Monday, October 30, 2006

Retro Monday: Red Auerbach Tribute.....(и Масони)
R.I.P big Red. Ние се справуваме со хакерски упади од страна на Масоните, при што ете, така.. тоа. Стрпете се до утре, ве чека жешко изненадување. До тогаш читајте не и коментирајте вака, у овој сејф моуд. А од утре попладне, ако Масоните дозволат, ќе ви презентираме нешто ново, а ќе бидат и најавите за трите дивизии од Западот... Маму им масонску! - од Куќниот Совет
Еве и интервју со Ред Оербах, вкупно околу 35 минути.
За да се долови со каква страхопочит према Ред гледале неговите играчи, еве дел од неговите quotes, кои се стандарден дел од вокабуларот на секој тренер..
  • An acre of performance is worth a whole world of promise.
  • Basketball is like war in that offensive weapons are developed first, and it always takes a while for the defense to catch up.
  • He who believes in nobody knows that he himself is not to be trusted.
  • Just do what you do best.
  • Natural abilities are like natural plants; they need pruning by study.
  • The best way to forget ones self is to look at the world with attention and love.
  • The commercial class has always mistrusted verbal brilliancy and wit, deeming such qualities, perhaps with some justice, frivolous and unprofitable.
  • The only correct actions are those that demand no explanation and no apology.
  • To a father, when a child dies, the future dies; to a child when a parent dies, the past dies.
Со неговата смрт, се роди митот! Вечна му слава!

Sunday, October 22, 2006

Northwest целосно привју
Северозападот е најмрската, убедливо најмрската дивизија за оваа година. Бидејќи нивната антипатичност оди до таму да не можам ниту да се сетам кои тимови играа во оваа дивизија, решив со еден удар тие неколку муви да ги сотреме и да се препуштиме на метафизичкиот пост на Флајт за Голден Стејт кој со нетрпение го очекуваме, како и привјуто на Бетомир за Њу Џерси, а можеби и Ивица конечно ќе се приземји од фантазиите и ќе чкртне нешто за де-бен-волис-ираните Пистонси. Би почнал со Сиетл Сони (кс) Плејстејшн.
Слика бр. 1: Роберт Свифт
На хартија Сиетл има потенцијал. Лук Риднор и Ерл Вотсон на кец, Реј Ален и замена му Карим Раш, Рашад Луис, Крис Вилкокс и подивениот Роберт Свифт. Звучи ко солидна екипа која знае да пружи пеколна одбрана, имаат powerhouse у рекет у Вилкокс (и Фортсон на клупа), опасни од надвор, и сл. Башка се отарасија од Радмановиќ (ама не знаат дека у Лејкерс ќе стане единствениот европеец подобар од Новицки). Но во пракса, Сиетл ќе бидат ништо подобри од лани. Еве и зашто.
Слика бр. 2: Реј Сидарта
Реј Ален западнал во Нирвана, како што може да се види од слика 2. Во Сиетл! Крист Новоселич вода да му носи. Сликата имплицитно ни кажува дека во себе Реј доживува едно спинување на вредностите; како материјалното полека попушта пред духовното; а возвишеноста пред борбеноста. Освен што може да се очекува Реј да медитира на утакмици, сосем изгледно е дека неговата посветеност на теренот полека ќе почнува да бледнее.. Шо значи, тим, на кој клучниот играч (не го спомињајте Луис, он никогаш нема да биде лидер, ноу метер хау гуд хи ис), е во години, и полека го губи дражот (по кој го памтиме у Милвоки), нема шанси за просперитет. Пириод. Ондак По(р)тланд.
Слика бр. 3: Портланд
Након то Јута.
Слика бр. 4: Јута, дефинитивно не е Џез, џезот е у Универзална
За Минесота ШумскиВуци може да се изразиме и со збор: Қазақстан (Қазақстан Республикасы) — Еуразия құрылыпының қақ ортасында орналасқан мемлекет. Солтүстігінде Ресей Федерациясымен (6 467 км), оңтүстігінде Түрікменстан (380 км), Өзбекстан (2 300 км) және Қырғыз (980 км) республикаларымен, шығысында Қытаймен (1 460 км) шектеседі, батыста Каспий теңізімен, оңтүстікте Арал теңізімен шайылады. Жер көлемі — 2717,3 мың шаршы километр. Жұрт саны 15301,4 мың (2006 шілде 1). Оның 9 008,0 мың немесе 58,9 % қазақтар құрайды. Республикада 131 ұлт пен ұлыстың өкілдері тұрады. Елордасы — Астана қаласы. Әкімшілік жағынан 14 облысқа бөлінеді. Мемлекеттік тілі — қазақ тілі. Е сега, останува за Денвер уште, ама ај може они у посебен пост попосле.

