топка, блокче со топка, градење, оп-трт, хармонија.. Синоќа, на почетокот на утакмицата, нападот на Далас беше ваков: 1. сите стоеја, и се гледаа меѓу себе, и пуцаа од тотално неизградени позиции 2. едино имаше блокови во обид, НЕУСПЕШНА ИГРА 2-на-2 3. немаше нагон за победа, све што правеа беше индолентно 4. не функционираа у рекет И многу нормално дека Феникс си ја одржаваше двоцифрената предност. За среќа на Мавси, Феникс не успеа да се одлепи како седмата со Лејкерси, ама имаше некои такви симптоми.. влезови на Барбоса, шуњање на Неш у рекет.. и мислам дека пресудно беше фаул трабл-от шо го натера бркот да ги игра Џејмс Џонс и Еди Хаус.. што понатака евидентно им се одрази.. Момент кој го отслика првото полувреме беше едне напад шо го утнаа Феникс, и тука Ван Хорн имаше улога на гледач; после тоа од пред нос му ја зема Диа (значи офанзивен), и си положи ко да е на тренинг, а Ван Хорн го глеаше ко муле.. не пружи рака, не пак да блокира или фаул.. во таква ситуација, ем шо се даваат лесни 2, него колку паѓа моралот.. страшно! Сепак, Ејвори е коуч на годината, и тоа мене ептен ми е ќефски, би го прогласил за прототип на современ флексибилен тренер - и ги рашамарал ваљда у соблекувална на полувреме.. Во третата четвртина играа „глодање“ - се дава кош и понатака се игра за да не се зголеми предноста.. им текна дека треба да се играат долги напади, им текна дека со движење на топката најлесно се уморува противникот, им текна дека ако се игра сталожено, многу лесно се изнудуваат фаули (у што им помогна и Бевета, шо е друг мубает).. и така настана пресврт. Санси кога почнаа да ја губат предноста ги фати очигледна анксиозност.. и до крајот Мавси со неколку серии си завршија работа.. Јас заспав на 3 мин. до крај на четврта четвртина.. Е сеа - многу битен за Далас беше Џејсон Тери. Така се погоди и со Спарси, и со Феникс. Со Сан Ан. ви текиња на боксот у муди на Финли, по кој мораше да ја преседи шестата, за да се врати у седмата и да биде фактор. Така и синоќа - не изигра ни една цела минута у прво полувреме, ради лични, у второ ги раздрма Санси и искочи unlikely hero. Сега чекам финале. И следна недела полагам у пизду.. Ќе има сеа анкета, кој ќе биде шампион. И за секоја утакмица по една анкета во постовите..

Saturday, June 03, 2006

...

Friday, June 02, 2006

Maschine!!!
Она синоќа беше кошарка. Најдобрата тикма до сега од најдобриот плејоф во последните неколку години. Нормално, глупо би било да зборам за утакмицата а да не го споменам Диркулес, кој синоќа стишти све живо и диво, распали, доминираше, едноставно, беше ЅВЕРОТИНА! Но, првин за утакмицата ко целина.. Почна фуриозно, Далас распалија уште на сам старт, дури и Стек успеа да погоди 2 напада по ред. Тоа значеше нешто.. Понатака, иако у принцип беше Далас-води-Феникс-брка, се јави створот Тим Томас, се разбудија и другите од „таборот на Сонцата“ (ааааааааааа, се јави Зоран Михајлов у мене), па на полувреме се отиде со само +3 за Далас.. што по 12 минути се стопи на само +1. Сепак, у четвртата четвртина, Томас беше тотално исклучен, Нешти кобожемски играше, вамте-тамте Мерион и Диа куцаа, ама тоа беше све залудно. Стапи на сцена Новицки, кој ги сотре, кој цела утакмица ја изигра у ненормално темпо, ама не падна ниеднаш.. шутеви, влезови, куцање, 1-1 со грб, со фаца, отсвртување, слободни едно чудо.. за на крајот да има 14/26 од поле, 17/18 од линијата, а по пат фати и 12 скока, и имаше 3 асистенции. Сепак, на оваа утакмица впечаток оставија и неколку други битни ствари: - Џош Хауард постигна 23, Далас победи; - Раџа Бел играше, Феникс загуби (рака на срце, сакат); - Гана Диоп покажа зрак на надеж, особено на почетокот - според мене, он беше клуч шо се одлепија Мавси у прва четврт; - Феникс е екипата која (ќе) има изиграно највише плејоф утакмици у први три рунди - во зависност од тоа дали ќе тепаат или не, Санси ќе имаат 20 (21) утакмица, а за да се освои титула минимумот потребен е само 16; Лејкерси со Шек и Коби титулата во 2001 ја освоија по само 17 натпревари - ете зашто Феникс почињаат да издишуваат; - На Феникс им фали само Тејшон Принс за да станат најмрска офанзивно-ориентирана екипа у историја на Лигата; - Далас имаат на секоја позиција по 2 или повеќе солидни алтернативи и фонд на играчи за брза/спора/позициона/ран-енд-ган/зона/пресинг/треп/било каква кошарка, одбрана и напад;

