Thursday, August 31, 2006
Tuesday, August 29, 2006
По хе-Дојран-изирањето на Шеп и мене ми дојде редот поштено да му ја искулирам. Така, од утре Шеп и остатокот од МакНБА фемили ќе гледаат Свецко и ќе ја одржуваат странава што ја читате, а јас ќе се брчкам у море и превртувам у песок на некоја пуста плажа у јужниот ни сосед...И така едно десетина дена.
Да не биде без ич, еве ви нешто за што сигурно ќе развиете добар муабет.
Може и ова. Вориорси задњи пут у плеј-оф играа пред 12 години кога тренер им беше баш Нели сениор...Мислам дека ќе поминат уште 12 години ако чекаат тој да ги врати таму.
Мислев да ставам нешто и за денешниве утакмици у Јапан, ама од се уште непознати причини наместо да се игра 1/4 финалето, Шпанија и Аргентина си најдоа некои пацери и си одржаа тренинг пред пуна сала и укључени ТВ камери. Дешава се.
Се читаме...
ПМС: Ако се најде некој да ми ја снима Шпанија-Арг., а ондак и Грчка-САД, па и финалето (се надевам САД-Арг.), му носам шише морска вида. И гиро. И суфлаки. И калабоки. И така...Озбилно, нека снима некој, плаќам пиво.
Sunday, August 27, 2006
Германија – НигеријаДуелот во кој Швабите требаше да демонстрираат самодоверба, јачина и пред се`, психолошка надмоќ, се претвори во нивно распнување на клада, при што за малку ќе изгореа.
Нигерискиот состав покажа дека со нив нема лабаво; играта која ја прикажаа беше типична НБА игра од 1990-тите со примеси на колеџ моменти, особено у одбраната. Тоа и не чуди што добар дел од Нигеријците, своето искуство го носат од преко барата.
Што се тиче Швабите, Новицки почиња да не личи на херојот од Београд и плејофот 2006, туку на Новицки од гејм 3 па натака во финалето со Мајами. Но, и таков, дисторзиран, е стожер на све у германската тајфа (зашто тоа и не е екипа). Сепак, синоќа немаше ништо да биде ако не стегнеше зуби, некогаш најавуваниот како „европски Пипен“ – Адемола Окулаџа (чистокрвен Баварец, со нигериско потекло кој пие пиво и јаде вурстови), кој баш синоќа се разбуди, и постигна 19 поени, а со Новицки комбинираа за све што Германија постигна у 3 и 4 четвртина. Фаците ко Фемерлинг, Демирел, Грин, Шприцер и сл., уште еднаш покажаа дека не се за кошарка. У последни 3 минути Германија застана на 78 поени, Новицки се соочи со Нигер-Баба цврстина и тврдина (види фотос) арно ама Нигеријците не ја искористија шансата против препаднатите Германци и стасаа само до 77. Епилог: Германија ќе го јаде батакот од САД, Нигерија ќе биде хит на следно големо натпреварување.
САД – Австралија
Типично „отварање два прста“ како што некогаш тоа го правеа Дрим Тимовите, реминисценција на генерациите на двујцата ЕмЏејовци и генерацијата Шек – Кемп.. единствена битна работа, која што се потврди на оваа утакмица е дека Кармело е фактор.
Ангола – Франција
Не ја гледав првата четвртина кога Анголезите биле задржани на 6 поена, ама глеав второ полувреме кога Желабел и Жено и такви глупи фаци дозволија да им се деси le преврат, за малце.. ако на Нигерија им фали хемија и малце искуство, ондак на Ангола им фали искуство и малце хемија. Ќе ги биде.
Грција – Кина
На оваа утакмица ќе се задржам малце повеќе. Особено на Грција, мојот фаворит на првенствово.
