Wednesday, February 15, 2006

Радман за Вилкокс
Лоша слика, ама морав да ја постирам. Не можев да најдам поарни резолуции :( Они се, гарантирам. Двајца underacheaver-и си ги сменија дресовите. Сиетл конечно се отарасија од депресивниот Радман кој сигурно ќе се уклопи у Клиперси на кои им иде оваа сезона, а добија на inside presence во легендарниот играч на Мериленд (со нив беше шампион у 2002) па може сега конечно ќе пркне у право НБА светло, а и ќе добие арна минутажа, за да покаже што знае. Добар потег за двете страни, особено што договорот на Радман летоска ќе истече па ако у меѓувреме пак почне да цвика, нема многу да имаат за мислење кај Клиперси. Иначе, коа сме кај Клиперси, синоќа го изедоа 30 разлика од Хјустон - Елтон Бренд фатил цели 2 скока. ------------------------------------------------------------------------------------------------------------- Добар потег и за двата тима, кои ги трампаа двајцата играчи кои мрчеа за мала минутажа и кои и онака ова лето ќе си отидеа со што клубовите немаше да добијат ништо за нив. Вака, и Радман и Вилкокс ќе имаат шанса да се докажат у новите средини, кои се баш тенки со играчи од нивне профил. Кој поминал боље ќе видиме до крај на сезонава или па следната, али претпоставувам дека и двајцата ќе бидат солидни на почеток. Мада, познавајќи го Радман и вечниот негов карактер на бунтовник без причина, не ме чуди после некое време да почне да мрчи како има малце топки за него. Барем на старт ќе го играат, пред се поради неиграњето на Кори, но кога тој ќе се врати, Владо ќе мора да си ги среди бубачките. Како и да, ако Клиперси и Соникси не се задоволни со овие двајца, онда слободно можат да си ги пуштат летово да кршат глава у некој друг клуб. Да не бидам јас без слика, еве го Радману онака, Итало-издање. Плус, уште не ми се верува каков кретен од менаџер има Радмановиќ кога прошлото лето одби понуда од Сиетл за 6-годишен договор тежок цели 42 милиони зелени. У Сиетл сега слават што не го потпишале. - Каракаш