Tuesday, October 17, 2006

Нежноќа
Warning: ЕНКО, САМО АКО СИ ГО ФАЌАЛ ПОСТОВ!
Сликовитост
Ова се сликите кои ги ветив а не бев у можност да ги ставам (ради јебената конекција) у постот за Најсериозниот кандидат за титулата 2006/2007.
Ребрендирање Мала реминисценција / голем играчина Џек Николсон влезе у игра [лоша монтажа]

Monday, October 16, 2006

Работен наслов: Лејкерс
Лос Анџелес Лејкерс и искуствата со меѓународната заедница од аспект на консоцијативните наспроти методи на непосредна интеграција на играчите на теренот
Оваа година најсериозниот кандидат за освојување на тронот е тимот кој што го обележа доаѓањето на дваесет-и-првиот век во Лигата, предводен од играчот кој ги помести границите на возможното нагоре по ипсилон оската, притоа без никаков отклон на икс-от; математиката е многу едноставна: оваа година Коби ќе пружи три пати подобра игра од лани (8*3=24). Дека Лејкерси се најдобри потврдува и фактот што потпишаа договор и со Влад Радмановиќ, кој во моментов е можеби единствениот европски играч подобар од Дирк Новицки. Очекувам да биде одличен сапорт кест за Коби, постојана закана од дистанца, полудистанца, рекет и под кош. Годинава редно е да пркне и Ендру Бонукс а.к.а Линукс, кој како што знаеме, е најперспективниот играч во Лигата. Квами Браун би требало да биде на ниво, исто како и Џордан Фармар Џордан и Рони Тартуф. Грузиецот Шамонд Вилијамс е у тимот, исто така. Лејкерси оваа година имаат потенцијал да јуришаат на рекордот на Чикаго (72-10). Сигурен сум дека Коби нема да ја испушти шансата за такво нешто. Во плејофот, очекувам да го соборат сопствениот рекорд и без пораз да дојдат до прстењата. Е сега, можеби и нешто ќе заглиба по пат, но ова погоре беше најобјективната анализа за претстојната година на Л.А.Л.
(После ова Шепард се буди и продолжува...) - К.
* * * * *
Инаку, не ја исклучувам можноста повторно да бидат некаде на средината на Запад како што беше тоа лани, во трка за местото бр. 8 или евентуално 7; и да заглибат во плејофот со некој прилично силен тим од Тексас или сл. Да не прогнозирам резултатски – очекувам бар малце повеќе хемија откако костурот на екипата се здоби со заедничко искуство лани; Л.О би требало да пркне малку повеќе во улогата на плеј-форвард, пошто ќе има потпора во Радман при борбата под обрачите (а и Мим се надевам ќе биде во форма, и Квами ќе повтори некои од партиите со Феникс и од крајот на прошлата сезона). Смуш прв пат се најде себе си во еден НБА тим, па тоа би можело да го стимулира уште повеќе да се залага (со Коби можат да бидат една од најбрзите предни линии во Лигата). Одбраната не смее да штима ко лани; односно мора од старт да се наметне љутиот притисок шо им го наметнаа на Феникс.. и да не го дрвам. Што се однесува до Коби, освен што е апсолутно најквалитетниот индивидуален играч (сеа више не се зезам), има неколку момента што мора да се земат в предвид: новиот број може да повлече и негов нов идентитет (човекот што ќе ги жртвува своите прекубројни обиди од поле на сметка на тимската игра) Коби влегува во најзрелите години (за конвенционален играч, сеа тука резерва мора да се има :) ) и би требало да стане „херој-на-четврта-четвртина“ уместо човекот што дава по 80 поена, да ја рационалира играта (што е у корелација со претходната точка) разно. Најголема слабост на Лејкерси и оваа сезона е промајата у рекет, која хронично им дува откако Шекил замина. Тоа не е тим кој е замислив без тежок центар, или еве у 21 век, без доминантен и снажен висок играч (пошто центри више нема). Едноставно, Квами не може да биде тоа, а ни Бонукс, нит Тартуф, нити Мим. Л.О е премногу софт за таква улога, апла се гледа дека не го бива да игра четворка, а другите не доаѓаат ни у предвид. Шамонд Вилијамс може да изненади, никогаш не се знае со Фил особено кога се работи за кецовите (под негова палка еден Рон Харпер или па Дерек Фишер станаа фактори). Од секогаш имал потенцијал, ама останувало на тоа. Ај може ќе му се посреќи. Сепак, нити Шамонд, нити стварно брзиот и флексибилен Смуш, не се достојни плејови за тим кој има некакви аспирации. Лук Волтон и Брајан Кук се оставтишната.. не ми се збори. Вујачич.. пфффффт.. Арон Мекки Болесникот.. Мамаду Н`дјае.. Девин Грин.. Данило Пинок.. Морис Еванс.. ќе видиме, прво кој ќе остане, а после кој ќе пружи нешто. Сепак, мислам дека ќе биде тешко и горко.