Грција е учебнички пример за уиграност и тимска одговорност. Играат со иста стартна петорка подолго од било која друга репрезентација. Нивните први пет се постандардни дури и од казнената експедиција на Булси од 1996-1998. На клупата го имаат античкиот мудрец, кој околу себе обединува и техне и арете, Теодорос Калокагатија Папалукас, кој за потсетување е актуелен МВП на европскиот фајнал фор и човекот кој беше клучен фактор у детронизирањето на Макаби, а покрај него е и античкиот полубог , Егеецот Софоклис Схордијанидис, кој мене ми личи на Шек бутнат у конзерва од туна, компресиран и после тоа изваден и бапнат на терен. Јанакис, пак е пример за европски тренер кој што на 10 разлика вика „пресинг после даден кош“, и без исклучок, сите викаат „ендакси“ пошто ако не слушаат ќе ги каже на дебелите им мајки, кои дома има маста да им ја извадат - „малака парадисиму кефа пезуме григора сан оф а бич“.
Само на ова првенство, Јанакис успеа да ги врати Грците од 21-7 против напалените Катар до победа од 30 разлика; ги победи Литванците во продолжение; само он ги натера момците да гризат против Кенгурите за дефицитот од 5 на 30 секунди до крај да стане победа од три разлика; ги утепаа Турците во неверојатно напнат меч; за да успее од 12-2 и 23-11 против Кина да ги доведе до буквално кажано ДЕБАКЛ.
Она што го имаат Грците (а што го немаат Америте и затоа ќе испаднат), што беше премногу денеска за Јаоза и другарите е единствено желбата и жарот во играта, на раб на фанатизам. Јас до сега немам видено екипа која во осмина-финале, на плус 20 во последна четвртина, игра толку борбено. Така дојдоа до европскиот трон (и во кошарка и во фудбал), а јас се надевам дека ќе дојдат и до светскиот (дури и без Зисис, најперспективниот кошаркар од Европа), затоа што гинењето на теренот е правата суштина на спортот.
Ај да се приберам :)
Значи, Грците, го изедоа стапот во првата четвртина, за после тоа да им се спојат жичките, и да ги распорат Кинезите. Риспект заслужува и железната одбрана врз најдобриот срелец на Првенството, Јао, кој беше задржан на бедни 10 поена.
За Кинезите немам зборови. Политизиран спорт е тапа спорт.
И така..
Saturday, August 26, 2006
Помина доста време откако не ставив ништо за Нешти. МВП летово прво се зашиша, па на моментот ја врати НБА у Ванкувер, тренираше со МЛС тимот на Ред Бул, а и даваше изјави за Зидан и за тоа кои НБА ѕвезди според него би биле страшни фудбалери. Иако се игра СП у Јапан у моментов, Нешти си е Нешти и си е двократен МВП, нешто што никој кој игра у Јапан не е. Нити е некој од поширокиот список на САД. Нити па е блиску до такво нешто.
Токму поради тоа, еве го задњето интервју на МВП х2 за НБА ТВ.
(Ова чисто колку да се одбележи враќањето на Шеп од Дојран. Со кој друг ако не со неговиот омилен играч. Требаше да ископам и нешто за Детроит:))
Thursday, August 24, 2006
Германија и Ангола одиграа права класика сабајлево и првата утакмица у која победникот се добил по дури три продолженија.
Диркулес у НБА стил застана на 47 поени (и 16 скокови), со кои го помина Дражен на 6. место на вечната листа стрелци на една утакмица. Петро е сега седми со 45. поени против Холандија пред 20 години на СП во Шпанија.
Се уште прв и недопирлив е знаете сите кој....Јае Хур од Кореа кој 1990 у Аргентина убацил цели 62 поени против Египет. Играчиште.
Wednesday, August 23, 2006
Италијаните у екипа немаат ниеден НБА играч, ама тоа не значеше дека не можат да бидат најтежок противник за Америте у Јапан до сега. Белинели и компанија одлично се држеа со Кармело, Вејд и остали и да не беше баш Мело и неговата памук рука Америте сега ќе си ги чешаа главите.
