Wednesday, October 26, 2005

Preview: Sacramento Kings
(Сакраменто од оваа година ќе играат и у златни дресови - по краљевски, иако мене ми мириса на кич. Да ги видиме на терен првин, сепак.)
Лето: Сактаун има добар менаџмент. Дефинитивно. Со пар потези се отарасија од смрадот у екипата, а попунија позиции со јаки и докажани играчи. Во Мемфис го пратија магнетот за повреди Боби Џекес у пакет со ѕверот Остертаг, за да го добијат желниот за игра Бонзи Велс. На четворка им улета Риф Абдур Рахим. Бековската линија им ја болдираше Џејсон Харт, кој ја го рачунам за доста потценет. Го оставија јадачот на селари капот Мобли да крши глава, а плус со тоа потврдија дека Пеџа е тој што треба да троши топки. На драфт го избраа Фрешменот на годината, Доминиканецот Франциско Гарсија. Како фри ејџент го украдоа Аустралианецот Лук Шеншер, човекот кој се носеше рамо до рамо со Емека, Фрај и Богут во Џорџија Тек, што ако малце се набилда, не му бега гарантирано место во Лигата. Едноставно, потези со кои Џиоф Питри конечно имаше добар пазар (кој лани започна со клоцата на СиВеб за тројца повеќе од солидни епизодисти).

На престолот: Биби, Пеџа, Кени Томас, Бред Милер, Брајан Скинер, Кевин Мартин, Корлис Вилијамсон, Ерик Дениелс

Престолонаследници: Рахим, Бонзи, Харт, Шеншер, Рони Прајс, Џамал Сампсон

Абдицираа: Боби Џексон, Катино Мобли, Еди Хаус, Морис Еванс, Дариус Сонгаила, Грег Остертаг

Најважно засилување: Тука се мислев меѓу Бонзи и Риф, и вториов победи.

Не, не е Џералд Волис. Шариф на претсезонска утакмица со Мавс, против Гана Диоп.

Шариф Абдур Рахим е играч кој со години во Лигата игра неверојатно добро и е во лузерски тимови. Сеуште ја нема видено светлината на плејофот. Меѓу Кингс влага на голема врата, пред се` затоа што ќе попуни многу на четворка, а со тоа ќе му олесни на Кени Томас, кој од клупа игра пет пати подобро. Ќе му овозможи и на Корлис Вилијамсон да игра на тројка, онаму кај што најдобро се снаоѓа. Да не зборам колку ќе го растерети Бред Милер под кош, затоа што е одличен скокач. Прилагодлив е, и мислам дека ќе сфати дека сега е дел од јака екипа, а не лоун ренџер. Сестран е, и неверојатно го заострува нападот на Сакраменто. Знае и да се спушти на тројка, знае да пренесе топка, додава, финтира.. Неверојатен играч еден-на-еден. Е сега, мора да се стегне во одбрана, ако сака повеќе минути, затоа што Кени Томас прави се` што прави тој, со таа разлика што одбраната му е појака, ама е понизок и нападот му е малце попроблематичен.

Како и да е, Риф е право витаминче за оваа екипа, особено што во играта потсетува на Крис Вебер.

Тренер: Бркот Аделман е 17 години прв тренер во Лигата и има 61 посто успех. Во Сакраменто е од Локаутот, и со нив го нема утнато плејофот. Немам што да зборам за него, има толкав кредит кај браќата Малуф, па најверојатно ќе биде тренер на Кингс додека не се пензионира. Не верувам да направи некоја катастрофална грешка, па да доживее фри фол, затоа што со таков тим, искусен тренер не може да погреши. Оваа сезона ќе си се прошета низ 82-те утакмици, и не верувам да го испушти скоро загарантираното прво место на Пацификот (пошто Феникс едно пола сезона ќе бидат у агонија, а парашање е колку после враќањето на Амари ќе се вратат у форма). Оваа сезона има доста нови имиња, а он е познат по тоа што од шупаци прави играчи (Даг Кристи, Корлис Вилијамсон, Боби Џексон, Скот Полард, Пеџа и т.н.). Башка он е тренер што знае најдобро да компензира повреди, бидејќи имаше пуно прилики да се изверзира.

Багажот ќе го носи: Мајк Биби. Пеџа не го рачунам за некој фактор, затоа што а он дал 5 тројки или се разиграл Брајан Скинер, исто се фаќа. Биби е незаменлив.

Уште кога дојде во Сакраменто, сите знаеја дека момакот што праеше пуздер по НЦАА терените (заедно со Мајлс Сајмон) ќе ја даде озбилноста на екипата, нешто што не можеше да го направи Џеј Вил. И така и би. Уште истата сезона отидоа најдалеку во историјата на клубот – финале на Запад кај што изгубија од Лејкерс во седмата.