Saturday, September 30, 2006

Таксират!
„На сета моја елоквентност можам да кажам само.. голема трагедија..“ Трагедија, како за кошарката воопшто, така и за целата забавна индустрија.. Раскин од апокалиптични димензии.. Може да се очекува повторно дрмање на цените на нафтата, нови протести во Франција.. ЛеПен и другарите трљаат раце.. Тони веќе не е Лонгорија.. иако Заза и натаму е Пачулија.. Ева и Тони.. у прешкртано срце.. рана ми се отвори.. Сан Антонио веќе не се Спарси.. ни Данкан не е Робот.. ни Поп не знае што да каже.. сите се забезекнати.. Тешко и горко..

Saturday, September 23, 2006

Еден клип - солзи од смеење!
Песнава е иначе дел од некоја кампања против дрогата..

Monday, September 18, 2006

Летечи (не тој) се враќа!
Баш пред некоја вечер кај мене тука на клупи, криејќи се од Алфите паднавме на муабет. Му викам : „До кај си бе брат? Ја еве 10 кила скинав летово. Уште 10 и топ сум.“ Он мртов озбилен ми вика „ај бе не сери, дај вамо..“ И ете нешо денес ми се јавуе, вика, види весник.. И шо да видам! После тоа сабајлето, ја не можев да станам, он право на тренинг отишол.

