Wednesday, December 28, 2005

Клиперс без ветар во едрата
Се разбудив пред крај на втора четвртина. У тој момент Клиперси губеа 14 разлика. Од она што го видов во продолжение ми стана јасно дека утакмицата се прекршила у првиот дел. Cassel у прво полувреме шутирал со катастрофални 1/12. Имаше само три поена. До крајот на утакмицата ми се чини дека се појави само уште еднаш и тоа кратко. Имал солидни 9 ассистенции,ама даде за 13 поени помалку од стандардот. Кингс, кои играа у жути-ретро дресови, тепаа со 17 разлика и тоа без Abdur-Rahim и без веќе подолго отсутните Пеџа и Wells. Оваа ноќ беше ден на Bibby. Поентираше и од поле и од влезови, а изнуди и неколку два + еден. Растури:) и Kevin Martin. Даде(или поарно дал), за него, неверојатни 20 коша и скокна 8 пути. Од Клиперси за фалење е само Katino Mo(g)bley. Бар од она шо го видов. Он у последните две третини највише се трудеше. Иако Brand даде највеќе кошеви, тој во второто полувреме не се ни виде. Дали даде еден кош. И едно слободно мислам. Последната четвртина беше мачна за гледање. Никој не играше. Може да се издојат само двата бунара на Bred Miller и Mobley. Цепки. И пак од она шо го видов, мислам дека Кингси изиграле добра одбрана у првите две четвртини. Оти у третата(оти само тогаш се играше баскет) се виде дека многу добро ги затворија. Не ми текнува дека Клиперс барем еднаш шутираа од чиста позициија. Освен една контра. И толку! P.S. Шо викате за насловот а? :):):)

Saturday, December 24, 2005

ПОМОШ
Драги читатели, Јас, создавателот на овој блог, барам негде да гледам Лејкерс - Мајами. Знам дека звучам ко џанак што кризира, меѓутоа, ова е едино што ми преостана.. ќе се избањам и нема да ми смрдат чорапите обеќавам.. Ако ништо друго, кажете бар некоја кладилница кај шо ќе може да се глеа.. или која кабелска ќе дава па по тој реон да барам „врски“.. Шепард

Wednesday, December 21, 2005

Коби дал 62 коша за 33 минути!!!!
EDITED BY SHEPARD: НЕ МИ Е ГАЈЛЕ ШО НЕАМ ГЛЕАНО НБА ОД ЛАНИ, НЕ МИ Е ГАЈЛЕ ШО ЕНКО ПИША, ЗА МЕНЕ НА ПЛАНЕТАВА ИМА САМО ЕДЕН БОГ, НЕГОВОТО ИМЕ Е КОБИ БРАЈАНТ. АЈДЕ СИТЕ ДА СЕ ПОКЛОНИТЕ. Будалава убацил 62 (шеесетидва) коша за само три четвртини. Претходниот рекорд му беше 56 коша за една утакмица. Си седнал на клупа у трета четвртина на резултат од 91-61, што ќе рече дека у тој момент имал више кошеви од целиот тим на Далас. Wow!
У првата четвртина дал 15, во втората 17 и во третата неверојатни 30 поена. Погодил 18 од 31 шут (од кои 4 тројки од 10 обиди) и дал 22 од 25-те слободни. Будала! Тоа што Фил не му дал да изигра уште една четвртина го спасило рекордот на Elgin Baylor од 71 кош, кој ги постигнал 1960 година против Никси. Штета што сум ја пропуштил утакмицата!

Monday, December 12, 2005

Ракавицата напука бројки
Во петокот, во поразот од Денвер, плејот на Мајами стана единствениот активен играч во Лигата со 1000 утакмици со над 10 поени. Со Денвер постигна 13 за 38 минути. Доволно да направи мајлстоун. Инфово онака, ни клизна, па док не е казно да честитаме.

Sunday, December 11, 2005

Опроштење
Jас како основач на блогов, стварно ми е мака, кога немам за што да пишам. Верујте дека отварам ворд.. и така.. заеби си викам, не иде. Едино да фатам ретро.. што и ќе биде. Последна утакмица која ја имам гледано е Сан Антонио - Детроит, седмата од ланското финале. Така да, дури не сум ни стручен да какам за Лигата повеќе. И знам дека темплејтот зеза. Работам у моментов. Инаку, можда е контрадикторно, ама посетите растат :) Имаме однос на прочитани вести према кликови од 7,3 : 1. Исто така, официјално добредојде за Двр Будр, и уште еден повик за сите што мислат дека имаат нешто што може да се објави нека пратат мејл на maknba@gmail.com. UPDATE: Темплејтот е среден, банерот на барање на оние со поспора конекција и помала резолуција го смалив, и забораив прееска. Еве го моето ливче у кладилница: Минесота 0 - 7 Лејкерс - 2 (1.85) - навијачки, ама и логички - Лејкерси пркнаа, Минесота имаат исто 4 по ред, ама тука вуците паѓаат.. Вашингтон - Чикаго (без х.) - 2 (2.00) - некако ги осеќам Булси.. задњата ја потфрлија со Лејкерс, ама против источен тим лакше е.. Сиетл - Сакраменто (без х.) - 2 (2.10) - дрва се Кингси ама не губат 6-та по ред Милвоки - Кливленд (без х.) - 1 (1.85) - Бакси пркнаа, Кавси паднаа, нека иде опет така У моментов, Чикаго води у трета четвртина, а у прва Лејкерс губат 9 од Вулвси.. океј де, може до 7 разлика да тепа Минесота :) ѕлог 50, потенцијална добивка 719 (онака де :) )

