Дуелот во кој Швабите требаше да демонстрираат самодоверба, јачина и пред се`, психолошка надмоќ, се претвори во нивно распнување на клада, при што за малку ќе изгореа.
Нигерискиот состав покажа дека со нив нема лабаво; играта која ја прикажаа беше типична НБА игра од 1990-тите со примеси на колеџ моменти, особено у одбраната. Тоа и не чуди што добар дел од Нигеријците, своето искуство го носат од преко барата.
Што се тиче Швабите, Новицки почиња да не личи на херојот од Београд и плејофот 2006, туку на Новицки од гејм 3 па натака во финалето со Мајами. Но, и таков, дисторзиран, е стожер на све у германската тајфа (зашто тоа и не е екипа). Сепак, синоќа немаше ништо да биде ако не стегнеше зуби, некогаш најавуваниот како „европски Пипен“ – Адемола Окулаџа (чистокрвен Баварец, со нигериско потекло кој пие пиво и јаде вурстови), кој баш синоќа се разбуди, и постигна 19 поени, а со Новицки комбинираа за све што Германија постигна у 3 и 4 четвртина. Фаците ко Фемерлинг, Демирел, Грин, Шприцер и сл., уште еднаш покажаа дека не се за кошарка. У последни 3 минути Германија застана на 78 поени, Новицки се соочи со Нигер-Баба цврстина и тврдина (види фотос) арно ама Нигеријците не ја искористија шансата против препаднатите Германци и стасаа само до 77. Епилог: Германија ќе го јаде батакот од САД, Нигерија ќе биде хит на следно големо натпреварување.
САД – Австралија
Типично „отварање два прста“ како што некогаш тоа го правеа Дрим Тимовите, реминисценција на генерациите на двујцата ЕмЏејовци и генерацијата Шек – Кемп.. единствена битна работа, која што се потврди на оваа утакмица е дека Кармело е фактор.
Ангола – Франција
Не ја гледав првата четвртина кога Анголезите биле задржани на 6 поена, ама глеав второ полувреме кога Желабел и Жено и такви глупи фаци дозволија да им се деси le преврат, за малце.. ако на Нигерија им фали хемија и малце искуство, ондак на Ангола им фали искуство и малце хемија. Ќе ги биде.
Грција – Кина
На оваа утакмица ќе се задржам малце повеќе. Особено на Грција, мојот фаворит на првенствово.
Грција е учебнички пример за уиграност и тимска одговорност. Играат со иста стартна петорка подолго од било која друга репрезентација. Нивните први пет се постандардни дури и од казнената експедиција на Булси од 1996-1998. На клупата го имаат античкиот мудрец, кој околу себе обединува и техне и арете, Теодорос Калокагатија Папалукас, кој за потсетување е актуелен МВП на европскиот фајнал фор и човекот кој беше клучен фактор у детронизирањето на Макаби, а покрај него е и античкиот полубог , Егеецот Софоклис Схордијанидис, кој мене ми личи на Шек бутнат у конзерва од туна, компресиран и после тоа изваден и бапнат на терен. Јанакис, пак е пример за европски тренер кој што на 10 разлика вика „пресинг после даден кош“, и без исклучок, сите викаат „ендакси“ пошто ако не слушаат ќе ги каже на дебелите им мајки, кои дома има маста да им ја извадат - „малака парадисиму кефа пезуме григора сан оф а бич“.
Само на ова првенство, Јанакис успеа да ги врати Грците од 21-7 против напалените Катар до победа од 30 разлика; ги победи Литванците во продолжение; само он ги натера момците да гризат против Кенгурите за дефицитот од 5 на 30 секунди до крај да стане победа од три разлика; ги утепаа Турците во неверојатно напнат меч; за да успее од 12-2 и 23-11 против Кина да ги доведе до буквално кажано ДЕБАКЛ.
Она што го имаат Грците (а што го немаат Америте и затоа ќе испаднат), што беше премногу денеска за Јаоза и другарите е единствено желбата и жарот во играта, на раб на фанатизам. Јас до сега немам видено екипа која во осмина-финале, на плус 20 во последна четвртина, игра толку борбено. Така дојдоа до европскиот трон (и во кошарка и во фудбал), а јас се надевам дека ќе дојдат и до светскиот (дури и без Зисис, најперспективниот кошаркар од Европа), затоа што гинењето на теренот е правата суштина на спортот.
Ај да се приберам :)
Значи, Грците, го изедоа стапот во првата четвртина, за после тоа да им се спојат жичките, и да ги распорат Кинезите. Риспект заслужува и железната одбрана врз најдобриот срелец на Првенството, Јао, кој беше задржан на бедни 10 поена.
За Кинезите немам зборови. Политизиран спорт е тапа спорт.
И така..