Friday, September 08, 2006

Пост из мрскотије
Вие смејте се - ама него не му е до смеење - мора на операција и ќе паузира накај 3 месеца
Пошто фати период на фудбал; патриотско-капиталистички прослави и почеток на школска година, NBA Macedonia западна у мал лаг.. Сепак, еве малце рандом: - The Basketball Jones [тој будалиот тип со плеј-бај-плеј постот за САД - Грција], пишува кирилица :) - Следнава сезона Џумејн Џонс ќе има просек од 19 поена, 7 скока и 6 асистенции по натпревар, пошто потпиша за Феникс, пред недела дена. Јас не обраќав многу пажња на тоа, ама оваквото сознание го добив откако го прочитав неговиот профил на Хупсхајп кој гласи вака: Able to play both forward positions... Explosive... Great in the open court... Has three-point shooting range... Very effective shooting from the corner... Pretty good rebounder... Tenacious defender... Should drive to the basket more often... An underrated player.. E сеа, имајќи у предвид дека Неш од гумени чизми праи чамец (К-15), кузнае шо ќе напраи од Џумејн.. (се разбира, се зезам, овие од Хупсхајп не се арни чим ваков профил избациле). - Дејвид Весли потпиша за Кливленд и ќе му конкурира на ЛеБронз во категорија за најбољи бицепс. Иначе тој Дејвид Весли е жив малер - учествуваше у сообраќајката во која почина Боби Филс; у Њу Орлеанс рече „после мене потоп“ (и би потоп); а Хјустон лани ги изгуби и ТиМек и Јаоза.. ова онака, процедурално. Ете сеа го потпишале и Џејкобсен (Хјустон, кои ги фати „после Весли потоп“ синдромот). - Коби на својата турнеја у Азија (види го фотово на Јеј) се изјасни за репрезентацијата: “Years playing together will jell us as a unit, [but] if there is no chemistry, it’s going to be tough to beat all those talented teams.” - Конечно Енко може да биде среќен: Доминик, заедно со Баркли и Думарс е у Хол оф Фејм. Сеа ваљда не е више Шејм, можда само Лејм. - Пејтон ќе игра уште една година у Мајами. И Зо претходно потпиша за уште една година. И залижаниот исто. Ја чисто сумњам у нивен бек-ту-бек. - Софоклис можда ќе игра у Клиперс (они ги имаат драфт правата, а договорот му кошта пола милион.. можда не сака да биде замена за Бренд, кого го отвори два прста на Свецкото.. еве едно клипче* за потсетување: * - со многу грда музика

Tuesday, September 05, 2006

Retro Monday + Свецко из оувер
Ај прво за Светското.. Без многу желба го пишувам ова (да имав желба уште вчера ќе пишев). Во натпревар на најлошото од Медитеранот, Шпанците без Гасол станаа Грци и ги победија Грците, кои станаа Срби после победата над Америката. Иако на хартија Шпанците без Гасол беа малтене отпишани - сепак, се знаеше дека во натпреварот ќе влезат гладни за победа, особено после мачното полуфинале со Аргентина. Она што ме разочара беа Грците, кои духот како да го оставиле во сиртакито претходната вечер, а згора на се` промашуваа све што можеа да промашат. На крајот излезе дебакл. Тоа е. А сега, да се запази чудната традиција (која ја почна Енко). Секој втор понеделник ретро клипче.. (иако сега е вторник, ја се понашам ко да е понеделник). Нели е ретро во права смисла на зборот?! :) Stay Tuned, We'll Be Back For More. Sponsored by Geeks go Greek..

Friday, September 01, 2006

Е-Лада и Е-спања(ќ)

Пред да почнам еве едно стрипче од Јеј..

А еве и цитат од момакот MJD кој со Д Кавалир од Јеј се кладеше и доби 100 долари (за курва :) ) дека САД нема да освојат злато:

[...] Somewhere, Ben Wallace, Jermaine O’Neal, Paul Pierce, Michael Finley, and George Karl are sitting around thinking, “Ah, screw you guys.” After the 6th place finish in the 2002 World Championships, they, and the rest of Team USA’s roster, were called selfish, lazy, and everything else you can think of. You know, maybe they tried their best, and everyone else was just better. You’ve just gotta give it up for the Grecians. They were extremely deep, extremely sound in the fundamentals, and just very very good at what they do. In terms of sheer athleticism, if the United States is a 100 on a scale of 0-to-100, then Greece is still like a 58. But they know what they’re doing. They can ball. How many times last night did they bring a guy in, ice cold off the bench, and then see him make a perfect play to get a lay-up? It was beautiful. It really was. And it made our game look ugly. [Break Out The Olive Oil]
Цел ден го смислувам почетокот на постов; колку и да ви се чини едноставно, не е – али ај да се опробам – САД се елиминирани, Грција оди во финале.

Она што се случи денес во Саитама беше победа на старошколска европска кошарка, против она што многумина го нарекуваа New Age Dream Team Basketball.

Пред околу година дена, на големо серев за разликата во квалитет меѓу европската и американската кошарка; за разликата во класи меѓу играчите; за тоа како Американците се „гледливи“, додека од Европејците, нарочито тогаш тазе крунисаните шампиони, Грците, ми се повраќа.

Грците денес беа одвратни за гледање само од следниве причини:

  • ако сте Американец
  • ако сте туриле пари на САД во кладилница
  • ако сте напален „патриот“ и мислите дека кошаркарите имаат врска со проблемите со името, ембаргата и тн.

