На почетокот јас, Dwr Budr, сакам да им се заблагодарам на домаќините на блогот , почитуваните NBA-news ветерани Shepard и Karakash, што ми дозволија да пишувам на NBA Macedonia; и ја користам приликава да ги поздравам нив и нивниот блог и да си посакаме успешна соработка.:)
У еден не толку добар натпревар, Pistons-n ги победија Warriors-n со 106:103. Поголем дел, ако не и цело време, од утамицата водеа Golden State. Али на крајот тесно ама лесно победија Детроит . Највише кошова даде Јason Richardson, 36, арно ама клиповите имаа тројца играчи (Richard Hamilton, Rasheed Wallace и Chauncey Billups) со над 20 поена, шо на крајот испадна и пресудно.
Првата четвртина почна и заврши во стилот "ќе ви дадеме кош, а вие ќе вратите, па ние ќе промашиме; тогаш вие поентирате, ама за тоа у наредни два напада ние ви даваме коша, додека вие нам не". И така до 25 : 27, за Warriors. Едина занимливост за издвајање е еднорукиот-цепелин на Tayshaun Prince по додавање на Hamilton.
Наредната четвртина беше навистина лоша. И двата тима се убија од промашување, што не може да се препише на не знам - каквата одбрана од двата тима. Повеќе може да се каже дека лошо играа. Најинтересни моменти беа: бананата на Troy Marfy (на типов многу би му личела улога у некоја холивудска комедија) врз Rasheed и sprite-от на Foyle кога за некое чудо се најде сам под кошот. Светла тачка у втората четвртина беше буда - ветеранот Derek Fisher. Фраеров си изнуди едно три - четири лични грешки врз него, а и си погоди неколку од оние неговите, педерски, скок-шутa од такозваната полудистанца. Го заврши полувремето со 13 поени и со пун-кадар од ТВ-камерата. Иначе на полувремето најефикасен беше Richardson, кој константно, неприметливо си даваше поенчиња.
По одморот вероватно добро се одморија играчите, па така си гледавме боља кошарка. У оваа четвртина Warriors-n се одлепија до најголемата разлика од 6 поени. Така остана и по едно тројка - шоу приредено од Mike Dunleavy, Billups и Hamilton. Прво Billups пуцна тројка, па Dunleavy врати; во наредниот напад тројка стаи и Hamilton по шо шизикот - плукнат на тато врати пак со тројка. Е сеа, ко шо стално се дешава, two-in-a-row фраеров се залета да даде тројка од 200 метра (некаде оклоу 9 - уствари) и пак ко шо стално се дешава - си промаши...
Во третиот период се разигра и Barron Davis. Направи два пути по 2+1, нормално со акробации, но еднаш и sprite-ираше. Pstons-n си играа стандарно полека и секој од нив си даваше по некое пoенче. Атрактивен момент имаше на почетокот на четвртината, кога Hаmailton промаши положување а Ben од одбојка:) ја закуца.
Решавачката четвртина понуди прав баскет. Pistons-n почнаа со 4/7 од игра а додека Warriors-n so 0/5. Така на осум минути пред крај беше 84:84. Во последните осум минути се разиграа и двата тима, до крајот на утакмицата дадоа вкупно 41 поен. Збесна Richadson! Гаѓаше се, тројки, скок-шут двојки, акробации и една куцанка. И после секој кош гордо се намрштуваше. Али забавата му ја заебаа Wallace и Bilups. Посебно Rashead. Шупакот се разигра, пуцаше хороци и свртувања , скокаше у одбрана, изнуди прекршок и украде една топка под својот кош, по што Bilups положи у напад. Мислам дека токму тој момент, наредниот влез со кош на Cahuncey и скок-шутот од свртување на Prince, ги решија Golden State. Потоа следуваше и тројка на Richardson и фаули за Pistons-n, но Bilups, не згреши во слободните фрлања. На крајот Fisher спука еден проектил од своја половина, топката удри у обрач али не влезе. Не успеа да изедначи.
Вака Pistons-n си ја продолжија серијата од победи и сега имаат 5 по ред, а Golden States-n првпат сезонава доживеаа два пораза по ред.
...а ти го напиша првиот МАКНБА пост. Честито губење невиност, не болеше, нели?
И мене не ми беше нешто посебно интересна утакмицата, али беше многу боља од некои други кои ги даваа неделава. Детроит се ѕверови, тоа и го пишав порано. Ќе се мотаат у игра се до задњите пет-шест минути, кога ќе убацат у 18-та брзина и смирено, лагано ќе си победат.
Него, и судиите синоча им помагаа. Ти текнуе на 3 кораци на Шид у финиш, кога судиите свиера фаул на него и две слободни, а не кораци. Тука завршија работа. - Каракаш