Сепак, и покрај победата тие тоа веројатно го прават тоа, затоа што утакмицата со Италија беше голем чекор назад за нив. Само шест играчи убација поени, а најевидентна до сега беше огромната дупка која ја имаат у рекетот. Единствен кој нешто игра под кош у Јапан е ѕверот Двајт Хауард, кој откако тресна на грб Италијаните направија серија од 26-11 и го свртеа резултатот.
Бош и Милер не ни влегоа во игра, затоа што според Кшижевски тешко можат да се носат со противниците и да се снајдат во играта која тој ја бара. Посебно диносаурусот. Сега се гледа колку еден здрав Амари им фали на Америте.
Елтон Бренд мушки се бореше цела утакмица и беше најбољи Амер у прво полувреме, а у второ Мело и Вејд се попалија. Посебно Мело кој погодуваше од секоја позиција. Разочарување беше Леброн, кој по одличната партија со Словенија се мучеше со Италија. Знам дека нејќе да форсира и да игра тимски, ама Брон кај беше мизерен у напад со многу грешки и лоши додавања беше беден и у одбрана каде чуварите му се шетаа кај сакаа.
Свака част на Италијанците за мушката игра, како и за Крис Пол и страшната асистенција до Бренд у 2. четвртина кога баскетот помина меѓу двајца противнички играчи.
Гледав и непто други утакмици на СП денес, али повеќето беа тапа. Либанците ги изненадија сите со победата над Франција и покажаа дека у таа група А само Аргентина има шанси за висок пласман. Можда и највисок. Шпанија се мучеше со Ангола, која продолжува да изненадува, а Грците овој пут лако си славеа со Бразилците.
Атланта и Индијана конечно ја комплетираа трампата која ние на МакНБА ја најавивме уште пред некој месец и пол, а според која Пејсерси за Ал на Атланта им дадоа еден иден пик од 1. рунда, две кутии пуканки и тостер. Каков менаџер и газди имаат Хоукси добро е што и ги извадија пуканките и тостерот.
Во Херингтон Индијана го доби 11!!! ново име ова лето во обидот на Карлајл и Бирд да направат многу поцврст и поатлетски офанзивен тим од Пејсерси. Ал влетува на местото на Пеџа, од кој е послаб шутер, но е бољи стрелец и може да игра и на 4-ка што од време на време ќе го преместува Џермејн на 5-ка, Гренџер на тројка, а Џекес Џексон на 2-ка. Уште да си најдеа плеј кој ќе може да издржи да не се повреди 15 пути у една сезона и се ќе биде ОК.
Денес, 23.08. му е роденден на Коби. Честито. (Ова зашто Шеп не е тука).
Хака all the way. Можеби не им иде на свецково, ама нема ништо боље и посмешно од Хаката која Нов Зеланд ја игра пред секоја утакмица. Најбоља слика од Јапан до сега.Tuesday, August 22, 2006
Една од нив е и учењето на кинески на Леброн, кој би сакал до 2008 година така добро да го научи јазикот со цел сам да може да иде на интервјуа со кинеските медиуми, без преведувач. Нормално, овој потег на Леброн и неговиот тим е последица на желбата по Америка тој маркетиншки да го освои и светот. У Кина тој (Најк) има голема конкуренција од Рибок и Јао Минг и Ти-Мек и Гарнет кои се манекени на Адидас. Сепак, со оглед на годината и потенцијалот на Леброн, како играчки, така и маркетиншки, како и големината на Најк во промоција на своите главни фаци, нема сомнеж дека Леброн наскоро ќе стане најголема светска спортска ѕвезда...А има само 21 година.
Еве го и линкот за оваа прича и курсот на Леброн.
На Јао и дружбата никако да им тргне. Ваљда нешто удел во тоа има и фактот дека освен Јаоза никој друг кај Кинезите нема појма од баскет. Јаоза е толку исфрустриран што почна и да си мава глава со монструмот Питер Џон Рамос.