Уствари, како победи „маншафтот“ (ова има повеќе разлози, еден нека биде баварското зачнување на современа Грција, друго нека биде влијанието на Рехагел врз целокупниот развој на грчкиот спорт, односно наметнувањето на германскиот менталитет и инает):

  • Имаа баш powerhouse во рекетот – младиот вепар Софоклис Скордијанидис (или како и да се чита). Софокле им наби комплекс (можда и Едипов) на Бренд, Хауард, Бош и LeBronze со својата снага, јачина, интелигенција и репертоар на потези за кои пола центри у Лигата би можеле да сањаат. Хорогче, положуење, финта шутче, улаз, отсвртување..
  • Тео Папалукас – момакот подели 12 асистенции, од кои бар 8 беа после онаква најбазична игра 2-на-2 со отварање. Тоа не е ништо нарочито - се учи у секоја кошаркарска школа. Така се игра у секое маало; стално доваѓаат двајца другари на кош, едниот покрупен и појак, другиот попокретен и поспретен, и крупниот му праи блок на овој другиов, и се отвара, при што прва опција на тој покретниот е да му ја спушти у рекет на дебелиот. Тој „покретниот“, најчесто беше Папалукас, и им одржа мала школа.
  • Блокови без топка – исто така имаше повеќе пати ситуација на изведување од страна или доле; да се примени фамозната тактика 1-2-2; која нема потреба да напоменувам дека се учи у секоја баскет школа и која е основа за сите натамошни тактики.. побогу, оној фаул-кошот на некој, не ми текиња кој, беше истото школско движење што го играат копиљаците јуниорска лига шо гаќиците им се 5 броја поголеми и им се влечат по земја.
  • Уиграноста и искуството – како што Енко вели, Грците се мање-више заедно од момчешки дани, заедно играле по кадетски репрезентации, заедно иделе у војска, заедно иделе по дискотеки, јадрото на репрезентацијата се „гаи“ веќе неколку години заедно.. едноставно, се ЗНААТ и знаат како да играат ЗАЕДНО. Тука се и ним својствените инает, луда муда, лукавост и на моменти дрскост за да сторат се` што е во нивни раце и да си го земат она што им се нуди.. а ако нема ништо на готово, ондак идат и го корнат со зуби.
  • А како изгуби Дрим Тимот:
  • Одбрана срање. Кое е тоа играње пресинг без мафтање руки. Вејд и ЛеБронз беа најочигледни примери за тоа – вејд го брка спанулис по цел терен, и не му изнуди ниедна грешка (дали лична, чекори, дупла, 8 секунди, лош пас, не е битно). Напротив, направи пар глупи лични у последна четвртина од шо не знае да игра одбрана.
  • „Стратешките пропусти“ на К. Зашто кога цел свет збореше дека Грците го цедат семафорот за напад, дека имаат спремни акции за 20/10/5 секунди до крај на напад.. он реши да ги трча неговите у напад. А против Грција, погубно е да трчаш. Против Грција се игра шах (она што го критикував лани, а сеа му се дивам, затоа што гледам дека не секој е способен да игра шах – затоа што за шах треба ум).
  • „Кадровската политика“ на К. Зашто не го форсираше Хауард, не ми е јасно. Дури и допушти во периодот кога се играше без центри, кога Јанакис го вметна Софоклис, него да го чува ЛеБронз (?!), па му правеа глупи фаули, од кои најпогубен беше неспортскиот на Хинрич.. овај Хајнрих :) и зашто не проба со Џејмисон да одговори на Фоцис, Какиузис и ним сличните високи-а-подвижни крила кои ги ребреа од полудистанца и од рекет..
  • Изгубеноста на Вејд и ЛеБронз (тука влагаат и Пол и Батие и Бош, он поише ради летаргијата него глупоќата). Абе глупи се, не знам, иде ЛеБронз на 16 секунди до крај, куца од слободно со две раце, ѕверски, на минус шест разлика?! Вејд утиња куцање, утиња слободни, утиња све.. па уште тие циничните фаци.. е глупи се стварно, она фундаментално глупи, цел свет да те глеа како се посеруеш на нечив труд. Кога К. беше доволно лековерен да им даде доверба, зашто бе не се покажаа.. уште не ми е јасно.
  • Тоа што од многу теретани, стероиди, тетовирања, сликање, стегачи, плетенки, брадички, патики, чорапи, музики, и шо ти ја знам немале време да повежбаат слободни бацања (па у маало на АМЕРИКАНКА да ми дојдат ќе изгубат со такво пуцање слободни од бедни 58%.. и сеа уствари не знам зашто се вика „Американка“ коа Америте не знаат да пуцаат слободни).. и ради ебаните утнати 20 тројки.