Saturday, December 10, 2005

Пистонсн ги скубурија Вориорсн
На почетокот јас, Dwr Budr, сакам да им се заблагодарам на домаќините на блогот , почитуваните NBA-news ветерани Shepard и Karakash, што ми дозволија да пишувам на NBA Macedonia; и ја користам приликава да ги поздравам нив и нивниот блог и да си посакаме успешна соработка.:)
У еден не толку добар натпревар, Pistons-n ги победија Warriors-n со 106:103. Поголем дел, ако не и цело време, од утамицата водеа Golden State. Али на крајот тесно ама лесно победија Детроит . Највише кошова даде Јason Richardson, 36, арно ама клиповите имаа тројца играчи (Richard Hamilton, Rasheed Wallace и Chauncey Billups) со над 20 поена, шо на крајот испадна и пресудно. Првата четвртина почна и заврши во стилот "ќе ви дадеме кош, а вие ќе вратите, па ние ќе промашиме; тогаш вие поентирате, ама за тоа у наредни два напада ние ви даваме коша, додека вие нам не". И така до 25 : 27, за Warriors. Едина занимливост за издвајање е еднорукиот-цепелин на Tayshaun Prince по додавање на Hamilton.
Наредната четвртина беше навистина лоша. И двата тима се убија од промашување, што не може да се препише на не знам - каквата одбрана од двата тима. Повеќе може да се каже дека лошо играа. Најинтересни моменти беа: бананата на Troy Marfy (на типов многу би му личела улога у некоја холивудска комедија) врз Rasheed и sprite-от на Foyle кога за некое чудо се најде сам под кошот. Светла тачка у втората четвртина беше буда - ветеранот Derek Fisher. Фраеров си изнуди едно три - четири лични грешки врз него, а и си погоди неколку од оние неговите, педерски, скок-шутa од такозваната полудистанца. Го заврши полувремето со 13 поени и со пун-кадар од ТВ-камерата. Иначе на полувремето најефикасен беше Richardson, кој константно, неприметливо си даваше поенчиња.
По одморот вероватно добро се одморија играчите, па така си гледавме боља кошарка. У оваа четвртина Warriors-n се одлепија до најголемата разлика од 6 поени. Така остана и по едно тројка - шоу приредено од Mike Dunleavy, Billups и Hamilton. Прво Billups пуцна тројка, па Dunleavy врати; во наредниот напад тројка стаи и Hamilton по шо шизикот - плукнат на тато врати пак со тројка. Е сеа, ко шо стално се дешава, two-in-a-row фраеров се залета да даде тројка од 200 метра (некаде оклоу 9 - уствари) и пак ко шо стално се дешава - си промаши... Во третиот период се разигра и Barron Davis. Направи два пути по 2+1, нормално со акробации, но еднаш и sprite-ираше. Pstons-n си играа стандарно полека и секој од нив си даваше по некое пoенче. Атрактивен момент имаше на почетокот на четвртината, кога Hаmailton промаши положување а Ben од одбојка:) ја закуца. Решавачката четвртина понуди прав баскет. Pistons-n почнаа со 4/7 од игра а додека Warriors-n so 0/5. Така на осум минути пред крај беше 84:84. Во последните осум минути се разиграа и двата тима, до крајот на утакмицата дадоа вкупно 41 поен. Збесна Richadson! Гаѓаше се, тројки, скок-шут двојки, акробации и една куцанка. И после секој кош гордо се намрштуваше. Али забавата му ја заебаа Wallace и Bilups. Посебно Rashead. Шупакот се разигра, пуцаше хороци и свртувања , скокаше у одбрана, изнуди прекршок и украде една топка под својот кош, по што Bilups положи у напад. Мислам дека токму тој момент, наредниот влез со кош на Cahuncey и скок-шутот од свртување на Prince, ги решија Golden State. Потоа следуваше и тројка на Richardson и фаули за Pistons-n, но Bilups, не згреши во слободните фрлања. На крајот Fisher спука еден проектил од своја половина, топката удри у обрач али не влезе. Не успеа да изедначи.
Вака Pistons-n си ја продолжија серијата од победи и сега имаат 5 по ред, а Golden States-n првпат сезонава доживеаа два пораза по ред.
...а ти го напиша првиот МАКНБА пост. Честито губење невиност, не болеше, нели? И мене не ми беше нешто посебно интересна утакмицата, али беше многу боља од некои други кои ги даваа неделава. Детроит се ѕверови, тоа и го пишав порано. Ќе се мотаат у игра се до задњите пет-шест минути, кога ќе убацат у 18-та брзина и смирено, лагано ќе си победат. Него, и судиите синоча им помагаа. Ти текнуе на 3 кораци на Шид у финиш, кога судиите свиера фаул на него и две слободни, а не кораци. Тука завршија работа. - Каракаш