Monday, August 21, 2006
Sunday, August 20, 2006
Грција пак игра некоја чудна кошарка, го успива противникот, не завршува напад пред дваести секунд, а одбраната им беспрекорна. Мислам дека Грците можат да стигнат до финале (Со Аргентина? хаха).
Не го ѕирнав распоредот, ама мислам дека Аргентина со САД играат во 1/2финале.
Американците одиграа онака како што очекував. БУКВАЛНО ИСТО КАКО И НА СИТЕ ПРЕТХОДНИ ПРВЕНСТВА И ОЛИМПИЈАДИ. Со чести ротации, демек за да имаат сила сите и да играат во исто темпо. Тука Енко не се сложувам со тебе, мислам дека ротациите им се најслаба страна, 12 играчи ДА, ама за долга сезона со клуб, на турнир играат само 2-3 играчи што ќе влезат во транс ритам, другите се додавачи. Ај, со Порторико извадија глава, ама примија стотче. Да имаа Порториканците поумен тренер, многу лесно можеше свашта да бидуе.
Инаку, ЈУ ЕС ЕЈ и натаму мислам дека се фаворити број еден, ама за да тепаат све живо до крај по 20 и кусур разлика, Кржижевски треба да има 5-6 главни играчи, а другите да влегуваат по потреба. Кога ќе дојде неизвесен финиш, утакмицата треба да ја решава некој што влегол пред 3 секунди, пред тоа 15 пати влегол и излегол од игра. Така не. Греота е што му прави на Леброн и Двејн..
Аргентина и натаму игра со леснотија, играат и се радуваат. Кошарка во вистинска смисла на зборот. Нема компликување, нема мавање со глава во ѕид, кошарка за мерак. Играат со срце, се бодрат еден со друг, човече, виде ли како Оберто и Волковиски се радуваа после победата со Франција?
Дефинитивно се мој пик.
Франција одлична, овие момци на Клод Бержо, да ги пратиш и на одбојка и на бокс и на атлетика и на пливање пак ќе бидат добри. Скокаат ко луди, трчаат ко мрднати, ама нема мерак у таа кошарка. Затоа стално рикнуваат на чекор до крај, немаат брате петља, не знам, ама никад не сум ги поштуел Французите, освен Ришар Дакури на времето.
И кој остана, да.. Шпанија..
Играат многу добро, одлично. Играта во одбрана и во напад им е доведена до перфекција, играат како и секогаш шеми што ги упражњаваат максимално во секој момент. Ама многу зависат од Наваро. Свака час на Гасол, ама мислам дека он не е винер у душа. Од нив можда само Наваро може да ја земе топката во раце и да решава. Пау ќе даде 20 коша и 10 скока, класика и у НБА, ама не брада, не бркови.. и влакна од уши да му никнат џабе е. Шпанија максимум до полуфинале, а таму ќе изгуби од Грчка.
Италија е следна на ред за рикнуење после Србчета, внимавајте на Словенија, мислам дека можат да отидат далеку.
Панама има неколку екстра играчи, ама се ептен туристички настроени. Ед Кота и Рубен Даглас можат да бидат бековски пар у било кој од .. на пример.. десетте најбољи клуба во Европа, ама реков, ептен се туристички настроени.
Сенегал, менегал, Либан мибан, Венецуела менецуела, Јапан мапан се само да се попуни бројот.
Кина е атракција заради Мјао, ама мислам дека и они више спаѓаат у кригот на егзотични учесници, него у сериозни претенденти.
Диииркк. За малку ќе го заборавев. Германија има посилен состав од лани на Европцкото кога играа у финале. За Окулаџа и една година искуство плус, да речам и заедништво. Дирк ќе си ги даде триесте парчиња на секоја текма, ама се зависи од другите. Мислам дека 1/4 финале не им гине, а со помалку среќа можат и даље.