Денес, Американците беа послаб противник.

А тоа што се деси на Аргентина – Шпанија, иако беше крајно драматично, мене ми е у втор план. Џинобили, Носиони и другарите по јакиот почеток, ми делуваа некако „неинспирирани“, ко да играа ради реда, цело време се осеќаше „можеме да ги стасаме ако сакаме“, и кон крајот полека почнаа да се освестуваат, али за жал фрката и изгубениот осет за тесни утакмици (со оглед на тоа што исклаа скоро све по 50 разлика, на другите пак водеа цело време), изгубениот осет за играње под притисок при негатива, си го направија своето.. значи, иако Гасол и другарите изиграа солидно, мојот впечаток е дека Аргентина изгуби повеќе отколку што Матадорите победија.

UPDATE [links]: Патетични Амери се тешат дека ко ќе го викнеле Шек у екипа ќе тепаат на Олимпијада

Баскетбол Џонс, има цимер Грк и праи пренос у живо на блогче [МОРА ДА СЕ ВИДИ!!!]

Мои фаворити од Џонс:

  • Starting 5 for USA: Anthony, Joe Johnson, Brand, LeBron and Hinrich. As for Greece:? Um, I’m not writing that down. Just imagine a lot of l’s, o’s, and u’s…
  • Heavy Greek support in the crowd, banners all the way down. When will the NBA start doing this?
  • Hairy Greek man with a beard for 3! Early on its 13, 12 USA. (And I can’t stress the word “early” enough. *Chugs coffee*)
  • Greece hits another 3! What the “Hellas” going on!? (Oh man, I was saving that one.) Greece up 12.
  • Grish (цимерот Грк): “Break out the Ouzo, baby!”
  • Seriously, how do you say “pick and roll” in Greek? Delta Phi Sigma?
  • OPA! It’s over. 101-95 Greece. Somewhere in the world Kobe Bryant is smiling…
  • и у коментари следи:
  • Tas Melas just broke all the plates in his house. (другар му грк - умрев од смеење)
  • i, too, made the mistake of staying up to watch this embarassment…i had nightmares of balki bartakamos and cousin larry smoking me with the pick-and-roll all night last night (балки бартакамос ааааа)

Клик тука за пуна порција смешки

τελικός
Папалукас и Спанулис, ѓоа Ахил и Патрокло
Зорба слави победа Toυς ΞΕΦΤΙΛΗΣΑΜΕ!!! 100άρα στους ΑΜΕΡΙΚΑΝΟΥΣ!!!!
Се јави и Енко, со мини-текстче од лице место (не од Јапан, од Грчка)
Сиртаки (blogging from Greece)Шекил?!
Овде е лудница. Грциве се убија од викање. Има и зошто. Уште еден доказ дека колективот е увек на прво место. И долгото играње заедно. И искуството. Не заборавајте дека Грциве, како и Шпанците и Аргентинците се заедно од коа играле баскет у маало. Пред зграда. Мислев дека ќе ми биде мрско, ама не ми е. Софокли е ѕвер. Америте се млади, има време за нив. Се ми се врти низ глава како ќе беше да играше стварно најдобрата комбинација на NBA играчи, а не „new kids on the block“. Нејсе, отидов, почнаа да делат гратис суфлаки. Ако, само у финале нека изедат СУФКАКИ и се` ќе биде ОК. Go, Argentina! Моите впечатоци подоцна.