Биби стана лидер на екипата. Со самото доаѓање. Вебер беше премногу ѕвезден за таа улога, а Дивац премногу стар. Лани, двајцата заминаа. Разочарувачки беше слабиот пласман и смртта во првото коло, ама оваа сезона верувам ќе одат подалеку.

Што е улогата на Биби? Епа, нешто како што е Неш во Феникс или Кид во Њу Џерси или Марбери во ЊуЈорк или како што беше Меџик во Лејкерс. Он е сега душата на тимот, моторот, катализаторот, погонот, срцето и сонцето околу се` се врти. Пеџа мислам дека го сфати тоа лани. Бред Милер никогаш не се трудел да биде бр.1. Шариф пак, е паметен и знае да се прилагоди.

Биби треба да ја оправда новонастанатата ситуација – тоа што сите го осеќаат, треба да се конкретизира. Треба да пружи 25-3-8 сезона, и притоа да биде прв во тимот во категоријата „поени во последна четвртина кога разликата е едноцифрена“. Има талент и вештина за тоа, само треба да запне.

Бољи од лани: Лани Сакто немаше лош скор (50-32), ама тоа беше доволно само за 6. место на Запад. Којзне по колку време имаа над 10 порази дома, и тоа е она што треба да ги загрижи. Знаење и сила имаат, ама тоа што го изгубија се вика „моќ“.

Све, све, ама крал не. Со него на чело, ни до второ коло не стасаа. Се надевам дека сфати дека е само обичен пиун.

Знам дека ви е преку глава, но морам по којзнае кој пат да ја спомнам повредата на Амари, затоа што таа е фактор за успехот на Феникс, а со тоа влијае и на сите Западни тимови. Сакраменто, веројатно оваа сезона ќе го ќари Пацификот, и со тоа ќе биде од првото до третото место на Запад. Во плејоф, би требало да одат понапред од прва рунда, а и таму имаат шанси, само ако не „нагазат“ на Спарси. Велам дека имаат шанси, затоа што се комплетни, а и клупата не им е за жалење. Сепак, Хјустон и Далас, па и Денвер, делуваат некако постегнати од нив. Ама, не би ги отпишал унапред.

Ќе играат стандардно динамична кошарка, пошто со Биби на кец, немааат друга опција. Додатен шмек им дава Шариф, кој мене ми е ептен добар за гледање, од проста причина што знае да поентира на милион начини. Франциско Гарсија, ако игра, ќе допринесе со атлетицизмот и скочноста. Бонзи Велс е исто така уште еден фактор за гледаноста на Кингс, затоа што тој е играч кој прво у памет му е да отиде на влез.

Се` на се`, добра екипа, што нема лесно да отпадне од трката за титулата.

Кралски муабет бaj Каракаш: Кога сите навиваа за Кингси, ја не го правев тоа. Само затоа што сите што навиваа за нив тоа го правеа од само една прчина - заради Владе и Пеяа, и ништо друго. Но, за разлика од тој тим, овој ми се свиѓа, во него е еден од најпотценетите играчи во лигата, Шариф и еден од најјаките плејови и лидери на теренот, Биби, а за разлика од колегата ми, ја нема да фрлам со камења по Пеџа, затоа што момакот има еден од најубавите шутеви на светот. Тачно е дека не е лидер, но тоа е улога на Биби, со Риф во тим се шири теренот, а со тоа и просторот за Стојаковиќ и неговите трици. Битен дел би требал да биде и Бонзи, кој никако не се уклопи во Портланд и Мемфис, ваљда сега ќе сака да покаже дека талентот не му е за фрлање. Во Бред го имаат 2. или 3. центар во лигата, а Мартин би требал да биде пријатно изненадување. Аделман никад не сум го поштуел нешто посебно, но се има докажано како добар рег. сезона тренер, што не е случај и кога збориме за плеј-офот, кој не им бега сезонава и кој после проблемите во Феникс значи веројатно прво место во Пацифик. За повеќе мислам дека годинава не можат, но ни јас не би ги отпишал однапред. ПС- златните дресови им се УЖАС!!!!

4 Comments:

Anonymous Anonymous said...

Well done!
[url=http://vtpoyxbo.com/euek/tceu.html]My homepage[/url] | [url=http://rhvuxbuw.com/wgan/dtrx.html]Cool site[/url]

9/25/2006 09:01:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Thank you!
http://vtpoyxbo.com/euek/tceu.html | http://rzqzqnam.com/dcyy/bhbe.html

9/25/2006 09:04:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Thank you!
http://vtpoyxbo.com/euek/tceu.html | http://rzqzqnam.com/dcyy/bhbe.html

9/25/2006 09:06:00 am  
Blogger Unknown said...

qzz0609
ugg boots
pandora
moncler jackets
canada goose outlet
polo ralph lauren
kobe 9
freshjive clothing
canada goose outlet
raptors jerseys
under armour outlet

6/09/2018 03:55:00 am  

Post a Comment

<< Home