Новозеландија и Австралија имаат еден куп добри играчи, ама и нивните тренери го тупат со 5000 измени во текот на мечот. Инаку, кој не знае, Нов Зеланд го брани четвртото место од прошлото првенство, а на олимпијадата преклани ја тепаа Србија, а богами и Црна Гора. И они реално треба да влезат между 8 најбољи, ама неќе га бити место за сите.
Ете и да завршам, може со листа? прогноза за пласман на првите 8-10? Наравно, па затоа Енко ми е друг..
Еве, со мала напомена дека у финале играат Аргентина и САД, стварно не знам кој ќе тепа. Само ми е страв Манувци да не потценат некоја Италија или Грчка па да гледаме тапа финале.
1,2. Аргентина или САД
3 Грција
4 Германија
5 Австралија
6 Шпанија
7 Словенија
8 Нигерија
9 Франција
10 Бразил
А?
Saturday, August 19, 2006
Свецково почна сабајлево, а вчера не ми се пишуваше најава затоа што заедно со прошлата недела и историјатот на СП, оваа недела ги најавував и групите за Јапан.
Сега не ми се пишува затоа што носот ми е како Нијагара, а надвор е некои +50 степени.
Ипак, тоа не ме спречи сабајлечки, у ладовинка да се изнагледам баскет, а успеав и да дремнам у последната минута од Србија-Нигерија. Баш дружбата на Име Удока го направи најголемото изненадување и ги исплеска Србите. Дарко ко Дарк-О од Детроит, трупетина, иако против себе имаше за пола глава пониски и физички послаби играчи. Ништо бољи ни остатокот од екипата, на која рака на срце не и е ни место у Јапан.
Ману и Носиони си завршија работа со Французите, кај кои се виде дека без Тони Лонгориа нема да иде баш најдоро во нападот.
Најбољи потег - баџакот на Ману.
Америте играа малце стегнато, ама нивното најјако оружје - 12. играчи спремни за игра ја реши средбата. Ипак, 100 поени од Порторико не смееа да примат.
Најфаца на 1.коло - Питер Џон Рамос. Такво нешто мајка еднаш раѓа.
Турците и Литванците ја одиграа најнеизвесната, но и веројатно средбата со најмногу грешки. На крај тепаше посреќниот. Литванците со оваа репрезентација не прават ништо. Исто и Турците, ама тие не ни очекуваат дека ќе направат нешто.
Јаоза не може се сам, а тоа го искористија Италијаните. Базиле пак погодуваше од седум-осум метри...и погодуваше.
Ги фатив малце и Словенците кои си се играа со Сенегал у кој веројатно му маваат заушки на секој кој не се презина Н'Џаје или не се вика Мамаду.
Вчера по мејл од МТВ на работа ми го испратија списокот на сите утакмици кои ќе ги даваат у живо или преку снимки до крај на првата фаза по групи. Ама списокот и ми остана таму - на работа. Ќе пишам што ќе има. Важно има две у живо и една снимка секој ден.
Толку, за прв ден и растечен нос - доста е.
Friday, August 18, 2006
Wednesday, August 16, 2006
За среќа на сите фанови на Никси, баш Кинг бил тој кој на крајот кажал "Hе, фала", иако муабетот за можен трејд на Вебер у Њујорк се уште не е завршен. Сиксерси не ги сакаат за возврат Малик Роуз, Џером Џејмс и семафорот од Медисон Сквер Гарден, така да ништо чудно Ајзеа да се излета па за Вебер да понуди нешто стварно вредно.
Ипак, не се добива секој ден шанса да се ангажира 34-годишен играч без колена и со две години договор вредни 42 милиони. Ајзеа не би бил Ајзеа кога не би пробал такво нешто.