Thursday, June 01, 2006

Стоки...
Детроит се стоки. Онака, мрсни, гадни, одвратни, антикошаркарски стоки. Секој кој го порекнува ова е директен непријател на кошарката. Освен што се стоки и анти-кошаркари, Детроит се и плачипички. Детроит се и кукавици кои најподмолно плескаат, штипат и притоа око не им трепнува. Овој тим не е Motown Bad Boys. Ова се Detroit Pisstones - мочковци и камењари. Детроит не знаат да играат кошарка. Но располагаат со можност за физичка принуда (силување).. Детроит се рекетарски тим. Онака, иде, намерил да те победи, и ти илеџи. Ако играл некој со чичињата у маало, онака, гази на тројка ама си ја брои ко тројка, не дава фаули, не дава аути, ти краде резултат, те мава со топка и ти бара дупла, и на крај те победува на разлика. Детроит се срање. Детроит се гомна. Онакви, гомна, во нијанси од жолто до темно кафеаво, на дното цврсти, со мали дупчиња и семчиња од сусам, понатака се разлеваат и смекнуваат, за да завршат со пења.. и онака СМРДАТ БРЕ ЧОЕЧЕ, ГОМНААААААААААААААА!!! Детроит кога играат одбрана уствари напаѓаат. Штета што се забранети реквизити, иначе, Детроит ќе користеа палици, ножеви, ланци, хебли, можеби штрафцигери?! Чонси Билапс може комотно да иде да бере малини, како би бил покорисен за општеството.. Хамилтон може да цркне, па сите да му викаме РИП.. Тејшаууеееееен Принс е ретарда, пу пу пу, со опрошење на оние кои навистина имаат ментални проблеми. Принс кога игра, зло МИСЛИ. Онака, типот не знае, ама му попуштаат.. не не, тоа е ДЕКАДЕНЦИЈА НА КОШАРКАТА. Рашид нејќам да го коментирам, он колку толку го поштуем. Бен пак, може не само да се опроба во К1 ММА, тукуи и да иде у Ирак и да не се враќа. ЧОВЕКОТ Е ЛОШ ПРИМЕР ЗА КОШАРКАР. Лош реков?! ОДВРАТЕН! ГАДЕН! На копиљаците коа им пуштаат касета од Бен како пуца слободни и како додава топка, онака, почињаат да плачат и викаат „мамо, нејќам баскееет“. Линдзи Хантер пак, е пичка. Онака, игра 5 минути, за тоа време крши 5 руки, прави 5 лични.. онаков, хоштаплер, ко на кванташки, ти вика има тука кило, те гледа у очи и те лаже те прави будала.. Tој па Антонио Мекдајс е стока одвратна онака, на бензиска да работи у жута комбинизонка да пуни бензин и чат пат да си пивнува.. ДЕТРОИТ СЕ СС ДИВИЗИЈАТА НА КОШАРКАТА! ГЕСТАПО! ОД СЕГА ФОРМИРАМ КОАЛИЦИЈА КОЈА ЌЕ ТРЕБИ ПИСТОНС ФАНОВИ! ПАЗЕТЕ СЕ! ЌЕ ВЕ ДИСКРИМИНИРАМЕ!
* * * * *
Мој придонес: -К. (click to enlarge)