eeЗначи, најнов регрут ни е Flight 75, гордиот сопственик на Стритбол блогот (а да средам формалностите па ќе стане и блог member т.е. newser). Башка ја иам честа да се пофалам дека го знам лично ;) Еве го неговото МакНБА сефте:
Како што ветив, еве една подетална анализа на perimeter одбранбените играчи во лигата, т.е. на оние класични стопери коишто важат за “статистички недопирливи”. Ова е еден мал обид да се долови нивниот учинок, а, пред се, нивното непосредно влијание врз играта на кошаркарот кој го чуваат.
Значи, системот е следниот: ги следев учиноците на деветте најдобри perimeter стрелци во НБА во натпреварите во кои се чувани од “најизвиканите” одбранбени играчи во лигата. Тоа се Коби Брајант, Леброн Џејмс, Двејн Вејд, Трејси МекГрејди, Кармело Ентони, Реј Ален, Мајкл Ред, Винс Картер и Пол Пирс.
А, од друга страна, како централни фигури на анализата, се Брус Боуен (заради кого и почна целава работа), Тајшон Принс, Рон Артест, Трентон Хесел, Андреј Кириленко и Андре Игуодала.
Како што реков, во анализата не се вклучени Ален Ајверсон и Гилберт Аренас од стрелците, а кај одбранбените намерно го изоставив Шон Мерион, кој и покрај тоа што важи за добар одбранбен играч, мислам дека во случајов би бил нерепрезентативен поради стилот на игра на Феникс, т.е. големиот број на дадени, но и примени кошеви.
Како прво, најосновните податоци. “Деветте” играчи оваа сезона имаат постигнато вкупно 16 641 поен за комбиниран просек од 27,37 поени по натпревар. Нивниот комбиниран шут од поле е: 5746 погодени од 12752 упатени FG, т.е. точно 45 %.
Е, сега, уште во старт, да направам една корекција на податоците кои ги изнесов како коментар, оние за процентот на шут од поле на стрелците во натпреварите против Боуен. Многу ме зачудија оние бројки до кои оригинално дојдов, некако комплетно беа спротивни на целиот впечаток што го имав стекнато гледајќи го Боуен. Затоа, ги преработив уште еднаш и увидов дека имам направено грешка. Комбинираниот просек на деветте играчи во 21 натпревар против Боуен, точно, е 27,42 ppg, односно Е повисок од општиот просек од 27,37 ppg, ама шутот од поле кажува нешто друго. Не 210 од 451, туку 210 погодени од 488 упатени, односно 43 %, бројка која што, сепак, колку-толку ја потврдува мојата иницијална теза за Боуен.
Со овие 43%, Боуен има најдобар “скор” во категоријата – противнички FG%.
На прв поглед, бројките илустрираат една чудна ситуација.
Од една страна, Кириленко и Артест дозволуваат најмалку поени – 24,9 и 25,4, но со процент на шут од поле многу близок до генералниот од 45 %.
А, од друга, Боуен и Хесел, иако дозволуваат по 27 поени по натпревар, значително влијаат на FG процентот на играчот кој го чуваат. Во оваа смисла, нивните 43 %, се за (големи) 2 % подобри од просекот. Ова само ја потврдува нивната репутација на одлични директни чувари чија главна одлика е доследноста и стабилноста.
Тајшон Принс дозволува OPP FG% од 45,7 % (ПОВИСОК од општиот), но и 26,29 поени по натпревар, податок што сепак може да се релативизира ако се има во предвид општо малиот број на поени што Пистонси му ги дозволуваат на противникот – 89,83. За споредба, Јута, на пример, дозволува 94,7 поени по натпревар, а Сакраменто – 97.
Овие комплексни бројки, сепак, јасно покажуваат едно – Андре Игуодала не заслужува да биде во ова друштво.
Како дополнување, можат да се спомнат и категориите: Украдени Топки и Блокади.
Според украдените топки, најдобар е Артест со 2,26 по натпревар, а солидни се и Игуодала со 1,65 и Кириленко со 1,55. Останатите тројца се под 1.
Кај блокадите, неприкосновен е AK47 со 3,18.
Ова уште еднаш ја потврдува тезата за различните типови на одбранбени играчи. Боуен и Хесел се класични стопери чија главна карактеристика е отежнувањето на работата на стрелците (OPP FG% во прилог на ова).
А, Артест и Кириленко се, пред се, релациски чувари, играчи со одлично чувство за украдена топка или блокада, но не толку квалитетни во директната одбрана.
На ова може да се придодаде и тезата на Karakash, дека кај играчите како Боуен и Хесел се потенцира играта во одбрана затоа што се изразито слаби офанзивци, за разлика од Кириленко или Артест.
Ама, од друга страна, во современата кошарка, стоперот прераснува во значаен role-player, посебно со враќањето на high-scoring трендот. Не треба да се оди подалеку од ланското финале за да се зборува за тоа.
Принс и Боуен се многу битни алки во ШАМПИОНСКИ тимови.
На ваквата анализа би додал уште една категорија која е некаков еквивалент на офанзивната “Scoring Spree”. Toa е класичниот “Shut-down”.
А, како критериум ги земав натпреварите во кои “деветте” биле задржани на 10 или повеќе поени помалку од нивниот PPG.
Како што спомнав во првиот коментар, многу интересен беше фактот дека Брус Боуен ниту еднаш не задржал некого од овие деветмина под 20 поени, иако на неколку мечеви предизвикал катастрофални проценти на шут од поле – 9 од 33 на Коби, 4 од 19 на Ентони и т.н.
Во оваа категорија, интересно, предничи Тајшон Принс со 4 shut-down натпревари – најинтересен е можеби оној последниот против Двејн Вејд – 13 поени со шут 3/15.
На крајот, може да се анализираат и дефанзивните “коњаци”, т.е. кои стрелци највеќе им одговараат на кои дефанзивци.
Најкарактеристични се проблемите кои Леброн Џејмс ги има со Рон Артест – просек од само 19 поени со 31,7 % шут.
Од друга страна, на единствениот меч оваа сезона против Кириленко, Леброн постигна 51 поен.
За спомнување се и просечните 39,5 поени на Брајант во дуелите со Детроит и Принс, но и, на пример, само 38 % шут против Боуен и Сан Антонио.
Кога се во прашање индивидуалните партии, најдобар е Леброн: 51 против Кириленко, 44 против Боуен, 38 против Хесел и т.н.
Учинокот на Коби е: 48 против Игуодала, 43 против Боуен и 40 против Принс.
Тоа е отприлика тоа. Не знам колку со ова придонесов во муабетот за Боуен и компанија.
Ај, да ве чујам!
Shepard: Ја сум без зборови. Озбилно, ваква темелност, мислам методиве.. Свака част друже.