Тоа што некој ќе напуни 31 година не мора да значи дека е попаметен отколку што бил кога имал пет или десет години помалце. Мозокот на Рубен Патерсон своето развивање по се изгледа го завршил кога типот си отиде од Лејкерси. Прошлиот милениум. Тогаш Рубен по сите медиуми изјавуваше дека тој е "The Kobe stopper" и дека Коби нема шанси да игра против него како против другите момци. Слични изјави даваше и за другите НБА ѕвезди. Интересно, ако се земе у предвид дека типот никад не бил у дифензив елитата у лига. Сега, откако го пратија у Милвоки, Рубен пак почна да блада.
"I can tell you there are guys in the East who don't like playing against me. Richard Hamilton (Detroit Pistons guard) is one of them. He just don't like it when I guard him."
Tuesday, August 15, 2006
После утакмицата имав шанса, заедно со колегите од др. медиуми малце да си направам муабет со нашиот Амер, Рајан Стак. Типот е ептен кул. Онака, као америчкине сурфери.
Фино лепо, културно си даде изјава, а да имаше време ќе му направев и онака, неформален муабет. У тоа малку време си призна дека е уште вон форма зашто нема одиграно утакмица уште од задњата со Арис прошлата сезона, а и дека верува во наш пласман на ЕП.
Е сеа, ви текиња ли на сокерашите на Марче?
Saturday, August 12, 2006
Wednesday, August 09, 2006
Tuesday, August 08, 2006
Monday, August 07, 2006
Начинот на кој пред малце Америте ја згазија Кина ептен ме потсети на тоа време, ама сега не можев да издржам да не трепнам додека гледав "порнич" у три попладне. Барем стварно да беше порнич.
Бљувотина од кошарка, ако уопште може да се нарече така, пред се затоа што за добар баскет се потребни две добри екипи, а Кинезите без Јаоза (а често и со него у состав) се далеку од остатокот од светот. Ако една ствар ми се свиѓаше е тоа што без разлика што за разлика од своите противници спијат на вреќи со стотки и цел свет знае кои се, Америте во текот на сите 40. минути не попуштија во ритамот и гризеа без да застанат ни на секунда. Тоа го немам видено кај нив уште од 1994 година и е голема промена на подобро за разлика од Атина пред две години кога играчите, а посебно тренерот беа залутани негде измеѓу Акропол и Пиреа.
Friday, August 04, 2006
Само што го изгледав синоќешниот меч на американците со Порторико, па ред е да напишам нешто, што би било делумна ретракција на мојот претходен текст (којшто беше прилично афективен и поради тоа, веројатно – изразито еднодимензионален), а во исто време и некаква реплика на реплика.....
Да се констатира дека имаше доста позитиви у меч којшто заврши 114-69, би било страшно редундантно, а богами и глупо. Али, ај да идам по ред....
Старната петорка на Кжижевски – Пол, Вејд, Леброн, Ентони и Бош е прилично индикативна и наспроти очекувањата за дисциплинирана и максимално контролирана кошарка, многу јасно ја изразува претензијата на coach K. - да создаде тим чија главна карактеристика ќе биде физичката доминантност, брзината и, воопшто, high-pace играта....
Ваквата почетна постава е многу блиску до онаа идеја за доминантен тим за која зборував, во смисла на формирање на кохерентен состав, кој сепак ќе биде составен од superstar индивидуалци. Значи, да се зачува двојниот момент – тим кој ќе се уигрува и кој ќе се компонира на оската на меѓусебната компатибилност на играчите, а во исто време ќе биде спој на екстра-поединци, потег-играчи, оној одлучувачки вишок на талент кој би бил точка на дискрепанца......
Со форсирањето на класата 2003 надополнета со Крис Пол – Кжижевски се обидува да го направи баш тоа – оформува тим составен од 5 franchise играчи, што е генералната идеја, ама и тим на 5 сосема различни играчи кои потенцијално низ комплементирање би создале, да, Енко, ДОМИНАНТЕН тим:
Master of Puppets способноста на Леброн, извонредната визија на Крис Пол, Џорданескноста на Вејд, шутот, но и стабилноста на Ентони и пост-играта на еден скочен, ама и снаодлив центар (Бош, кој по сите стандарди е најслабата карика на оваа петорка, во перспектива би можел да биде заменет со еден здрав Амаре, или па можда, со Оден, кој беше спомнат неколку пати)....
Арно ама, целата работа и не е толку едноставна.
Не знам дали приметивте, ама цело време користев еден изшаблонизиран и внимателно одбран псевдо-профетски футур....Некако како цело време да зборувам за тим кој БИ БИЛ, за некаков потенцијал кој само се насетува, дистантна можност, а скептик веројатно таквиот тон би го нарекол – У-тописки...А, тоа е точката во која ни се разидуваат муабетите....
Првата четвртина на синоќешниот меч, во тој контекст, беше и те како отрезнувачка.
Израмнета кошарка, што за овој ростер на американците, како што реков неколку пати, е рамна на пораз.
Team USA не смее да си дозволи кош-за-кош игра, ако сака да се врати таму каде што припаѓа. Да, можда сум престрог, ама искрено верувам дека момците од класата 2003, како и неколку други суперталентирани млади играчи - МОЖАТ – ако веќе не – да бидат Супермен – тогаш барем да направат другите да се плашат од тоа колку добро им стои наметка.....
Првите десет минути беа јасен показател за неколку битни фалинки кои ја поткопуваа целава приказна. Крис Пол беше солиден и ме натера да размислам да го вметнам у мојата идеална петорка пред Аринас. Ама, тоа важи само за офанзивниот дел. У одбрана никако не можеше да се снајде со Аројо кој е алфа и омега у порториканскиот тим и кој враќаше на секој кош на америте. Џејмс, и покрај тоа што беше добар, не беше KING James, а очигледен е проблемот во адаптирањето на игра во која може, но и не мора, секој напад да оди преку него. Кармело, од друга страна, беше одличен. Довербата која ја има у шутот му овозможува да игра едноставно против комбинирана одбрана као што играше Порторико и, од тој аспект, Мело може да биде ептен битен.
Е, сеа, проблемот со вметнувањето на Ентони у стартните 5 и форсирањето на брза игра, е во тоталното жртвување на пост-играта. Бош, колку и да беше добар во скокот, сепак не може сам да го контролира рекетот, а ако се има у предвид и меракот за шут од дистанца, проблемот со дупката под кош е ептен очигледен. Ова америте обично го компензираат со атлетизмот и скочноста на крилните играчи (во случајов Џејмс), ама очекувам со посилен тим да дојде до израз овој момент.
Од друга страна, посебна приказна е Вејд. Далеку од тоа дека беше лош, ама неговото сведување на sidekick во напад предводен од Леброн и Крис Пол - ич не ми е по ќејф. Дали тука е во прашање некомпатибилноста на Вејд со европската кошарка, за која упорно дрдореше Марти Брнс или, па едноставно ненаоѓањето на правилен модус да се извлече повеќе од него, што е мое мислење, тек треба да се види...On a bright note, Вејд беше одличен у одбрана, имаше неколку украдени топки, а, изгледа неговиот придонес во одбраната најбоље може да се воочи ако се види учинокот на Мистер Еди Хаус-гомна да јаде - Елијас Ајусо.....
Иронично, почетокот на втората четвртина и поставата која ја изнесе К., беше некаков тест на теоријата за која дебатираат америчкиве стручњаци – онаа за одбраната и за тимската игра.
Хајнрих, Аринас, Џонсон, Батие и Милер за мене е една molto dubioso постава, као што би рекле момците од SportItalia. Тука се Аринас и Џонсон, ама ова е сепак предефанзивна петорка за мој вкус.
Како и да е, на мое големо изненадување, од тој момент во права смисла започна ДОМИНАНТНОСТА. Ако на овие пет се додадат и Боуен и Џејмисон, можам слободно да кажам дека тие беа клучот за пресвртот во резултатот, и најбитно – во играта. Од сите нив видов нешто што не сум навикнат да го гледам – извонредната одбрана на Кирк, ама и на Џо над Аројо која тотално ја смени играта, пожртвуваноста, ама и несебичноста на Аренас, поливалентноста на Џејмисон, позиционата одбрана на Боуен, па дури и физикусот на Батие.
Изненадувачки, во вистинска смисла....
Ако се тргне оттука, може да се извлечат голем број на заклучоци кои би го демантирале мојот став за еден силен, доминантен, offensive-minded тим кој одбива да се адаптира.
Ама, ако се погледне подобро мислам дека јасно се забележуваат контурите на еден нов тип на доминантност, една ревидирана верзија која еве на повнимателен начин ја поставувам на местото на можеби преизбрзаниот почетен модел.
Значи, не адаптирањето кон противникот, кое ако се гледа од дефетистичкиот standpoint за кој зборував, може да се прочита во поставата која го направи пресвртот, туку токму НЕАДАПТИБИЛНОСТА на самото адаптирање, т.е. варијациите во тимот и во начинот на игра, тим кој секоја игра може да ја направи своја, кој се чувствува удобно во секое темпо, којшто никогаш нема само едно лице, или наједноставно кажано – ЧИЈ ЕДИНСТВЕН ФОРМАТ НА ДОМИНАНТНОСТ Е КОМПЛЕТНОСТА.
Од тој аспект, Сан Антонио, на пример, не го сметам за адаптибилен тим којшто се компромитира играјќи туѓа игра, туку за тим кој секогаш ја игра сопствената игра, без разлика каква и да е таа...
Сето ова можда изгледа преапстрактно и преутопистички, и можда повторно не можам да ја избегнам стапицата на идното време, ама едноставно не можам а да не ги регистрирам овие мали поместувања на потенциометарот.
Силата на Team USA не треба да биде само во чистиот scoring brilliance, како што погрешно беше протолкувана мојата почетна теза за неадаптибилноста, ниту пак во приспособувањето кон европската кошарка на Марти Брнс, туку пред се, во една ТОТАЛНА КОШАРКА која може и мора да биде ултимативната перспектива на американскиот тим, или па на секој тим кој сака да биде најдобар.
Синоќа, американците играа своја игра, без разлика колку “се адаптираа”. Тие се единствената репрезентација која има 12 играчи кои можат да играат пресинг 40 минути, ама и неколку играчи кои можат да дадат кош од секоја позиција во секое време... А, тоа мора да се искористи.....
Батие, Хајнрих и Милер можда и можат да ја заокружат таа аура на КОМПЛЕТНОСТ која ја заслужува американската кошарка (иако во тоа искрено се сомневам), ама никако не можат да бидат ПОДОБРИ играчи од еден Вејд или од Џејмс, кои комплетноста ја носат во себе....
А, кога имаш ликови кои барем малце наликуваат на алтер-егото на Кларк Кент, едноставно не смееш да си дозволиш компромис......
Thursday, August 03, 2006
Америте у првиот меч, иако беше тренинг меч, ги згазија Порториканците, покажувајќи дека младите ѕвезди се решени да ги вратат работите во нормала, Нормално, тоа е само една утакмица, а стартери за САД на неа беа Крис Пол, Вејд, Леброн, Хауард и Џејмисон. На трибините се најде и Коби, со фини ретро Најки со розеви врвки врзани во машничка. Златце.
За сите кои имаат Sportitalia у кабловачка радосна вест, затоа што Италијаните ќе вршат преноси од сите подготвителни средби на Американците, само денешнава со Порторико ќе иде утре како снимка.
И Јао се активираше у улогата на хуманичина (сега го измислив зборов) и застана во заштита на ајкулите, од чиви перки во Кина се прави една од највкусните и најценетите супи. Иначе, косооките се најголеми увозници на перки од ајкула. Сега на Јаоза му останува уште да се откаже од јадење скакулци, змии и кучиња па да ја врати во нормала фауната во Кина.






